Oпшти услови за
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-ака 20-12-мк
Oпшти услови за
каско осигурување на возила
I. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
член 1: значење на поимите
[1] Општите услови за каско осигурување на возила (во понатамошниот текст: Општи услови) се составен дел на договорот за каско осигурување на возила, кој е склучен меѓу договарачот на осигурувањето и Триглав Осигурување АД (во понатамошниот текст: осигурувач).
[2] Со договорот за каско осигурување на возила договарачот на осигурувањето се обврзува да му плати на осигурувачот одредени парични средства (премија за осигурување), а осигурувачот е должен со настанување на осигурен случај да исплати надомест на штета.
[3] Општите услови се применуваат за:
1) каско осигурување на возила;
2) дополнително осигурување на машини од кршење;
3) дополнително осигурување на багаж, патни колекции на мостри на стока и други предмети во возила.
[4] Одделни изрази употребени во овие Општи услови го имаат следново значење:
Осигурувач - Триглав Осигурување АД, Скопје кој врз основа на склучениот договор за осигурување го презема осигурениот ризик;
Договарувач на осигурување - лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот;
Осигуреник - лице чиј предмет, односно имотен интерес се осигурува. Договарачот на осигурувањето и осигуреникот претставуваат исто лице освен кај осигурувањата за туѓа сметка; Премија за осигурување - износ којдоговарачот на осигурувањето го плаќа на осигурувачот;
Полиса - исправа за склучениот договор за осигурување; Франшиза - учество на осигуреникот во штета;
Износ на осигурување - највисок износ на обврска на осигурувачот за еден осигурен случај;
Надомест од осигурување - износ кој го плаќа осигурувачот врз основа на склучениот договор за осигурување, но по настанување на осигурен случај.
[5] Овие услови се темелат врз Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурувањето, како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони, и на соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување кој што го склучуваат договарачот на осигурувањето и осигурувачот.
(6] Општите услови се составен дел на понудата и договорот за осигурување што договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот ќе го склучи со Триглав Осигурување АД, Скопје.
I. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
член 2: предмет на каско осигурување на возила
[1] Предмет на осигурување се сите видови моторни, приклучни, товарни, работни и шински возила (во понатамошниот текст: возила) и нивните составни делови.
[2] Како составни делови на возилото се сметаат:
1) опрема во возилото, алат, прибор и резервни делови кои се
стандардно испорачани од производителот на односниот вид на возило;
2) уред за обезбедување од кражба, противпожарен апарат во возилото, сигурносен триаголник, сигурносни ремени, таxограф, јажеодноснорудазавлечење, опремазаукажување на прва помош, резервни сијалички, додатни надворешни и внатрешни огледала, мигавец за обележување на застанато возило ноќе на патот, xалогени светла, магловки, грејач на задно стакло, брисач на задно стакло, наслони за глава и ланци за снег, систем за сопирање (АБС) и уред за пожарна заштита за превоз на лесно запаливи и експлозивни работи (АДР).
[3] Кога товарните возила, автобуси, приклучни возила и работни машини се изработени со стандардна додатна опрема која е неопходна за извршување на одредени дејности и е посебно наведена во полисата, опремата се смета за составен дел на возилото.
[4] Со осигурувањето се покриени штетите на осигурените делови од ставовите 2 и 3 само ако се прицврстени на возилото или се наоѓаат во заклучено возило.
член 3: територијално важење на осигурувањето
[1] Осигурувањето важи додека осигуреното возило се наоѓа на подрачјето на Европа, освен ако во договорот за осигурување не е поинаку договорено.
[2] За возила на организација што изведува или учествува во изведување на градежни, монтажни, истражувачки и слични работи надвор од територијата на Република Северна Македонија, потребно е да се склучи посебно осигурување врз основа на овие Општи услови.
член 4: осигурени опасности кај основното каско осигурување
[1] Основното каско осигурување покрива штети што настанале поради уништување или оштетување на осигурените предмети како последица на ненадејни и независни настани од волјата на осигуреникот или возачот, и тоа:
1) сообраќајна незгода, како на пример: превртување, судир, удар, лизгање, пад во провалија и слично;
2) паѓање или удар од некој предмет;
3) пожар;
Осигурувањето не покрива штети на електричната инсталација кои настанале поради прегорување на електричната инсталација, освен ако се развил пожар.
4) ненадејно надворешно термичко или xемиско дејство;
5) удар на гром;
6) експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија;
7) луња.
За луња се смета ветар со брзина од најмалку 17,2 метри во секунда, односно 62 км на час (8 степени според Бофоровата скала);
8) град;
9) снежна лавина.
Снежна лавина е лизгање на снежна маса од планинските падини. Осигурувањето покрива и штети кои настанале од дејството на воздушен притисок предизвикан од снежна лавина;
10) паѓање на воздушни летала;
11) манифестации и демонстрации;
12) злонамерни постапки или обест на трети лица;
13) оштетување на тапацирот возилото предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна незгода или на некој друг начин;
14) намерно предизвикување штета на осигурените предмети со цел да се спречи поголема штета на тој или друг предмет или на лица;
15) поплава, порој или високи води;
Под поплава се смета стихијно и неочекувано поплавување на земјиштето од постојани води (реки, езера, мориња) поради излевање на водата од коритото, пробивање на одбранбениот насип, рушење на брана или излевање на вода поради зголемена плима, бранови или поради надоаѓање на вода од вештачки езера. За поплава се смета и неочекувано плавење на теренот поради стихијно слевање на вода по стрмнини, улици и патишта (порој) како последица на исклучително силни врнежи. Исто така, за поплава се смета и подземна вода предизвика на како последица на високи води. Осигурувањето покрива штети кои настанале откако високата и подземна вода го надминале нормалниот месечен водостој. Со осигурувањето не се опфатени:
• штети од поплави предизвикани со излевање од
канализациска мрежа, освен ако до излевање дошло поради поплави;
• штети на возила додека се наоѓаат во простор помеѓу поток, односно река и насип, освен ако не е поинаку договорено;
• штети на возила додека се наоѓаат во живо или суво корито на поток или река, освен ако не е поинаку договорено.
Осигурувањето не покрива штети кои настанале поради движење на возилото низ поплавено подрачје, речно корито или поток или кога на возачот му било познато дека се движи во пресрет на стихијно дејство на вода, освен кога се работи за спасување на лица и имот;
[2] Ако е посебно договорено, со осигурувањето се покрива и:
1) опасност од ненадејно и неочекувано пропаѓање односно потопување на возила при работа во касети или за време на работа на мочуришен, тињовит, песочен, насипан или сличен терен;
2) штети од осигурени опасности при учество на трки поради постигнување на најголема или просечна брзина, рели натпревари или тест возење, тренинзи за натпревари, како и тест возење и пробно возење во фабрички круг, автодроми и други патеки за таа намена;
3) штети од осигурени опасности при употреба на возила за мотоскијеринг.
член 5: осигурени опасности кај делумно каско осигурување
[1] Делумно каско осигурување може да се договори како осигурување на возила „каде било“, односно за целото време за кое возилото се наоѓа на подрачје утврдено како место на осигурување односно како осигурување на возило „за време на мирување“, односно само за времето кога возилото мирува во место кое е точно одредено и наведено како место на осигурување во полисата.
[2] Делумно каско осигурување кај возила „каде било“, покрива штети поради уништување, оштетување или исчезнување на осигурени предмети кои настануваат како последица на ненадејни и независни настани од волјата на осигуреникот или
возачот, распоредени во групи, односно комбинации врз основа на кои при склучување на договорот за осигурување се утврдува опсегот на осигурително покритие и тоа:
1) Комбинација Б - пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации. Опсегот на осигурените опасности е еднаков со опсегот на наведените опасности утврдени во одредбите за осигурени опасности кај основното каско осигурување.
2) Комбинација К - кражба, тешка кражба, разбојништво и провална кражба и противправно одземање на возило со намера да се употреби за возење. Штетите што настанале поради кражба на делови од возилото, алат, прибор, резервни делови и уреди, осигурувањето ги покрива само доколку истите биле прицврстени на возилото во моментот на извршување на кражбата или се наоѓале во заклучено возило. Покриена е и штетата која е последица од сообраќајна незгода или дефект што настанал по извршена кражба, тешка кражба, разбојништво и провална кражба и друго противправно одземање на возило со намера да се употреби за возење. Кај ова осигурување, покрај постојните осигурени опасности, осигурителното покритие се проширува и за трошоци за замена на брава во случај на кражба или губење на автомобилските клучеви. Делумно каско осигурување со оваа комбинација може да се склучи единствено заедно со основното каско осигурување на возилото договорено со Триглав Осигурување AД, Скопје Опасностите од оваа точка не се покриени доколку причинителот е лице кое согласно овие Општи услови е со-осигурено лице.
3) Комбинација Д - кршење и оштетување на стандардно
вградени стакла на моторни возила, освен стакла на фарови и огледала (ретровизори), како и штета која ќе настане при непосреден допир на возилото со диви и домашни животни.
4) Комбинација Е - кршење или оштетување на стандардно вградени стакла на патнички автомобили освен стаклата на светлечките тела и огледала. Осигурувањето на стаклата според комбинациите Д и Е ја покрива штетата што настанала заради остварување на која било осигурена опасност од основното каско осигурување, како и штетата која е последица од погонска штета. 5/ Комбинација Ф - трошоци за влечење, односно превоз на патнички автомобили од местото на живеење, односно седиштето на осигуреникот ако возилото не е во возна состојба поради сообраќајна незгода или дефект, како и трошоци за превоз на возачот или сопатниците кои се возеле со возилото, со јавно превозно средство до местото на живеење, со тоа што тие трошоци се ограничени со бројот на регистрирани места во оштетениот патнички автомобил, а истиот да не е постар од 10 години.
6) Комбинација Г - делумно каско осигурување според
комбинација Ф кое се договара како додаток на основното каско осигурување, претставува делумно каско осигурување според оваа комбинација.
7) Комбинација Х - оштетување или уништување на патничкото возилото кое настанало при непосреден допир на паркирано или застанато возило со непознато возило (штета при паркирање), поради кровни снежни лавини, замрзнати творби кои паѓаат од кров на зграда.
8) Комбинација И - трошоците за наем на заменското патничко возило ако возилото на осигуреникот било уништено, оштетено или исчезнало поради кои било осигурени опасности кои ги покрива основното каско осигурување и комбинацијата К од делумното каско осигурување.
Осигурувањето ги покрива и трошоците за наем на возило за време кое е потребно за поправка на осигуреното возило и кои ги одредува осигурувачот врз основа на нормативите за работа на компанијата. Како еден ден за поправка се сметаат 8 работни часови, со тоа што секој работен час над осмиот час, односно над повеќекратни 8 часа, се брои во следен работен ден.
Во случај кога возилото е уништено или исчезнато, осигурувањето
ги покрива трошоците за наем на заменско возило за времето додека не се набави друго возило или до пронаоѓање на изгубеното возило, но најмногу до 10 дена.
Трошоците за наем на заменското возило не се покриени ако времето на поправка или времето од уништувањето до набавувањето на друго возило, односно времето од исчезнувањето до пронаоѓање на осигуреното возило е пократко од 3 дена, освен ако не е поинаку договорено.
Со осигурувањето се надоместуваат трошоците за наем на возило со запремнина на моторот колку што е и осигуреното возило но најмногу до 1600 см. Tрошоците за наем на заменско возило вклучуваат трошоци за наем по ден и километража до најмногу 100 изминати километри дневно.
Осигурувачот ги надоместува трошоците врз основа на сметка од наемодавецот.
Ако возилото било изнајмено за пократко време отколку што осигуреникот има право согласно Општите услови, осигурувачот ги надоместува трошоците само за вистинското времетраење на наемот, земајќи го предвид договорениот износ за дневно изнајмување.
Осигурување на трошоците за наем на заменско возило не може да склучи лице кое се занимава со изнајмување на возила, за оние возила кои ги дава под наем.
9) Комбинација Ј - кршење, оштетување или кражба на стандардно вградени светлечки тела и огледала (ретровизори) на моторни возила. Ова осигурување не ги покрива штетите што настанале поради кражба или други облици на противправно одземање на возилото.
10) Комбинација Р – трошоци за помош на пат, спасување, влечење или превоз на патничкото возило до најблискиот соодветен сервис, односно местото на живеење или седиштето на осигуреникот ако возилото не е во возна состојба поради сообраќајна незгода или неможност за поправка на дефект на пат, но со претходна согласност од осигурувачот. Трошоците за спасување, влечење или превоз се надоместуваат во целост, додека трошоците за помош на пат без разлика на успешноста се надоместуваат до износ од
3.000 денари.
11) Комбинација У – ризик од присвојување на возило – затајување, како и ризик од измама, за изнајмување возила врз основа на фалсификувани документи кај осигурувања на изнајмени возила или возила дадени на користење (рент а кар, лизинг). Се смета дека ризикот од затајување или измама настапил ако осигурениот предмет не е пронајден во рок од 30 дена од денот кога возилото требало да биде вратено, согласно договорот помеѓу осигуреникот и трето лице.
[3] Делумно каско осигурување „каде било“ може да се склучи за опасности од секоја комбинација посебно или за повеќе комбинации истовремено. Покрај основното каскo осигурување може да се склучи осигурување по сите горенаведени комбинации по предвидени тарифи на премии, а во случај на склучување само на осигурување по комбинации со осигурување од автомобилска одговорност во Триглав осигурување A.Д. со зголемена премија или премиска стапка.
[4] Ако е посебно договорено и платена соодветна зголемена премија, осигурувањето покрива и штета од осигурена опасност при учество на трки заради постигнување на најголема или просечна брзина, рели натпревари или тест возење, тренинзи за натпревари како и пробно возење и тест возење во фабрички круг, автодроми и други патеки за таа намена.
[5] Делумно каско осигурување „за време на мирување“ покрива штети што настанале поради пожар, гром, експлозија, луња, град, лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражби, тешки кражби, разбојништва, провални кражби и противправно одземање на возило со намера да се употреби за возење. Опсегот на осигурените опасности е еднаков со опсегот на наведените опасности утврдени со одредбите за осигурени опасности кај основното каско осигурување и
одредбите за осигурени опасности според комбинација К кај делумното каско осигурување. Ова осигурување покрива и штети што настанале како резултат на сообраќајна незгода или погонски дефект настанат по која било форма на противправно одземање на моторното возило.
Осигурувањето важи само за време додека возилото е сместено во заклучена гаража во место кое е точно наведено во полисата. Ако се договори поинаку, возилата наменети за продажба можат да се осигурат на слободен простор, под услов да се наоѓаат во простор кој е постојано чуван и заграден со добро одржувана ограда висока најмалку 2 метри.
член 6: предмет на дополнително осигурување на машини од кршење
[1] Предмет на дополнително осигурување на машини од кршење може да бидат:
1) товарни возила со специјална намена, трактори и работни машини;
2) работен уред на товарни возила, автобуси, приклучни возила и работни машини.
Кога се осигурени само работните уреди на товарни возила, автобуси, приклучни возила и работни машини, штетата се надоместува само на оној мотор кој по својата конструкција е наменет исклучиво за погон на осигурените работни уреди. Шасијата, возачката кабина, каросеријата, моторот, менувачот, диференцијалот, вкупната трансмисија и сè останато што овозможува движење на работната машина во насока, во никој случај не се сметаат за работен уред;
3) шински возила на електричен погон;
4) радио станици кои не се вградени во специјални возила, радио станици и радарски уреди вградени во возила.
[2] Исто така предмет на осигурување е и хидраулично масло на влечни возила, работни машини и уреди, ако нивната вредност е вклучена во вредноста на возилото и уредот.
[3] Осигурени се само предметите наведени во полисата и тоа:
1) додека се монтираат, се подготвени за работа или работат;
2) кога се монтираат или демонтираат заради преместување или поправка, како и за време на поправка во местото каде што се наоѓа осигурениот предмет или во работилницата на осигуреникот;
3) за време на превоз поради чистење, поправка или преместување на подрачјето на погонот, но најмногу 15 км од подрачјето на погонот.
[4] Согласно овие Општи услови, предмет на дополнително осигурување не се машини од кршење, ниту тогаш кога нивната вредност е вклучена во вредноста на осигурениот предмет:
1) приклучни уреди на трактори и земјоделски машини;
2) работни елементи на земјоделски машини, како: ралници, дискови, клинови на брани, ножеви, ножеви со запци за косилки, мотики и слично;
3) делови на машини што се изложени на директно термичко влијание, како: сигурносни облоги на садови и уреди за согорување, решетки на лежиште, пламеници на согорувачи, електроотпорни грејачи и слично, освен мотори со внатрешно согорување;
4) делови на машини изложени на абење и замена, сита, облоги на валјаци, флексибилни цевки, ремени, четки, обрачи, оплати (од гума, текстил или синтетички материјали), влошки за филтер, филтер платна, средства за термичка изолација и затворање, делови на спојки изложени на брзо трошење, преносни кабли, клизни и движечки лежаи;
5) потрошен материјал како: гориво, мазиво, средства за разладување, средства за чистење и слично;
6) транспортни траки, ланци и јажиња;
7) пневматици (гуми) за возила;
8) гасеници на возила гасеничари, освен ако не е поинаку договорено;
9) сите видови на алат, делови на возила и уреди кои
непосредно служат за кршење, ситнење и обликување;
10) средства за затнување и изолација.
[5] Предмет на дополнително осигурување на машини од кршење согласно овие Општи услови не може да бидат оние моторни возила кои се постари од 6 години.
Во случај ако дополнителното осигурување на машини од кршење биде склучено во првата или втората година по производството и осигурувањето е непрекинато, тоа време се продолжува заклучно со осмата година на старост.
Член 7: осигурени опасности на дополнително осигурување на машини од кршење
[1] Дополнителното осигурување на машини од кршење покрива штети што настанале поради уништување или оштетување на осигурените предмети како последица на ненадејни и независни настани од волјата на осигуреникот односно возачот и тоа:
1) Грешки во конструкцијата, материјалот и изработката;
2) Непосредно дејство на електрична енергија (краток спој), атмосферско и друг преоптеретување, електричен лак и слично;
3) Прскање или распаѓање поради дејство на центрифугална сила;
4) Мраз, притисок на мраз или снег или непосредно движење на мраз и смрзната вода во моторот;
5) Натпритисок и потпритисок (имплозија);
6) Откажување на уредите за заштита или регулација, како и уредите за автоматско управување со кои е опремено возилото или машината;
7) Заглавување на опремата за бушење за време на бушење во бушотини;
[2] Осигурувањето покрива штети што настанале на хидрауличните масла на осигурените возила и работни уреди само тогаш кога штетата е последица на оштетување, уништување на тие возила или уреди поради осигурени опасности.
[3] Кај осигурување на шински возила на електричен погон, осигурувањето покрива само штети што настанале поради непосредно дејство на електрична енергија. Не се покриени штети од останати опасности за осигурување на машини од кршење кај тие возила.
[4] Дополнително осигурување на машини од кршење може да се склучи само со основното каско осигурување во Триглав Осигурување АД.
член 8: предмет на дополнително осигурување на додатна опрема, багаж, колекции, мостри на стока и други предмети во возила
[1] Ако посебно се договори, предмет на осигурување можат да бидат и:
1) алат, додатна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови, разни украсни делови, како и рекламни натписи во и на возило наменети за истото, кои се дополнително вградени, прицврстени, односно ставени во возилото;
2) аудио опрема која не е стандардно вградена од производителот на возилата, касетофон, телевизор, радиостаница и клима уред кои се конструктивно предвидени за употреба во возилото и надвор од истото. Антена и звучници се сметаат за составен дел на радиоапаратот, радиостаницата или телевизијата;
3) багаж во патнички автомобили, автобус, камп приколки, товарни и специјални возила;
4) колекции на мостри на стока во патнички автомобили и комби возила;
5) алат и прибор кој служи за вршење на професионална дејност, а кој се превезува во патнички автомобили и комби возила;
6) подвижна техника која се наоѓа во патнички и комби возила (инструменти, апарати, камери и слично).
[2] Осигурувањето на багаж се однесува само на предмети за лична потреба кои осигуреникот, возачот или патниците ги носат со себе во возилото или на возилото, вклучително и облеката на себе.
Вообичаени предмети за лични потреби, зависно од времето, целта и траењето на патувањето се сметаат уште и: опрема за викенд и кампување, аматерски фотоапарат со прибор, батериски радио приемник, двоглед, ловечка пушка, лично оружје и спортски реквизити.
Накит и предмети од благородни метали се осигурени како багаж најмногу до 6.000 денари по парче. Како багаж не се смета алат, прибор, материјал што служат за вршење на професионална дејност, пари и документи од кој било вид.
[3] Багажот се осигурува како збир на предмети во поединечно возило најмногу до износ од 18.000 денари, освен ако не е поинаку договорено.
Кај осигурувањето на патни колекции на мостри на стока во полисата се наведува каква колекција се осигурува (колекција на сувенири, манифактурна колекција, електротехничка и друга стока, итн.).
Кај осигурувања на алат и прибор кој служи за вршење на професионална дејност во полисата се наведува каков алат и прибор се осигурува, од што се состои и за која професионална дејност служи.
Кај осигурување на подвижна техника во полисата се назначува која подвижна техника се осигурува и од што се состои.
[4] Со осигурувањето се покрива штета што настанала во времето од заминувањето до враќањето од патување.
Багажот, алатот и приборот кои служи за вршење на професионална дејност, како и подвижната техника се осигурени само во случај ако се пренесуваат заедно со сопственикот или вработени кај сопственикот на стоката.
[5] Предметите се осигурени додека се наоѓаат во заклучено возило или се прикачени за истото. Багажот, колекции на мостри на стока, како и подвижната техника се осигурени и тогаш кога се наоѓаат во хотел, ресторан, преноќиште или во стан надвор од местото на живеење на сопственикот.
член 9: осигурени опасности на дополнително осигурување на додатна опрема, багаж, колекции, мостри на стока и други предмети во возила
[1] Дополнително осигурување на додатна опрема, багаж, колекции, мостри на стока и други предмети може да се склучи само заедно со основно каско осигурување или делумно каско осигурување
„каде било“ за возило со кое се пренесуваат предметите кај Триглав Осигурување АД, Скопје, Ова дополнително осигурување може да се склучи во ист опсег во кој е веќе склучено осигурувањето на возилото.
[2] Осигурувањето покрива штети што настанале на осигурените предмети заради оштетување, уништување или исчезнување како последица на осигурените опасности кај основно каско осигурување или делумно каско осигурување „каде било“ (членови 4 и 5 од Општите услови).
[3] Осигурувањето покрива штета што настанала поради кражба и друга форма на противправно одземање на возилото ако е украдено возилото, ако се украдени предметите од заклучено возило или од возило заклучено во гаража, ако се украдени предметите од заклучена просторија во хотел, ресторан, преноќиште или во стан надвор од местото на живеење на сопственикот.
[4] Кај осигуреник кој се занимава со јавен превоз, патниците на автобусите или патничките возила, покриени се штетите што настанале поради замена или исчезнување на багажот при издавање или прием на истите.
член 10: неосигурени опасности
[1] Осигурувањето не ги покрива штетите што настанале кај осигурените предмети заради опасности кои не се вклучени во
овие Општи услови, а особено не:
1) заради оштетување или уништување на моторот и други делови на возилото поради губење на масло или течност од ладилникот за време на возењето после оштетување на возилото;
2) заради губење на гориво, масло од моторот, менувачот или диференцијалот и течност за ладење од која било причина;
3) штета предизвикана од товарот што се превезува со возилото, освен во случај на сообраќајна незгода;
4) штета предизвикана од товар при натовар и истовар освен ако ја предизвика товарот при паѓање заради оштетување на уредот за натоварување.
Ако при натовар на товар во возилото или истоварување со сопствени уреди за натовар и истовар дојде до превртување на возилото, осигурувањето ја покрива само штетата што настанала како последица на превртување;
5) штета заради ставање на возилото во погон пред завршена поправка, освен ако се работи за штета што настанала по делумна поправка на пат во друга работилница каде треба да се изврши делумна или целосна поправка;
6) поради техничка неисправност на возилото, освен ако техничката неисправност настанала ненадејно во текот на возењето и предизвикала остварување на ризиците од член 4 од Општите услови (осигурени опасности кај основното каско осигурување), истрошеност на гумите на тркалата над пропишаната граница на истрошеност и во други случаи во кои штетата настанала исклучиво како последица на непридржување кон одредбите за технички и заштитни мерки;
7) штети кои настануваат при превоз со други возила по копнен, речен, езерски и морски пат или превоз на оштетеното возило до најблиската работилница каде ќе се изврши неопходната или целосна поправка;
8) штети заради намалена вредност на осигурените предмети по извршената поправка;
9) штети поради војна и слични случувања и непријателства, терористички чин, граѓанска војна и немири, мина, торпедо, бомби или друго оружје, заплена, одземање, затајување, ограничување или задржување како последица на тие случувања или обиди да се изврши саботажа со политички мотиви, детонација на експлозивни уреди, ако лицето кое го врши тоа делува злонамерно или со политички мотив, запленување, узурпација или други слични мерки кои ги спроведува која било власт или друга слична организација која се бори за власт или поседува власт;
10) штети кои се директна последица на трајни хемиски, термички или механички влијанија (корозија, зрачење, стареење и друго);
11) штети кои се последица од трошење, абење, абразија, ерозија, кавитација и друго;
12) штети заради влага, рѓа, воден камен и слично, дури и тогаш кога осигурениот предмет бил уништен или оштетен;
13) посредни штети кои настануваат по осигурен случај (губење на заработка, прекинување на работа, казна, трошоци за наем на возило, оштетни побарувања, трошоци за чување во гаража и чување на осигурени предмети и слично) освен ако осигурувачот е согласен и одобрените надоместоци за трошоците за нужно потребно време за чување на осигурените предмети на местото на незгодата или на друго место ако не се работи за место на живеење односно седиште на осигуреникот;
14) заради измама или затајување од трето лице на кое е дадено возилото под наем или за користење;
15) за време додека било изнајмено возилото било под наем кај трето лице;
16) ако возилото било одземено со правосилна судска одлука или решение, после постапката на полицијата, финансиската полиција или царина во земјата или странство.
[2] Осигурувањето исто така и во случај на договорено дополнително осигурување на машините од кршење, не покрива штети што настанале поради:
1) дефицит или грешки кои постоеле во моментот на склучување на договорот за осигурување кои му биле или морале да му бидат познати на осигуреникот или лицето одговорно за работата;
2) монтажа или пробна работа на нови предмети;
3) штети што настанале во гарантен рок, за чиј надомест се должни произведувачот или продавачот, доколку нивната гаранција не е спорна;
4) трошоци за поправка на оштетените осигурени предмети, ако се утврди и поправи штетата при редовен или периодичен преглед заради одржување.
[3] Ако во договорот за осигурување не е поинаку договорено и не е пресметана дополнителна премија, осигурувањето не ги покрива штетите што настанале во време кога возилото било мобилизирано и одземено од страна на власта. Осигурувањето за време на мобилизација или конфискација може да се склучи само во рамки на воени вежби и трае од моментот на доаѓање на зборното место до моментот на повторно преземање на возилото.
[4] Доколку не е платена соодветна премија за осигурување за зголемен ризик, осигурувачот го задржува правото да го намали надоместокот во однос на премијата за осигурување која била платена и премијата која би требало да се плати.
член 11: губење на правата од осигурување
[1] Осигуреникот го губи правото од осигурување:
1) ако со возилото управува лице без соодветна дозвола за управување на тој вид возило, освен ако:
a) со возилото управува лице за време на обука за стекнување на возачка дозвола што се изведува во согласност со прописите;
б) професионален возач како работник на осигуреникот (правно лице), кој ќе дозволи со возилото да управува лице кое нема соодветна возачка дозвола.
Се смета дека возачот го управува возилото без возачка дозвола, секогаш кога во моментот на настанување на штетниот настан, според важечките прописи му била изречена забрана за управување со тој вид на возило (истекување на важноста на возачката дозвола, службено одземање на возачката дозвола, изрекување на сигурносна мерка - забрана за управување со моторно возило).
2) ако во моментот на несреќата со возилото управува лице под дејство на алкохол. Се смета дека лицето е под дејство на алкохол и во следниве случаи:
а) ако со анализа на крвта или други методи за мерење на концентрацијата на алкохол во организмот се утврди повеќе од 0,0‰ за професионални возачи и 0,5 г/кг и повеќе (0,5 ‰ и повеќе) за сите останати;
б) ако алко тестот е позитивен, а не се погрижи со анализа на крвта точно да се утврди степенот на неговата алкохолизираност (освен во случај кога земањето на крв не е штетно по неговото здравје - хемофилија);
в) ако по сообраќајната незгода или сличен настан одбие, оневозможи или со напуштање на местото на настанот оневозможи утврдување на точниот степен на неговата алкохолизираност или консумира алкохол и го оневозможи утврдувањето на количината на алкохол во крвта;
3) ако во моментот на несреќата возачот е под дејство на дрога или други наркотици.
Се смета дека возачот е под дејство на дрога или други наркотици во следниве случаи:
а) ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметување поради употреба на дрога или други наркотици;
б) ако по сообраќајната незгода оневозможи, избега од местото на настанот или одбие утврдувањето на присуство на дрога или други наркотици – наркотични средства во телото.
4) до остварување на ризикот кражба на возило, опрема или предмети дошло поради тоа што возилото не било заклучено.
5) ако штетата е причинета намерно или со измама од страна на договорувачот на осигурувањето.
6) ако во текот на осигурителниот период се изврши промена, поправка или какво било дејство на возилото кое го зголемува ризикот од настанување штета.
[2] Осигурувачот ја покрива штетата при настанување на осигурениот случај:
1) која не е во никаква причинско-последична врска со околностите поради кои осигуреникот ги губи правата од осигурување;
2) која ја предизвикал возач под дејство на алкохол или дрога врз возилото на осигуреникот во време додека управува со тоа возило;
3) на осигуреник кој се занимава со изнајмување или закуп на возила, ако осигурениот случај го предизвикал возач без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дрога.
Одговорниот возач е должен да му го врати исплатениот надоместок од осигурување на осигурувачот веднаш по исплатата на штета на осигуреникот.
член 12: каско осигурување кај возила на лизинг
[1] При осигурување на возила на лизинг, правата од договорот за каско осигурување, освен правата на бонус му припаѓаат на давачот на лизинг (сопственик на возилото) кој во полисата се запишува како осигуреник, освен ако не е поинаку договорено.
[2] Во полисата задолжително се запишува дека осигуреното возило е на лизинг, како и сопственикот на возилото-давачот на лизинг, примачот на лизинг и број на договорот за лизинг.
[3] Ако се договори поинаку од одредбите од став 1 на овој член, се запишува xxxxxxxx за винкулација во полисата согласно договорот за лизинг.
[4] Примачот на лизинг при склучувањето на осигурувањето за возилото набавено преку лизинг има право на бонус.
[5] Со договорот за соработка меѓу осигурувачот и давачот на лизинг може да се предвиди дека доколку во текот на времетраењето на осигурувањето заврши договорот за лизинг и корисникот на лизингот стане сопственик на возилото, правата и обврските од договорот за каско осигурување се пренесуваат на него и ќе траат до истекот на тековното времетраење на осигурувањето.
[6] Доколку со возилото на лизинг управува лице кое не е овластено за управување, односно користење на возилото од лизинг компанијата, осигурувачот не е должен да исплати надомест на штета.
член 13: основa за пресметка на премијата
[1] За утврдување на премијата на склучени осигурувања за каско, како и за дополнително осигурување на возила и работни уреди од опасности за дополнително осигурување на машини од кршење се применува набавната вредност на новото возило на денот на склучување на договорот за осигурување, додека за следната година на осигурување се применува набавната вредност на ново возило на денот на обнова на осигурувањето.
[2] Набавна вредност на ново возило е извозната цена на производителот, пресметана по средниот курс на денот на склучување на осигурувањето, зголемена за давачките (трошоци за царина, данок, транспортни трошоци и слично), освен ако во договорот за осигурување не е поинаку договорено.
[3] Ако се работи за возило што го нема во продажба, неговата набавна вредност се утврдува според набавната вредност на слично возило. Во сите горенаведени случаи, новонабавната вредност на возилото се утврдува на еден од следните начини:
- според фактурата за продажба издадена од страна на
овластениот продавач не земајќи ги предвид одобрените попусти (акции, посебни попусти и слично);
- според EUROTAX или други извори на информации прифатени од осигурувачот.
[4] Кај возила со музејска вредност, трофејни возила, возила составениодделовинадвеилиповеќевозилаислично, премијата за осигурување се утврдува врз основа на договорениот износ на осигурување. Договорениот износ на осигурување за тие возила не може да биде поголем од нивната пазарна вредност.
[5] За возилата специјално направени за трки, рели и брзи возења, премијата за осигурување се утврдува врз основа на договорениот износ на осигурување кој не смее да биде понизок од новонабавната вредност на денот на склучување на осигурувањето за сериско возило кое е основа за припременото возило.
[6] За возилата кои се осигуруваат од опасностите за делумно каско осигурување според комбинациите Д, E, Ф, Г, Х, И, Р, за возилата на поправка во автомеханичарски работилници и работилници за миење и подмачкување, како и за возила со пробни таблички кај одделни основни каско осигурувања, премијата за осигурување се утврдува врз основа на техничките карактеристики на возилото, бројот на вработени работници и просечната набавна вредност на група возила.
[7] За утврдување на премијата за осигурување на додатната опрема, рекламни натписи, багаж, патните колекции, примероци на стока и други предмети во возилата од опасности на автомобилско каско се применува договорениот износ на осигурување. Договорената сума на осигурување се применува и кај дополнителното каско осигурување на машини од кршење на работни уреди на теретните возила, клима уреди во автобуси, радиостаници во возила како и радарски уреди во возилата.
За осигурување на тие предмети износот на осигурување се утврдува за секој предмет поединечно, освен за багажот за кој сумата на осигурување се утврдува по возило. Кај осигурување на патните колекции, мостри на стока, се утврдува за секоја колекција посебно.
член 14: учество на осигуреникот во штети (франшиза)
[1] Според овие Општи услови, за франшизасе смета договорна\ франшиза и дополнителна франшиза зависно од бројот на штетни настани во текот на осигурителниот период.
[2] Ако договорот за осигурување е со вклучена договорна франшиза (учество на осигуреникот во штета), осигурувачот не ја надоместува штетата помала од договорната франшиза. Ако штетата е поголема, тогаш се намалува во висина на франшизата. Договорната франшиза се утврдува во процент од новонабавната вредност на возилото на денот на утврдување на висината на штетата, но најмалку 6.000 денари.
[3] Договорна франшиза може да се договори кај осигурување на возила од опасностите од основно каско осигурување, како и осигурување на возила и работни уреди од опасностите на дополнително осигурување од ризикот кршење.
Кај основното каско осигурување, договорната франшиза се применува за осигурените случаи што настанале од осигурените ризици кај основното каско осигурување освен за штети што настанале при давање помош на повредени лица во сообраќајна незгода или намерно оштетување на осигурените предмети ако се работи за спречување на поголема штета на осигурените или други предмети и лица.
[4] Ако во текот на траење на полисата се пријават повеќе штетни настани, се применува дополнителна франшиза како што следува подолу, освен ако не е поинаку договорно:
- за секоја трета штета - 30% од основната премија за осигурување;
- за секоја четврта штета - 50% од основната премија за осигурување;
- за секоја петта штета - 100% од основната премија за осигурување;
- за секоја шеста и следна штета - 200% од основната премија за осигурување.
Основна премија за осигурување претставува производот од вредноста на возилото и соодветната премиска стапка без намалување за бонуси и попусти.
[5] Договорна франшиза не може да се договори кај делумното каско осигурување според комбинациите Б, K, Д, E, Ф, Г, Х, Р и У, како и кај осигурување на додатна опрема, рекламни натписи, багаж, патни колекции, мостри на стока и други предмети, додека одредбите од став 4 од овој член за дополнителна франшиза се применуваат и кај делумното каско осигурување по сите комбинации.
член 15: утврдување на висина за надомест на штета
[1] Висината на штетата покриена со осигурување се утврдува во следниве случаи:
1) Кај уништување или исчезнување на возило или предмети (тотална штета)
- врз основа на вредноста на осигурените предмети на денот на утврдување на висината на штетата, намалена за пазарната вредност на спасените остатоци од осигурените предмети, земајќи ја предвид нивната состојба непосредно пред настанувањето на осигурениот случај.
За утврдување на висината на штетата меродавна е набавната цена на новите осигурени предмети на денот на утврдување на висината на штетата намалена за изгубената вредност поради техничка истрошеност (амортизација).
Амортизацијата се утврдува врз основа на староста на осигурените предмети, помината километража, техничка застареност, побарувачка на возилото на пазарот и општата состојба на осигурените предмети, со применана соодветните мерки.
Горната граница на обврските на осигурувачот не може да биде поголема од набавната цена на ново возило на денот на утврдување на висината на штетата, но најмногу до висината на износот на осигурување наведен во полисата.
2) Кај оштетување на осигурените предмети (делумна штета)
- врз основа на висината на трошоците за поправка, намалени за вредноста на остатоците од деловите кои се заменуваат. Во трошоци за поправка се сметаат и трошоци за монтажа, демонтажа и превоз.
Од износот на трошоците за набавка на нови делови заради заменана оштетените делови и износот на трошоците за лакирање не се одбива соодветен износ поради истрошеност (амортизација), освен кога наместо уништените, односно оштетените делови се набавуваат нови гуми, акумулатори, полнач, хидраулично масло и делови од системот за издувни гасови. Во тој случај се одбива износ во висина на степенот на оштетеност.
Не се надоместуваат поголеми трошоци за поправка кои настанале поради тоа што при поправката биле направени измени, подобрувања или усовршување на некои делови.
Осигурувачот не е должен да ја надомести вредноста на целото возило или склопот ако оштетениот или уништениот склоп, односно дел не може да се набави за време на извршување на поправката, а се работи за склоп, односно дел кој е каталошки предвиден за замена.
[2] Износот на оштета, кај осигурениците кои се обврзници за плаќање данок, се намалува за пресметаниот ДДВ, а износот на оштета кај осигурениците кои не се обврзници за плаќање данок се исплаќа со ДДВ.
[3] Ако поправката на оштетеното возило е економски неисплатлива, технички неизводлива или кога трошоците за поправка се еднакви или поголеми од 70% од реалната вредност на осигурениот предмет на денот на утврдување на штетата, се смета дека е предизвикана тотална штета.
На ист начин се утврдува висината на штетата кога осигурувањето
е направено на договорената сума на осигурување.
[4] Остатоците од уништените и оштетените делови остануваат во сопственост на осигуреникот и нивната вредност се утврдува по пазарна вредност според состојбата во која се наоѓаат во моментот на утврдување на висината на штетата, освен ако не е поинаку договорено. Таа вредност се одбива од висината на штетата.
[5] Ако при кражба или друга форма на противправно одземање на осигурениот предмет, истиоте е пронајден во рок од 60 дена сметајќи од денот на пријавување на исчезнувањето на возилото кај надлежниот орган, осигуреникот е должен да го преземе тој предмет.
Ако осигурениот предмет е оштетен или уништен, штетата се пресметува во согласност со одредбите од овој член.
Ако осигурениот предмет не се пронајде во рок од 60 дена, штетата се надоместува како да се работи за тотална штета без спасени делови.
Доколкуукрадениотпредмет, односнопротивправноодземениот предмет се пронајде по истекот на рокот, осигуреникот има право да го преземе, односно задржи возилото, но под услов да го врати евентуално исплатениот надомест. Ако осигуреникот го задржи осигурениот предмет, евентуалната штета што настанала по загубата на тој предмет се пресметува во согласност со одредбите на овој член.
[6] При утврдување на штетата на возилото, потребно е да се земат предвид и штетите што настанале поради:
1) уништување и оштетување на возилото кое настанало при негово спасување;
2) уништување и оштетување на облеката, покривката и слично при гасење на пожар;
3) дожд и снег кој паѓал во возилото непосредно по неговото оштетување;
4) исчезнување на предмети кои се составен дел на возилото.
член 16: надомест на останати трошоци во врска со настанат осигурен случај
[1] Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците:
1) за влечење или превоз на оштетеното возило до најблиската сервисна работилница каде може да се изврши нужна или целосна поправка;
2) за влечење или превоз на остатоците од уништеното возило, ако тоа е направено на барање на осигурувачот;
3) за чистење на местото на незгодата или превезување на остатоците од возилото до најблиското дозволено место за депонирање. Не се покриени трошоците за превоз на товарот кој бил превезуван со возилото;
[2] Осигурувачот не е должен да ги надомести трошоците:
1) за отстранување и намалување на причината на штетата (превентивни мерки);
2) за интервенција на противпожарно или друго друштво кое е должно да пружи бесплатна помош при осигурен случај.
член 17: обврска на осигурувачот за надомест на штета
[1] При утврдување штета кај осигурени возила и работни уреди, осигурувачот прави исплата во полн износ но најмногу до вредноста на осигурениот предмет, односно до износот наведен во полисата.
[2] Утврдената штета на додатна опрема, рекламни натписи, багаж, патни колекции, примероци на стока и други предмети, како и штета кај возила наменети за трки, рели и брзи возења, осигурувачот ги исплаќа во полн износ, но најмногу до договорениот износ на осигурување.
[3] Покрај штетата на осигурените предмети, осигурувачот ги надоместува и трошоците во врска со осигурениот случај и тоа на начин на кој збирно не ја надминуваат вредноста на предметите или договорениот износ на осигурување.
Осигурувачот ги надоместува трошоците и над вредноста на осигурените предмети или договорениот износ на осигурување ако истите настанале по негов налог или поради спречување на непосредна осигурена опасност. Но ако осигуреникот не ја исполни својата обврска за спречување на осигурен случај или обврската за спасување, а за тоа нема оправдување, обврската на осигурувачот се намалува за толку колку што се зголемила штетата заради тоа неисполнување.
[4] Ако во договорот за осигурување е вклучена и договорна франшиза, надоместокот за штета се намалува за тој износ.
[5] Кога ќе настане осигурен случај, осигурувачот е должен да исплати надомест во рок од 14 дена од денот на комплетирање на барањето со докази. Во рок од 30 дена сметајќи од денот на прием на оштетното побарување или комплетирање на доказите, осигурувачот е должен да го извести осигуреникот ако неговото барање е неосновано.
[6] Доколку износот на штетата не е утврден во рокот одреден во став 5 од овој член, осигурувачот е должен да исплати сума на неспорен дел на својата обврска на име аконтација.
[7] При кражба или друг облик на противправно одземање на осигурениот предмет, осигурувачот е должен да исплати надомест по 60 дена од денот на пријавувањето на исчезнувањето на возилото кај надлежниот орган, врз основа на документ од надлежниот орган дека возилото не е пронајдено.
Доколку, осигурениот предмет се пронајде по истекот на 60 дена, осигуреникот има право да го преземе, односно задржи возилото, но под услов да го врати евентуално исплатениот надомест. Ако осигурениот предмет е оштетен или уништен, обврската на осигуреникот за поврат на исплатениот надомест се намалува за онолку колку што изнесува штетата на осигурениот предмет. Ако осигуреникот не го преземе осигурениот предмет, осигурувачот организира негова продажба.
член 18: утврдување на премијата на осигурување врз основа на штетните настани
[1] Утврдување на премијата на осигурување врз основа на штетните настани се применува на еден од следниве начини:
1) за секое возило посебно, во зависност од бројот на пријавени штети; или
2) за група со 6 или повеќе возила во зависност од односот меѓу ликвидираниот надомест и платените премии за осигурување, ако тоа е посебно договорено.
[2] Пријавената штета е штета на осигуреното возило врз чија основа осигурувачот исплатил надомест односно се наоѓа во постапка за ликвидација при продолжување или обновување на осигурувањето.
[3] Кај поединечни осигурувања (5 или помалку возила) премијата се одредува во зависност од бројот на пријавени штети за секое возило посебно кај основното каско осигурување на сите видови на возила и кај основното каско осигурување со дополнително осигурување на машини од кршење, освен кај осигурените возила кои се на поправка во работилници и кај посебни форми на основното каско осигурување. Премијата за осигурување се утврдува за секое возило посебно, земајќи го предвид поминатото време на осигурување на возилото од одреден вид, без пријавена штета, односно број на пријавени штети во претходната осигурителна година.
Основното каско осигурување проширено со дополнително осигурување на машини од кршење претставува целина. Во утврдувањето на премијата за осигурување во зависност од бројот на штетни настани, подеднакво влијаат и осигурените случаи што настанале заради осигурените опасности за основното каско осигурување или заради осигурените опасности за дополнително осигурување на машини од кршење.
Одредбите од овој став не се применуваат кај дополнително осигурување на багаж, патни колекции, мостри на стока и други предмети при утврдување на премијата за осигурување.
[4] Ако осигуреникот осигурува најмалку 6 возила од кој било вид, на кој било начин и опсег и се одлучил за друг начин на приспособување на премијата за осигурување кон штетниот настан, премијата за осигурување за сите возила и сите други предмети се утврдува според овие Општи услови , земајќи го предвид односот меѓу ликвидираниот надомест и платените премии за осигурување во изминатите календарски години.
[5] Односот меѓу ликвидираниот надомест и платените премии за осигурување според претходниот став се утврдува на начин на кој се прави ревалоризација на ликвидираниот надомест и платените премии за осигурување на вредностите од последната година пред годината за која се утврдува бонус, односно малус. Факторите за ревалоризација се донесуваат врз основа на движење на цените на индустриски производи кај произведувачите во период од 01.10. на секоја претходна година до 01.10. од последната година.
член 19: утврдување на премијата на осигурување во зависност од бројот на пријавени штети
[1] Ако при склучување на договорот за осигурување е договорено дека при утврдувањето на премијата за осигурување се зема предвид изминатото времетраење на осигурување без пријавена штета, односно бројот на пријавени штети во минатиот период на осигурување за секое возило посебно, истата се утврдува врз основа на распределувањето во одредена премиска класа со која е утврден премискиот степен на основната премија за осигурување која треба да се земе предвид.
Премиски класи и степени на основната премија за осигурување се:
Премиска класа | Степени на основната премија за осигурување (%) |
2 | 50 |
3 | 50 |
4 | 50 |
5 | 50 |
6 | 60 |
7 | 70 |
8 | 80 |
9 | 90 |
10 | 100 |
11 | 110 |
12 | 120 |
13 | 130 |
14 | 140 |
15 | 170 |
16 | 200 |
[2] Распоредување во одредени премиски класи:
1) за секое ново осигурување, премијата за осигурување се одредува врз основа на десеттата премиска класа и 100% степен на основната премија за осигурување;
2) секоја година на осигурување без пријавена штета овозможува распоредување за една премиска класа пониско во следната осигурителна година (бонус);
3) секоја пријавена штета во изминатата година, односно период на осигурување има за последица распоредување за две премиски класи повисоко во следната година на осигурување (малус), со тоа што при распоредувањето се земаат предвид најмногу 4 пријавени штети во истата осигурителна година. Ако во претходната осигурителна година е пријавена само една штета чија вредност не надминува 65% од износот на премијата во полисата (премија за основно каско без премија по комбинации), осигуреникот не го губи стекнатиот бонус кој во целост се пренесува во следната година на осигурување.
член 20: утврдување на премијата на осигурување врз основа на односот меѓу ликвидирани штети и платена премија за осигурување
[1] Ако при склучување на осигурување е договорено дека при утврдување на премијата за осигурување ќе се земе предвид односот меѓу ликвидираните штети и платената премија, тогаш премијата се утврдува на следниов начин:
- осигуреникот кај кој односот меѓу платениот надомест за штета и платената премија во изминатите 3 календарски години изнесува помалку од 64,8%, тогаш премијата за осигурување за следниот осигурителен период се намалува (бонус) во висина на половина од разликата меѓу 64,8% и во процентуално изразениот постигнат однос;
- осигуреникот кој во изминатите 3 години немал исплатен надомест за штети, има право на бонус од 50%;
- oсигуреникот кај кој односот меѓу платениот надомест за штета и платената премија во изминатите 3 календарски години изнесува повеќе од 89,1%, премијата за осигурување за следниот осигурителен период се зголемува (малус) за процент кој е еднаков на половина од разликата меѓу постигнатиот однос и 89,1% со тоа што зголемувањето да не може да изнесува повеќе од 81,0%.
член 21: останати одредби за бонус и малус
[1] При утврдување на премијата за осигурување врз основа на бројот на пријавени штети се земаат предвид и следниве одредби:
1) Штета што е пријавена по основно каско осигурување и што настанала поради еден од осигурените ризици наведени во точка 1 од став 2 во 5 член од овие Услови (комбинација Б), не се смета како пријавена штета и не влијае на бонусот ниту на малусот. Исто така се смета дека штетата не е пријавена ако настанала поради оштетување на возилото при давање помош на лица повредени во сообраќајна несреќа или намерно оштетување на осигурените предмети ако е во прашање спречување на поголема штета кај осигурените или други предмети и лица;
2) ако осигуреникот склучил осигурување за време пократко од 1 година, ова осигурување не се зема како основа за намалување на премијата за следната година, без разлика дали пријавил штета, додека бројот на пријавени штети се зема предвид;
3) ако осигурувањето било во прекин, осигуреникот по прекинот има право на ист бонус за истото возило или за возилото кое го заменил, ако до прекин во осигурувањето дошло пред истекот на годината на осигурување и ако прекинот не траел подолго од пет години, под услов во претходниот период до склучувањето на нов договор за осигурување, да не пријави штета.
Ако осигурувањето било прекинато по истекот на осигурителната година во која осигуреникот не пријавил штета, ниту пак е пријавена штета за време на прекинот, осигуреникот има право на „бонус” како да немало прекин, под услов прекинот да не траел повеќе од пет години.
4) во случај на пренос на сопственост на возилото, правото на бонус се пренесува на новиот сопственик како и обврската за плаќање на малус.
Ако осигуреникот по уништување, исчезнување или пренос на сопственост на возилото согласно одредбите од член 24 од овие Општи услови, осигурува друго возило, оствареното право на „бонус” односно обврската за плаќање на малус се пренесува и за новото возило, ако новото возило е од иста премиска група;
5) осигуреникот има право на „бонус”, односно му се пресметува малус ако донесе писмена потврда од претходниот осигурувач за претходното траење на осигурувањето и бројот на последователни години без пријавена штета, односно број на пријавени штети;
[2] При утврдување на премијата за осигурување врз основа на односот меѓу ликвидирани надоместоци за штета и наплатена премија за осигурување се земаат предвид и следниве одредби:
1) бонус односно малус според овие Општи услови се пресметува и за возила кои осигуреникот ќе ги набави во тековната година на осигурување;
2) во случај на прекин на осигурувањето и повторно склучување на договор за осигурување на осигурувачот му се пресметува бонус односно малус врз основа на резултатите во последните три календарски години додека траело осигурувањето.
Ако прекинот траел повеќе од две години се пресметува премија за осигурување без бонус односно малус;
3) ако осигурувачот не располага со податоци за премиите и штетите за најмалку три претходни календарски години, бидејќи осигуреникот не бил осигурен доволно долг временски период, за утврдување бонус односно малус се користат податоци за две односно една календарска година;
4) одредбите за утврдување премија за осигурување со примена на односот меѓу ликвидирани надоместоци за штети и наплатена премија за осигурување се применуваат само кај осигуреници кои на крајот од изминатата календарска година имаат осигурено повеќе од 6 возила.
[3] Штетата се смета дека не е пријавена ако во рок од 3 години е ликвидирана без исплата на надомест или ако целокупниот исплатен износ е регресиран по кој било основ, како и ако осигуреникот го вратил исплатениот надомест.
[4] Осигурувачот и осигуреникот имаат право да бараат повторно пресметување на зголемување, односно намалување на премијата за осигурување на крајот од следната осигурителна година, доколку дополнително се утврди дека пресметката за премија е заснована на погрешни податоци за пријавени штети, односно погрешно утврден однос помеѓу ликвидираниот надомест на штети и наплатената премија за осигурување.
II. ОПШТИ ОДРЕДБИ
член 22: склучување на договор за осигурување
[1] Договорот за каско осигурување може да се склучи врз основа на понуда од договарачот на осигурувањето која во писмена форма му ја поднесува на осигурувачот.
[2] По приемот на понудата, осигурувачот може да побара дополнување или појаснување. Се смета дека понудата пристигнала кај осигурувачот кога го добил бараното дополнување или појаснување.
[3] Писмената понуда доставена до осигурувачот за склучување на договор за осигурување го обврзува понудувачот, ако не одредил пократок рок, во период од 8 дена од денот на пристигнување на понудата кај осигурувачот. Ако осигурувачот во тој рок не го одбие барањето, кое не отстапува од условите што ги предложил за осигурување, ќе се смета дека го прифатил барањето и дека договорот е склучен.
[4] Одредбите за склучување на договор за осигурување важат кога ќе се промени постојниот договор за осигурување, освен во случај на промена на условите за осигурување или тарифата на премии.
[5] Во случај на договор склучен на далечина, осигурувачот може да одреди дека договорот за осигурување е склучен со самата уплата на премијата.
член 23: траење на договорот за осигурување
[1] Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премија, а во спротивно по истекот на 24 часот од денот кога премијата е платена.
[2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување е означен како
ден кога истекува осигурувањето. Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, договорот за осигурување се продолжува од година во година, се додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
член 24: пренос на правото на сопственост на предметот на осигурување
[1] Со промена на корисникот, односно сопственикот на осигурените предмети, договорот за осигурување престанува да важи од 24 часот од денот на издавање на фактура за продажба (правни лица) или заверен купопродажен договор.
[2] Договарачот на осигурувањето има право да побара поврат на премија за неискористеното времетраење на осигурувањето, ако во таа година не настанал осигурен случај.
[3] Одредбите од овој член се применуваат и при осигурување на повеќе предмети со една полиса. Ако во една полиса се осигурени повеќе возила, договорот за осигурување престанува да важи за она возило кое го променило сопственикот.
[4] Доколку се промени сопственоста врз основа на наследство или истекување на лизингот согласно став 5 од член 12, договорот за осигурување останува во сила. Врз основа на писмено барање од осигуреникот, осигурувачот може да одобри пренос на договорените права и обврски од договорот за осигурување на новиот сопственик до истекот на тековниот период на осигурување, под услов пренесувачот на правата и обврските да ја платил премијата во целост.
член 25: плаќање на премијата
[1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш, освен ако не е поинаку договорено.
[2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено.
[3] Осигурувачот е овластен сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплата.
[4] Ако настане осигурен случај, осигуреникот кој има осигурено до заклучно 5 возила е должен пред ликвидација на штетата да ја плати целокупната премија за возилото кај кое настанала штета. Ако е договорено плаќање на рати, осигурувачот има право и при исплата на делумна штета на возилото да ја наплати целокупната премија за тоа возило.
[5] Согласно законските одредби, на премијата за осигурување не се пресметува данок.
член 26: последици од неплаќање на премија
[1] Обврската на осигурувачот престанува ако договарачот не ја плати доспеаната премија за осигурување по склучување на договорот за осигурување, освен ако тоа не го направи некој друг заинтересиран во рок од 30 дена од денот кога на договарачот му било врачено препорачано писмо од осигурувачот за доспеаноста на премијата. Тој рок не може да истече пред да поминат 30 дена од доспеаноста на премијата за осигурување.
[2] Осигурувачот може по истекот на рокот од став 1 од овој член, да го откаже договорот за осигурување без отказен рок доколку договарачот доцни со плаќањето на премијата која треба да ја плати по склучувањето на договорот, односно ако доцни со друга или следна премија. Откажувањето на договорот за осигурување настапува по истекот на рокот од став 1 од овој член и со престанокот на осигурителното покритие ако договарачот е предупреден со препорачано писмо за доспеаноста на премијата, како и престанокот на осигурителното покритие.
[3] Во секој случај, договорот за осигурување престанува да важи ако премијата не биде платена во рок од 1 година од доспеаноста во согласност со законските одредби.
член 27: поврат на премија
[1] Ако осигуреното возило биде уништено пред почетокот на осигурителното покритие, осигурувачот го враќа износот на платената премија за осигурување.
[2] Осигурувачот враќа дел од износот на премијата за осигурување за неискористеното времетраење на осигурувањето, доколку осигурениот предмет бил уништен или исчезнал поради неосигурени опасности, како и доколку тоталната штета е покриена врз основа на осигурувањето од одговорност на причинителот на штетата. Неискористеното времетраење на осигурување се смета од денот на прием на писменото барање на осигуреникот за поврат на премија. Осигуреникот има право да бара поврат на премија ако во таа осигурителна година не настанал осигурен случај.
[3] На осигурувачот му припаѓа целата премија за тековната осигурителна година, ако осигурениот предмет е уништен поради осигурени опасности.
[4] Ако осигуреникот го одјави возилото кај надлежен орган и ги врати регистарските таблички, осигурувачот, на барање на осигуреникот може да врати дел од премијата за неискористеното времетраење на осигурувањето. Осигуреникот има право да бара поврат на премија ако во таа осигурителна година не настанал осигурен случај.
[5] Во други случаи на престанок на осигурувањето пред неговото истекување за кое е платена премија, на осигурувачот му припаѓа премијата за осигурување до денот до кој трае осигурителното покритие.
[6] Поврат на премија на барање на осигуреникот е можен врз основа на докази за исполнување на условите за поврат на премија.
[7] При пресметката на неискористениот дел од премијата во смисла на претходниот став, осигурувачот може да ги вклучи и трошоците за обработка на таквото барање, но најмногу до 10% од неискористениот дел од премијата.
[8] Премијата за осигурување не се враќа на договарачот, ако осигурувачот се регресира од лицето одговорно за штетата.
член 28: обврски на осигуреникот при настанување осигурен случај
[1] Кога ќе настане осигурен случај, осигуреникот е должен:
1) веднаш да ги преземе сите мерки кои се во негова моќ за отстранување и намалување на штетата на оштетениот осигурен предмет, да го обезбеди од натамошни оштетувања, придржувајќи се кон упатствата што ќе му ги даде осигурувачот;
2) веднаш да го извести осигурувачот, а најдоцна во рок од 3 дена по дознавање за осигурениот случај. Доколку известувањето не е во писмена форма, должен е најдоцна во следните три дена писмено да ја потврди пријавата каде треба да ги наведе и оштетените, уништени или исчезнати предмети, нивната приближна вредност и околностите под кои настанал осигурениот случај;
3) при настанување на штета на осигуреното возило од ризиците пожар, експлозија, кражба, тешка кражба и сите видови противправно одземање на возилото, како и сообраќајна незгода во која некој го загубил животот или е повреден или настанала поголема материјална штета, веднаш треба да го извести надлежниот орган и осигурувачот за уништените, односно оштетените работи со приближна проценка на нивната вредност;
4) до увидот на оштетувањата од страна на претставникот на осигурувачот да не ја промени положбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е нужна во јавен интерес или поради смалување, односно спречување на зголемување на штетата;
5) во случај на помала материјална штета на возила, кога не се оштетени виталните делови за управување и запирање и возилото може самостојно да се движи, возилото треба
веднаш да се отстрани од коловозот овозможувајќи непречено одвивање на сообраќајот заедно со другите учесници во настанатата сообраќајна незгода. Со другиот учесник се пополнува Европски извештај за незгодата и со присуство на двете возила се врши напореден увид и процена на штета.
6) во случај на кражба или друг вид на противправно одземање на возилото, да се предаде целата расположлива документација за возилото и клучевите по настанот, но пред исплатата на оштетата;
7) При отстранување на штета настаната надвор од територијата на Република Македонија, осигуреникот има право да ја отстрани само минимално потребната штета што му овозможува возна состојба на возилото. Сите други дополнителни поправки, претходно мора да бидат одобрени од осигурувачот;
[2] Осигуреникот е должен да му ги обезбеди на осигурувачот сите податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата.
Осигурувачот исто така може да побара од осигуреникот да му обезбеди и други докази, а особено доказ дека го пријавил настанувањето на случајот кај надлежен орган. Ако осигуреникот не ги приложи бараните податоци и докази, се смета дека не го докажал настанувањето на осигурениот случај.
[3] Ако осигуреникот по своја вина не го пријави настанувањето на осигурен случај на време и начин одреден во овие Општи услови, должен е на осигурувачот да му ја надомести евентуалната штета што би ја имал.
член 29: утврдување и процена на штета
[1] По приемот на писмената пријава за настанатиот осигурен случај, осигурувачот е должен веднаш а најдоцна во рок од 3 дена да пристапи кон утврдување и процена на штетата. Ако тоа не го стори, осигуреникот може сам да изврши проценка и отстранување на последиците од штетата, под услов претходно да обезбеди доказ за настанување на осигурениот случај и обемот, како и висината на штетата.
[2] Во случај договорните страни да не се согласат при заедничко утврдување и процена на штетата, секоја од договорните страни може да побара утврдување и процена на штетата од комисија на стручни лица (вештаци). Предмет на вештачење можат да бидат само спорни околности во поглед на настанување на осигурен случај, обемот на оштетување и висината на штетата.
[3] Секоја од договорните страни назначува свој вештак во писмена форма. За вештаци можат да се назначат лица кои не се во работен однос кај осигурувачот односно осигуреникот. Пред почетокот на вештачењето, двата вештаци назначуваат трет вештак кој дава свое мислење кога тврдењата на двата вештаци се различни и само во граница на неопходните заклучоци. Мислењето на третиот вештак е конечно и може да се оспори само во случај на грешка во пресметката.
[4] Секоја договорна страна ги покрива трошоците за вештакот кој го именувала, а за третиот вештак трошоците се делат на половина.
член 30: правна ситуација после осигурен случај
[1] По настанувањето на осигурен настан во кој возилото било оштетено (делумна штета), тоа и понатаму останува осигурено во висина на неговата вредност во согласност со одредбите на овие Општи услови.
[2] За возилото кое е уништено или украдено (тотална штета)
– вклучително и економска тотална штета, осигурувањето кај потполното, сите делумни каско осигурувањето и кај дополнителните осигурувања, престанува веднаш по осигурениот настан со денот на уништување или исчезнување.
[3] Одредбите од овој член смислено се применуваат и кај осигурени случаи кај кои се оштетени, уништени или исчезнати и останатите осигурени предмети.
член 31: премин на правата кои ги има осигуреникот кон одговорното лице, на осигурувачот (суброгација)
[1] Со исплата на надомест, сите права на осигуреникот кон лицето кое е одговорно за штетата преминуваат на осигурувачот и тоа во висина на исплатениот надомест.
[2] Доколку по вина на осигуреникот, во целост или делумно е оневозможено преминување на правата од став 1 од овој член, осигурувачот во одредена мера се ослободува од своите обврски спрема осигуреникот.
[3] Преминувањето на правата од осигуреникот на осигурувачот не можедабиденаштетанаосигуреникот, такаштоаконадоместокот кој осигуреникот го добил од осигурувачот е понизок од износот кој му следува, осигуреникот има право да бара исплата на остатокот од надоместокот од средствата од одговорното лице, пред исплатата на побарувањата на осигурувачот врз основа на правата кои преминале на осигурувачот.
[4] Како исклучок од одредбите за премин на правата од осигуреникот на осигурувачот, правата не преминуваат на осигурувачот ако штетата е предизвикана од сопружник, деца на осигуреникот, брат или сестра, посвоител или посвоеник со договорувачот или осигуреникот, лице кое живее во заеднички дом со осигуреникот, овластен возач кој го користел возилото со одобрение од осигуреникот, освен ако тие лица намерно ја предизвикале штетата. Овластен возач се смета и работник кај осигуреникот, лице кое на прописен начин учи да управува со возилото и возач кој го стекнал правото за управување со возилото со договор за наем од осигуреникот кој се занимава со изнајмување на возила, со тоа што независно од одредбите од алинејата од овој став, осигурувачот во секој случај има право на регрес спрема возачот или одговорното лице ако надоместокот од осигурување е исплатен врз основа на став 1 од член 11 од овие Општи услови.
член 32: форма на договор за осигурување
[1] Договорот за осигурување, спогодбите за содржината на договорот за осигурување и сите додатоци на тој договор се во важност ако се склучени во писмена форма, освен информациите од член 33 од овие Општи услови.
[2] Сите барања, известувања и изјави кои треба да се предадат согласно одредбите на договорот за осигурување, мораат да бидат во писмена форма.
[3] Барањата, известувањата и изјавите се дадени навремено ако се поднесени во роковите утврдени во овие Општи услови, односно доколку пред истекувањето на рокот се пратат со препорачано писмо. Како ден на примање се смета денот на предавање на препорачаното писмо во пошта.
[4] Изјавата која треба да се даде на некое лице важи од моментот кога истото ќе ја прими.
член 33: измена на условите за осигурување и тарифата на премии
[1] Ако осигурувачот ги промени Условите за осигурување или Тарифата на премии, за промената е должен во писмена форма да го извести договорувачот на осигурувањето во рок согласно законските прописи пред почетокот на следниот период на осигурување.
[2] Договорувачот на осигурувањето има право во законски предвидениот рок по приемот на известувањето да го откаже договорот за осигурување. Договорот за осигурување престанува да важи по истекот на периодот за осигурување.
[3] Ако договорувачот на осигурувањето не го откаже договорот за осигурување согласно став 2 од овој член, новите услови за осигурување, како и Тарифата на премии се применуваат со почетокот на следниот период на осигурување.
член 34: промена на адреса и место на престој
[1] Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за промена на адресата, односно името на фирмата и седиштето во рок од 15 дена од настанување на промената.
[2] Ако осигуреникот ја промени адресата на живеење, односно седиштето или своето, односно името на фирмата, а при тоа не го известил осигурувачот, доволно е осигурувачот да испрати известување до осигуреникот на последната позната адреса и да го наслови на последното познато име.
член 35: со-осигурени лица
Осигурувањето ја надоместува и штетата што настанала од опасностите кај основно и делумно каско осигурување на возилото
„каде било“ или во мирување за кое одговорното лице (овластениот возач или член на семејство со кое осигуреникот живее во заедничко домаќинство) на коешто осигуреникот го доверил правото за управување со возилото, освен во случај на кривично дело затајување.
член 36: примена на закон
За правата и обврските на договорните страни што не се уредени со овие услови се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие услови одредено прашање е уредено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од законот.
Во случај осигуреникот да не е задоволен од односот на осигурувачот во текот на траењето на договорот за осигурување, истиот може да достави жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на осигурувањето.
член 37: Приговор (вонсудско решавање спорови)
[1] Странките се согласни, сите спорови кои произлегуваат од овој договор да се решат по мирен пат.
[2] Договорувачот на осигурувањето и осигуреникот се согласни за сите спорни прашања, жалби и недоразбирања што произлегуваат од односот со осигурувачот да го известат осигурувачот без одложување., Засегнатите страни го доставуваат известувањето од овој став во писмена форма од кое со сигурност може да се утврди содржината и времето на праќање на известувањето.
[3] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот односно корисникот на осигурување кој смета дека со одлуката (решението) на осигурувачот за оштетното побарување му се нарушени правата од осигурувањето, може да поднесе приговор до Комисијата за приговори (жалби) на осигурувачот.
[4] Комисијата од став 3 на овој член е должна да донесе одлука по приговорот во писмена форма без одложување, но најдоцна во рок од 30 дена од денот на прием на приговорот.
член 38- застарување на барањата
[1] Побарувањата од договорите за осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
член 39: Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Офицер за заштита на личните податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx
* Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxxxx://xxx.xxxxxxx.xx/xx/xx-xxx/xxxxxxxx
член 40: Обработка и заштита на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје, а Триглав Осигурување АД, Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.
член 41: правен основ за обработката на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
[2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 42: цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
[2] Соцелводењенапостапказанадоместнаштетаивоспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Триглав Осигурување АД, Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
[3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
[4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на вој член може да се повлечево секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Триглав Осигурување АД, Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 43: рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Триглав Осигурување АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно
од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 44: права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени член 42, од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 45: пренос на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: „xxx.0- ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса oficer. xx@xxxxxxx.xx.
член 46: обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија.
[2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
член 47 : надлежност во случај на спор
Ако спорот не се реши и покрај настојувањето за спогодбено решавање на спорот во согласност со гореспоменатата задолжителна постапка, за судските спорови стварно и месно надлежен е судот според седиштето на осигурувачот.
член 48: влегување во сила
[1] Овие Општи услови влегуваат во сила со денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од 01.01.2021 година
Клаузула за информираност на договарачот
Согласно одредбите од Законот за заштита на потрошувачите, Триглав Осигурување АД, Скопје како осигурувач, пред склучување на договорот за осигурување, го известува договарачот на осигурувањето за следниве податоци:
[1] Информации кои се однесуваат за осигурувачот Осигурителнo друштво: Триглав Осигурување АД, Скопје
Правно-организациски облик: акционерско друштво за осигурување Седиште на друштвото:
Експозитура која го склучува осигурувањето (ако го склучува осигурувањето)
[2] Услови за осигурување и меродавно право
Општите услови под кои се склучува ова осигурување се наведени во приложената понуда/полиса за осигурување во чиј состав е и оваа клаузула за информираност на договорувачот на осигурувањето (во понатамошниот текст: Xxxxxxxx). Меродавното право е утврдено со понудата/полисата за осигурување и со соодветните услови за осигурување чиј составен дел е оваа Клаузула.
[3] Времетраење на договорот за осигурување
Времетраењето на договорот за осигурување е наведено во приложената понуда/полиса за осигурување чиј составен дел е оваа Клаузула.
[4] Услови за отстапување од договорот за осигурување
Правилата и условите за отстапување од договорот за осигурување се наведени во приложената понуда/полиса за осигурување чиј составен дел е оваа Клаузула.
[5] Премија за осигурување и даноци
Висината на премијата и начинот на плаќање се наведени во приложената понуда/полиса за осигурување чиј составен дел е оваа Клаузула.
[6] Рок на валидност на понудата
Писмената понуда за склучување на договор за осигурување, направена за осигурувачот, го обврзува понудувачот во рок од 8 дена од пристигнувањето на понудата кај осигурувачот.
[7] Отповикување на понудата
Понудувачот има право да ја отповика понудата во рокот наведен во претходната точка. Ако осигурувачот во рокот од претходната точка не ја одбие понудата која не отстапува од неговите услови за предложеното осигурување, ќе се смета дека ја прифатил понудата и дека е склучен договор за осигурување.
[8] Надзор над друштвото за осигурување
Надзорно тело надлежно за надзор на осигурителното друштво е Агенција за супервизија во осигурување.
Клаузула за каско осигурување за туѓи возила во автомеханичарски и авторемонтни работилници и работилници за перење
и подмачкување на возила по полиса бр.
Со каско осигурување на возилото на поправка во автомеханичарски и авторемонтни работилници и работилници за перење и подмачкување на возилото се осигурени туѓи возила кои биле преземени за поправка во автомеханичарски и авторемонтни работилници, како и работилници за перење и подмачкување на возилото.
Покритието важи за време на пробни и примопредајни возења и тоа за време на возење или мирување на подрачјето на работилницата, за штети кои би настанале на возилото кога се извршуваат поправки
или при перење или подмачкување. Покриени се и штетите кои би настанале при пад на возилото од дигалка.
Клаузула за каско осигурување на возила за време на достава на сопствени тркала (per axe) по полиса бр.
Со каско осигурување на возила за време на достава на сопствени тркала (per axe) се осигурени нови моторни возила за непрекинато време на достава на сопствени тркала од местото на набавување (на пример, фабрика, од друг произведувач, од граничен премин на Република Северна Македонија и слично) до складиштето на трговска или друга фирма или од складиште до складиште, од складиште до адресата на купувачот итн.
Премијата за осигурување за опасностите од целосно, односно делумно каско се пресметува како процент од годишната премија за осигурување за секое возило во зависност од оддалеченоста меѓу две места.
Премијата за осигурување е одредена врз основа на бројот на возила кои се очекува да бидат доставени на сопствени тркала.
Премијата за осигурување се пресметува врз основа на просечната премија за осигурување за едно возило за изминатата година на осигурување, односно ако се осигурува прв пат, врз основа на просечната премија за осигурување за возилото за кое се предвидува дека ќе преовладува во доставата на сопствени тркала. Премијата завршно се пресметува за изминатата година на осигурување врз основа на вистинскиот број и видот на возила доставени на сопствени тркала (per axe).
Клаузула за каско осигурување на возила за време на тест возења, како и задржување во складишта по полиса бр.
Со каско осигурувањето на возилата за време на тест возења, односно возења и задржување во складишта, осигурени се нови и користени моторни возила во фабриките и трговските фирми. Покритието важи за време на тест возења, возења и задржување во складишта.
Премијата за осигурување од опасности кај целосно и делумно каско се пресметува како процент од годишната премија за осигурување за секое возило.
Премијата за осигурување се одредува врз основа на бројот на возилата од производниот план, односно продажбата и набавката на моторни возила.
Премијата за осигурување се пресметува врз основа на просечната премија за осигурување за едно возило за изминатата година на осигурување, односно ако се осигурува прв пат, врз основа на просечната премија за осигурување за возилото за кое се предвидува дека ќе преовладува во производството, односно продажбата и набавката. Премијата завршно ќе се пресмета по истекот на тековната осигурителна година врз основа на вистинскиот број и видот на произведени односно продадени или набавени возила.