Contract
Услови на работа (УР)
за краткорочен експерт за локална политика
1. Воведни информации
Deutsche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit - ГИЗ и НАЛЕД (NALED) потпишаа Договор за имплементација на проектот „Воспоставување платформа за поволно деловно опкружување (ПДО) во ЗБ6“ (во натамошниот текст: Проект) во ноември 2021 година.
Шесте економии од Западен Балкан, имено Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, продолжуваат да ја изразуваат својата посветеност кон процесот на интеграција во ЕУ и се обидуваат да преземат реформи на различни полиња кои би го олесниле нивното усогласување со ЕУ и меѓународните стандарди. Стратегијата за проширување на ЕУ за „Кредибилна перспектива за проширување и зајакнат ангажман на ЕУ со Западен Балкан“ признава дека сите економии од Западен Балкан се соочуваат со предизвици во однос на економскиот раст и конкурентноста.
Сепак, иако постои јасен интерес за хармонизација на политиките и регионално партнерство за поттикнување на економскиот развој, функционалните механизми за повеќезасегнати и повеќесекторски дијалог за усогласување на политиките и размена на најдобра практика за поттикнување економски раст на национално и локално ниво не се сè уште воспоставени (суштински проблем).
Од друга страна, механизмот воспоставен од 2012 година од Мрежата за поволна деловна сертификација во Југоисточна Европа (BFC SEE) постигна извонредни резултати во однос на подобрување на деловното опкружување во економиите-учеснички од Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Од своето основање, мрежата BFC SEE ги подобри услугите што им се нудат на бизнисите во над 60 општини од Западен Балкан (со исклучок на Хрватска).
Со капитализирање на резултатите од постојната BFC SEE мрежа, постои потенцијал да се искористи моментумот на постоечката потреба за енергичен економски развој и подобрено поволно деловно опкружување и да се обезбеди поддршка на неразвиените капацитети на регионот за дизајнирање и спроведување на бараните реформи и на национално и на локално ниво.
Така, под-проектот предлага да се искористат овие потенцијали, односно побарувачката за поблиска соработка и рамката создадена во шесте економии на Западен Балкан, како и добрата практика воспоставена во мрежата BFC SEE. Така, целта на проектот е воспоставување на ефикасен механизам за регионална соработка и размена на знаења за спроведување на реформските процеси за економски раст и на национално и на локално ниво.
Проектот има за цел да постигне воспоставување на механизми за размена на практики за економски развој во регионот и партнерска култура помеѓу засегнатите страни за економски развој кои го претставуваат јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор. Со овој очекуван резултат, под-проектот придонесува кон постигнувањето исклучиво на Целта 17: Ревитализација на глобалното партнерство за одржлив развој бидејќи успешна агенда за одржлив развој бара партнерства меѓу владите, приватниот сектор и граѓанското општество. Покрај тоа, со поддршка на локалниот економски развој на општините во Западен Балкан, проектот придонесува и за постигнување на Целта 8: Промовирање на инклузивен и одржлив раст, вработување и
пристојна работа за сите, како и Целта 11: Градовите да се направат инклузивни, безбедни, отпорни и одржлив.
Најзначајно, проектот ја промовира регионалната соработка меѓу засегнатите страни за економски развој и носи забележителен придонес во спроведувањето на агендата за економски развој на ЕУ.
НАЛЕД делува како Регионален технички секретаријат. Партнери/технички секретаријати за спроведување на проектот се: Здружението на единиците на локална самоуправа во Северна Македонија (ЗЕЛС), Стопанска комора во Црна Гора, Стопанска комора во Република Српска, Истражувачки институт РИИНВЕСТ Косово*, Здружение за локална автономија во Албанија и Агенцијата за регионален развој РЕДАХ од Федерација Босна и Херцеговина.
Цел на проектот
Воспоставен е ефикасен механизам за регионална соработка и размена на знаења за спроведување на реформските процеси за економски раст и на централно и на локално ниво.
Намена на проектот
Условите за општински развој и локален економски развој во шесте економии од Западен Балкан се подобрени во согласност со барањата за пристапување во ЕУ.
Преглед на улогите на (регионалните) технички секретаријати
NALED, како Регионален технички секретаријат на BFE Програмата, ќе го ангажира водечкиот експерт за политики за поволно деловно опкружување и водечки правен експерт за поволно деловно опкружување. Овие експерти ќе ги поддржат техничките секретаријати и нивните локални експерти за политики во идентификацијата на реформите, подготовката на проспектите и нацртите за избраните реформи и напорите за застапување во нивните економии.
Секој технички секретаријат ќе ангажира локален експерт за политики за да го поддржи идентификувањето на реформите, да подготви проспект и нацрти на реформите и да работи со техничкиот секретаријат на процесот на застапување.
Изборот на реформите што ќе се внесат во економиите ќе го врши Регионалниот совет (Управувачки орган за партнерство CORE кој ги сочинува претставниците од шесте економии на Западен Балкан - WB6).
Очекуван резултат од задачата
Идентификувани успешни реформи за подобрено деловно опкружување, изготвен проспект и нацрти на идентификуваните реформи и иницирани процеси на застапување со релевантните органи во шесте економии на Западен Балкан.
2. Обем на задачата на експертот
Експертот ќе има задача да му помогне на техничкиот секретаријат во спроведувањето на сеопфатна анализа на реформите во државата, кои се извршени за да придонесат за овозможување на деловно опкружување. Експертот тесно ќе соработува со водечкиот експерт за политики и водечкиот правен експерт ангажирани од НАЛЕД.
Експертот ќе ги разгледа реформите кои беа назначени како значајни од страна на јавните тела, бизнисите и граѓанското општество, кои пак имаа влијание во олеснувањето на водењето
бизнис или влијаеја на позицијата на нивната економија во меѓународно признатите индекси на конкурентност. Реформите може да се разликуваат по обем, па Експертот ќе ги разгледа само реформите што биле спроведени на највисоко ниво на управување во нивната економија, со исклучок на реформите извршени на локално ниво на управување.
Работата ќе се состои од спроведување на основна проценка на реформите, со што ќе се идентификуваат оние кои имале најзначајно влијание и/или видливост. По идентификувањето на реформите, Експертот ќе има задача да ги анализира реформите користејќи сеопфатна методологија (види повеќе во Методологија) за да избере 3-5 најрелевантни во договор со техничкиот секретаријат и НАЛЕД и да подготви проспект за нив. Откако ќе се изберат реформите од страна на Регионалниот совет, експертот ќе подготви нацрти на 1-3 реформи за кои е докажано дека имаат значајно влијание и се сметаат за примери на најдобра практика, така што најверојатно истите ќе може да се реплицираат во другите шест економии на Западен Балкан. На крај, експертот ќе обезбеди експертска поддршка на техничкиот секретаријат и на водечкиот експерт за политики во консултации со релевантните засегнати страни за целите на застапување на реформи.
2.1. Очекувани испораки на услугите
Експертот ќе ги обезбеди следните испораки на услугите во текот на неговиот ангажман:
⏵ Извештај за спроведено канцелариско истражување, собирање и анализа на податоци, листа од 10-20 реформи и реформски брошури (проспект) за избрани 3-5 реформи кои треба да се реплицираат во други економии;
⏵ Реформски нацрти за 1-3 реформи на најдобри практики за реформите да се „увезат“ од други економии;
⏵ Извештај за спроведен процес на застапување.
2.2. Конкретни задачи
Експертот е предвидено да ги извршува следните задачи:
Задача 1: Почетна фаза и подготовка на списокот и проспектите
⏵ Да учествува на почетниот состанок со претставниците на сите технички секретаријати и експерти за политики;
⏵ Да ги идентификува и анализира реформите на најдобрите практики во соработка со техничкиот секретаријат и водечкиот експерт за политики;
⏵ Да прави детална анализа на документи. Во оваа задача, експертот се очекува да анализира:
o Извештаи за земјата и извештаи за меѓународниот индекс на конкурентност,
o Ex-post и ex-ante изјави за проценка на влијанието на регулативата, подготвени за средствата за спроведување на одредена реформа (усвојување на нови или изменети регулативи),
o Студии и други аналитички документи кои ги истакнуваат процедуралните чекори, законските барања и другите карактеристики на анализираните
реформи,
o Документи и регулативи за јавна политика кои се однесуваат на анализирани реформи,
o Други релевантни документи.
⏵ Да спроведува консултантски процес со релевантните засегнати страни, користејќи соодветен метод на консултации (интервјуа, форуми, панели, прашалници итн.);
⏵ Да изготвува листа од 10-20 предложени реформи што ќе се реплицираат во други економии;
⏵ Од списокот да избере 3-5 реформи во договор со техничкиот секретаријат и НАЛЕД.
⏵ Да изготви проспекти со 3-5 предложени реформи во согласност со Прирачникот (Прирачникот ќе го подготви и обезбеди водечкиот експерт за политики).
Вкупен број на денови: 8
Задача 2: Подготовка на нацрти за реформи
⏵ Да изготви нацрт од 1-3 реформи кои ќе бидат внесени во соодветната економија во согласност со Прирачникот;
⏵ Активно да учествува на тркалезната маса со релевантните засегнати страни организирана од страна на техничкиот секретаријат.
Вкупен број на денови: 7
Задача 3: Процес на застапување
⏵ Да учествува на конференции и други настани за застапување, да подготвува презентации и други материјали за презентирање на наодите за реформите на најдобра практика што треба да се „увезат“ од други економии, вклучително и писмото (дописот) до министерството(ата) за започнување на дијалогот за застапување за спроведување на реформи;
⏵ Да изготви извештај за резултатите од консултациите. Вкупен број на денови: 5
За извршувањето на задачите, експертот ќе искористи вкупно до 20 работни дена.
3. Очекувана временска рамка
Експертот се очекува да ги изврши задачите во следната временска рамка:
Извршување на задачи | Дата |
Извршување на задача 1: Извештај за спроведено канцелариско истражување, собирање и анализа на податоци, листа на идентификувани 10-20 реформи и брошури за реформи (проспект) за 3-5 идентификувани реформи. | 15 август, 2023 год. |
Извршување на задача 2: Нацрт на 1-3 реформи | 30 септември 2023 год. |
Извршување на задача 3: Извештај за спроведениот процес на застапување | 30 декември 2023 год. |
4. Методологија
При извршувањето на своите задачи, Експертот ќе биде обврзан да ги применува методолошките насоки дадени од водечкиот експерт за политики, кои се состојат од методолошки чекори за постапките што треба да се преземат при идентификување на реформите на најдобрите практики и стандарди што ќе се користат во текот на оценувањето на
реформите. Конечно, методолошките упатства обезбедуваат форми во кои наодите треба да се презентираат. Во комуникацијата со водечкиот експерт за политики, методологијата може да се усогласи според специфичните карактеристики на економијата и анализираните реформи.
Задача 1:
Во текот на идентификувањето на реформите на најдобрите практики, експертот ќе:
⏵ Достави план за спроведување на оценувањето чекор-по-чекор,
⏵ Спроведе детално канцелариско истражување, кое се состои од анализа на документи и резултира со податоци за реформите што треба да се анализираат во подоцнежните фази од проценката;
⏵ Спроведе процес на консултации со релевантните засегнати страни со цел да се соберат докази за карактеристиките на реформите;
Во текот на анализата на реформите за најдобра практика, експертот ќе:
⏵ Направи мулти-критериумска анализа, споредувајќи ги различните реформи и рангирајќи го нивното значење, притоа користејќи критериуми за оценување. Критериуми за оценување што треба да се користат се:
o Опсег на реформите,
o Влијание,
o Интензитет на ресурсите,
o Ефикасност на времето,
o Зголемување на конкурентноста,
o Придонес во процесот на пристапување во ЕУ (каде што е применливо).
⏵ Изработи 10-20 брошури за реформи, во согласност со методолошките насоки обезбедени од водечки експерт за политики.
Задача 2:
Во фазата на известување од проценката, експертот ќе:
⏵ Учествува на координативни настани во рамките на мрежата ЗБ6 и настани за застапување,
⏵ Изготвува презентации и други информативни материјали за наодите,
⏵ Ги презентира наодите во форма на финален извештај (презентација на мулти- критериумските наоди),
⏵ Изготви 1-3 реформски нацрти во согласност со методологијата пропишана од Главниот правен експерт за поволно деловно опкружување,
⏵ Изготви писмо (нагласувајќи ги карактеристиките на избраните реформи) со ангажирање на застапувањето со Министерството/другото јавно тело кое е водечко тело за спроведување на избраните реформи,
⏵ Учествува во процесот на застапување на реформите.
Задача 3: Извештај за спроведениот процес на застапување Конечниот извештај ќе треба да се претстави во следниот формат:
• Извршно резиме, сумирајќи ги главните наоди,
• Наоди кои произлегуваат од процесот на застапување,
o Како се вршеше застапувањето,
o Кој бил застапуван и со кои методи,
o Xxx се главните резултати и кои се идните чекори.
• Заклучоци и научени лекции.
Употребата на визуелизација и инфо графикони строго се препорачува во фазата на известување и треба да бидат вклучени во финалниот извештај.
Сите извештаи ќе бидат подготвени на англиски јазик.
5. Времетраење на ангажманот
Експертот ќе биде ангажиран до крајот на 2023 година.
6. Искуство и квалификации
Искуството и квалификациите кои ги бара работното место се како што следува:
⏵ Универзитетска диплома по економија, право, политички науки, јавна администрација или соодветна област; најмалку 10 годишното релевантно професионално искуство може да го компензира недостатокот на соодветна диплома;
⏵ Диплома за повисок степен на универзитетско образование (магистер) ќе се смета за предност;
⏵ Најмалку 7 години општо искуство;
⏵ Најмалку 5 години работно искуство на анализа и реформи на јавните политики,
спроведување на анализа на политиките и спроведување на реформи; во економските реформи и политиките поврзани со деловното опкружување би се сметало како предност;
⏵ Докажано искуство во креирање и спроведување на реформи;
⏵ Потребно е искуство во сфера на соработка со владини претставници;
⏵ Искуство со квантитативни и квалитативни истражувачки методи, алатки и техники,
⏵ Аналитички вештини;
⏵ Потребно е познавање на писмен и говорен англиски и локален јазик.
7. Плаќања
Експертот ќе биде платен по завршување на секоја задача, одобрување на испораките на услугите од страна на техничкиот секретаријат и презентирана и одобрена временски рамка.
Во случај на патување, трошоците за сместување ќе бидат покриени од страна на техничкиот секретаријат. Патните трошоци ќе бидат покриени со 0,2 евра по км.
8. Поднесување на понуда и лица за контакт
Понудувачот треба да ги достави своето CV и формуларот за аплицирање со јасно назначен бруто дневен надомест, најдоцна до 03 јули, 2023 година, на е-пошта: _xxxxxxx@xxxx.xxx.xx_.
Доколку понудувачот е правно лице, тој е должен да достави доказ за регистрација од органот за деловни регистри.
За дополнителни информации, ве молиме контактирајте со Xxxxx Xxxxxxxxxx, е-адреса: xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx, 071 351 731 , 02/3099033 локал 131.