Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТЕЊЕ СО ДЕВИЗНА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА – РЕЗИДЕНТИ
Со Општите услови за отворање и работење со девизни сметки на физички лица - резиденти на Комерцијална банка АД Скопје, се уредуваат основните и општите правила за отворање, водење, работење и затворање на девизните сметки на физички лица - резиденти.
1. ПОИМИ
Сопственик на сметка е физичко лице – резидент кое поседува девизна трансакциска сметка врз основа на склучен договор за девизна трансакциска сметка.
Корисник на сметка е физичко лице, кое располага со средствата од девизната трансакциска сметка. Корисник на сметка може да биде:
сопственикот на сметката,
законски застапник или старател x
овластено лице.
2. ПРИМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
Општите услови се применуваат на односите помеѓу Xxxxxxx и Корисникот на сметка, кои се засноваат со потпишување на Договорот за девизна трансакциска сметка на физичко лице резидент и останатата документација. Одделните работи во платниот промет во земјата и со странство, Xxxxxxx ги извршува во согласност со Општите услови, Договорот, законската и подзаконската регулатива и актите на Банката. Општите услови се составен дел од Договорот и пред склучување на истиот, на Корисникот на сметката Xxxxxxx му предава примерок од Општите услови за отворање и работење со девизна трансакциска сметка на физички лица-резиденти.
3. ОТВОРАЊЕ НА СМЕТКАТА
Банката отвора девизна трансакциска сметка на домашни физички лица со постојано место на живеење во Република Северна Македонија и на странски физички лица кои согласно законската регулатива во Република Северна Македонија имаат третман на резиденти, т.е. поседуваат документ за регулиран престој за период не помал од 6 (шест) месеци. Xxxxxxx отвора девизни трансакциски сметки и на малолетни лица, како и на лица на кои им е одземена или ограничена деловната способност кои пред Xxxxxxx ги застапува законски застапник, односно старател согласно законските одредби. Xxxxxxx има право да го одбие Xxxxxxxx за отворање сметка, без да ги наведе причините за својата одлука.
Потребна документација за отворање девизна транскациска сметка:
Писмено барање за отворање девизна трансакциска сметка (интерен образец на Банката),
Лична карта или патна исправа на барателот од која се утврдува постојаното место на живеење во Република Северна Македонија (за странски физички лица, Банката врши идентификација врз основа на лична карта за странци или друг соодветен документ во кои е наведен ЕМБГ на лицето, добиени врз основа на претходно издадена важечка виза за престој, односно работна виза во траење од најмалку шест месеци.
Потребна документација за отворање/работење со девизна трансакциска сметка од страна на законски застапник/старател:
Писмено барање за отворање девизна трансакциска сметка (интерен образец на Банката),
Документ за лична идентификација на законскиот застапник/старателот,
Извод од матичната книга на родени за малолетно лице/документ за идентификација на лицето ставено под старателство, од кој Xxxxxxx задржува копија,
Важечки документ како доказ дека лицето е законски застапник/старател на резидентот – лицето во чие име и за чија сметка се отвора девизната трансакциска сметка.
Во исклучителни ситуации одредени од страна на Xxxxxxx, девизна трансакциска сметка може да отвори и овластено лице. Потребна документација за отворање девизна трансакциска сметка од страна на овластено лице:
Писмено барање за отворање девизна трансакциска сметка (интерен образец на Банката),
Писмено овластување потпишано од резидентот – физичко лице или од неговиот законски застапник потврдено од овластено лице (нотар),
Документ за лична идентификација на овластеното лице,
Документ за лична идентификација на сопственикот на сметката.
·
·
4. РАБОТЕЊЕ СО СМЕТКАТА
Резидентната сметка е мултивалутна, односно на сметката може да се вложуваат средства во сите валути наведени во курсната листа на Банката. Банката може да го ограничи работењето со одредена валута од курсната листа. Корисникот на сметка може да врши наплати и плаќања со нерезиденти согласно законот, кој кај овие трасанкции бара дополнителни документи, во зависност од основот на истите, пренос на средства од/на девизен депозит, како и уплати и исплати во ефективни странски пари согласно законската и подзаконската регулатива. За располагање со средствата од сметката, Xxxxxxx издава девизна потписна картичка. Корисникот се потпишува на картичката, со што се обврзува при нејзиното користење секогаш да го употребува истиот потпис.
Во случаи на девизни приливи, Корисникот на сметката има законска обврска да достави информација до Банката за основот на приливот. Банката има право да побара дополнителна документација за девизните приливи. Во случаи кога името на Xxxxxxxxxx и сметката не се совпаѓаат, Xxxxxxx има право да испрати т.н. упит за прецизирање на податоците на Корисникот на приливот до странската банка или на барање на странската банка да го врати приливот назад.
Сопственикот на сметка може да овласти друго лице кое ќе работи со сметката исто како и сопственикот на сметката. Овластувањето важи до рокот за кој е дадено, до моментот на негово писмено отповикување од Xxxxxxxxxx на сметката, до неговата смрт или смрт на овластеното лице или во рок утврден од страна на Банката.
Сопственикот на сметката може да отвори траен налог со кој ќе ја овласти Xxxxxxx во негово име и од средствата на неговата сметка да врши редовни плаќања, пренос на сопствена штедна книшка во Банката, отплата на кредити издадени од Банката и др.
Корисникот на сметка е должен да достави важечки документ за идентификација заради ажурирање на податоците при секоја промена на неговите лични, адресни податоци и податоци за контакт.
За непречено работење со сметката, Корисникот на сметката треба секогаш да има важечки документ за идентификација. За таа цел Корисникот треба 30 дена пред истекот на рокот на важење да поднесе барање за издавање нов документ пред надлежната институција.
5. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Корисникот на сметката е согласен Xxxxxxx да ги обработува неговите лични податоци наведени во барањето за отворање на сметка за целите за кои се прибираат, а во согласност со актите на Xxxxxxx и позитивните законски прописи. Личните податоци и информациите што се однесуваат на водењето на сметката, кои произлегуваат од работењето со сметката претставуваат банкарска тајна и истите може да се достават само на Корисникот на сметка и на овластен орган во согласност со закон, или на трети лица врз основа на согласност од Корисникот на сметката.
Банката применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци и адекватни административни, технички и физички мерки и контроли според воспоставените стандарди за сигурност на информативниот систем, соодветно на ризикот при обработката и природата на податоците кои се обработуваат.
6. ИЗВЕСТУВАЊА
Корисникот на сметка е должен веднаш да ја извести Xxxxxxx за сите промени во врска со промена на личните и другите податоци. Банката не сноси никаква одговорност за штетата настаната заради непочитување на обврската за известување за настанатите промени.
Корисникот на сметката е должен да подига извод по секоја промена на состојбата на сметката, а најмалку еднаш месечно, да ја проверува состојбата на сметката и да ги следи известувањата на Xxxxxxx за настанатите промени во работењето. Во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxxx е уредно известен за состојбата и прометот на сметката на последниот ден од месецот.
Xxxxxxx нема да одговара за каква било штета настаната во врска со нередовно подигање на изводите од сметката или нередовно следење на промените и состојбата на истата
Банката може да му озвоможи интернет пристап до сметката на клиентот.
7. ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
Банката го задржува правото да врши промени во обемот и содржината на Општите услови, Договорот, услугите поврзани со работењето на сметката, Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите кои ги врши Банката и другите акти на Банката и документи со кои се регулира работењето на сметката. За сите наведени промени, Xxxxxxx го известува Корисникот со објавување информација на изводот на неговата сметка или на веб-страницата на Банката.
За секоја промена во Тарифата на Банката за девизната трансакциска сметка, Xxxxxxx ќе го извести Корисникот во рок од 5 работни дена од настанувањето на промената преку изводот од сметката, на веб- страницата на Банката, преку услугите e-Банка и м-Банка, или на шалтерите на Банката.
Доколку Корисникот на сметка не се согласува со одредени промени во условите на работењето со сметката, може да испрати писмен приговор или да поднесе барање за раскинување на Договорот во рок од 30 дена по завршување на месецот во кој е објавена промената, во спротивно се смета дека Xxxxxxxxxx на сметката се согласува со предложените промени и во потполност ги прифаќа
8. КАМАТИ, НАДОМЕСТОЦИ И ПРОВИЗИИ
За позитивното салдо на девизната трансакциска сметка, Xxxxxxx пресметува и одобрува договорна пасивна камата, согласно Одлуката за каматните стапки на Комерцијална банка АД Скопје.
Банката пресметува и наплатува провизии и надоместоци од Корисникот на сметка, согласно Одлуката за Тарифа на надоместоци за услугите кои ги врши Комерцијална банка АД Скопје. Со склучување на Договорот, Xxxxxxxxxx во прилог ја добива моментално важечката тарифа за трансакциите кои се реализираат со девизината сметка.
Кај плаќањата со дознака, освен провизиите на Банката, се наплатуваат и провизиите на странските банки, кои, во зависност од дадените инструкции од страна на клиентот (OUR, BEN или SHA), паѓаат на товар на испраќачот или на Корисникот на средствата.
9. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СМЕТКАТА
Xxxxxxx има право да направи ограничување на сметките на Корисникот во следните случаи:
поради блокада на денарската транскациска сметка согласно закон, по автоматизам се блокира и девизната транскациска сметка;
врз основа на акт на надлежен орган;
заради истечен документ за идентификација кај странски физички лица со дозвола за привремен престој во РСМ.
10. ЗАТВОРАЊЕ НА СМЕТКАТА
Банката ќе ја затвори сметката на резидентот во следните случаи, доколку:
Корисникот на сметка достави писмено барање за затворање на сметката,
Дојде до промена на статусот резидент во нерезидент, во кој случај Xxxxxxx е должна да изврши еднократен пренос на средствата од резидентната девизна сметка и/или денарска сметка на неговата девизна и/или денарска сметка како нерезидент,
се приложи умреница или потврда дека лицето е починато,
настапат други околности, односно во други случаи определени со важечката регулатива и интерните акти на Банката.
Корисникот на сметка е должен да ги подмири сите обврски кои произлегуваат од работењето со сметката и од Договорот, настанати до денот на раскинувањето на Договорот, односно до денот на затворањето на сметката. Договорот престанува да важи на денот на затворање на сметката. Банката може еднострано, без отказен рок, да го раскине Договорот и да ја затвори сметката, доколку Xxxxxxxxxx на сметка не ги почитува законските и подзаконските прописи, односно работи и се однесува спротивно на Општите услови, Договорот или актите на Банката со кои е регулирано отворањето и работењето на сметките на резидентите и другите интерни акти на Банката.