Contract
Известуваме дека ГД Гранит АД Скопје потпиша два Договора
1 Договор за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали во Република Македонија Инвеститор Министерството за образование и наука на Република Македонија
Рок на изведување 36 месеци
Вредноста на Договорот со пресметан ДДВ изнесува 4.229.386.481,00 денари
Постапката по јавната набавка е завршена на ден 18.03.2009 и истиот ден е извршено потпишување на Договорот. На ден 19.03.2009 Договорот е заверен во архивата на ГД ГРАНИТ АД Скопје.
2 Договор за изградба на административен објект на државни институции за Државен архив на Република Македонија, Уставен суд на Република Македонија и Археолошки музеј во Скопје
Инвеститор Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија Рок на изведување 28 месеци
Вредноста на Договорот со пресметан ДДВ изнесува 1.526.039.299,00 денари