Contract
Д О Г О В О Р
СКЛУЧЕН НА ДЕН | ГОДИНА. ПОМЕЃУ: |
1 | ТАРИФЕН ПОТРОШУВАЧ | ||
( Назив на фирмата / Име и презиме за физичко лице ) | |||
ул | бр. | во Скопје | |
ЕМБС / ЕМБГ | телефон | ||
Жиро сметка бр | Банка депонент | ||
Застапуван од |
( во понатамошниот текст Потрошувач) x
2. | СНАБДУВАЧ |
СНАБДУВАЊЕ ZAPAD ДООЕЛ СКОПЈЕ, Друштво за снабдување со топлинска енергија ул. ″Лондонска″ бб Скопје, ЕМБС 6429009 | |
Жиро сметка бр. 300000002826422 Банка депонент: Комерцијална Банка АД Скопје | |
Застапувано од управителот Xxxxxx Xxxx~ev , дипл ekk | |
(во понатамошниот текст Снабдувач) |
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој договор е снабдување со топлинска енергија во деловниот простор на потрошувачот | ||
со инсталирана моќност од | W и со грејна површина од | m2. |
ВРЕМЕ И МЕСТО НА ИСПОРАКАТА
Член 2
Снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите се врши во периодот од 15 октомври во тековната, до 15 април во наредната календарска година.
По исклучок од став 1 на овој член, грејната сезона може да почне порано но не и пред 1 октомври, под услови предвидени во Правилникот за условите за снабдување со топлинска енергија.
По исклучок од став 1 на овој член грејната сезона може да продолжи и по 15 април, под услови предвидени во Правилникот за условите за снабдување со топлинска енергија
Член 3
Снабдувачот се обврзува потребната енергија за загревање на објектот да ја испорача на влезот на внатрешната инсталација на објектот, по квалитет и квантитет утврден во позитивните законски прописи и подзаконски акти
ОБВРСКИ НА СНАБДУВАЧОТ
ПРАВА И ОБВРСКИ
Член 4
Снабдувачот е должен да му овозможи на потрошувачот за време на грејната сезона континуирано снабдување со топлинска енергија согласно Мрежните правила
Снабдувачот е должен во текот на грејната сезона во периодот од 06.00 часот до 21.00 часот да обезбеди температура во грејните простории, согласно Правилникот за условите за снабдување со топлинска енергија.
Член 5
Снабдувачот гарантира договорен квалитет на испорака на топлинска енергија, единствено во објекти во кои внатрешната инсталација е технички и функционално исправна и во кои не е нарушен енергетскиот биланс.
Член 6
При вршењето на дејноста снабдување со топлинска енергија снабдувачот е должен
- да постапува по писмените приговори на потрошувачите и во разумен рок писмено да им одговара
- да ангажира стручни служби и средства за утврдување на квалитетот на испораката на топлинска енергија кај потрошувачите;
- за време на грејната сезона да обезбеди контакт центар со 24-часовно работно време каде корисниците телефонски ќе можат да пријават рекламации;
- благовремено да реагира на телефонските рекламации од потрошувачите;
- благовремено да обезбеди информации за промените во работењето кои се важни за потрошувачот;
- да обезбеди доверливост, тајност и неповредливост на податоците за потрошувачите.
ПРАВА НА СНАБДУВАЧОТ
Член 7
Снабдувачот при вршењето на дејноста снабдување со топлинска енергија има право на:
- непречен пристап на секој имот или објект до мерните уреди заради контрола, вградување, надзор, промена и сервисирање на мерните уреди
- пристап во секој имот или објект до мерните уреди заради исклучување на испораката на топлинска енергија, во случај кога потрошувачот направил прекршок од законот за енергетика или не извршил плаќање на топлинската енергија во согласност со обврските од договорот за снабдување или роковите и условите за давање на услуга.
Член 8
Снабдувачот има право да ја ограничи или прекине испораката на топлинска енергија без согласност на Потрошувачот a по претходно известување, доколку истиот не ги исполнува обврските од договорот, особено ако:
- потрошувачот користи услуга спротивно на одребите од договорот;
- не го плати надоместокот за потрошената топлинска енергија согласно обврските од договорот;
- се утврдат технички пречки или недостатоци на делот за чија исправност е одговорен потрошувачот
- користи неодобрена опрема за греење
- услугата се користи за други цели спротивни на договорот, законот и другите подзаконски прописи
ОБВРСКИ НА ПОТРОШУВАЧОТ
Член 9
Потрошувачот има обврска во периодот од 15 мај до 15 септември во тековната година да изврши техничка контрола на исправноста на внатрешната инсталација на објектот, за да се обезбеди непречена испорака на топлинска енергија.
Член 10
Потрошувачот при користење на топлинската енергија е должен:
- навремено да го плаќа надоместокот за потрошената топлинска енергија;
- да постапува совесно и внимателно со користење на своите уреди или инсталации и да не ги загрозува животот и здравјето на луѓето и имотот;
- без согласност на снабдувачот да не врши приклучување на својот објект, уред или инсталација односно да не овозможи преку својот објект, уред и инсталација приклучување на друг потрошувач.
- да овозможи правилно евидентирање на потрошената енергија и да не ја користи енергијата без мерни уреди, или со неодобрени мерни уреди
- да не ја попречува испораката на топлинска енергија до другите потрошувачи
- во случај на недостиг на енергија да се придржува кон пропишаните мерки за намалување на потрошувачката.
- да ги користи услугите на начин кој не е во спротивност со законските или другите прописи како и на условите содржани во овој договор.
- да не врши измена на грејната инсталација на објектот без соодветно техничко решение,верификувано од овластено лице
- на барање на снабдувачот да дозволи пристап до внатрешната инсталација, поединечниот приклучок и топлотната потстаница
Член 11
Потрошувачот е должен кога на мерното место има повеќе потрошувачи да овласти лице кое во име на сите ја утврдува количината на испорачана топлинска енергија на ниво на мерно место, односно нивото на загреаност на објектот.
Доколку потрошувачите не овластат лице, во смисол на став 1 од овој член, или писмено не го известат снабдувачот, испораката на топлинска енергија на мерното место ке се врши според дијаграм одреден од снабдувачот.
Член 12
Ако потрошувачот го оттуѓи или издаде под закуп предметниот деловен простор, истиот е должен веднаш или најдоцна во рок од 8 дена писмено да го извести испорачателот за промената, и да достави соодветна исправа, со цел испорачателот да ја евидентира промената и склучи договор за испорака на топлинска енергија со новиот сопственик на деловниот простор.
Доколку потрошувачот не постапи согласно став 1 од овој член, ќе се смета дека договорот е сеуште во сила а потрошувачот и понатаму ке биде во обврска да ги плаќа фактурите за потрошена топлинска енергија, се до негово конечно одјавување кај снабдувачот.
Член 13
Ако кај потрошувачот настанат статусни промени, истиот е должен веднаш или најдоцна во рок од 8 дена, со писмен допис да го извести испорачателот и достави тековна состојба за извршената промена од овластениот орган.
Доколку потрошувачот не постапи согласно став 1 од овој член, ќе се смета дека правата и обврските кои произлегуваат од овој договор преминуваат на новиот правен субјект (правен следбеник) а со тоа и обврска да ги плаќа фактурите за потрошена топлинска енергија
Член 14
Договорениот квалитет на топлинска енергија; начинот и роковите на испораката; местото на испораката и мерењето; начинот на пресметување и плаќање можат да се променат со измена на важечките прописи или со заемно договарање на странките од договорот.
ПРАВА НА ПОТРОШУВАЧОТ
Член 15
Потрошувачот има право на квалитетна и континуирана испорака на топлинска енергија и право да ги користи сите други услуги што ги врши снабдувачот
Потрошувачот еднаш во годината може да бара од Снабдувачот промена на начинот на плаќање, согласно важечките прописи најкасно до 15 јули во тековната година.
Потрошувачот има право да побара од Снабдувачот информации кои се однесуваат за цените и услугите што ги врши снабдувачот Потрошувачот има право да поднесе приговор на висината на износот од фактурите, приговор на работењето на снабдувачот и сл.
ПРЕКИН НА ИСПОРАКА
член 16
До прекин односно до намалена испорака на топлинска енергија може да настане поради виша сила и други околности кои не зависат од Снабдувачот.
Снабдувачот се ослободува од обврската за снабдување со топлинска енергија за времетраењето на вишата сила и другите околности, се до отстранување на дефектите кои се последица на овие настани
ЦЕНА, НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ И ДОСТАВА
Член 17
Цената на топлинска енергија се формира според Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.
Надоместокот за испорачана топлинска енергија се пресметува согласно со Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија
Член 18
Фактурирањето за извршената услуга, Снабдувачот го врши еднаш месечно, по истекот на периодот за фактурирање, а врз основа на распределбата на испорачаната топлинска енергија за греење ( со распределувачи, по инсталирана моќност, или по м2 грејна површина) на ниво на тарифен потрошувач
Член 19
Фактурите се изготвуваат во еден примерок и истите се доставуваат до Потрошувачите. На писмено барање на Потрошувачот може да се изготви препис од фактура.
Член 20
Потрошувачот е должен фактурата за преземената топлинска енергија да ја плати веднаш по нејзиниот прием , односно во рок определен на самата фактура,
Потрошувачот може во рок од 15 дена сметано од денот на доставувањето на фактурата, но не подолго од триесет дена по истекот на месецот за кој се однесува фактурата за потрошена топлинска енергија да поднесе приговор во писмена форма до Снабдувачот
Снабдувачот е должен во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на приговорот писмено да се изјасни по истиот. До колку по пригповорот се утврди дека фактурата е коректно изготвена не се менува валуатта на фактурата.
Приговорот не го одложува плаќањето на фактурата за делот што не е спорен.
Доколку се утврди дека испорачаната топлинска енергија не е точно измерена, односно пресметана, Снабдувачот е должен да му го врати на Потрошувачот прекумерно пресметаниот износ во разумен рок, освен ако Потрошувачот не се изјасни поинаку.
Член 21
Фактурите за потрошена топлинска енергија се доставуваат на адресата на потрошувачот, а по негово писмено барање фактурите може да му се доставуваат на друга адреса во Скопје која што Потрошувачот ќе ја предложи .
Фактурите се доставуваат до потрошувачот на еден од вообичаениот начини за достава и тоа
- преку пошта;
- со предавање на потрошувачот или на вработено лице кај потрошувачот;
- со оставање во поштенско сандаче, или на влезната врата од деловниот простор или друго место определено за прием на поштенски пратки.
Член 22
Доколку Потрошувачот од било која причина најкасно до 15-ти во месецот не добие фактура за потрошена топлинска енергија од претходниот месец, должен е да побара препис од Снабдувачот, во спротивно ќе се смета дека фактурата му е навремено доставена.
Секое задоцнување со плаќање на фактурите повлекува казнена камата согласно позитивните прописи а Снабдувачот за секое задоцнето плаќање на фактурите ќе изготвува и доставува каматни листи до Потрошувачот
ВАЖНОСТ НА ДОГОВОРОТ
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ И ОТКАЗЕН РОК
Овој Договор се склучува на неопределено време.
Член 23
Договорот може да се раскине со взаемна согласност на двете договорни страни, со тоа што секоја страна е должна писмено да ја извести другата странка за раскинувањето на договорот и да постапи согласно правилата за прописно исклучување, утврдени во важечките прописи.
Член 24
Снабдувачот може да го раскине договорот и без согласност на потрошувачот, поради следните причини
- доколку потрошувачот не ги исполнува обврските од овој договор
- поради ненавремено плаќање на фактурите за потрошена топлинска енергија
- доколку потрошувачот ја користи услугата спротивно на условите од овој договор.
- во случаи на стечај, ликвидација или неликвидност на Потрошувачот,
- доколку Снабдувачот не по своја вина не е во можност да му ги обезбедува услугите на потрошувачот подолго од 2 месеца.
Член 25
Потрошувачот може да го раскине договорот врз основа негово писмено барање доставено до снабдувачот.
Снабдувачот е должен согласно на ст.1 од овој член, веднаш а најкасно во рок од 15 дена да постапи по барањето за раскинување на договорот за испорака на топлинска енергија, под услов потрошувачот да ги има подмирено сите доспеани обврски према Снабдувачот по основ на испорачана топлинска енергија.
Член 26
За се што не е регулирано со овој Договор ќе важат одредбите од Законот за облигациони односи, Законот за енергетика, Правилникот за условите за снабдување со топлинска енергија, Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија , Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија и други подзаконски акти што ја регулираат оваа материја.
Член 27
Сите спорови кои ќе настанат во врска со примената на овој договор, Снабдувачот и Потрошувачот, претходно ќе ги решаваат спогодбено.
Во случај на спор, надлежен е Основниот суд Скопје 2 во Скопје.
Член 28
Овој Договор влегува во сила од денот на неговото потпишување од страна на договорните страни
Со потпишувањето на овој Договор престануваат да важат сите претходни договори за користење на топлинска енергија склучени помеѓу страните.
Член 29
Овој Договор е составен во 2 (два) еднакви примероци од кои 1(еден) примерок е за потрошувачот и 1 (еден) примерок за снабдувачот.
ПОТРОШУВАЧ | СНАБДУВАЧ |