MUNICIPALITY OF VELES
ОПШТИНА ВЕЛЕС
MUNICIPALITY OF VELES
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА КАНЦЕЛАРИСКИ МАТЕРИЈАЛИ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Општина Велес / Municipality of Veles Panko Brasnar No 1
1400 Veles, Macedonia
Tel/fax: xx000 00 000 000
e-mail: xxxx@xxxxx.xxx.xx xxx.xxxxx.xxx.xx
Договорен орган е Општина Велес, со адреса на ул. Панко Брашнар бр. 1, телефон за контакт 043/232-406 факс 043/232-966
електронска адреса: xxxxx.xxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx контакт лице Xxxxx Xxxxxxxx.
2. Предмет на договорот за јавна набавка
Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на канцелариски материјали.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
3. Рок на испорака на материјалите
Носителот на набавката е должен да даде прецизен рок на испорака на материјалите кои се предмет на договорот.
4. Разлики во цена (корекција на цени)
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
5. Начин и рок на плаќање
(не се вреднува)
6. Квалитет
Носителот на набавката е должен да го искаже квалитетот на канцелариските материјали со соодветени сертификати
7. Гаранциски период
Носителот на набавката е должен да го искаже рокот на гаранција
8. Постпродажен период
(не се вреднува)
9. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
9.1. Лична состојба
- во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
- понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
- понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
9.2. Способност за вршење на професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
9.3. Економска и финансиска состојба
Критериум за утврдување на економската и финансиската состојба на понудувачот се:
Извештај за билансот на состојба и билансот на успех издаден од Централен регистар.
9.4. Техничка или професионална способност
Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се:
Список на главни испораки во последните 3 (три) години со количини на испорачаните возила и набавувачи (референтна листа);
Потврди, сертификати издадени од надлежни органи, организации или други правни лица за контрола на квалитетот со кој ќе се потврди сообразноста на материјалите со техничките спецификации или стандарди барани во тендерската документација;
Опис на техничките постројки и опрема со која располага понудувачот;
Бројчана и квалификациона структура на вработениот персонал на понудувачот;
Изјава за вработениот технички персонал и други вработени кај понудувачот кои ќе бидат одговорни за реализација на договорот, како и изјава за лицата задолжени за контрола на квалитетот и
Изјава со која понудувачот ги прифаќа условите од повикот.
10. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот треба да ги поседува следниве документи за докажување на својата способност, во зависност од критериумите предвидени во точка 4 од оваа тендерска документација, и тоа:
10.1. За докажување на личната состојба:
- изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки издадени од надлежен орган;
- уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Документите од точка 9.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.
10.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да има на располагање документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
10.3. За докажување на економската и финансиската состојба:
Извештај за билансот на состојба и билансот на успех на понудувачот издаден од Централниот регистар
10.4. За докажување на техничката или професионалната способност:
Список на главни испораки во последните 3 (три) години со количини на испорачаните материјали и набавувачи
(референтна листа);
Потврди, сертификати издадени од надлежни органи, организации или други правни лица за контрола на квалитетот со кој ќе се потврди сообразноста на материјалите со техничките спецификации или стандарди барани во тендерската документација;
Опис на техничките постројки и опрема со која располага понудувачот;
Бројчана и квалификациона структура на вработениот персонал на понудувачот;
Изјава за вработениот технички персонал и други вработени кај понудувачот кои ќе бидат одговорни за реализација на договорот, како и изјава за лицата задолжени за контрола на квалитетот и
Изјава со која понудувачот ги прифаќа условите од повикот.
11. Изготвување и поднесување на понудите
11.1. Начин на изготвување на понудата
Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на оригиналните обрасци дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува одговорното лице на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
11.2. Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:
- Образец на понуда (Прилог 2),
- Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност (Прилог 3), 11.3. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.
11.4. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува минимум 90 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
11.5. Запечатување на понудата
Понуда може да поднесе само понудувач кој ја има набавено тендерската документација од договорниот орган. Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- го содржи бројот на огласот,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите. Доколку сите плика не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата.
11.6. Принцип на една понуда
Едно правно или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
12. Краен рок и место за поднесување на понудите
12.1. Краен рок за поднесување на понудите е 24.07.2009 година во 10,00 часот.
12..2. Понудите се поднесуваат на следнава адреса Општина Велес, ул. Панко Брашнар бр. 1, Велес.
13. Јавно отворање на понудите
13.1. Јавното отворање на понудите ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите на следнава локација - во просториите на Општина Велес.
13.2. Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на Комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот.
13.3. Овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на отворањето на понудите со давање на свои забелешки во записникот од јавното отворање на понудите
Согласно со член 102, став 4 од Законот за јавните набавки, понудувачот не треба со својата понуда да ги достави горенаведените документи предвидени со законот како доказ за исполнување на критериумите за утврдување на способност. Наместо тоа, понудувачот доставува ИЗЈАВА дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на способност, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација. Договорниот орган ќе побара само од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата способност.
14. Критериуми за доделување на договорот
Критериуми за избор на најповолна понуда и доделување на договорот за јавна набавка се:
Цена 60 бода
Квалитет 20 бода
Гаранција 10 бода
Рок на испорака 10 бода
15. Известување на понудувачите
Сите понудувачи кои учествувале во постапката за доделување на договор за јавна набавка со Оглас за прибирање на понуди ќе бидат писмено известени за изборот на најповолна понуда во рок од три дена од денот на донесување на одлуката за доделување на договорот за јавна набавка, а во прилог на известувањето договорниот орган ќе достави и примерок од одлуката.
16. Правна заштита
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки.
17. Технички спецификации
Во посебен прилог
18. Деливост на набавката
Набавката е делива по позиции искажани во спецификацијата.
ПРЕДЛОГ
Склучен на ден .07.2009 година, во Велес помеѓу следните:
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Општина Велес, xx. Панко Брашнар бр. 1, Велес, застапувана од Градоначалникот Xxxxx Xxxxxx, во понатамошниот текст како Набавувач и
2. од , ул. , бр. , застапувано од
во понатамошниот текст како Носител на набавката.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Предмет на овој договор е сукцесивна годишна јавна набавка на канцелариски материјали по приложена спецификација. Постапката е спроведена со Оглас со Барање за прибирање понуди бр. 08/2009, објавен на ВЕБ страната на бирото за јавни набавки под број 02- /2 од .07.2009 година.
ЦЕНА НА ДОГОВОРОТ
Вредноста на работите од член 1 од овој Договор, изнесува денари .
Конечната вредност на набавката за секоја одделена позиција ќе биде утврдена врз основа на единечните исплатени цени потврдени од набавувачот, односно во рок од 10 дена по завршување на испораките, кога набавувачот и носителот на набавката ќе направат меѓусебно срамнување.
Цените утврдени во овој договор се фиксни.
НАЧИН И РОК НА ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето на цената од член 2 на овој Договор, ќе се врши по претходно доставена финансиска документација (фактура) за целиот утврден износ и тоа .
ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА
Носителот на набавката се обврзува да ги испорача материјалите опишани во член 1 на овој Договор, по рок и динамика на извршување утврден во член 7 од овој Договор.
Член 5
Носителот на набавката се обврзува дека материјалите ќе ги предаде со бараните карактеристики и квалитет.
ОБВРСКИ НА НАБАВУВАЧОТ:
Набавувачот се обврзува дека плаќањето ќе го врши по претходно доставена финансиска документација (фактура) за целиот утврден износ во рок утврден во член 3.
РОК НА ИСПОРАКА
Член 7
Рокот на испорака на материјалите во смисол на член 1 на овој Договор изнесува
.
Член 8
Договорните страни се согласни дека во случај кога Xxxxxxxxx на набавката нема да ги испорача материјалите во рокот определен во член 7 од овој договор па заради тоа падне во задоцнување, истиот е должен да му плати на Набавувачот договорна казна во висина од 0,5% од вкупната цена определена во член 2 од овој Договор за секој ден на доцнењето.
Договорната казна не може да надмине 5% од вкупната цена определена со член 2 од овој договор.
КВАЛИТЕТ НА ИСПОРАЧАНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ
Член 9
Носителот на набавката го гарантира квалитетот на испорачаните материјали во согласност со договорениот квалитет и дека немаат мани што ја оневозможуваат нивната подобност за редовна употреба, определена со договорот.
Доколку Носителот на набавката не се придржува кон договорениот квалитет, Навабувачот има право да ја наплати банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот.
Член 10
Носителот на набавката се обврзува да достави потврда, сертификат за квалитет на материјалите што ги испорачува според пропишаните стандарди.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 11
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска или нема да се придржува кон утврдениот квалитет, другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или во спротивно да го раскине договорот.
Член 12
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е за тоа веднаш писмено да ја извести другата договорна страна.
Член 13
Со писменото известување се смета дека договорот е еднострано раскинат.
По раскинувањето на Договорот, странките се должни да ги измират настанатите обврски до раскинувањето на Договорот.
ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ
Член 14
Материјален недостаток постои ако испорачаните материјали ги немаат потребните својства за нивна редовна употреба или ги немаат својствата и одликите од член 9.
Член 15
Набавувачот е должен испорачаните материјали, да ги прегледа на вообичаен начин за да се утврди дали постојат видливи недостатоци.
Доколку прегледот се изврши во присуство на обете страни, Набавувачот е должен своите забелешки поради видливите недостатоци да му ги соопшти на Носителот на набавката веднаш.
Кога по приемот на материјалите од страна на Набавувачот ќе се покаже дека истите имаат некој скриен недостаток што не можел да се открие со вообичаен преглед, Навабувачот е должен за тој недостаток да го извести Носителот на набавката во рок од 8 (осум) дена од денот кога го открил недостатокот.
Во известувањето за недостатокот на материјалите, Набавувачот е должен поблиску да го опише недостатокот и да го повика Носителот на набавката да ги прегледа истите.
Носителот на набавката не одговара за недостатоците што ќе се покажат по истекот на 6 (шест) месеци од предавањето на материјалите.
може:
Член 16
Набавувачот кој навреме и уредно го известил Носителот на набавката за недостатокот,
- да бара од Носителот на набавката да ги замени сите неквалитетни материјали.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 17
Договорните страни можат да ги дополнат или изменат одредбите од овој Договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој Договор можат да се изменат или дополнат со склучување на Xxxxx на Договорот.
Дополнувањата и измените на овој Договор се важечки, ако се направени во писмен облик и ако се потпишани од двете договорни страни.
За се што не е регулирано со овој Договор, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.
Член 18
Сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор, а кои договорните страни не би можеле да ги решат спогодбено, во духот на взаемна соработка и добрите деловни односи, ќе ги решава надлежниот суд во Велес.
Член 19
Овој Договор е составен во 4 (четири) примероци, од кои по 2 (два) примерока за секоја договорна страна.
НОСИТЕЛ НА НАБАВКА НАБАВУВАЧ
Општина Велес
Директор Градоначалник
Xxxxx Xxxxxx
Врз основа на огласот со барање за прибирање понуди број 08/2009 објавен од страна на Општина Велес, за доделување на договор за јавна набавка на канцелариски материјали во постапка со прибирање на понуди, и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следните материјали:
.
II.2. Во прилог ги доставуваме бараните документи, и тоа:
II.3. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува:
[со бројки] ( ) [со букви] денари. Вкупниот износ на ДДВ изнесува .
Гаранција |
Квалитет |
Рок на испорака |
III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот нацрт – договор.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот
во целост ги исполнува критериумите за утврдување на способноста на понудувачите утврдени во тендерската документација по огласот со барање за прибирање понуди бр. 08/2009 објавен од страна на Општина Велес со барање за прибирање на понуди и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог – Изјава од техничкиот персонал одговорен за реализација на договорот
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност во име на сите технички лица вработени во
кои превземаат конкретни активности и обврски утврдени во тендерската документација по огласот со барање за прибирање понуди бр. 08/2009, изјавувам дека се целосно одговорни за реализацијата на овој договор, тие се компетентни и стручни, секој во рамките на својата професија. Доколку биде избрана нашата понуда за најповолна ГАРАНТИРААТ дека во целост ќе бидат реализирани превземените обврски од договорот.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог – Xxxxxx од понудувачот дека не му е изречена правосилна пресуда
И З Ј А В А
Понудувачот , со својот печат и потпис на
овластеното лице , изјавува дека во последните 5 (пет) години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари на Огласот со барање за прибирање понуди бр. 08/2009 објавен од страна на Општина Велес, за јавна набавка на канцелариски материјали.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог – Xxxxxx од понудувачот дека ги прифаќа условите од Огласот
И З Ј А В А
Понудувачот , со својот печат и потпис на
овластеното лице , изјавува дека во целост ги прифаќа условите на Огласот со барање за прибирање понуди бр. 08/2009 објавен од страна на Општина Велес, за јавна набавка на канцелариски материјали.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |