Постапувајќи согласно со одредбите на склучениот Договор помеѓу Европска Комисија, Брисел и Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), со број на договор 2015/370-380,финансиран преку повикот EuropeAid/ 150147/DH/ACT/Multi
Постапувајќи согласно со одредбите на склучениот Договор помеѓу Европска Комисија, Брисел и Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), со број на договор 2015/370-380,финансиран преку повикот EuropeAid/ 150147/DH/ACT/Multi
Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) објавува
ПОВИК за прибирање на понуди за изработка на промотивно видео СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ 2015/370-380
Буџетска линија 5.8
Почитувани,
Македонско здружение за заштита при работа во рамките на проектот „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог државните институции"” Ве поканува да учествувате во постапка за изработка на промотивно видео.
Целосната документација е приложена кон ова писмо и содржи:
A. Упатства за понудувачи и барања
B. Aнекси:
❑ Барање за понуда (Анекс 1)
❑ Опис на работна задача
❑ Образец на понуда (Техничка и Финансиска понуда)
Со почит,
МЗЗПР- Проект „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог државните институции"
Скопје,
Проект менаџер Xxxxx XXXXXXXXX
УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Услуги што треба да се обезбедат
Услугите што ги бара Нарачателот се опишани во Описот на проектот (ToR).
2. Содржина на понудите
Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и Нарачателот мора да бидат напишани на локалниот јазик.
Постапката мора да се состои од Техничка и Финансиска понуда.
2.1 Техничка понуда
Техничката понуда (Организација и методологија), ја поднесува понудувачот според приложените урнеци. Понудувачот исто така мора да достави Тековна состојба и Доказ за регистрирана дејност од Централен регистрар на РМ (ДРД Образец).
2.2 Финансиска понуда
Финансиската понуда мора да биде презентирана во МКД, без ДДВ/персонален данок , следејќи го приложениот формат со печат и потпис од овлатено лице.
3. Поднесување на понуди
Понудите мораат да се поднесат најдоцна до 01.12.2018 година до 16 часот на следната адреса: МЗЗПР - проект “Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог државните институции" адреса: Востаничка 2/8 1000 Скопје или на: kontakt.@xxxxx.xxx.xx
Понудите мора да ги содржат сите потребни документи.
4. Потпишување на договорот
Понудувачите писмено ќе биде информирани за прифаќање/одбивање на нивната понуда. Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за извршување на услугите.
Сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од евалуацијата на понудите.
5. Начин на плаќање
По реализација на предвидената работа, од страна на компанијата треба да биде доставена фактура без ДДВ до нарачателот на услугите. Согласно со финансиките правила предвидени во Договорот за реализација на проектот помеѓу Европска комисија и МЗЗПР, плаќањата не подлежат на ДДВ.
Доставената фактура од правниот субјект ќе биде исплатена од страна на МЗЗПР без ДДВ во рок од 45 дена , по целосна реализација на обемот на работа наведена во Повикот.
6. Евалуација
Квалитетот на секоја техничка понуда поднесена во дадениот рок ќе се оценува во согласност со следните административни и технички барања:
Квалитетот на секоја техничка понуда поднесена во дадениот рок ќе се оценува во согласност со следните административни и технички барања:
❑ Цена - 60 бода - по принципот на најниска цена
❑ Квалитет - 40 бода
Квалитетот на компанијата ќе биде оценет по следниот принцип:
Критериуми | Доказ |
Претходно искуство во изработка на промотивни видеа | Портфолио со претходно изработени работи од ист или сличен вид |
Капацитет на компанијата за реализација на работната задача | Xxxx на вработени, години на работно искуство, доказ за претходно искуство. |
ОПИС НА ПРОЕКТОТ
СПРОВЕДУВАЧ
Македонско здружение за заштита при работа - МЗЗПР
ДОНАТОР
Европска Комисија, Брисел и Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), со број на договор
2015/370-380,финансиран преку повикот EuropeAid/ 150147/DH/ACT/Multi.
Организациска позадина
Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) е најрепрезентативната граѓанска организациjа во областа на безбедноста и здравјето при работа во Македонија. МЗЗПР е колаборативен центар на Меѓународната организација на трудот и Focаl point организација за Македонија на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU OSHA). На национално ниво, организацијата е вклучена во сите дебати поврзани со законодавството за БЗР и е дел од Националниот совет за безбедност и здравје при работа. Од септември 2015 година, со Одлука на Министерството за труд и социјална политика е овластена организација за спроведување обуки за усовршување на стручните кадри од областа на безбедноста и здравјето при работа во Република Македонија.
Вовед и историјат
Проект „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со државните институции“ финансиран од Европската Унија преку шемата за грантови EuropeAid / 150147/ DH / ACT / PRAREG се спроведува во во пет ИПА земји преку партнерите на проектот: Македонското здружение за заштита при работа, Српско здружение за безбедност и здравје при работа, Косовско здружение за заштита при работа, Албански центар за безбедност и здравје при работа и Здружение за безбедност при работа на Црна Гора.
Општа цел е овозможување на поволна средина за дијалог меѓу регионалните граѓански организации и јавните институции за подобрување на условите за работа.
Целна група(и): граѓански организации од 5 земји-кориснички на ИПА, јавни институции, медиумски организации и медиуми.
Крајни корисници: работници, работодавачи, вработени, граѓански организации од 5 земји-кориснички на ИПА, јавни институции, медиуми.
Специфична цел е градење на повеќе динамично граѓанско општество преку вмрежување, креирање на долгорочно стратешко организациско планирање и потикнување на нивото на вклученост на Граѓанските организации во процесот на донесување одлуки за обезбедување на безбедни и здрави услови за работа.
Проектот се состои од три меѓусебно поврзани компоненти:
1. Зајакнување на капацитетите на Граѓанските организации за стандарди за безбедност и здравје при работа, услови за работа, застапување, вмрежување и соработка со јавните институции.
2. Зголемување на капацитетите на Граѓанските организации да елаборираат долгорочен стратешки организационене план за безбедност и здравје при работа, застапување на ГО и да користат добри пракси од ЕУ земјите за да се подржат нивните активности на регионално и национално ниво.
3. Ефикасна и опширна комуникација за резултатите кон јавноста и медиумите во врска со регионалната соработка на Граѓанските организации, вмрежувањето, безбедноста и здравјето при работа и работните услови.
1. ЦЕЛ И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
1.1 Општа цел
Општата цел е поддршка на Македонското здружение за заштита при работа во изработка на видео за промоција на регионалната соработка на граѓанските организации, за безбедни и здрави работни
услови.
Цел
Цел на овој договор е:
Изработка на регионално видео со промотивна содржина, на македонски, српски и албански јазик.
Целна група
Работници, работодавачи, граѓански организации, државни институции и целокупната општа јавност.
1.2 Резултати кои треба да се постигнат
Како резултат на спроведувањето на активноста ќе се постигнат следниве резултати:
- Подготовка на промотивно видео;
- Зголемување на соработката помеѓу релевентните граѓански организации и институциите за подобрување на работните услови и безбедноста и здравјето при работа во ИПА регионот;
- Промоција на видеото и негово емитување на регионално ниво, за подобрување на видливоста, вмрежувањето и промоција на граѓанските организации во регионот.
2. ОБЕМ НА РАБОТА
2.1 Опис на задачата
Договорот ќе го поддржи МЗЗПР во севкупниот процес на имплементирање на проектот
„Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со државните институции“ преку изработка на промотивно видео на македонски, српск, албански и англиски јазик како дел од проектната активност 3.1.
Емитувањето на промотивното видео има за цел да пренесе клучни пораки на регионално ниво, за подобрување на видливоста, вмрежувањето и промоција на граѓанските организации во регионот, како и зголемување на соработката помеѓу релевентните граѓански организации и јавните институциите за подобрување на работните услови и безбедноста и здравјето при работа во ИПА регионот.
Воедно видеото е поддршка на акциските грантови, како дел од проектот, кои имаат за цел да ја зајакнат соработката помеѓу граѓанските и медиумските организации, промоција на регионалната соработка и подобрување на медиумското влијание преку истражувачко новинарство во делот на безбедност и здравје при работа.
Предмет на активноста е изработка на промотивно видео со максимум времетраење од 1 (една) минута.
Обемот на работа вклучува:
• Изработка на предлог сценарио кое ќе биде во согласност со барањата на проектната активност
• Да назначи лице кое ќе биде одговорно за комуникација со договорувачот на работната задача и кое ќе биде одговорно за реализацијата на работната задача
• Да обезбеди техничка опрема со која ќе се врши проектната активност
• Изработка на видео анимација и видео записи
• Пост-продукција/монтажа
• Адаптација на материјалот на албански јазик/англиски јазик
Изведувачот мора да ги почитува најновите Упатства за видливост на Програмата (ако е применливо) и Прирачникот за комуникација и видливост.
3. Логистика
3.1 Локација
Локацијата на активност ќе биде во Република Македонија.
3.2 Датум на започнување
Првичниот датум на започнување е 03.12.2018 година, со краен рок за достава на финалниот производ најдоцна до 11.01.2019 година.
Потребни квалификации на изведувачот:
- Правниот субјект да е регистриран во земјата на договорувачот на работната задача
- Искуство и познавање од областа на видео-маркетинг, развој на сценарија и видео-стории
- Поседува оперативни пост-продукциски капацитети
4. Период на реализација
Изведувачот е потребно да го достави финалниот производ во вид на електронски запис на CD-ROM или/и USB мемориски диск во формат кој овозможува висок визулелен квалитет и адаптибилност со други формати прилагодени за дисеминација на видео материјали на интернет портали и социјални медиуми најдоцна до 11.01.2019 година.