I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА II. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу „УНИ МЕТАЛ ИНОКС“ ДООЕЛ ЛАБУНИШТА и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер-Скопје, се распишува
ОГЛАС
за доделување на 2 (две) стипендии
за редовни студенти на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер-Скопје
Компанијата „УНИ МЕТАЛ ИНОКС“ ДООЕЛ ЛАБУНИШТА доделува стипендии за студенти коишто во академската 2024/25 година прв пат се запишани во прва година на студии од прв циклус на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер-Скопје, на една од студиските програми:
- Инженерство на мебел и дрво
- Дизајн на мебел и ентериер
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија има студентот што ги исполнува следните услови:
1. Студентот треба да биде прв пат запишан во прва година во учебната 2024/25 година.
2. Да биде државјанин на Република С.Македонија
3. Предност имаат кандидати што имаат адреса на живеење во струшкиот регион.
II. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Селекцијата на кандидатите за остварување на правото на стипендија ќе биде направена врз основа на остварените резултати при рангирање на Конкурсот за запишување на студентите во прва година за учебната 2024/25 година. Со избраните кандидати ќе биде реализирано интервју.
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
1. Пријава
2. Потврда за редовен студент прва година во учебната 2024/25 година
3. Мотивациско писмо
4. CV на македонски јазик
IV. ИЗНОС НА СТИПЕНДИЈАТА
Стипендијата е во износ од 30.000 денари за секоја учебна година и се доделува месечно во период од 10 (десет) месеци по 3.000 денари.
V. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Крајниот рок за поднесување на документите е 30.09.2024 година. Документите се поднесуваат во архивата на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер.
Со избраните кандидати ќе биде потпишан Договор за стипендирање во којшто ќе бидат дефинирани условите за стипендирање.
За сите дополнителни информации обратете се на адресата xxxxxxxxx@xxxxx.xxxx.xxx.xx.