Contract
Општи услови за работење со хартии од вредност на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје
I. ВОВЕД Општи одредби
Член 1
Со Општите услови на работење со хартии од вредност на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (во понатамоешен текст: Банка) се уредуваат меѓусебните права и обврски на Банката и клиентот, и други прашања поврзани со давање на услуги со хартии од вредност од страна на Банката и тоа:
• купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот - берзанско посредување;
• управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент;
• вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, без задолжителен откуп на непродадени хартии од вредност;
• вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартиите од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
• дејствување како покровител при котација;
• инвестиционо советување;
• извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва
• чување на хартии од вредност што вклучува отварање и водење на сметки на хартии од вредност, во свое име, а за сметка на клиенти во депозитар, отворање и водење на сметки на хартии од вредност и за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и слично)
• прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност
• вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност
Дефиниции:
- БЕРЗАНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ е купување, односно продажба на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот.
- НАЛОГ е налог на клиентот за купување, односно продажба на хартии од вредност даден на Банката на начин и под услови од овие Општи услови и Договорот за посредување при купопродажба на хартии од вредност.
- ПРИЕМ НА НАЛОГОТ е прием на налогот на клиентот од страна на Xxxxxxx и негово внесување во книга на налози.
- ИЗВРШУВАЊЕ НА НАЛОГОТ или ТРАНСАКЦИЈА е склучување на куповни односно продажни правни зделки/трансакции со хартии од вредност врз основа на налозите на клиентот.
- ПОРАМНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ е исполнување на паричните обврски и обврските на пренос на хартии од вредност од извршениот налог на начин и под услови, како што определуваат соодветните прописи.
- СМЕТКА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ е сметка за хартии од вредност која што е во сопственост на клиентот, а која што се води во електронска форма во базата на Централниот депозитар за хартии од вредност.
- ИНВЕСТИЦИОНО СОВЕТУВАЊЕ е советување на клиентите во врска со купувањето, односно продажбата на хартиите од вредност.
- ПОРТФОЛИО МЕНАЏМЕНТ е управување со портфолио од хартии од вредност во име и за сметка на клиентот, во согласност со политиката за вложување.
- ЧУВАЊЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ е услуга која вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност за клиенти во депозитар и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот.
- ТРГУВАЊЕ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ е склучување на правни зделки на купување, односно продажба на хартии од вредност.
- ДОГОВОР ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ КУПОПРОДАЖБА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
е договор со кој Xxxxxxx за платен надомест се обврзува да ги извршува налозите за сметка на клиентот, во понатамошниот текст Договор.
- БЕРЗА е пазар на хартии од вредност кој што на јавноста и е достапен посредно или непосредно, каде што тргувањето се одвива редовно и којшто е уреден и е под надзор на надлежните органи.
- ДЕПОЗИТАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ е Акционерско друштво, коешто во Република Македонија, врз основа на дозвола од Комисијата за хартии од вредност, извршува услуги на регистрација на хартии од вредност, порамнување на трговски трансакции, нетрговски преноси и други услуги во согласност со соодветните прописи.
- СООДВЕТНИ ПРОПИСИ се законски и подзаконски акти, правила, односно постапки, коишто секогаш важат на територијата на Република Македонија.
- РАБОТЕН ДЕН е ден (освен саботите, неделите и празниците), во кои Банката дава услуги со хартии од вредност.
- ТАРИФА НА БАНКАТА е секогаш важечка тарифа на Банката.
Пред склучување на посебниот Договор за вршење на одделни услуги со хартии од вредност, Банката му ги дава на Клиентот Општите услови за работење со хартии од вредност.
II. БЕРЗАНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ
Налози за купување и/или продажба на хартии од вредност
Член 2
Банката прима налози од клиентите во рамките на своето работно време за работа со клиенти, во работниот ден.
Член 3
За време на прифаќање на налогот се смета моментот на впишување на налогот во книгата на налози. Книгата на налози се води во електронска форма во која се евидентираат сите трансакции.
Член 4
Банката може да прима налози за тргување од своите клиенти директно во своите деловни простории и по пошта или телефакс.
Банката може да прима налог од клиент доколку клиентот претходно со Банката има склучено посебен Договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност. Договорот особено ги содржи следните елементи:
• Општи услови за работењето со хартии од вредност на Банката;
• Изјава на клиентот дека е запознат со Општите услови на работењето пред склучување на Договорот и дека имал можност да се запознае со содржината на Договорот.
Содржина на налогот
Член 5
Клиентот со налогот кој што го доставува до Банката, на начин и во форма определена во Договорот, ги определува пред се:
- датум, час и минута на давање на налогот
- продажен или куповен налог,
- видот на хартијата од вредност
- издавачот на хартијата од вредност,
- количината на хартијата од вредност,
- видот на налогот,
- рок на важност на налогот,
- други составни делови, коишто овозможуваат разликување на хартиите од вредност со исти карактеристики од претходните алинеи на овој член.
Промена, повлекување и неприфаќање на налогот
Член 6
Доколку клиентот по приемот на налогот од страна на Xxxxxxx, ја промени цената, количината или кој и да е друг елемент од налогот, се смета дека го повлекол иницијалниот налог и дека дал нов налог. Клиентот има право да го повлече налогот. Трансакциите кои се склучени пред повлекувањето на налогот во БЕСТ системот се полноважни. Повлекувањето се врши на еден од начините на кои може да се даде налог. Банката е должна веднаш по барањето за повлекување на налогот од клиентот да го повлече налогот од БЕСТ системот, а потоа и да го евидентира во книгата на налози. Банката има право да наплати манипулативни трошоци за неизвршениот налог. Xxxxxxx има право да не го прифати приемот и извршувањето на налогот во случај ако според нејзино мислење налогот, односно неговото извршување, е во спротивност со соодветните прописи или со деловната политика на Xxxxxxx.
Видови налози
Член 7
Видови налози што клиентот може да и ги даде на Xxxxxxx:
1.Пазарен налог
Пазарен налог е дневен налог без утврдена цена. Клиентот не поставува ценовни ограничувања при купувањето или продажбата на хартиите од вредност, односно ја прифаќа најдобрата цена на пазарот.
2.Лимитиран налог
Клиентот определува ценовно ограничување (ја дефинира прифатливата цена за купување - највисоката цена или за продавање - најниската цена).
Банката ги прифаќа следните видови лимитирани налози за тргување:
• Налози без дополнителни или специјални услови
• Налози со дополнителни услови за реализација:
- Налог изврши или откажи - се користи само за хартиите од вредност кои се тргуваат во режимот на аукциско тргување, во фазата на дополнително тргување. Се реализира единствено по аукциска цена, а нереализираната количина автоматски се отстранува од БЕСТ системот.
- Налог со скриена количина – на пазарот е прикажана само видливата количина/дел на налогот, а остатокот на налогот е внесен во системот како скриена количина.
• Налози со дополнителни услови за рокот на важност:
- Дневен налог – важи само на денот на внес на налогот во БЕСТ системот.
- Налог со важност до одреден датум – важи се додека не се реализира или најмногу 90 (деведесет) календарски денови.
• Налози со специјални услови за реализација на количината – се или ништо – налогот се или ништо е дневен налог кој мора да биде ивршен целосно преку една или повеќе истовремени трансакции. Налогот може да се користи само за хартии од вредност кои се тргуваат во режимот на континуирано тргување, во главната трговска фаза, а може да се тргува само по цени утврдени во рамки на динамичките лимити.
3.Налог по најповолна цена
Клиентот не ја определува цената по која би купил/продал определена хартија од вредност, односно и дава на членката дискреционо право да одлучи кога и по која цена ќе го реализира налогот во БЕСТ системот.
Извршување на налозите на клиентите
Член 8
Банката сите налози на клиентите ги евидентира и ги извршува согласно соодветните позитивни законски прописи.
Согласно Правилата за тргување на Македонска берза, налозите за купување или продавање мора да бидат реализирани преку БЕСТ системот, со исклучок на администраторските блок трансакции.
Банката го извршува налогот на клиентот веднаш штом условите на пазарот на хартии од вредност дозволуваат негово извршување.
Банката ги извршува налозите во согласност со приоритетот во книгата на налози. Банката е должна да го запази следниот редослед на извршување на добиените налози за тргување:
1. налози на клиенти,
2. налози на вработени,
3. налози на Банката.
Провизии и трошоци
Член 9
За извршување на услугите на тргување со хартии од вредност, Клиентот на Банката и плаќа надомест определен со важечката тарифа на Банката, доколку со Договорот, или со некој друг акт, не е определено поинаку.
Како трошоци кои произлегуваат и се поврзани со тргувањето со хартии од вредност се пресметуваат и провизиите на Берзата, Депозитарот и сите останати надоместоци и трошоци кои може да произлезат при извршување на услугите.
Уплата и исплата на средства на клиент за купопродажба на хартии од вредност
Член 10
Клиентот пред давањето на налогот за купување, на клиентската сметка на Банката депонира потребни средства во износ кој треба да овозможи покривање на вкупната вредност на потенцијалните трансакции, согласно со налогот, и сите поврзани трошоци и надоместоци опишани во член 9.
Доколку поради ефектуирање на оперативни ризици, во исклучителни случаи, средстствата на клиентската сметка не се доволни за порамнување на трансакцијата,
клиентот е должен да изврши уплата веднаш, но не подоцна од еден ден пред денот на порамнување на трансакцијата. Доколку не изврши уплата, Банката има право да продаде дел од купените хартии од вредност, како една од можностите за надоместување на неуплатените средства.
Член 11
Паричните средства на клиентот дадени на Банката за купување на хартии од вредност или паричните средства добиени со продажба на хартии од вредност на клиентот, Банката ги чува на посебна сметка отворена за таа намена.
Банката, во случај на отповикување на налогот за купување, во врска со кој клиентот депонирал средства, неискористените средства ќе му ги уплати на клиентот на негова сметка, согласно Договорот, следниот ден по отповикувањето на налогот, ако во Договорот не е определено поинаку, или ако клиентот не одлучи поинаку.
Во случај на нереализирање на налогот, од причина поинаква од отповикувањето на налогот, или во случај ако има вишок на средства од депонираните средства за порамнување на обврските кои произлегуваат од налогот за купување (во продолжение: неискористени средства), се постапува согласно барањето на клиентот. Депонираните средства, односно неискористените средства, не се сметаат за депозит и за нив не постои камата. Паричните средства на посебната сметка можат да се употребат само во согласност со инструкциите на клиентот. Банката не смее да врши плаќања поврзани со склучените трансакции со хартии од вредност во свое име и за своја сметка од паричните средства на клиентите и не смее да ги користи паричните средства на еден клиент за сметка на кој било друг клиент. Паричните средства на клиентите не влегуваат во имотот на Банката во случај на стечај или ликвидација и не можат да се користат за намирување на обврските на Банката.
Член 12
Банката се обврзува по порамнувањето на обврските да го уплати износот на примените средства од извршениот налог за продажба, намален за одбитоците во согласност со овие Општи услови за работење и Договорот, на сметката на клиентот, наведен во Договорот, односно налогот, следниот работен ден од приемот на средствата, освен, ако клиентот и Банката не се договорат поинаку.
Известување
Член 13
Банката е должна да му достави на клиентот извештај за склучување и порамнување на трансакцијата со хартии од вредност во рок од два дена по денот на порамнувањето. Банката му доставува извештај за склучување и порамнување на трансакцијата со хартии од вредност на клиентот на начин кој е определен во Договорот.
Судир на интересите
Член 14
Банката е должна да го извести клиентот за евентуалните судири меѓу интересите на клиентот и интересите на Xxxxxxx, односно интересите на другите клиенти на Банката. Банката е должна да работи на начин со која ќе се минимизира можноста за судир на интереси меѓу клиентите, Xxxxxxx, и/или лицата вработени во Банката.
Ризици
Член 15
Банката е должна да се обиде да ги добие сите потребни информации од клиентите во врска со нивното искуство во вложување во хартии од вредност и нивните финансиски
можности и цели, значајни за заштита на нивните интереси, по пат на пополнување образец “Формулар за нов клиент”.
Вложувањата во хартии од вредност е врзан и со соодветен ризик поради што клиентот, со самото потпишување на Договорот за посредување при купопродажба на хартии од вредност, потврдува дека е свесен и дека го прифаќа ризикот заради движењата на пазарот и други фактори што влијаат на пазарот на хартии од вредност, врз коишто Банката нема никакво влијание.
III. ИНВЕСТИЦИОНО СОВЕТУВАЊЕ
Член 16
Клиентот, во насока на што подобро реализирање на налозите за тргување со хартии од вредност, може да побара инвестиционо советување од страна на Xxxxxxx, која смее согласно со пропишаните правила и прописи да посредува со сите расположиви информации, односно податоци за пооделните хартии од вредност или за општи ситуации на пазарот на хартии од вредност. Клиентот го презема ризикот и одлучувањето во врска со работењето со хартии од вредност.
За вршење на овој вид на услуга Xxxxxxx и клиентот склучуваат посебен Договор, во кој се утврдува висината на надоместокот и начинот на плаќање за извршената услуга согласно важечката тарифа на Банката.
IV. УПРАВУВАЊА СО ПОРТФОЛИО НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ПО НАЛОГ ЗА СМЕТКА НА ИНДИВИДУАЛЕН КЛИЕНТ
Член 17
Управување со портфолио на хартии од вредност е управување со хартиите од вредност како и со паричните средства на клиентот и нивното вложување во хартии од вредност врз основа на Договорот склучен помеѓу Банката и клиентот.
Член 18
Договор за портфолио менаџмент е договор со кој Xxxxxxx, во согласност со инвестициската политика, во име и за сметка на клиентот, ги вложува неговите парични средства во хартии од вредност, а со цел распределување на ризикот, за што клиентот е согласен да плати надоместок.
Договорот за портфолио менаџмент се склучува во писмена форма и во истиот задолжително се утврдува износот на паричните средства што клиентот и ги доверува на Банката, политиката на вложување на клиентот, изјава за преземање на ризиците од инволвираноста во тргувањето со финсиските инструменти, видот, содржината и фреквенцијата на доставување на извештаи за извршените активности од страна на Банката до клиентот, висината на надоместокот и начинот на пресметување на истиот и раскинување на Договорот.
V. ЧУВАЊЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Член 19
Чување на хартии од вредност е посебна услуга која Банката ја дава врз основа на посебен Договор склучен помеѓу Xxxxxxx и клиентот, а во кој детално се уредуваат правата и обврските помеѓу Банката и клиентот.
Чувањето на хартии од вредност вклучува отварање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиентот во Депозитарот, отварање и водење на сметка на хартии од вредност и за свои клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги по налог на клиентот, како што се: исплата на достасани побарувања од издавачот врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на хартиите од вредност, известување за собранија на акционери и застапување на тие собранија,
плаќање на даночните обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и сл.
Член 20
Пред извршување на оваа услуга Xxxxxxx и клиентот задолжително склучуваат Договор во писмена форма во кој подетално се уредуваат меѓусебните права и обврски при давањето на овој вид на услуга од страна на Банката.
За извршената услуга чување на хартии од вредност, Банката му наплаќа на клиентот надоместок кој се утврдува во Договорот склучен помеѓу Банката и клиентот.
VI. ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ
Водење и чување на документацијата
Член 21
Xxxxxxx смее во согласност со секогаш важечките прописи да собира, да води, да обработува и да чува податоци поврзани со овие Општи услови на работење.
Банката е должна да води евиденција и да ги чува сите документи кои во секое време овозможуваат потврдување дека одредена трансакција е извршена во свое име и за своја сметка или за сметка на клиентот.
Грижа
Член 22
При извршување на работи според овие Општи услови на работењето Xxxxxxx ќе се однесува со грижа на добар стопанственик и стручњак, согласно со соодветните позитивни законски прописи.
Член 23
Клиентот се обврзува дека за непречено извршување на услугите со хартии од вредност на Банката, на нејзино барање, ќе и достави соодветна документација, односно направи достапни соодветно потребни информации и податоци. Клиентот е должен да ја известува Банката за сите околности, коишто се важни за извршување на услугите на Банката во согласност со овие Општи услови на работење и Договорот.
Одговорност
Член 24
Без оглед на другите одредби на овие Општи услови на работење:
(I) Банката пред клиентот или трети лица не одговара за евентуалната непосредна или посредна штета, обврските и/или загубата, настанати како последица на исполнувањето на обврските на Банката согласно овие Општи услови на работење и Договорот, освен во случај на нејзино делување со умисла или голема негрижа, чијашто содржина се оценува во согласност со стандардите за грижливост на добра членка на Македонската берза.
(II) Клиентот гарантира дека сите документи, податоци и информации кои ги доставува до Банката при склучување на Договорот се веродостојни, целосни и точни.
Клиентот се обврзува дека на Банката ќе и ја плати секоја штета, трошоци и дека воопшто ќе ја ослободи од сите обврски настанати кон Банката од односот кон кое и да е лице, коишто се последица од извршувањето на услугите според овие Општи услови за работење и Договорот, освен во случај на однесување со умисла или голема негрижа на Банката, чијашто содржина се оценува согласно стандардите за грижливост на добра членка на Македонската берза.
Доцнење со плаќање
Член 25
Клиентот, во случај на доцнење со плаќање на која и да е доспеана и непорамнета обврска, според овие или во врска со овие Општи услови на работење, Договорот или налогот, е должна на Банката да и плати и законска затезна камата.
Промени на Општите услови на работењето
Член 26
Во случај на промена на соодветните прописи или/и одлуки коишто влијаат на исполнувањето на обврските на Банката, според овие или во врска со овие Општи услови на работење, Договорот и налогот (во продолжение: промена на прописи), Банката според сопствена проценка и одлука има право да ги измени, односно да ги дополни овие Општи услови на работење, во согласност со таквата промена на прописите.
Член 27
Без оглед на одредбата од претходниот член на овие Општи услови за работење, Xxxxxxx има право еднострано да ги промени, односно да ги дополни овие Општи услови за работење, доколку со таквите промени, односно дополнувања, суштински не навлегува во правата и обврските на клиентот (во продолжение: суштински промени), според овие и во врска со овие Општи услови за работење.
Во случај на суштински промени Банката има право да отстапи од наведените Договори, ако клиентот не се согласува со нив. Се претпоставува дека клиентот се согласува со промените на Општите услови за работење, ако во рок од 7 работни дена од известувањето на Xxxxxxx за суштинските промени писмено не ја извести Банката за тоа дека не се согласува со таквите промени.
Непочитување на обврските
Член 28
Во случај на непочитување на обврските согласно со овие и во врска со овие Општи услови за работење, Договорот и налогот (во продолжение: непочитување на договорните обврски), секоја страна може да отстапи од Договорот и да бара отштета од другата договорна страна.
Траење на договорниот однос
Член 29
Времетраењето на Договорот и условите за отстапување од него во случаите коишто не се наведени во овие Општи услови за работење, странките ги договараат во самиот договор.
Во случај на откажување на наведениот договор, од причини наброени во овие Општи услови за работење и наведениот Договор, наведениот Договор се продолжува до конечното порамнување на сите обврски на клиентот и Xxxxxxx според тој Договор, односно трансакциите, склучени пред откажувањето.
Деловна тајна
Член 30
Заради заштита на интересите на клиентот, Xxxxxxx се обврзува дека сите податоци и информации, кои ги дознала при извршување на Договорот, или во врска со извршување на Договорот, ќе ги третира како деловна тајна.
Податоците и информациите од став 1 на овој член можат да се соопштат во следните случаи:
- ако странката дала писмена согласност за нивно откривање;
- на писмено барање или налог на надлежен суд;
- на барање на Комисијата за хартии од вредност за вршење на контрола врз работењето на Банката;
- на писмено барање на Народната банка за потребите на супервизијата;
- на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам;
- на писмено барање на друг орган овластен со закон.
Податоците и информациите кои Банката е должна да ги доставува до органи и институции согласно со закон, а кои претставуваат деловна тајна на Xxxxxxx, се сметаат за службена тајна.
Судска надлежност и избор на правото
Член 31
Евентуалните спорови од договорните односи, коишто се темелат врз овие Општи услови за работење, клиентот и Xxxxxxx ќе ги решаваат договорно, а во случај на судски спор договараат надлежност на стварно надлежниот суд во Скопје.
За проценка на сите договорни односи, коишто се темелат на овие Општи услови за работење се користи македонското право.
Неважење на одредбите
Член 32
Неважењето или неизвршливоста на одделна одредба на овие Општи услови за работење и Договорот, не влијае на важноста и извршноста на другите одредби.
Во случај некоја одредба од овие Општи услови за работење да е неважечка или неизвршлива, Xxxxxxx таквата одредба, ќе ја надомести со нова којашто е најблиска до неважечката, односно одредбата што не може да се исполни.
Отстапување на Договорот и правата
Член 33
Доколку меѓу клиентот и Xxxxxxx не е поинаку договорено, клиентот не смее без претходна писмена согласност на Xxxxxxx во целост или делумно на трето лице да му го отстапи Договорот или своите права според овој или во врска со овој Договор.
Членство во саморегулирачка организација
Член 34
Банката е член на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје и на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.
VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 35
За се што не е утврдено во овие Општи услови за работење се применува постоечката важечка регулатива од областа на хартиите од вредност.
Шпаркасе банка Македонија АД Скопје