Contract
Заклучоци од Седниците на граѓанскиот оддел на Апелационен суд Битола одржани во периодот од јануари- септември 2017 година
⮚ Тужителот во состојба кога како превозник со тужениот како државно средно училиште склучил Договор за јавна набавка на услуги за превоз на ученици за потребите на музичкото училиште , со определено времетраење, а по истекот на рокот на договорот продолжил со извршување на услугите, а сега тужениот не спротиставил на тоа, но дал премолчна согласност за продолжување на превозот, има право на нодмест за дадената услуга под истите цени како и дотогаш.
(Од седница на граѓански оддел одржана на 12.01.2017 год.)
⮚ Во постапката пред суд, за да се прифати вештачењето како доказ, доволно е вештакот кој го извршил вештачењето да поседува лиценца за вештачење и да биде запишан во Регистарот за вештаци што го води Министерството за правда на РМ, во смисла на одредбата од чл.236 од ЗПП.
(Од седница на граѓански оддел одржана на 10.02.2017 год.)
⮚ Рокот за застареност за надомест на штета започнува да тече одново доколку тужбата е поднесена во рок од три месеци од приемот на правосилната пресуда со која е завршена кривичната постапка во која е истакнато оштетено побарување.
(Од седница на граѓански оддел одржана на 14.02.2017 год.)
⮚ Во постапката по жалба против решенија кога е поднесен одговор на жалбата, не се досудуваат трошоци за одговор, освен во постапката по приговор за неправилности во извршувањето и постапка во спорови поради смеќавање на владение.
(Од седница на граѓански оддел одржана на 22.09.2017 год.)
⮚ Во постапката кога странките (најчесто тужените) се застапувани од старател и привремен застапник, трошоците на постапката неможат да се досудат директно на старателот односно застапникот.
(Од седница на граѓански оддел одржана на 22.09.2017 год.)
⮚ Извршителот кога поднесува жалба против решение во постапка по приговор за незаконитости во извршувањето, е таксен обврзник за плаќање судска такса