Work programme - Improved service delivery for citizens by active engagement of the Assembly
Work programme - Improved service delivery for citizens by active engagement of the Assembly
За потребите на работната програма на ЦУП „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието” поддржана од Европската Унија, врз основа на Договорот за грант, извршниот директор од Центарот за управување со промени објавува:
ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 09/2020
за набавка на алатка за засилено влијание на граѓаните врз носителите на одлуки
1. Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на програмата „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието” која е финансирана од Европската Унија и кофинансирана од програмата ЦИВИКА Мобилитас, има потреба од набавка на алатка за засилено влијание на граѓаните врз носителите на одлуки.
Подетален опис на бараните услугите се наоѓа во проектната задача (ToR), која е дел од овој повик.
2. Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)
Потребно е да се испорачаат услугите по барање на нарачателот, а во периодот од јули до август 2020 година.
ЦУП го задржува правото на утврдување на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачот.
3. Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата треба да ги содржи следните елементи:
• Кратка биографија која содржи листа на референци од изработени софтверски решенија
• Техничка понуда – опис на техничкото решение согласно барањата во техничката спецификација
• Финансиска понуда (согласно приложениот формат подолу).
Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:
Р. бр. | Услуга | Експертски денови | Единечна бруто цена за ден во МКД) | Вкупна цена |
1. | Изработка на алатка за засилено влијание на граѓаните врз носителите на одлуки | 20 | ||
Вкупно |
Адреса: Ул. Рајко Жинзифов 44/1, 1020 Скопје Тел/Факс: x000 0 000 0000; e-mail: xxxx@xxx.xxx.xx xxx.xxx.xxx.xx
Work programme - Improved service delivery for citizens by active engagement of the Assembly
Изборот на добавувач ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда.
Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши и избор на понуда е следната:
Квалитативна евалуација | Максимум можни бодови |
Референци | 20 |
Опис на предложеното техничко решение | 20 |
Финансиска евалуација | Максимум можни бодови |
Вкупно бодови за финансиска евалуација | 60 |
Финална евалуација | |
Просечна оценка за квалитативна евалуација | 40 |
Просечна оценка за финансиска евалуација | 60 |
Вкупна оценка | 100 |
5. Услови и начин на плаќање
Плаќање: врз основа на потпишан договор по испорачана услуга и примопредавање на софтверското решение.
6. Набавката е неделива.
7. Начин на доставување на понудите
Понудите треба да се доставуваат во електронска форма на мејлот xxxxx.xxxxxxxx@xxx.xxx.xx.
Краен рок на доставување на понудите е до 24.07.2020 год. до 14 часот. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-поштата на ЦУП xxxx@xxx.xxx.xx и на xxxxx.xxxxxxxx@xxx.xxx.xx најдоцна до 23.07.2020 година.
Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена. Во случај кога понудувачот е одбран, истиот се обврзува да ги задржи понудените цени за времетраењето на кое се однесува предметната набавка.
2