Број на оглас:05/2012 ДЕЛ I:ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас:05/2012 ДЕЛ I:ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган:Општина Гевгелија
I.1.2) Адреса:Xxxxxxx Xxxxxx 4
I.1.3) Град и поштенски код:Гевгелија 1480
I.1.4) Интернет адреса:xxx.xxxxxxxxx.xxx.xx
I.1.5) Лице за контакт:Xxxxx XxxxxxxxXxxxxx на е-пошта:javninabavki_gevgelija@t- xxxx.xxТелефон/Факс:034213843/034213899
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат: На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје-Општи јавни услуги
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Изградба и реконструкција на тротоари во општина Гевгелија.
II.2) Вид на договорот за јавна набавка:Работи - Изведување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите:
Општина Гевгелија
II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор):
II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5) Групна набавка:Не
II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:
Предметот на договорот опфаќа изградба и реконструкција на тротоари во општина Гевгелија со вкупна површина од максимум 4000м2, со изведба од павер елементи.
Со избраниот понудувач ќе се склучи Рамковна спогодба за период од една година, а за секоја тротоар на одредена улица врз основа на спогодбата ќе се склучува посебен Договор. Изведбата на конкретни проекти ќе се утврдат согласно Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Гевгелија за 2012 година.
Согласно Рамковната спогодба која ќе се склучи може да се изградат или реконструираат максимум 4000м2 тротоари.
Периодот за кој се склучува спогодбата е една година и посебните договори може да се склучуваат до истекот на важноста на спогодбата согласно предвидените цени и другите предвидени услови, до најмногу максимум предвидените количини.
II.7) Референтна номенклатура за долелување на договор за јавна набавка (ОПЈН):
II.8) Дали предметот на набавката е делив:Не
II.9) Рамковна спогодба:Да
Рамковна спогодба помеѓу повеќе договорни органиНе Рамковната спогодба ќе се склучи: со еден економски оператор
Времетраење на рамковната спогодба: Период во денови: 365 Период во месеци: 12
II.10) Дозволено е поднесување на алтернативни понуди:Не
II.11) Времетраење на договорот:
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка:Отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор за јавна набавка:Најниска цена
III.4) Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со користење на електронски средства?Не
III.5) Дали ќе се користи електронска аукција?Да Дополнителни информации во врска со електронската аукција:
Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во прата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Гаранција на понудата:Не
IV.1.2) Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [10,00%]
IV.1.3) Авансно плаќање:Не
IV.1.4) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Не
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор:
- Документ за регистрирана дејност
- Лиценца Б или Ц за изведувач на градби.
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор:
- Извештај за билансот на состојба заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба, или извадоци од извештајот за билансот на состојба, во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран.
Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор:
- Позитивно финансиско работење во последните три години;
- Минимум годишен обрт во последните три години од најмалку по 5.000.000,00 денари годишно.
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор:
- Листа на работи односно испораки кои се извршени во последните три години со приложување на потврда за задоволителна изведба на најважните работи, потврди вклучувајќи вредност, време и локација на изведување на работите и наводи дали работите се изведени согласно со правилата на деловно работење и дали се прописно завршени;
- Образовни и професионални квалификации на економскиот оператор или на неговиот раководен кадар, и особено на лицата кои се одговорни за извршување на конкретните работи;
- Изјава за ангажиран технички персонал и технички органи, особено оние задолжени за контрола на квалитет, без оглед на тоа дали тие непосредно му припаѓаат на економскиот оператор;
- Изјава за техничката опрема која економскиот оператор ја има на располагање за изведување на конкретните работи;
- Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да ги отстапи на подизведувач (доколку ангажира подизведувач).
Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор:
- Минимум реализирани 3 договори за извршени исти или слични работи во последните 3 години;
- Минимум 3 потврди за задоволителна изведба на најважните работи;
- Минимум 5 вработени од кои најмалку 1 градежен инжинер со Овластување А или Б (Доказ образци M1/M2 и Овластувања);
- Минимум опрема за извршување на работите во негова сопственост или да му е на располагање со обезбеден лизинг или договор за изнајмување (Како доказ за опремата да се достави соодветна документација (Сообраќајни дозволи, Фактури или договори за набавка и сл.)
IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет:
IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи:
V.2) Услови за доставување на понудите или пријавите за учество
V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до:05.03.2012 во 12.00 часот
V.3) Период на важност на понудата: 365 денови
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите и на следното место:
05.03.2012 во 12.00 часот Место: Гевгелија
V.5) Дополнителни информации
V.6) Датум на објава: 13-02-2012