ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА I ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ II ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ III ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА I V ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ V ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА VI ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА РАБОТИ
за
Асфалтирање на ул.“ Мородвишка Епископија “ Оглас бр.05-1472/8/2015
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
бр. 05 - 1472/7/2015
критериум за доделување на договорот: најниска цена
Кочани , јули , 2015
С о д р ж и н а
- | ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА |
I | ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ |
II | ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ |
III | ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА |
I V | ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ |
V | ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА |
VI | ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА |
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Општина Кочани, со седиште на адреса ул.''Раде Кратовче'' бр.1 во Кочани, телефон за контакт 000-000-000, факс 000-000-000, има потреба од доделување на договор за јавна набавка на работи и тоа за:
Асфалтирање на ул.“ Мородвишка Епископија “
За таа цел, Договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на работи со Отворена постапка, во согласност со чл. 21 , чл.65 и чл.66, чл.121 ст.1 алинеја 1 ст.2 и чл.125а / чл.128 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/15 - Пречистен текст и бр.78/15) за што објави оглас број 05-1472/8/2015 на ЕСЈН и во Службен весник на Република Македонија.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 04.08.2015 год. во 10.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, техничка спецификација-предмер, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, изјава за независна понуда, образец на понудата.
Отворањето на поднесените првични понуди ќе биде јавно, и ќе се изврши на ден 04.08.2015 год. во 10.00 часот во просториите на Општина Кочани, ул.„Раде Кратовче “ бр.1 Кочани, сала за состаноци, прв кат.
Однапред благодариме на соработката,
Во Кочани 14.07.2015 год. | Општина Кочани Претседател на Комисија за јавни набавки |
( Xxxxxx Xxxxxxxx )
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa на работи “ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е изведување на работи кои претставуваат предмет на договорот ;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е изведување на една или повеќе работи;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда ;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства ;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата ;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат ;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи ;
- „ Поврзан економски оператор “ е економски оператор :
- врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание;
- кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
- кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект “
- „Понудувач “ е секој економски оператор кој поднел понуда ;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка ;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација ;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација ;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација ;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка ;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка ;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- „ Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице ;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки ;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
- „Вишоци на работи“ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
- „Кусоци на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
- „Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат заради пропусти и недостатоци во проектот утврдени од надзорниот орган и од проектантот, како и заради други работи утврдени со закон;
- „Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени, а договорниот орган бара да се изведат;
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Општина Кочани, со седиште на адреса: ул.`` Раде Кратовче`` бр.1, телефон 000-000-000, факс 000-000-000, електронска пошта xxxx@xxxxxx.xxx.xx, интернет адреса xxx.xxxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај Договорниот орган во врска со техничката спецификација е Xxxxxx Xxxxxxxx – Помошник Раководител на Сектор за располагање и уредување на градежно земјиште, тел: 072/ 275-603.
1.2.3 Лице за контакт кај Договорниот орган во врска со спроведувањето на постапката за доделување на договорот за јавна набавка е Xxxxxxx Xxxxxxx, тел. 072/306-083, електронска пошта xxxxxxx.xxxxxxx@xxxxxx.xxx.xx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е :
Асфалтирање на ул.“ Мородвишка Епископија “
1.3.2 Предметот на договорот за јавна набавка не е деллив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничката спецификација-предмер која е составен дел на тендерската документација.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавната набавка ќе се се додели со примена на отворена постапка, која ќе се спроведува во хартиена форма и ќе заврши со е-аукција како последна фаза од постапката.
1.4.2. Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор.
За повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот Ви препорачуваме да го следите „Прирачник за начин на користење на ЕСЈН“ чија електронска верзија можете да ја преземете со кликнување на линкот „Прирачник за користење“ кој е објавен на јавниот дел од веб- локацијата на ЕСЈН во делот Економски оператор. Доколку ги следите инструкциите наведени во овој прирачник, користењето на системот ќе ви биде многу едноставно.
1.4.4. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
1.4.5. Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
1.4.6. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; како и интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
1.4.6. Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци:
- идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена,
- информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и
- временскиот период за поднесување конечна цена.
Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена , првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2. Оваа постапка ќе заврши со спроведување електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/15 - Пречистен текст и бр.78/15) и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа, областа на јавните набавки, облигационите односи, од областа на управната постапкa, ....... Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа) , Министерство за транспорт и врски, Министерство за економија..........
1.7 Извор на средства
1.7.1 Средствата за реализација на договорот за конкретната јавна набавка се обезбедени во Буџетот на Општина Кочани за 2015 год. Програма ЈД, Потпрограма ЈДА, ставка 482 .
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и
економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.3.1. Составен дел на групна понуда е договор за поднесување на групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка , а кој особено ги содржи следните податоци:
- членот на групата кој ќе биде носител на групата , односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка ,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата, а доколку е предвидена изјава за сериозност на понудата во тендерската документација секој учесник во групната понуда поднесува изјава за сериозност на понудата,
- членот на групата кој ќе ја издаде фактурата/ситуацијата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот .
1.8.3.2 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
1.8.3.3 Член во групата економски оператори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку :
- е носител на групата економски оператори,
- ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција ,
- групата економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
- другите членови од групата солидарно не ги преземат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
1.8.3.4 Повлекувањето на член од групата економски оператори спротивно на условите од т. 1.8.3.1 се смета за повлекување на групната понуда .
1.8.3.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење на професионалната дејност.
НАПОМЕНА: Во моментот на поднесување на понудата сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
1.8.4. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.5. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.8.6. Лицата кои учествуваат и помагат во евалуацијата на пријавите за учество или понудите, како и одговорното лице кај договорниот орган, не можат да бидат кандидати, понудувачи, подизведувачи или членови во група на понудувачи во соодветната постапка. Во таков случај, пријавата за учество или понудата на кандидатот или понудувачот се исклучува од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена , во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.10.3 Евалуација на понудите: Евалуацијата на понудите ќе се врши во согласност со критериумите наведени во оваа тендерска документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка. Комисијата, пред да пристапи кон евалуација на понудите, задолжително ќе провери дали е објавена негативна референца на понудувачите до истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, што соодветно го документира како дел од досието на постапката. Комисијата ја проверува валидноста и комплетноста на документацијата за утврдување на способност само на понудувачите за кои не е објавена негативна референца. Во случај на потреба од појаснување или дополнување на документи за утврдување способност, комисијата ќе побара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите. Бараното објаснување, односно дополнителното појаснување и дополнување понудувачот го доставува во писмена форма во рок определен од комисијата, кој нема да биде покус од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
Никакви промени во техничката и финансиската понуда нема и не смеат да се бараат, нудат или да се допуштаат од страна на комисијата, освен појаснување на понудата по претходно писмено барање на комисијата и исправка на аритметички грешки. Понудата, како и сите докази кон понудата и придружната документација се поднесува на македонски јазик. Документите кои се изготвени на странски јазик треба да бидат преведени на македонски јазик од овластен преведувач, што се докажува со потпис и печат на овластениот понудувач положени врз преведените документи. Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира.
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат:
- по пошта,
- по факс, или
- со електронски средства.
1.12.3 Документот кој бил испратен по факс, доставувачот е должен да го достави по пошта или со користење на електронски средства во рок од два дена од денот на испраќањето на документот по факс.
1.12.4 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи
информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже :
- личната состојба,
- способност за вршење на професионална дејност,
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари ;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност ;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација ;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки ;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не го доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5/пет/ години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност ;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност ;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
-потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција- забрана за вршење на професија, дејност или должност ;
-потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција- привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 2, 3 , 4, 8 и 9 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи на Република Македонија.
2.2.6 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за отварање/доставување на понудите, па наназад.
2.2.7 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3. Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на соодветна дејност поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран .
2.3.2 Понудувачот треба да исполнува определени услови , односно да е способен да врши изведување на градби од втора категорија - Законот за градење ( „ Сл.весник на РМ “ бр.130 /09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14 и 115/14).
2.3.3 За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран ,односно да достави :
• Потврда за регистрирана дејност или Тековна состојба.... за чие издавање надлежен орган во РМ е Централен регистар на РМ- документот да не е постар од 6 месеци до денот утврден како краен рок за поднесување на понуди ;
• Лиценца за изведување на градби од втора категорија ( минимум Лиценца Б за изведувач ) , издадена од Министерството за транспорт и врски , согласно Законот за градење („ Службен весник на РМ „ бр.130 /09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14 и 115/14).
/ оригинал или копија потпишана од одговорното/овластеното лице на понудувачот , со назнака „ Верно на оригинал “ ;
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 6 / шест / дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.1.3 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација.
3.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6/шест/ дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 / шест / дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи :
1. Образец на понуда (Прилог 1) –оригинал, преземен од ЕСЈН со тендерската документација; (потпишан и заверен од одговорното лице на понудувачот или од него овластено лице, со прилог овластување за потпишување);
2. Документи за утврдување на личната состојба наведени во потточка 2.2.2 од тендерската документација ; (се поднесуваат во оригинал или копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “ )
3. Документи за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведени во точка 2.3.3 од тендерската документација ; (се поднесуваат во оригинал или копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “ )
4. Изјава за сериозност на понудата Прилог 2) - оригинал, преземенa од ЕСЈН со тендерската документација; (потпишана и заверена од одговорното/овластеното лице на понудувачот)
5. Изјава за независна понуда (Прилог 3) - оригинал, преземенa од ЕСЈН со тендерската документација; (потпишана и заверена од одговорното лице на понудувачот)
6. Договор за групна понуда [само за група на економски оператори],
7. Образец за листа на доверливи информации / доколку ги има /
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец
на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2. При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.2 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1. Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената( единечна и вкупна цена без ДДВ) и вкупната вредност на понудата со ДДВ.
4.3.2. Понудената вкупна цена на понудата треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
4.3.3 Вкупната цена на понудата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со букви на англиски јазик.)
4.4. Ако вредноста на понудата е невообичаено ниска и во голема мера не е во согласност со проценетата вредност на набавката, договорниот орган од економскиот оператор ќе побара писмено објаснување за причините за таквата цена на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од 5 /пет/ дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
Напомена: Цените да бидат пишувани директно во Образец на понудата ( од тендерската документација ) изготвен од Договорниот орган , кој се презема директно од ЕСЈН, и не се дозволени никакви алтернативни понуди или обрасци на понуда.
/овој критериум се бодира /
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари. Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите .
Курсната листа која ќе се користи е курсната листа на Народната банка на Република Македонија, а курсевите за размена се оние кои важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 60 /шеесет / дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот.
Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите со важност пократок од предвидениот, ќе бидат отфрлени како неважечки.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 . Задолжителни изјави кои ги поднесува понудувачот
4.6.1 Изјава за сериозност на понудата
4.6.1.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација.
4.6.1.2 Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
4.6.1.3 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од три работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката
4.6.2 Изјава за независна понуда
Во прилог на понудата понудувачот задолжително доставува изјава во која под целосна материјална и кривична одговорност ќе изјави дека понудата ја поднел независно, без договор со други економски оператори спротивно на прописите за заштита на конкуренцијата, како и дека не учествува во истата постапка, односно во ист дел од постапка со други економски оператори со кои е капитално, сопственички или роднински поврзан.
Изјавата за независна понуда се доставува заедно со понудата за предметот на набавка за кој понудувачот поднесува понуда.
Изјавата за независна понуда не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
Изјавата за независна понуда ја потпишува одговорното лице на понудувачот.
Доколку има сознанија за невистинитоста по наводите на изјавата за независна понуда, договорниот орган веднаш ќе ги извести надлежните органи.
4.7 Форма и потпишување на понудата
4.7.1 Понудата се поднесува во еден оригинален примерок, испишана со неизбришливо мастило и потпишана од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, треба да се парафирани од лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.8 Затворање и обележување на понудите
4.8.1 Понуди можат да достават само економски оператори што се регистрирани на ЕСЈН, односно оние кои можат да ја превземат тендерската документација директно од ЕСЈН и за кои Договорниот орган има добиено електронска потврда за превземање на тендерската документација, согласно Правилникот за начинот на користење на ЕСЈН .
4.8.2 Економскиот оператор го приложува оригиналниот примерок на понудата со целокупната документација и примероци од печатени изданија во затворен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Внатрешниот плик се затвора во надворешен плик кој:
- не содржи информации за економскиот оператор;
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- го содржи бројот на огласот
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.8.3 Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено или оштетени и притоа може да се види нејзината содржина поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите, ќе се отфрлат како неуредни.
4.9 Посета на локација
4.9.1 Во оваа постапка не е предвидена посета на локација.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е : 04.08.2015 год. во 10.00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса : “ Раде Кратовче ” бр . 1 , Општина Кочани, во архивата или директно на Комисијата за јавни набавки на денот и часот на отворањето, со назнака За отворена постапка по Оглас бр.05-1472/8/2015 ".
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.9, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со активирање на изјавата за сериозност и издавање негативна референца.
5. ЈАВНО ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Јавно отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на ден 04.08.2015 год. во 10.00 часот, во просториите на Општина Кочани, сала за состаноци, прв кат..
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата.
5.1.6. Документите за утврдување на способност нема да се читаат на јавното отворање на понудите, а истите ќе бидат предмет на евалуација на наредна нејавна седница на комисијата за
јавни набавки кога ќе се врши евалуација на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.7 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.8 Во текот на јавното отворање и евалуацијата на првично поднесените понуди се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за појаснување на понудата по претходно писмено барање од Комисијата и исправка на аритметички грешки што ги утврдил договорниот орган при евалуација на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови ;
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворена постапка , договорот го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена.
6.1.2. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој оној кој прв ја поднел понудата во архивата на Договорниот орган .
6.1.3. Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана понудата на понудувачот оној кој прв ја поднел понудата во архивата на Договорниот орган .
6.1.4. Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.5. Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, , договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена , првично понудената цена ќе се смета за конечна.
6.1.6. Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена.
6.1.7. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно пропорционално намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
Избраниот најповолен економски оператор во рок од 3 /три/ дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка и ќе им биде испратена одлуката за избор и известување за причините за неизбор на нивната понуда.
Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки.
Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице.
6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.8 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.9 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
-во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
-во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 / шест/ примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 5 /пет/ дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише одговорното/овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да објави негативна референца.
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин и рок на плаќање
Се предвидува следниов начин и рок на плаќање:
Плаќањето на работите кои се предмет на овој договор, ќе се врши по доставување на ситуација заедно со градежна книга и градежен дневник како составен дел на ситуацијата за стварно изведени работи (времена или завршна), што ја доставува Носителот на набавката, со дефинирани и изведени позиции, одложено до 60 /шеесет/ дена , сметано од денот на приемот на истата во архивата на Договорниот орган.
Времената ситуација Носителот на набавката ја доставува до Договорниот орган во примерен рок по истекот на периодот за кој се однесува, потпишана и заверена од страна на определен Надзорен орган од Договорниот орган.
Завршната ситуација Носителот на набавката ја составува и поднесува на исплата до Договорниот орган, врз основа на стварно изведени и завршени работи, потпишана и заверена од страна на определен Надзорен орган од Договорниот орган.
Напомена : Xxxxxxx и рокот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин и рок на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде отфрлена од страна на комисијата за јавни набавки.
/овој критериум не се бодира и е задолжителен елемент на договорот за јавната набавка /
7.2 Разлики во цена (корекција на цени)
Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот .
7.3 Авансно плаќање
За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.4 Начин и рок на изведба на работите
7.4.1 Носителот на набавката е должен работите од предметот на договорот за јавната набавка да ги изведе на следниов начин :
- по уредно доставено барање од Договорниот орган за воведување во работа, кое ќе ги содржи сите потребни податоци за несметано изведување на работата, согласно Предмер пресметката.
7.4.2 Договорот за јавната набавка ќе се склучи за период од 4 (четири) месеци / Носителот на набавката е должен работите предмет на договорот да ги изведе во рок од 4 месеци / сметано од денот на стапувањето на сила на договорот за јавна набавка (по доставување на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот),
7.5. Гарантен период на изведени работи
Носителот на набавката е должен во рок од 12 /дванаесет/ месеци, од денот на примопредавањето на изведените работи или на дел од изведените работи, а ако користењето на изведените работи или на дел од истите започнало пред промопредавањето - од почетокот на користењето, без надоместок да ги отстранува сите недостатоци кои произлегуваат од нестручно и неквалитетно изведување на работите.
За квалитетот и гаранцијата на материјалите што се вградуваат , во поглед на содржината и рокот, важи гаранцијата од производителот, со тоа што Носителот на набавката е должен сета документација за квалитетот и гаранциите на производителот на материјалите, заедно со упатствата за употреба, да ги прибави и да му ги предаде на Договорниот орган.
Напомена: Сите понуди кои содржат пократок гарантен период од предвидениот, ќе се отфрлат како неприфатливи.
7.6 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
Услов за стапување на сила на договорот кој ќе се склучи со најповолниот понудувач е истиот да обезбеди гаранција за квалитетно извршување на договорот .
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде во висина од
10 % од вкупната вредност на договорот за јавната набавка со вклучен ДДВ.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде со важност до целосното реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот треба да биде во валутата на која гласи договорот/ МКД.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува по склучување на договорот, во рок определен од договорниот орган .
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не ги исполнува обврските од договорот за јавна набавка.
Во случај на неисполнување на некоја од обврските од договорот за јавна набавка согласно договореното, договорниот орган писмено ќе го извести носителот на набавката дека ќе пристапи кон наплата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот.
Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца.
Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот за јавна набавка. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на носителот на набавката или лично во
седиштето на договорниот орган.
Во случај кога е продолжен рокот за реализација на договорот или е зголемена неговата вредност, носителот на набавката соодветно треба да ја продолжи важноста и вредноста на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапката каде што предметот на договорот е оформен во единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договорот е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
9.2 За сето она не е предвидено и уредено со оваа тендерска документација, за сите новонастанати ситуации и евентуални прашања ќе се применуваат одредбите од Законот за јавните набавки и позитивните важечки прописи во Република Македонија.
II. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
- Проектна документација
Сите заинтересирани економски оператори имаат можност , во било кој работен ден (по претходна најава во Општина Кочани кај лицето Ристаки Пантов - Соработник за изградба и одржување на општински патишта и улици моб: 072/ 275 - 631), до денот утврден за доставување и јавно отварање на понудите, во просториите на Општина Кочани, на ул.„ Раде Кратовче “ бр. 1 – Кочани, да извршат увид во Проектот за „ Асфалтирање на улица „ Мородвишка Епископија “/ Тех.бр.651/2014 / кој е изработен по нарачка на Општина Кочани
ПРЕДМЕР
за
Асфалтирање на ул.“Мородвишка Епископија“
I. ULICA "MORODVI[KA EPISKOPIJA - KO^XXX
X. ПРИПРЕМНИ РАБОТИ | |||
1 | Обележување и осигурување на трасата | km | 0,25 |
2 | Машинско сечење на асфалт | m¹ | 40,00 |
II. ДОЛЕН СТРОЈ | |||
1 | Широк машински ископ на земја III категорија со утовар и одвоз до 3 km | m³ | 1844,00 |
2 | Изработка на насип со машинско планирање и валирање на слоеви, машински ископ на материјал со утовар и транспорт од позајмиште (збиеност утврдена по стандарден Прокторов опит при оптимална влажност) (материјал со ЦБР >20%) | m³ | 176,00 |
3 | Изработка на подтло | m² | 1532,00 |
4 | Изработка на постелка | m² | 188,00 |
III.ГОРЕН СТРОЈ | |||
1 | Набавка, транспорт и изработка на тампонски слој од дробеник со дебелина од 30ѕm за тампонирање на коловоз се до постигнување на 95% збиеност утврдена по стандарден Прокторов опит при оптимална влажност (материјал со ЦБР >20%) | m³ | 360,00 |
2 | Набавка, транспорт и вградување на асфалтен слој BNHS 16A d=7sm за коловоз улица со широчина од 5.5 m и паркиралишта | m² | 1400,00 |
3 | Набавка и вградување на стандардни бетонски рабници со потребен атест за водонепропустливост и мрзнење, со димензии 18/24/800 sm поставени во бетонска подлога МВ30 и фугирање на фуги | m¹ | 500,00 |
II. УЛИЦА "МОРОДВИШКА ЕПИСКОПИЈА“ -ТРОТОАРИ
1 | Набавка, транспорт и изработка на тампонски слој од дробеник со просечна дебелина од 10 sm за | m³ | 74,00 |
тампонирање на тротоари | |||
2 | Набавка и поставување на бетонски павер елементи (бекатон плочки) со d=6sm за тротоар, поставени врз ризла за порамнување d=3sm со гранулација 11-2mm на тампонскиот слој од дробеники, фугирање на фуги со ризла гранулација од 0-4mm, и поставување на завршен рабник поставен во бетонска подлога МВ20; Бекатон плочки со квалитет: Јакост на притисок 30Мra; Отпорност на абење најмногу 30sm3/50sm2; Впивање на вода под атмосферски притисок најмногу 10%; постојаност на дејство на мраз | m² | 740,00 |
3 | Набавка и вградување на завршни бетонски рабници поставени во бетонска подлога за тротоар со димензии 5/12/800sm со квалитет: Јакост на притисок 30Мra; Отпорност на абење најмногу 30sm3/50sm2; Впивање на вода под атмосферски притисок најмногу 10%; постојаност на дејство на мраз; | m¹ | 180,00 |
III.УЛИЦА "МОРОДВИШКА ЕПИСКОПИЈА“ – ПОТПОРНИ ЅИДОВИ
1 | Машински ископ на земја III и IV категорија во тесен обим за арм.бет.потпорни ѕидови | m³ | 328,00 |
2 | Бетонирање на темели за арм.бет.потпорни ѕидови со МВ30 со димензии | ||
Z1 и Z8 100/80sm | m³ | 14,40 | |
Z2 и Z5 120/60sm | m³ | 20,90 | |
Z3 и Z7 80/40sm | m³ | 12,60 |
Z4 и Z6 100/50sm | m³ | 10,20 | |
3 | Бетонирање на арм.бет.потпорни ѕидови во двострана оплата со МВ30 со димензии: | ||
Z1 и Z8 d=20sm N=2,05m | m³ | 7,50 | |
Z2 и Z5 d=40-20sm N=2.90m | m³ | 27,00 | |
Z3 и Z7 d=20sm N=1.45m | m³ | 11,50 | |
Z4 и Z6 d=20sm N=2.30m | m³ | 9,50 | |
4 | Набавка и вградување на арматурна мрежа | ||
Q188 | kg | 2340,00 | |
Q385 | kg | 1705,00 | |
5 | Машинско и делумно рачно насипување со набивање на слоеви земја околу потпорни ѕидови | m³ | 228,00 |
Предмерот е извадок од горенаведениот проект за конкретниот предмет на набавка
/Тех.бр.651/2014/ кој е изработен од проектантската фирма „Ерком Инженеринг“ ДООЕЛ Кочани по нарачка на Општина Кочани .
Изготвил: Спецификатор:
Помошник раководител на сектор Xxxxxx Xxxxxxxx