Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Посебни услови за осигурување одговорност на судски извршители
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 27.06.2012 година и со одлука бр.011/12 се применуваат од денот на донесувањето.
I ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Значење на одделни изрази во овие услови
Осигурувач–е правно лице кое според законот за осигурување е регистрирано за обавување на дејности од осигурување во Република Македонија.
Договорувач на осигурување –е лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување.
Осигуреник –е судски извршител и чија одговорност е покриена со осигурувањето
Трето лице –е корисник на осигурување кое ќе претрпи штета од судски извршител;
Полиса –е исправа за склученото осигурување.
Премија за осигурување –е износ што договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот го плаќа согласно договорот за осигурување.
II ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Предмет на осигурување Предмет на осигурување согласно на овие услови е законската одговорност на извршителите за причинети штети кои ќе ги предизвикаат на трети лица при обавување односно вршење на работи за кои се со закон овластени (изврители), за времетраење на осигурувањето, а согласно на законските акти за обавување на дејноста судски извршител.
Предмет на осигурување е и законската одговорност на заменикот и помошникот на извршителот, за причинети штети кои ќе ги предизвика при обавување на основната дејност, во време кога со договор или одобрение го заменува отсутниот извршител.
Со ова осигурување, законската одговорност на извршителот, заменикот и помошникот на извршителот, е покриена за штети кои ќе настанат и кои ќе ги пријават за време траење на осигурувањето, а кои се настанати како последица од непредвидлив, неочекуван и непознат штетен настан во вид на пропуст или грешка од небрежност, а при вршење на дејноста извршител.
Со надомест на штета се опфаќаат сите оштетени трети лица во време на траење на осигурувањето.
Со осигурувањето не се опфаќаат штети кои се причинети со намера, измама и грубо невнимание од страна на извршителот, заменикот и помошникот на извршителот.
Член 2
Сума на осигурување
Сума на осигурување претставува горната граница на обврските на осигурувачот по еден осигурен случај и изнесува 50.000 Еур (минимална сума на осигурување) во денарска противвредност.
Доколку настанат повеќе штети, кои произлегуваат од ист штетен настан и кои временски се поврзани, а ја надминуваат сумата на осигурување, обврската на осигурувачот е до сумата на осигурување.
Најниската сума на осигурување се определува согласно одредбите од законските акти за назначување на судски извршители и истата изнесува најмалку 50.000 Еур во денарска противвредност.
Осигуреникот може да договори и повисока сума на осигурување од износот во претходниот став (повисока сума на осигурување од минималната сума на осигурување согласно тарифата на осигурувачот).
Член 3
Извор на опасност
Извршителот, заменикот и помошникот на извршителот, согласно на законот, ги обавуваат следните должности кои што претставуваат извор на опасност и од кои можат да произлезат штетни настани како последица на грешка или пропуст од небрежност, а тоа се:
1. Прима писмени и усмени барања за извршување;
2. Xxxx достава на судски писма;
3. Врши достава на налози, записници, заклучоци и други документи кои произлегуваат од вршењето на неговата работа;
4. Врши легитимирање на странките и учесниците во извршувањето;
5. Прибира податоци за имотната состојба на должникот во функција на извршувањето;
6. Донесува налози и заклучоци, составува записници, барања и службени белешки, согласно одредбите на законот за извршители;
7. Врши попис, процена, пленидба и продажба на подвижни предмети, права и недвижности, прима средства од должникот, предава во владение и распределува средства;
8. Врши иселување и други извршни дејствија потребни за спроведување на извршувањето определени со закон и пдзаконски акти;
9. Врши објавување во средствата за јавно информирање;
10. Врши други дејствија предвидени со закон.
Член 4
Осигурен случај
За осигурен случај според овие услови се смета законската одговорност на извршителот, заменикот и помошникот на извршителот за пропуст или грешка во вршење на извршната служба со што ќе предизвика штета на трети лица за време траење на осигурувањето.
Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога се остварил штетен настан врз основа на кој би можело да се истакне оштетно барање од трето лице за чисто имотна штета.
Осигурениот случај треба да биде иден, неизвесен и независен од исклучива воља на осигуреникот. Се смета дека осигурениот случај настанал тогаш кога е сторено дејствие, односно настанало пропуштање при обавување на дејност означена во полисата, со кое е предизвикана чиста имотна штета на трето лице.
Член 5
Штети исклучени од осигурувањето
Од осигурувањето се исклучуваат штети кои се предизвикани:
1. Со намера, измама и грубо невнимание на извршителот, заменикот и помошникот на извршителот.
2. Од вработените лица кои не се опфатени со осигурување.
3. Заради договорно проширување на одговорноста на осигуреникот и на случаи кои по законот не спаѓаат во вршење на законските активности на извршителот.
4. Во случај на водење на постапки спротивно на одредбите од законот за извршители.
5. За грешки кои биле познати во време на склучување на договорот за осигурување или неможеле да останат непознати.
6. За трошоците за надоместување (пополнување) на списи и книги кои се исчезнати во постапка за извршување.
7. Поради грешка во пресметка и примена на тарифа на извршителите.
8. Поради престанок на вршење на функција односно разрешување на извршителот и кој не е запишан во комората.
9. Во сите случаи кога не може да се утврди одговорност на извршителот во согласност со законот за вршење на дејноста извршител и овие услови.
10. За смрт или телесна повреда на лица и за оштетување и исчезнување на ствари, вклучувајќи и кражба на ствари на трети лица.
11. За штети на ствари и лица поради загадување на воздух, тло и вода. 12. За штети настанати од сите други ризици кои не се опфатени со овие услови за осигурување.
III Општи одредби
Член 6
Склучување на договор за осигурување
Договорот за осигурување се склучува врз основа на усмена или писмена понуда, а склучен е кога договорувачите ќе потпишат полиса за осигурување, односно кога согласно законот за вршење дејноста судски
извршител, извршителот или комората поднесат барање за осигурување. Усмената понуда упатена на осигурувачот за склучување на договор за осигурување не ги обврзува ни понудувачот ниту пак осигурувачот.
Ако осигурувачот во врска со примената писмена понуда побара било какво дополнување или измена, како ден на прием на понудата ќе се смета денот кога осигурувачот ја примил бараната дополна или измена, односно кога ќе биде известен за прифаќање на неговите услови.
Член 7
Почеток и престанок на осигурувањето
Обврската на осигурувачот започнува по истек на 24от час од денот кој во договорот за осигурување е означен како почеток на осигурувањето.
Обврската на осигурувачот престанува со истекот на 24от час од денот кој во договорот за осигурување е наведен како ден на истек на осигурувањето. Осигурувањето може да престане поради: престанок на вршење на функција, отказ и во други случаеви кога постојат законски пречки.
Член 8
Плаќање на премија
Договорувачот на осигурувањето, премијата за осигурување ја плаќа веднаш при склучување на договорот за осигурување, ако поинаку не е договорено.
Член 9
Обврска на осигуреникот кога ќе настане осигурениот случај
Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот најдоцна во рок од 3 дена од денот на пријавувањето на оштетното побарување од оштетениот. Осигуреникот е должен на осигурувачот да му овозможи увид во документацијата со аргументирани факти кои се потребни за утврдување на причината и висината на штетата.
Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и да достави наод од надлежен орган, кога барањето за надомест на штета против него е истакнато преку суд.
Осигуреникот не е овластен без претходна согласност од осигурувачот да се изјаснува по барањето, а особено да го признае потполно или делумно, да се спогодува или да изврши исплата.
Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, тој е должен да го извести осигурувачот писмено во врска со штетниот настан, како и да се договорат околу водењето на спорот.
Во случај кога оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно ќе му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен да даде писмена изјава за причината за настанување на шетата и е должен да ги презентира сите документи и факти со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.
До колку осигуреникот не се придржува на обврските од овој член, самиот ќе ги сноси штетните последици кои ќе настанат поради тоа, освен ако тие би настанале и да се придржувал кон обврските.
Член 10
Обврски на осигурувачот по поднесено барање од оштетено лице
Во врска со поднесеното барање за надомест на штета од страна на оштетеното лице, осигурувачот има обврска:
• Заедно со осигуреникот да преземе одбрана од неосновани и претерани барања за надомест на штета (правна заштита);
• Да ја надомести настанатата штета (надомест на штета);
• Да ги надомести трошоците по суската постапка (надомест на судските трошоци).
Член 11
Правна заштита
Обврската на осигурувачот за давање правна заштита опфаќа:
• Водење спор во име на осигуреникот ако ошетениот остварува право на надомест на штета во процесната постапка;
• Давање во име на осигуреникот изјави кои што смета дека ќе бидат од корист за задоволување или одбрана од неосновано или претерано
барање за надомест на штета.
Водењето на спорот може да му се довери на осигуреникот кој е должен да се придржува на упатствата кога се работи за неоправдани барања.
Осигурувачот е овластен да одбие да води спор во име на осигуреникот, ако оцени дека нема место за давање правна заштита и во случај кога висината на надоместот на штетата ја надминува сумата на осигурување. Во случај осигурувачот на име надомест на штета да ја исплатил сумата на осигурување пред покренување на спорот, престанува и неговата обврска на правна заштита.
Член 12
Надомест на штета
Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска.
Доколку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.
Член 13
Надомест на трошоците по постапката
Ако спорот е воден со знаење и согласност на осигурувачот со осигурувањето се покриени и трошоците на спорот, доколку заедно со надоместот на штетата не ја надминуваат сумата на осигурување.
Трошоците за кривичната постапка, како и трошоците за застапување на осигуреникот, осигурувачот не е во обврска да ги надомести.
Кога ќе ја изврши својата обврска со исплата на сумата на осигурување, осигурувачот се ослободува од сите понатамошни давачки во име на надомест на штета и трошоци.
Член 14
Непосредно барање од оштетено лице
Ако оштетеното лице, своето барање и тужба за надомест на штета ги упати само спрема осигурувачот, осигурувачот е должен да го извести осигуреникот и да го повика да ги презентира сите потребни докази, а осигуреникот е должен да преземе мерки заради заштита на своите интереси.
До колку во случајот од претходниот став осигурувачот одлучи да исплати надомест на оштетениот во потполност или делумно, должен е за тоа да го извести осигуреникот.
Член 15
Утврдување и процена на штета
Штетата ја утврдуваат и проценуваат заедно осигуреникот и осигурувачот со оштетениот, односно нивни овластени претставници.
Штетата се утврдува и проценува врз основа на уредна документација достапна на увид на овластениот претставник на осигурувачот, а согласно на законот за облигациони односи и законот за судски извршители.
Член 16
Вештачење на штета
Доколку при утврдување и проценување на штетата не се согласат договорните страни и оштетениот, може да побараат штетата да се утврди и процени по пат на вештачење.
Секоја од договорните страни и оштетениот писмено го именува својот вештак. За вештаци може да се именуваат лица кои се во работен однос со осигуреникот и осигурувачот, како и лице овластено од оштетениот (комисиска процена), а кои не учествувале во претходната проценка.
Пред почетокот на вештачењето, именуваните вештаци бираат трет вештак како претседател, а кој е со високо образование и не е во работен однос кај договорните страни. Претседателот дава стручно мислење по спорните прашања на вештаците.
Предмет на вештачење можат да бидат само спорни факти. Кои спорни факти ќе бидат предмет на вештачењето, како и постапката за вештачење, конкретно ги определуваат договорните страни со писмен договор за вештачење.
Секоја договорна страна и оштетениот ги сноси трошоците за својот вештак, а за претседателот ги сносат сите страни рамномерно.
Член 17
Висина на надомест на штета
Висината на надоместот на штета не може да биде поголема од штетата што оштетениот ја претрпел со настанување на осигурениот случај.
Надоместот на штета и судските трошоци се исплатуваат најмногу до договорената сума на осигурување, со што престанува и обврската на осигурувачот.
Член 18
Франшиза
Осигуреникот задолжително учествува со 10% во секоја штета или најмалку 500 Eур.
Ако осигуреникот договори франшиза од задолжителната, се намалува и премијата за осигурување во зависност од договрениот износ согласно тарифата.
Член 19
Право на регрес
Осигурувачот задржува право на регрес од осигуреникот, во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, а за која, на осигурувачот од страна на осигуреникот не му се презентирани точни и вистинити податоци, односно докази за надомест на штета.
Член 20
Застарување на побарувањето
Побарувањата за надомест на штета по склучениот договор за осигурување, застаруваат во рок од три години, сметано од денот кога настапил осигурениот случај.
Член 21
Територијално важење на осигурувањето
Со осигурувањето се опфатени осигурени случаи што ќе настанат на територијата на Република Македонија.
Член 22
Надлежност на судот во случај на спор и примена на законите
За споровите кои ќе произлезат од примената на овие услови ќе решава стварно надлежниот суд во седиштето на осигурувачот.
За односите помеѓу договорните страни се применуваат одредбите од законот за облигационите односи, општите и посебните услови за осигурување.
Општите услови важат во оној дел кој не е во спротивност со посебните услови за осигурување одговорност на извршители.
Член 23
Важност на општите услови за осигурување на одговорност На осигурувањата склучени според овие услови се применуваат и општите услови за осигурување на одговорност до колку не се во спротивност со овие услови.
Член 24
Правна поука
Осигуреникот има право до министерството за финансии како надлежен орган за супревизија на друштвото за осигурување, да достави жалба во однос на друштвото.