Contract
Врз основа на член 19, став 1, алинеја 7 од Законот за енергетика („Службен весник на РМ“ бр. 63/2006 и 36/07), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на седницата одржана на 17 септември 2007 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ТРГОВИЈА СО ПРИРОДЕН ГАС
1. На Друштвото за производство, трговија и услуги РОУ И РИФАЈНД КОМОДИТИС ДООЕЛ експорт-импорт, Скопје му сe издава лиценца за вршење на енергетската дејност трговија со природен гас.
2. Правата и обврските на носителот на лиценцата во вршењето на енергетската дејност трговија со природен гас се утврдени во Прилог 1, „Лиценца за вршење на енергетската дејност трговија со природен гас “ кој што е составен дел на оваа одлука.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“
ПРЕТСЕДАТЕЛ
бр. 02- 1426/1 Xxxxx Xxxxxxxxx
17 септември 2007 година Скопје
Прилог 1
ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ТРГОВИЈА СО ПРИРОДЕН ГАС
1. Име и седиштето на носителот на лиценцата
Друштвото за производство, трговија и услуги РОУ И РИФАЈНД КОМОДИТИС ДООЕЛ експорт-импорт, Скопје
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.18 1000 Скопје, Република Македонија.
2. Енергетската дејност за која се издава лиценцата
Трговија со природен гас.
3. Датум на издавање на лиценцата:
17 септември 2007 година
4. Период на важење на лиценцата:
10 години
5. Датум до кога важи лиценцата:
17 септември 2017 година
6. Евидентен број на издадената лиценца:
ПГ- 07.06.01/07
7. Број на деловниот субјект – 6237460
8. Единствен даночен број - 4030007637960
9. Вид и обем на енергетската дејност што ќе се врши
Со оваа лиценца се определуваат условите за вршење на енергетската дејност трговија со природен гас.
Како трговија со природен гас, во смисла на оваа лиценца се смета купување природен гас заради натамошна продажба на природниот гас на квалификуваните потрошувачи и на снабдувачите со природен гас на тарифните потрошувачи.
10. Опис на условите и начинот на вршење на дејноста:
Енергетската дејност, трговија со природен гас, носителот на лиценцата ќе ја врши преку склучување на купопродажни договори за набавка на природен гас од увоз, договори со операторите за пренос и дистрибуција за обезбедување на капацитети за пренос и дистрибуција и системски услуги, како и договори со квалификуваните потрошувачи и со снабдувачите со природен гас на тарифните потрошувачи.
11. Подрачје на кое ќе се врши дејноста
Енергетската дејност трговија со природен гас носителот на лиценцата може да ја врши на целата територија на Република Македонија и странство.
12. Општи обврски за носителот на лиценцата
Носителот на лиценцата е должен да:
- обезбеди непречена и континуирана испорака на природен гас на квалификуваните потрошувачи и на снабдувачите со природен гас на тарифните потрошувачи во согласност со склучените договори;
- обезбеди доволен преносен и дистрибутивен капацитет и тарифни услуги во соглас- ност со применливата тарифа, пазарните правила, мрежните правила за пренос и мрежните правила за дистрибуција, за количините на природен гас кои се обврзал да ги испорача, освен ако квалификуваниот потрошувач купува преносен и дистрибутивен капацитет на природен гас за свои потреби;
- обезбеди природниот гас кој што го испорачува да ги исполнува условите за квалитет определени со склучените договори, како и пропишаните норми за квалитетот;
- ги почитува законите, другите прописи и општи акти кои се однесуваат на вршење на дејноста трговија со природен гас, заштита на конкуренцијата, заштита на потрошувачите, заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето и заштита при работа;
- ги почитува техничките, мрежните и пазарните правила, нормативи и стандарди за работа на системот за пренос и системот за дистрибуција на природен гас;
- ги почитува правилниците и другите прописи кои ги пропишува или одобрува Регулаторната комисија за енергетика во согласност со закон, а особено Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
13. Обврска за одвоена сметководствена евиденција
Носителот на лиценцата е должен :
- во своите интерни пресметки да води одвоена евиденција за секоја од енергетските дејности за кои што поседува лиценца;
- во согласност со сметководствените стандарди со кои се уредува сметководственото работење на претпријатието: да изготвува финансиски извештаи кои ќе обезбедат информации за средствата, обврските, капиталот, приходите и расходите со резултатите од работењето, како и паричните текови на претпријатието, како и
- да обезбедува консолидирани финансиски извештаи.
14. Обврска за доставување на Годишен извештај за финансиското и деловното работење
1. Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до 10 март во тековната година да доставува Годишен извештај за финансиското и деловното работење во врска со вршењето на дејноста во претходната година (извештај на година).
2. Годишниот извештај треба да содржи податоци за:
1. набавки и продажби на природен гас во текот на извештајна година.
2. Финансиски извештаии :
- биланс на состојба и биланс на успех,
- извештај за промените во главнината,
- извештај за паричните текови,
- применетите сметководствени политики,
- други објаснувачки белешки подготвени во согласност со меѓународните сметководствени стандарди,и
- интерни пресметки за секоја од енергетските дејности за кои што поседува лиценца
3. превземени мерки во текот на извештајна година, за:
- обука и стручно усовршување на вработените заради сигурно, безбедно и квалитетно вршење на дејноста;
- спроведување на мониторинг врз сопственото работење;
- обезбедување на услови за сигурно, континуирано и квалитетно вршење на дејноста;
- вршење на дејноста во услови на кризна состојба, промена на условите на светскиот пазар, како и воена и вонредна состојба.
4. состојба со кадровска екипираност за извршување на пооделни задачи во врска со дејноста;
5. оценка за реализирање на планот за работа за извештајната година; и
6. бизнис план за тековната година.
15. Обврска за доставување на други извештаи, информации и податоци во врска со вршењето на дејноста до Регулаторната комисија за енергетика
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика да доста- вува:
- информации за количините на природен гас , согласно договорите за набавка и договорите за испорака на природен гас, склучени со извозникот на природниот гас, како и со квалификуваните потрошувачи и/или со вршителите на дејноста снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи
- месечни извештаи за испорачани количини на природен гас, согласно Табелата 1, која е составен дел на оваа лиценца.
- известувања за сите околности, настани и промени кои што имаат или би можеле да имаат влијание врз вршењето на дејноста.
- други податоци во врска со вршењето на дејноста.
16. Обврска за овозможување на пристап до објектите и непосреден увид во документацијата
Носителот на лиценцата е должен по барање на Регулаторната комисија за енергетика да овозможи непосреден увид во целокупната документација која што се однесува на вршењето на енергетската дејност за која што е издадена лиценцата, во согласност со Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
17. Изменување и дополнување на лиценцата
Изменувањето и дополнувањето на оваа лиценца ќе се врши исклучиво во согласност со одредбите од Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности
18. Мерки во случај на неисполнување на обврските на носителот на лиценцата Доколку носителот на лиценцата не ги исполнува обврските содржани во оваа лиценца, Регулаторната комисија за енергетика ќе преземе мерки согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
Прилог: Табела 1
ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОРАЧАНИ КОЛИЧИНИ НА ПРИРОДЕН ГАС ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ ,
ГОДИНА
(во Нм³ )
КОРИСНИК/ПОТРОШУВАЧ | ИСПОРАЧАНИ КОЛИЧИНИ ВО ТЕКОТ | ИСПОРАЧАНИ КОЛИЧИНИ ОД | ||
( ИМЕ) | НА МЕСЕЦОТ | ПОЧЕТОК НА ГОДИНАТА | ||
Планирано согласно | Реализирано | Планирано согласно | Реализирано | |
Договор | Договор | |||
I. КВАЛИФИКУВАНИ ПОТРОШ. | ||||
1…….. | ||||
2……… | ||||
3……. | ||||
ВКУПНО I | ||||
II. СНАБДУВАЧ НА | ||||
ТАРИФНИ ПОТРОШУВАЧИ | ||||
1…….. | ||||
2……. | ||||
3…….. | ||||
ВКУПНО II | ||||
ВКУПНО ( I + II ) |