Contract
Бр.
Д О Г О В О Р
за отворање и водење на трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата
Склучен во на ден , помеѓу:
1. Комерцијална банка АД Скопје (во натамошниот текст: Банка), претставувана од
, од една страна и
2. ( во натамошниот текст:
Имател на трансакциска сметка ), претставуван од .
.
Трансакциска
сметка број:
Општи одредби
Член 1
Со овој Договор се регулираат меѓусебните права и обврски помеѓу Банката и Имателот на трансакциска сметка во врска со отворање, водење и работење со трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата, согласно со важечките законски прописи и општите услови за отварање, водење и работење со трансакциски сметки во платниот промет во земјата, пропишани од страна на Xxxxxxx.
Отвoрање и водење на трансакциска сметка
Член 2
Банката врз основа и под услови од овој Договор отвара трансакциска сметка, преку која Имателот на трансакциска сметка врши плаќања и тоа: уплата на готови пари на сметка, пренос на средства од една на друга трансакциска сметка и исплата на готови пари.
Член 3
Со потпишувањето на договорот Имателот на трансакциска сметка ги прифаќа Општите услови и Одлуките пропишани од страна на Банката и тоа:
- Општи услови за отварање и водење на трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата,
- Општи услови за користење на услугите на електронско банкарство
- Одлуката за каматни стапки
- Тарифата за надоместоци на услуги што ги врши Банката
Со нив Xxxxxxx во согласност во својата деловна политика ги определува општите условите за извршување на платниот промет во земјата и за извршување на овој Договор.
Xxxxxxx го задржува правото да ги менува наведените општи услови, за што предходно го известува Имателот на трансакциска сметка. Се смета дека Xxxxxxxx на трансакциска сметка ги прифаќа изменети наведените услови, ако во рок од 15 дена од нивниот прием не поднесе барање за раскинување на Договорот и за затворање на трансакциска сметката.
Имателот на трансакциска сметка се обврзува дека при извршување на платниот промет ќе го почитува важечкиот термински план за работење на Банката, објавен од Банката.
Член 4
Банката на Имателот на трансакциска сметка му издава картичка за трансакциска сметка на правно лице.
На лицата кои се овластени за подигнување на изводи, поднесување на налози и/или овластени за подигнување на готовина од трансакциска сметка, како и од трансакциска сметка отворена со посебен договор, Банката им издава картички за идентификација за секое лице поединечно, со посебно доделен ИД број.
При подигање на картичката за идентификација секое лице кое од Имателот на сметката ќе добие соодветна привилегија, потпишува Изјава за прием на картичката за идентификација.
Со цел заштита на своите интереси, лицата кои поседуваат картичка за идентификација се должни да водат сметка за начинот на нејзиното користење и совесно чување на картичката така што доделениот ИД број не биде непотребно видлив или достапен за неавторизирани лица.
Банката не одговара доколку дојде до злоупотреба на картичката или доделениот ИД број.
Член 5
Имателот на трансакциска сметка согласно законските прописи се обврзува за секоја настаната промена на овластените лица за располагање со средства на трансакциска сметка, на лицата овластени за подигнување на изводи, поднесување на налози за плаќање и/или овластени за подигнување на готовина од трансакциска сметка да ја извести Банката и да достави соодветни документи за извршената промена.
За евентуално настанатата штета на Имателот на сметката, настаната заради ненавремено известување од страна на имателот на трансакциската сметка, Банката нема да сноси одговорност.
Начин на извршување на платниот промет
Член 6
Имателот на трансакциска сметка е должен да доставува исправно и точно пополнети платни инструменти. Банката не сноси никаква одговорност за извршување на неправилно пополнети налози од страна на Корисникот.
За неправилно пополнети платни инструменти кои нема да бидат извршени, Банката го известува Имателот на трансакциска сметка.
Имателот на трансакциската сметка се обврзува дека платните инструменти во Банката ќе ги поднесува овластеното лице со задолжително приложување на картичка за идентификација.
Член 7
Банката извршува плаќања од трансакциската сметка на Имателот на трансакциска сметка до висината на покритието на трансакциската сметка. Под покритие се подразбира состојбата на трансакциската сметка од предходниот работен ден, намалена за сите извршени плаќања од трансакциската сметка заедно со предвидената банкарска провизија до моментот на утврдување на салдото, а зголемена за евидентираните уплати на трансакциската сметка во тековниот ден и износот на одобрените, а неискористени средства по основ на рамковен револвинг кредит.
Банката може да му одобри револвинг денарски кредит за пречекорување на состојбата на средствата на трансакциската сметка врз основа на склучен посебен договор со имателот на сметката.
Член 8
Имателот на трансакциска сметка може да ја овласти Xxxxxxx да врши плаќања во име и за сметка на Имателот на трансакциска сметка кон трети лица. Овластувањето се дава во писмена форма, со назначување на сите потребни елементи за извршување на плаќањето:
- Трансакциска сметка на преку која се врши плаќањето
- Износ
- Трансакциска сметка на примачот
- Дата на извршување на плаќањето
Доколку Имателот на трансакциска сметка го откажува претходно даденото овластување, или ги менува предходно дадените инструкции, должен е да ја извести Банката во рок од 5 дена пред денот на извршувањето на плаќањето.
Член 9
Имателот на трансакциска сметка ја овластува Xxxxxxx да ја задолжува неговата трансакциска сметка по основ на рекламации за примен дневен пазар во негарантирани чекови по тековни сметки на граѓаните.
Пресметување на камата
Член 10
Средствата на трансакциската сметката на Имателот на трансакциска сметка се средства по видување, со кои Имателот на трансакциска сметка може да располага во секое време.
Банката ќе врши пресметка на пасивна камата на средствата на трансакциската сметка месечно на крајот од месецот, согласно Одлуката за каматна стапка на Банката. Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxx на трансакциска сметка е запознаен со висината на каматната стапка која е важечка во моментот на потпишување на Договорот.
Пресметаната пасивна камата Xxxxxxx ќе ја исплаќа месечно, по истекот на месецот.
Каматната стапка за средствата по видување на денот на потпишување на овој Договор се пресметува на годишно ниво.
Банката не пресметува пасивна камата на средствата на трансакциската сметка доколку е примено решение за привремена мерка, замрзнување или забрана за вршење трансакции издадено и доставено од надлежен орган.
Надоместоци за извршување на услугите
Член 11
Имателот на трансакциска сметка се обврзува за извршување на услугите од овој Договор и врз основа на овој Договор да и плаќа на Банката надомест во висина, во рокови и на начин согласно Xxxxxxxx за надоместоци на услугите што ги врши Банката.
Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxx на трансакциска сметка е запознаен со висината на надоместоците од став 1 на овој член кои се важечки во моментот на потпишување на договорот и воедно ја овластува Банката и издава неотповиклив налог да ги наплатува надоместоците и трошоците од предходниот став на терет на средствата на трансакциска сметка.
Известувања
Член 12
За состојбата и настанатите промени на трансакциската сметка, Xxxxxxx се обврзува да го известува Имателот на трансакциска сметка со доставување на извод за промените и состојбата на средствата на трансакциската сметка, на начин определен од страна на Имателот на трансакциска сметка. Се смета дека Xxxxxxxx на трансакциска сметка го прифаќа изводот доколку не го оспори во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот.
Имателот на трансакциска сметка се обврзува на соодветен начин да ја извести Банката за големите очекувани приливи и одливи на трансакциската сметка.
Сите известувања во врска со овој Договор, Xxxxxxx ги доставува на Имателот на трансакциска сметка на адресата на неговото регистрирано седиште, преку изводот за промените и состојбата на трансакциската сметка односно со објавување на промените на својата интернет страна. Во врска со ова, Имателот на трансакциска сметка се обврзува редовно да ја известува Банката за секоја настаната промена на неговото регистрирано седиште. Имателот на трансакциска сметка ја известува Xxxxxxx и за измена на сите податоци што ги доставил при склучување на Договорот, најдоцна во рок од три дена од денот на настанување на измената, во спротивно Банката не сноси одговорност за последиците настанати од непријавената промена. Имателот на трансакциска сметка е должен да ја провери точноста на изводите и доколку утврди неправилности, должен е да достави приговор во рок од 8 (осум) дена од денот на добивањето на изводот. Xxxxxxx се обврзува дека ќе го разгледа и ќе одговори на приговорот во рок од 8 (осум) дена.
Заштита на податоци
Член 13
Банката во согласност со важечките законски прописи, податоците за трансакциската сметката ги пренесува во Единствениот регистар на трансакциски сметки, кој се води во Клириншката куќа и е единствена база на податоци и евиденција на имателите на трансакциски сметки во домашниот платен промет, наменет за извршување на платниот промет, контрола на трансакциските сметки и обезбедување на податоците.
Договорените странки се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите податоци, дејства и околности за кои добиле сознание во врска со извршување на овој Договор, освен за тоа што е пропишано со важечките прописи или ако изричито поинаку не се договорат.
Важност и престанок на Договорот
Член 14
Овој Договор се склучува на неопределено време. Истиот може да го раскине една од договорните странки со отказен рок од еден месец.
Имателот на трансакциска сметка може да го раскине овој Договор само ако со тоа не ги крши одредбите од овој Договор, Условите за отварање и водење на трансакциски сметки за вршење на платен промет во земјата и други договори склучени со Банката и ако пред затворање на трансакциска сметка ги изврши сите обврски кои произлегуваат од овој Договор.
Xxxxxxx може да го раскине Договорот без отказен рок ако утврди дека Имателот на трансакциска сметка се однесува спротивно на одредбите од овој Договор, условите за работење и важечките прописи или врз основа на одлука/налог на овластен орган и за истото ќе го извести Имателот на трансакциска сметка.
Банката може еднострано да го раскине овој Договор доколку во последните 2 (две) години, на трансакциска сметка немало средства и промет, и не била блокирана.
Банката може еднострано писмено да го раскине Договорот врз основа на што ќе ја затвори сметката, и во случаи утврдени од страна на Xxxxxxx при примена на мерки на анализа на клиентот и прифатливост на клиенти, согласно законската регулатива и интерните акти на Банката.
Во случај на раскинување на Договорот од страна на Xxxxxxx, Xxxxxxx ќе ги пренесе средствата од трансакциската сметка на Имателот на трансакциска сметка, на друга трансакциска сметка врз основа на инструкции од Имателот на трансакциска сметка, а доколку во рок од 8 (осум) дена, Имателот на трансакциска сметка не достави инструкции, Банката ќе ги пренесе средствата на трансакциска сметка по свој избор.
Во случај кога Xxxxxxx ја затвора трансакциската сметка врз основа на одлука/налог на овластен орган, преносот на средствата од трансакциска сметка го врши согласно инструкциите на овластениот орган.
Завршни одредби
Член 15
За се што со овој Договор не е предвидено важат одредбите на законските прописи и актите на деловната политика на Xxxxxxx.
Член 16
Во случај на спор, месно надлежен е Судот во Скопје.
Член 17
Договорот е составен во 2 (два) идентични примероци, од кои по еден за секоја договорна страна.
Член 18
Договорот е склучен и стапува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни.
ИМАТЕЛ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД
СКОПЈЕ
(потпис и печат на овластено лице за застапување)