осигуреник - лице чиј имот и/или имотен интерес е осигурен. Договaрачот на осигурувањето и осигуреникот се исто лице, освен кај осигурување на туѓа сметка; премија - износ кој договaрачот го плаќа на осигурувачот согласно со договорот за осигурување;
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-аас 20-12-мк
Општи услови за осигурување на автомобилска асистенција
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
[1] Изразите употребени во овие услови го имаат следново значење: осигурувач - Триглав Осигурување АД Скопје, со кој е склучен договор за осигурување;
договарач на осигурувањето - лице кое склучува договор за осигурување;
осигуреник - лице чиј имот и/или имотен интерес е осигурен. Договaрачот на осигурувањето и осигуреникот се исто лице, освен кај осигурување на туѓа сметка;
корисник - осигуреникот или секое друго лице кое е овластен возач на осигуреното возило, како и сопатниците (најмногу до бројот на регистрирани места во возилото) кои се превезуваат со осигуреното возило по волја на осигуреникот или на овластениот возач (освен повремени патници - автостопери или патници кои се превезуваат за паричен надомест);
полиса - исправа за склучен договор за осигурување;
премија - износ кој договaрачот го плаќа на осигурувачот согласно со договорот за осигурување;
осигурен случај на асистенција - иден, неизвесен и независен настан од волјата на осигуреникот, кога возилото не е во возна состојба, не е подобно за натамошно возење или е противправно одземено, а кога корисникот го повикал центарот за асистенција заради услуги на асистенција;
центар за асистенција (помош) на корисникот - договорен партнер на осигурувачот кој организира помош во случај на настанување осигурен случај на асистенција, а којшто корисникот треба да го информира по телефон.
[2] Овие услови се темелат врз Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурувањето, како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони, и на соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување кој што го склучуваат договарачот на осигурувањето и осигурувачот.
[3] Општите услови се составен дел на понудата и договорот за осигурување кој договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот ќе го склучи со Триглав Осигурување АД, Скопје.
член 1: осигурени возила
[1] Осигурување на автомобилска асистенција може да се склучи за патнички возила, товарни возила со најголема дозволена вкупна маса до 3,5 тона, мотоцикли со сила на моторот над 4 kw, камп приколки (приколки за домување) и моторни возила за домување.
[2] Осигурувањето на камп приколка важи само во случај кога приколката ја влече осигурено возило од став (1).
член 2: осигурен случај на асистенција
[1] Со осигурувањето на автомобилска асистенција при настанување на осигурениот случај на осигуреникот му се обезбедуваат услуги на асистенција и се покриваат трошоците за нивно извршување во согласност со овие услови, како и трошоците на центарот за асистенција.
[2] За осигуреник од став (1) се сметаат следниве:
1) сопственикот на возилото;
2) овластениот возач, односно возачот кој има дозвола од осигуреникот да управува со осигуреното возило;
3) патниците кои патувале во моментот на настанување на осигурениот случај, најмногу до бројот на регистрирани места во возилото;
4) возачот на доставувачот или на договорната компанија, којшто е овластен да го пренесе возилото меѓу две локации.
[3] Со посебни договори наведени подолу во овие услови, осигурителното покритие за автомобилска асистенција може да се прошири на асистенција ПЛУС или на асистенција КОМФОРТ.
[4] Покритијата од ставовите (1) и (3) на овој член се одобруваат за најмногу три осигурени случаи во текот на договорениот период на осигурување за кој е платена премија.
член 3: видови услуги на асистенција
[1] Грижата за возилото опфаќа услуги и покритие на трошоците од осигурување за следново:
1) помош дома и на пат;
2) помош во случај на проблеми со клучевите од осигуреното возило;
3) извлекување на возилото;
4) влечење или пренос на возилото;
5) достава на гориво;
6) организирање пренос на поправеното возило.
[2] Грижата за корисниците опфаќа услуги и покритие на трошоците од осигурување за следново:
1) превоз на корисникот;
2) заменско возило;
3) хотелско сместување;
4) заменски возач во странство;
5) помош во случај на смрт во странство;
6) посета на роднини на повредениот осигуреник во странство;
7) придружба на малолетен корисник;
8) информации.
[3] Плаќање наместо осигуреникот и помош при поправка на возилото е можно само со проширеното осигурително покритие за асистенција КОМФОРТ со посебна доплата.
I. ГРИЖА ЗА ВОЗИЛО
член 4: помош дома и на пат
[1] Осигурувачот организира помош дома и на пат кога возилото може да биде поправено на самото место на настанување на осигурениот случај.
[2] Со осигурувањето во целост се покриени трошоците за доаѓање на стручно лице за поправка до местото на настанот, како и трошоците за работна рака на осигуреното возило, ако возилото може да се поправи на лице место во рок од 60 минути. Осигурувачот нема обврска за покритие на овие трошоци во Република Северна Македонија во првите 30 дена од траењето на договорот за осигурување.
[3] Со осигурувањето не се покриени трошоците за материјал и за резервни делови.
член 5: помош во случај на проблеми со клучеви од осигуреното возило
[1] Осигурувачот организира помош во случај на проблеми со клучевите од осигуреното возило при настанување на осигурен случај на асистенција, кога осигуреното возило не e во возна состојба поради губење, кражба или оштетување на клучевите од возилото или ако истите останале заклучени во возилото.
[2] Со осигурувањето во целост се покриени трошоците за доаѓање стручно лице за поправка на местото на настанот, како и трошоците за работна рака на осигуреното возило, ако возилото може да се поправи на лице место во рок од 60 минути.
[3] Со осигурувањето се покриени трошоците за доставување резервни клучеви на договореното место со цел да му се овозможи на корисникот нивно преземање во рок од 24 часа по пријавата на осигурен случај.
[4] Доколку помошта при проблем со клучеви од осигуреното возило е неуспешна, осигурувачот нуди услуга на асистенција за влечење или пренос на возилото.
[5] Со осигурувањето не се покриени трошоците за замена на клучевите и бравата, материјалите и штетата што ќе настане поради поправка на возилото.
член 6: извлекување возила при асистенција
„комфорт“
[1] Со асистенцијата КОМФОРТ осигурувачот организира извлекување на возилото при настанување на осигурен случај на асистенција, кога возилото треба да се извлекува од провалија, ендек, кал, вода, итн., освен на патишта кои не подлежат на редовно одржување од страна на соодветните служби.
[2] Осигурувачот ги покрива трошоците за спасување на возилото, но не повеќе од 150 евра за покритие во Република Северна Македонија и 300 евра во Европа, надвор од границите на Република Северна Македонија.
член 7: влечење и пренос на возило
[1] Осигурувачот организира влечење или пренос на возило при настанување случај на асистенција кога возилото не може да се поправи на лице место или ако асистенцијата во случај на проблем со клучевите од осигуреното возило е неуспешна.
[2] Со осигурувањето се покриени трошоците за влечење или пренос на возилото од местото на настанување на осигурениот случај до:
1) најблискиот овластен сервис;
2) живеалиштето, седиштето или друго место на осигуреникот, ако така одлучи осигурувачот.
Осигурувачот не организира и не покрива трошоци за дополнително влечење или пренос за ист осигурен случај.
[3] Со осигурувањето се покриени реалните трошоци за влечење или пренос на возилото, но не повеќе од 80 евра за покритие во Република Северна Македонија и 200 евра во Европа, надвор од границите на Република Северна Македонија.
Со посебна доплата за асистенција ПЛУС, осигурувачот ги покрива реалните трошоци за влечење или пренос на возилото, но не повеќе од 150 евра за покритие во Република Северна Македонија и 300 евра во Европа, надвор од границите на Република Северна Македонија. Со посебна доплата за асистенција КОМФОРТ, со осигурувањето се покриени реалните трошоци за влечење или пренос на возилото, но не повеќе од 250 евра за покритие во Република Северна Македонија и 500 евра во Европа, надвор од границите на Република Северна Македонија.
[4] Со осигурувањето не се покриени трошоците за пренос на товар од осигуреното возило.
член 8: достава на гориво
[1] Осигурувачот организира достава на гориво кога ќе настане осигурен случај на асистенција, доколку осигуреникот остане без гориво за време на патувањето.
[2] Со осигурувањето се покриени трошоците за достава на гориво, односно количина на гориво која е доволна за продолжување на патувањето до најблиската бензинска пумпа.
[3] Со осигурувањето не се покриени трошоците за гориво.
II. ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ член 9: превоз на корисникот
[1] Осигурувачот организира превоз на корисникот при настанување осигурен случај на асистенција кога не може да се поправи возилото на лице место или кога возилото е украдено.
[2] Осигурувачот обезбедува превоз на кориснико до:
1) најблискиот овластен сервис;
2) живеалиштето или седиштето;
3) дестинацијата;
4) хотел.
[3] Кога ќе се изврши пренос на возилото и на корисникот до најблискиот овластен сервис и се утврди дека возилото нема да биде оспособено за возење истиот ден, со осигурувањето се покриени и трошоците за превоз на осигуреникот од сервисот до живеалиштето, седиштето или хотелот.
Доколку при настанување случај на асистенција, осигурувачот организирал превоз на возилото до сервис и во сервисот биле извршени сите одобрени поправки, тогаш осигурувачот ги покрива реалните трошоци за превоз на сопственикот или на еден од осигурениците поради пренос на возилото.
[4] Осигуреницитеможе да бараат превоз од местото на настанување на осигурениот случај на асистенција до дестинацијата, ако тоа место е поблиску од нивното живеалиште или седиште.
[5] Осигурувачот обезбедува превоз на осигуреникот со едно од следниве превозни средства:
1) возило со кое се врши влечење на осигуреното возило;
2) јавно превозно средство;
3) такси.
Превозното средство и начинот на превоз ги одредува осигурувачот, доколку со овие услови не е поинаку утврдено. Ако осигурениот случај на асистенција се случи во странство, тогаш патниот билет по правило го обезбедува осигурувачот. По исклучок, осигурувачот ги надоместува трошоците за патни билети според приложените сметки за купување на патните билети доколку осигуреникот ги набавил патните билети од сопствени средства.
[6] Осигурувачот ги покрива реалните трошоци за превоз до една од дестинациите од став (2) на овој член и тоа најмногу до 10 евра од лице за покритие во Република Северна Македонија и до 30 евра од лице за покритие во Европа, надвор од границите на Република Северна Македонија.
Со доплата за асистенција ПЛУС, со осигурувањето се покриени реалните трошоци за превоз до една од дестинациите од став
(2) на овој член и тоа најмногу до 20 евра од лице за покритие во Република Северна Македонија и до 50 евра од лице за покритие во Европа, надвор од границите на Република Северна Македонија.
Со посебна доплата за асистенција КОМФОРТ, со осигурувањето се покриени реалните трошоци за превоз на осигуреникот до една од дестинациите од став (2) на овој член во целост.
[7] Осигурувачот не организира услуги на асистенција за враќање на осигуреникот на местото каде е извршена асистенцијата, ако е веќе организиран превоз од местото на настанот до дестинацијата.
[8] Со осигурувањето не се покриени трошоците за превоз на товар или трошоците поврзани со губење доход во врска со истиот.
член 10: заменско возило за асистенции „плус“ x
„комфорт“
[1] Со асистенциите ПЛУС и КОМФОРТ, осигурувачот организира наем на заменско возило на барање на осигурeникот при настанување осигурен случај на асистенција кога осигуреното возило не може да се поправи истиот ден или кога истото е украдено и оддалечено повеќе од 50 км од местото на неговото престојувалиште.
[2] Осигурувачот организира наем на заменско возило најмногу во класа еднаква на класата на осигурениот автомобил, почитувајќи ги локалните можности, односно расположливи возила.
[3] Осигуреникот е должен да ги почитува условите на наемодавачот на возилото од договорот за наем на заменското возило. Осигурувачот нема обврски во случај на прекршување на наведените услови.
[4] Со посебна доплата за асистенција ПЛУС, со осигурувањето се покриени трошоците за наем до поправката на осигуреното возило до 50 евра, најмногу до 24 часа, за покритие во Република Северна Македонија и до 70 евра, најмногу до 24 часа, за покритие во Европа, надвор од границите на Република Северна Македонија.
Со посебна доплата за асистенција КОМФОРТ, со осигурувањето се покриени трошоците за наем до поправката на осигуреното возило до 70 евра, најмногу до 24 часа, за покритие во Република Северна Македонија и до 140 евра, најмногу до 48 часа, односно најмногу 70 евра од ден за покритие во Европа, надвор од границите на Република Северна Македонија.
[5] Со осигурувањето не се покриени трошоците:
1) за гориво, патарини, паркинг, итн.;
2) за можни дополнителни осигурувања, освен оние кои се договорени како задолжителни со условите за наем на возило.
[6] Доколку осигурувачот обезбеди асистенција на заменското возило, тогаш не го организира враќањето на заменското возило, освен ако не ја надминува висината на договорените трошоци за наем и не ги покрива трошоците за други видови превоз.
член 11: плаќање наместо осигуреникот и помош при организирање поправка на возилото за асистенција “комфорт“
Со посебна доплата за асистенција КОМФОРТ, осигурувањето се проширува на следново:
[1] Во случај на асистенција при неможност за употреба на возилото поради оштетување, дефект, кражба на готовина или документи, или ако дошло до губење пари, со согласност од осигуреникот, осигурувачот може да му овозможи плаќање. Начинот на доставување на финансиските средства зависи од локалните и временските можности.
[2] Доколку случајот на асистенција настанал поради штета од сообраќајна незгода, осигурувачот може да понуди помош во вид на организирање поправка и плаќање во висина на трошоците за поправка, под услов возилото да се поправи во сервис одобрен од страна на осигурувачот, а осигуреникот да го достави следново до осигурувачот:
1) податоци за извршителот на услугите;
2) фотографии од оштетеното возило или докази за обемот на настанатата штета;
3) профактура за трошоците за поправка со спецификација на потребните поправки и за рокот на траење на поправките;
4) податоци потребни за регистрација на осигурениот случај;
5) потпишана изјава дека се согласува со висината и со враќање на пренесените финасиски средства на осигурувачот, Триглав Осигурување АД Скопје, согласно со член 20 од овие услови.
[3] Доколку случајот на асистенција настанал поради дефект на возилото, осигурувачот може да пружи помош во вид на организирање поправка и плаќање во висина на трошоците за поправка, под услов возилото да се поправи во сервис одобрен
од страна на осигурувачот и осигуреникот да го достави следново до осигурувачот:
1) податоци за извршителот на услугите;
2) профактура за трошоците за поправка со спецификација на потребните поправки и за рокот на траење на поправките;
3) потпишана изјава дека се согласува со висината и со враќање на пренесените финасиски средства на осигурувачот, Триглав Осигурување АД Скопје, согласно со член 20 од овие услови.
[4] Во случај на моментална платежна неспособност поради кражба, губење парични средства или документација, со согласност од осигуреникот, осигурувачот може да му овозможи плаќање во висина до 400 евра, под услов осигуреникот да го достави следново до осигурувачот:
1) потврда од полиција за пријава на кражба или провала, отуѓување на пари или документација или губење на истите;
2) потпишана изјава дека се согласува со висината и со враќање на пренесените финансиски средства на осигурувачот, Триглав Осигурување АД Скопје, согласно со член 20 од овие услови.
[5] Осигурувачот побарува од осигуреникот поврат на паричните средства за плаќањата што ги извршил наместо него, заедно со трошоците за трансакциите.
[6] Осигурувачот нема да бара од осигуреникот поврат на паричните средства за плаќањата што ги извршил наместо него, доколку може да се направи регрес од други видови и облици на осигурување кои договoрувачот на осигурувањето ги склучил со Триглав Осигурување АД Скопје.
член 12: хотелско сместување
[1] Осигурувачот обезбедува хотелско сместување при настанување осигурен случај на асистенција, односно кога осигуреното возило не може да се поправи истиот ден или ако истото е исчезнато, а оддалеченоста на местото на настанување на осигурениот случај од живеалиштето или седиштето на осигуреникот изнесува најмалку 150 км и не постои можност воопшто или адекватно да се изврши превоз во согласност со точките 2 и 3 од членовите 9 или 10 од овие услови.
[2] Доколку возилото не е поправено или пронајдено ниту вториот ден по осигурениот случај на асистенција, со осигурувањето се покриваат:
• трошоците за ноќевање со појадок во хотел од категорија со најмногу 3***, до 30 евра за едно ноќевање по осигуреник за покритие во Република Северна Македонија и до 60 евра за едно ноќевање по осигуреник за покритие во Европа, надвор од границите на Република Северна Македонија;
• со доплата за асистенција ПЛУС, трошоците за ноќевање со појадок во хотел од катеорија со најмногу 3***, до 40 евра за едно ноќевање по осигуреник за покритие во Република Северна Македонија и до 80 евра за едно ноќевање по осигуреник за покритие во Европа, надвор од границите на Република Северна Македонија;
• со доплата за асистенција КОМФОРТ, трошоците за ноќевање со појадок во хотел од категорија со најмногу 3***, до 60 евра за две ноќевања по осигуреник за покритие во Република Северна Македонија и до 120 евра за две ноќевања по осигуреник за покритие во Европа, надвор од границите на Република Северна Македонија.
[3] Со осигурувањето не се покриени трошоците за телефонски разговори од хотел, послужување во соба и други хотелски услуги.
член 13: заменски возач во странство за асистенција
„комфорт“
[1] Со асистенцијата КОМФОРТ, осигурувачот обезбедува заменски возач при настанување осигурен случај во странство, ако никој од осигурениците (коишто инаку би можеле или смееле да возат) не е во состојба да вози ниту 12 часа по оспособување на возилото за возење, а како резултат на штета која е во причинска
врска со настанувањето на осигурениот случај на асистенција.
[2] Со осигурувањето се покриени трошоците за заменскиот возач за превоз на возилото и осигуреникот до неговото живеалиште.
[3] Со осигурувањето не се покриени други трошоци за превоз (гориво, патарина и сл.).
[4] Осигурените патници кои инаку би можеле и смееле да возат, мора да ја докажат неспособноста за возење со лекарско мислење.
член 14: помош во случај на смрт во странство
[1] Осигурувачот организира помош при осигурен случај на асистенција што настанал во странство поради сообраќајна незгода во која животот го загубил некој од осигурениците.
[2] Со осигурувањето се покриени трошоците за превоз на починатото лице до местото каде ќе биде извршен погребот во Република Северна Македонија.
член 15: посета на роднини на повреден осигуреник во странство со асистенција „комфорт“
[1] Со асистенцијата КОМФОРТ, осигурувачот овозможува посета на роднини на осигуреникот кој е повреден во осигурен случај на асистенција во странство во сообраќајна незгода во која некој од осигурениците е задржан во болница во странство најмалку десет дена.
[2] Со осигурувањето се покриени трошоците за повратна карта за превоз со јавно превозно средство за еден од роднините на повредениот осигуреник.
член 16: придружба на малолетен осигуреник со асистенции „плус“ и „комфорт“
[1] Со асистенциите ПЛУС и КОМФОРТ, осигурувачот обезбедува придружба на малолетни осигуреници кои се повредени во осигурен случај на асистенција во сообраќајна незгода во која сите полнолетни осигуреници се толку повредени што мора да останат во болница или се починати.
[2] Со осигурувањето се покриени трошоците за превоз со јавно превозно средство за малолетен осигуреник и негов придружник до местото на нивното живеалиште.
член 17: враќање на возило оштетено во странство
[1] Доколку возилото може да се поправи, а времето потребно за поправка изнесува повеќе од еден ден, односно два дена за асистенција КОМФОРТ, центарот за асистенција организира враќање на возилото од местото на кое се наоѓа до најблискиот сервис до живеалиштето на осигуреникот.
[2] Ако возилото може да се поправи во рок од еден ден, односно во рок од два дена за асистенција КОМФОРТ, центарот за асистенција организира враќање на поправеното возило до живеалиштето на осигуреникот.
[3] Во случај на сообраќајна незгода, центарот за асистенција може да обезбеди заменски возач ако никој од корисниците не е во состојба да вози ниту 12 часа по завршување на поправката на возилото.
[4] Сите трошоци за враќање на поправеното возило, односно за превоз на возилото што е онеспособено за натамошно користење, паѓаат на товар на осигуреникот.
член 18: информации
Осигурувачот им дава информации на осигурениците за начинот на отстранување на последиците од штетата причинета со настанување на осигурен случај на асистенција.
член 19: ограничување и исклучување на асистенција
Осигурувачот не обезбедува услуги и не покрива трошоци доколку:
[1] осигуреникот не поседува важечка документација за возилото: потврда за регистрација, сообраќајна дозвола или потврда за технички преглед на возилото;
[2] центарот за асистенција не бил известен веднаш или во
најкраток можен рок за осигурениот случај на асистенција или осигуреникот воопшто не се јавил во центарот за асистенција;
[3] осигуреникот организира услуги по ова осигурување без дозвола од центарот за асистенција или доколку услугата ја извршил изведувач кој не е одобрен од центарот за асистенција;
[4] осигуреникот даде лажни податоци за осигурувањето и за околностите на осигурениот случај на асистенција;
[5] случајот на асистенција настане при возење надвор од патната мрежа, за време на организирано натпреварување, тренинг, возење по дворови на фабрики, на автодроми и на други патеки направени за таа намена;
[6] случајот на асистенција настане со употреба на возила за професионален превоз или рент-а-кар;
[7] се предизвикани штети поради војна и поврзани настани и немири, терористички чин, граѓанска војна и немири, мина, торпедо, бомби или друго оружје, заплена, одземање, затајување, ограничување или задржување како последица на тие случувања или обиди да се изврши саботажа со политички мотиви, детонација на експлозивни уреди, ако лицето кое ги врши тие дејствија делува злонамерно или со политички мотив, запленување, узурпација или други слични мерки кои ги спроведува која било власт или друга слична организација која се бори за власт или поседува власт;
[8] случајот на асистенција настане поради дејство на нуклеарна енергија, експлозивен товар или природни катастрофи (земјотрес, полава и сл.).;
[9] случајот на асистенција настане поради тоа што во моментот на несреќата со возилото управува лице под дејство на алкохол. Се смета дека лицето е под дејство на алкохол во следниве случаи:
a) ако со анализа на крв или други методи за мерење на концентрацијата на алкохол во организмот се утврди повеќе од 0,0‰ за професионални возачи и 0,5 г/кг и повеќе (0,5 ‰ и повеќе) за сите останати лица;
б) ако алко-тестот е позитивен, но не изврши анализа на крв (ако земањето крв не е штетно по неговото здравје - хемофилија) за точно да се утврди степенот на неговата алкохолизираност;
в) ако по сообраќајната незгода или сличен настан одбие, оневозможи или со напуштање на местото на настанот го избегне утврдувањето на точниот степен на неговата алкохолизираност или консумира алкохол и на тој начин го оневозможи утврдувањето на количината на алкохол во крвта.
[10] ако во моментот на несреќата возачот е под дејство на дрога или други опојни средства. Се смета дека возачот е под дејство на дрога или други опојни средства во следниве случаи:
а) ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметување поради употреба на дрога или други опојни средства;
б) ако по сообраќајната незгода одбие, оневозможи или со напуштање на местото на настанот го избегне утврдувањето на присуство на дрога или други опојни средства во телото.
член 20: поврат на средства за плаќања извршени наместо осигуреникот
[1] Кога ќе настане случај на асистенција од членовите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 12 во странство, којшто е покриен со осигурување согласно со овие услови, осигурувачот во целост му ги плаќа наведените услуги на изведувачот.
[2] Осигурувачот побарува од осигуреникот поврат на парите за плаќањата што ги извршил наместо него, за пружените и платените услуги на асистенција за оној дел од платените трошоци што не е покрен со ова или со друго осигурување склучено со Триглав Осигурување или за делот што ја надминува висината на осигурителното покритие. Осигуреникот е должен да му ги врати финансиските средства на осигурувачот на барање на истиот.
член 21: траење на осигурувањето
[1] Ако со договорот за осигурување не е поинаку договорено, осигурителното покритие почнува со 24-тиот час од денот наведен во полисата како почеток на осигурувањето, доколку до тој ден е платена првата премија, односно со 24-тиот час од денот на плаќање на првата премија.
[2] Осигурувањето престанува по истекот на 24-тиот час од денот наведен во полисата како крај на осигурувањето.
член 22: отуѓување на осигурени предмети
[1] Во случај на промена на корисникот, односно сопственикот на осигурените предмети, осигурувањето престанува да важи 24- тиот час од денот кога новиот корисник или сопственик ќе го преземе осигурениот предмет.
[2] Осигуреникот има право да побара поврат на премијата за неискористеното времетраење на осигурувањето, доколку во изминатиот период на осигурување не настанал осигурен случај.
[3] Осигурувањето не се продолжува во случај на наследување на осигуреното возило.
член 23: плаќање на премија
[1] Договорувачот на осигурувањето треба да ја плати првата или еднократна премија при склучувањето на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати треба да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. При настанување на осигурениот случај (штета), независно што е договорено плаќање на рати, премијата за осигурување стасува за наплата веднаш.
[2] Ако е договорено премијата да се плаќа на рати или за изминато време, може да се пресметаат редовни камати од износот на премијата за која е договорено одложено плаќање. Ако ратата од премијата не се плати до денот на доспеаност, може да се пресметаат казнени камати.
[3] За датум на плаќање на премијата се смета денот кога налогот ќе биде евидентиран од страна на банката на осигурувачот.
[4] Ако со оглед на договореното време на осигурување, во договорот за осигурување е утврдена пониска премија, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до онаа премија која договорувачот би требало да ја плати ако договорот бил склучен за толку време колку што навистина траело осигурувањето.
[5] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот мора да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната година на осигурување, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да исплати надомест од осигурување.
член 24: последици од неплаќање премија
[1] Обврската на осигурувачот престанува ако договарачот не ја плати доспеаната премија за осигурување по склучување на договорот за осигурување, освен ако тоа не го направи друга заинтересирана страна во рок од 30 дена од денот кога на договорувачот му било врачено препорачано писмо од осигурувачот за доспеаноста на премијата. Тој рок не може да истече пред да поминат 30 дена од доспеаноста на премијата за осигурување.
[2] По истекот на рокот од став 1 од овој член, осигурувачот може да го откаже договорот за осигурување без отказен рок ако договорувачот доцни со плаќање на премијата која треба да ја плати по склучување на договорот, односно ако доцни со друга или со следната премија. Откажувањето на договорот за осигурување настапува по истекот на рокот од став 1 од овој член и со престанокот на осигурителното покритие ако договорувачот е предупреден за тоа со препорачано писмо со известување
за доспеаност на премијата и за престанок на осигурителното покритие.
[3] Во секој случај, договорот за осигурување престанува да важи ако премијата не е платена во рок од една година од доспеаноста, во согласност со законските одредби.
член 25: поврат на премија
[1] Во случаите на престанок на важноста на договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, осигурителното друштво го враќа делот од премијата за неискористеното време на осигурување ако во тој осигурителен период не настанал осигурен случај.
[2] Осигурителното друштво го враќа делот од премијата за неискористеното време на осигурување од денот кога било писмено известено за престанок на важноста на договорот за осигурување.
член 26: обврски на осигуреникот при настанување осигурен случај
[1] Кога ќе настане осигурен случај на асистенција, осигуреникот е должен веднаш или во најкратокможен рок да се јави во центарот за асистенција и да го информира за тоа. Во известувањето мора да ги даде своите податоци за идентификација, податоците за осигуреното возило, склученото осигурување (број на полиса) и бројот на патници.
[2] Осигуреникот е должен да се придржува до насоките на осигурувачот. Само со посебна дозвола од осигурувачот, осигуреникот може да користи услуги од друг давател на услуги. Осигурувачот во тој случај ги покрива трошоците само до износот кој би го покрил доколку услугата ја пружил давател на услуги по негов избор.
[3] Осигуреникот сам ги плаќа услугите кои согласно со овие услови не се покриени во целост, освен ако не е поинаку договорено.
[4] Осигуреникот е обврзан да му ги врати на осигурувачот исплатени износи и другите трошоци за извршената услуга на асистенција со законски камати од денот на плаќањето, ако по давање на услугите се утврди дека штетниот настан е исклучен од осигурување или дека осигуреникот ги прекршил одредбите за обврски на осигуреникот во случај на асистенција согласно со ставовите (1), (2) и (3) на овој член.
член 27: Приговор (вонсудско решавање на спорови)
[1] Страните се согласни дека сите спорови што произлегуваат од овој договор ќе се решаваат по мирен пат.
[2] Договарачот на осигурувањето и осигуреникот се согласни дека за сите спорни прашања, жалби и несогласувања кои произлегуваат од односот со осигурувачот ќе го известат истиот без одложување. Известувањата во форма на приговор од овој став се доставуваат во писмен облик, од што со сигурност може да се утврди содржината на известувањето и времето на неговото праќање.
[3] Осигурувачот, примениот приговор од став 2 на овој член ќе го проследи до Комисијата за приговори (жалби). Комисијата за приговори (жалби) е должна да донесе одлука по приговорот во писмен облик без одложување, но најдоцна во рок од 30 дена од денот на прием на приговорот.
[4] За постапување и решавање по приговори е надлежен Триглав Осигурување АД Скопје, а не Центарот за асистенција.
член 28: начин на известување
[1] Договарањата за содржината на договорот за осигурување се важечки само ако се склучени во писмена форма.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување мора да се во писмена форма.
[3] Известувањето или изјавата се дадени навремено ако пред истекувањето на рокот се испратат со препорачано писмо.
[4] Изјавата што треба да се даде на друго лице важи од моментот кога истото ќе ја прими.
член 29: измена на условите за осигурување или тарифата на премии
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договарачот на осигурувањето во рок согласно законските прописи пред почетокот на тековната година на осигурување.
[2] Договарачот на осигурувањето има право да го откаже договорот за осигурување во законски предвидениот рок по приемот на известувањето. Договорот престанува да важи со завршување на тековната година на осигурување.
[3] Ако договарачот на осигурувањето не го откаже договорот, тој со почетокот на следната година се менува согласно со новите услови за осигурување или тарифата на премии.
член 30: промена на адреса
[1] Договарачот на осигурувањето мора да го извести осигурувачот за промена на адресата на живеење, односно седиштето, како и за промена на своето или името на фирмата во рок од 15 дена од денот на промената.
[2] Ако договарачот на осигурувањето ја промени адресата на станот, односно седиштето, како и своето или името на фирмата, а при тоа не го извести осигурувачот, доволно е осигурувачот да испрати известување до договарачот на осигурувањето на адресата која му е последно позната и да го наслови на името кое му е последно познато.
член 31: територијална важност на договорот
[1] Осигурувањето од автомобилска асистенција важи за случаи на асистенција што настануваат на подрачјето на Република Северна Македонија и во европските држави чии национални бироа се наоѓаат во системот за зелена карта (во натамошниот текст: странство), освен во Албанија, Молдавија и Украина.
[2] Во европските држави кои не се членки на системот за зелена карта, како и во Албанија, Молдавија и Украина, осигурувачот не организира асистентска помош, но пружа покритие во рамките на обврските преземени според овие услови. Осигуреникот е должен за случајот на асистенција да го извести центарот за асистенција, при што самиот обезбедува помош и трошоци од осигурувачот.
член 32: примена на закон
[1] За правата и обврските на договорните страни што не се уредени со овие услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие услови некое прашање се уредува спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од законот.
[2] Во случај осигуреникот да не е задоволен од односот на осигурувачот за времетраењето на договорот за осигурување, може да достави жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на осигурување.
член 33: надлежност во случај на спор
[1] Споровите меѓу договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот на една страна и осигурувачот на друга страна ќе ги решава стварно и месно надлежен суд според седиштето на осигурувачот.
член 34: надзор над друштвото за осигурување
[1] Надлежен орган за надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
член 35: Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Назив: Триглав Осигурување АД, Скопје Седиште: бул.„8-ми Септември“ бр.16, Скопје e-mail: xxxx@xxxxxxx.xx
Офицер за заштита на личните податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx
*Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxxxx://xxx.xxxxxxx.xx/xx/xx-xxx/xxxxxxxx
член 36: Обработка и заштита на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје, а Триглав Осигурување АД, Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.
член 37: правен основ за обработката на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
[2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 38: цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
[2] Соцелводењенапостапказанадоместнаштетаивоспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Триглав Осигурување АД, Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
[3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
[4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на вој член може да се повлечево секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за
Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Триглав Осигурување АД, Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 39: рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Триглав Осигурување АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 40: права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени член 38, од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 41: пренос на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: „xxx.0- ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса oficer. xx@xxxxxxx.xx.
член 42: обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација
Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија.
[2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
член 43- застарување на барањата
[1] Побарувањата од договорите за осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
член 44: Санкциска клаузула – рестриктивна мерка за спречување на перење пари и финансирање тероризам
[1] Осигурувачот не дава осигурително покритие, односно не ја покрива одговорноста на осигуреникот за настаната штета или не исплаќа какви било други поволности, без оглед на Договорот за осигурување, доколку таквата исплата или плаќањето на каква било друга поволност би го изложила осигурувачот на некакви санкции, забрани или ограничувања врз основа на резолуциите на Обединетите нации, или на трговски или економски санкции, на кршење на законите или прописите на Европската Унија, Обединетото Кралство или САД.
член 45: изјава за информираност
[1] Договарачот на осигурувањето/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата изречно потврдуваат дека при склучувањето на Договорот за осигурување, од страна на осигурувачот писмено се известени за сите податоци согласно членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањето им е оставено разумно време за донесување на конечна одлука за склучување на Договорот за осигурување. Согласно ова, договарачот/ осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
член 46: влегување во сила
[1] Овие Општи услови влегуваат во сила со денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од 01.01.2021 година.