Contract
Врз основа на Законот за домување (Службен весник на Р.Македонија бр.99/2009 и 57/2010), на ден __________________ 201_ година во _______________, а важи од ____________ 201_ година се склучува следниот:
ДОГОВОР ЗА ВРШЕЊЕ УПРАВУВАЧКИ УСЛУГИ
Помеѓу:
Друштвото за производство, трговија, услуги и управување „Ваш Еко дом-Управител“ ДОО од Скопје, бул. „Партизански одреди“ бр.37/к-2 мезанин, Скопје со лиценца за Управител бр.03-16/1 (во натамошниот текст: Управител), застапувано од Xxxx Xxxx со ЕМБГ 2711963450002
Сопствениците на посебни делови од зградата бр.___ на ул.________________________________, застапувани од овластениот претставник на сопствениците _________________________________
со ЕМБГ________________________, именуван со Одлука бр._______,
од _________________ 201_ година донесена на Собирот на сопственици,
(во натамошниот текст: Сопствениците )
Член 1
Договорот за вршење управувачки услуги е склучен и се применува на начин и под услови утврдени во Законот за домување.
Член 2
Предмет на овој Договор е доверување на вршењето на работите на управување за зградата ___________________________________________
(во натамошниот текст: Зградата) на Управителот врз основа на Договорот за заемни односи склучен на ден___________ 201_ година и Одлука бр._____ од _________201_ година (Одлуката и Договорот за заемни односи се прилог бр.1 и бр.2 кон овој Договор).
Член 3
Со овој договор се утврдуваат правата и обврските на Управителот и Сопствениците на посебни делови на станбената зграда на ул._______________________________.
Член 4
ОВЛАСТУВАЊА НА УПРАВИТЕЛОТ
Управителот на Зградата ги застапува сопствениците во работите што се однесуваат на управувањето со Зградата и води сметка за остварување на правата и обврските кои произлегуваат од Договорот за вршење на управувачки услуги. Управителот е овластен:
- да ги извршува одлуките на сопствениците;
- да се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови на Зградата;
- да ги застапува Сопствениците на посебните делови во работите на управување и во името на одделни Сопственици ќе поднесува тужба за ослободување од обврската за плаќање на трошоците, односно тужба за задолжување за плаќање на трошоците и издатоците на сопственикот на посебен дел;
- да ги застапува Сопствениците на посебните делови пред управните органи во работите на издавање дозволи и согласности и во постапките за упис на недвижнините и другите управни постапки, во врска со станбената Зграда и земјиштето, како и за други работи поврзани со управувањето;
- да склучува договори со трети лица во име и за сметка на Сопствениците;
- да подготвува план за одржување на Зградата, план со динамика за спроведување на овој план и се грижи за спроведување на планот;
- да одготвува пресметка на трошоците на управување на Зградата и ги распоредува трошоците меѓу Сопствениците;
- да ги прима уплатите на Сопствениците врз основа на месечна пресметка и ги плаќа обврските од договорите склучени со трети лица;
- да формира фонд за редовно одржување и резервен фонд и управува со нив;
- да ги информира Сопствениците за својата работа и им доставува годишен извештај за управување со Зградата;
- во согласност со одредбите од Законот за домување да стопанисува со резервниот фонд;
- во споровите против обезбедувачот и изведувачот на работи поради делумно и нецелосно исполнување на обврските на обезбедувачи или изведувачи на работите на управување на Зградата, односно поради штетата причинета на заедничките делови на Зградата, Управителот може во свое име или во име на Сопствениците да поднесе тужба против изведувачот, обезбедувачот или трето лице причинител на штетата;
- по потреба да свикува собир на сопственици и раководи со него;
- да врши набројување и нумерирање на становите и да го пријавува уписот на податоците во органот што ги води јавните книги на недвижностите;
- да води сметка за стандардите и нормативите за пристапност на лица со хендикеп во Зградата;
- да извршува повремени прегледи на недвижноста и за тоа составува записник; x
- да врши и други работи кои произлегуваат од променливите прописи.
Член 5
Управителот е должен да се грижи за редовно одржување на хигиената во Зградата.
За таа цел Управителот е должен да ангажира хигиеничарски работници, 2 (два) пати неделно за одржување на хигиената на заедничките простории.
Член 6
Управителот средствата од резервниот фонд ги користи за редовно одржување на хигиената во Зградата,како и ќе ги подмирува трошоците за одржување и потребни подобрувања на објектот во согласност со планот за одржување, како и нужните работи на одржувањето, т.е. работи кои не се предвидени во планот на одржување, но се работи кои не трпат одлагање, бидејќи тоа би значело влошување на условите за престој во станбената зграда.
Член 7
Има должност редовно да се грижи за вршење на поправки од помал обем како што се: замена на сијалици, приклучоци, мали молерски зафати и слично, а трошоците за таа поправка ги сносат Сопствениците на посебните делови на Зградата.
Упрвителот се обврзува работите кои се предмет на овој Договор да ги извршува со внимание на добар домаќин.
На барање и со согласност на Сопствениците, Управителот може да врши и работи кои не спаѓаат во редовното одржување на зградата и тоа ќе биде регулирано со посебен договор.
Член 8
Управителот е овластен извршувањето на работите во врска со одржувањето, функционирањето и други работи кои се дел од управувачките работи, да го довери и на трети лица по свој избор по пат на договор, а воедно е овластен горенаведените работи да ги извршува и самиот.
ОБВРСКИ НА СОПСТВЕНИКОТ
Член 9
Сопственикот кој ќе го отуѓи својот стан или ќе му ја промени намената, должен е да го извести Управителот.
Сопственикот кој го отуѓил својот дел од недвижноста нема повеќе право да бара да му се вратат уплатените средства од редовниот и резервниот фонд .
Член 10
Сопственикот е должен за својот посебен дел од Зградата како и за уредите и сите други делови во негова и заедничка сопственост, да се грижи и да ги користи така што нема да им наштети на другите Сопственици, а во спротивно одговара на другите за настанатата штета.
Секој Сопственик е должен да го пријави кај Управителот секој настанат ефект или оштетување на заедничките делови или уреди на зградата веднаш и да дозволи извршување работи во својот посебен дел од зградата заради отстранување на дефекти кои предизвикуваат штета на заедничките делови или на посебните делови на останатите Сопственици.
Поголем степен на оштетување на посебен дел на Сопственик кој настанал поради ненавремено пријавување нема да се исплати од заедничките резерви, штетата во овој случај ќе ја надомести самиот Сопственик.
Член 11
Договорните страни се согласни за работите на редовно одржување, за итни работи и за надоместоците кон Управителот да плаќаат месечен износ во висина од :
- _________ евра во денарска противвредност пресметана според средниот курс на НБРМ сметано од денот на уплатата месечно по станбена едница кон Управителот или _____________ денари.
- _______________________ месечно по станбена единица за редовно одржување и резервен фонд .
Средствата за редовно одржување и резервен фонд ги формира Управителот и тој располага со нив во согласност со Законот за домување и одлуките на Собирот на Сопственици.
Сопствениците се должни да го платат утврдениот износ најдоцна до 20-ти во месецот за тековниот месец, а во случај на доцнење должни се да платат законска затезна камата.
Ако Сопственикот не го уплатува својот дел и кон Управителот и кон Зградата, Управителот писмено го повикува да го стори тоа, а трошокот кој Управителот ќе го има, сопственикот е должен да го рефундира.
Доколку Сопственикот не го плати својот дел во согласност со овој Договор, Управителот е овластен во име на Сопствениците, да поведе постапка против Сопственикот кој не го платил долгот за наплата пред надлежниот суд и истовремено ќе го извести овластениот инспектор за домување. Управителот е овластен да ангажира трето лице – адвокат за водење на постапка за наплата на долговите.
Трошоците за постапката паѓаат на товар на фондот на Зградата и тие се рефундираат од наплатениот износ.
Доколку уплатените средства не се доволни за покривање на неопходните трошоци, потребните средства се обезбедуваат со дополнителни плаќања на Сопствениците.
Ако се утврди дека достасаните обврски се поголеми од расположливите средства, недостатокот ќе се обезбеди така што ќе се подели износот еднакво на сите Сопственици.
Евентуален вишок на средства се префрлаат за следната година.
Член 12
Сопствениците на посебни делови се изрично согласни за трошоците за управувањето и други трошоци да се делат на еднакви делови на сите Сопственици, а евентуалните разлики во плаќањето да бидат за уплатите во резервниот фонд.
Сопствениците на посебни делови се должни за редовно и навремено плаќање на сите трошоци за управувањето и други трошоци кои потекнуваат од Зградата.
Член13
Договорните страни се согласни Управителот да може да ангажира правни застапници во нивно име за целите на застапување пред суд или други органи, во согласност со важечките тарифи за таквиот вид услуги.
Член 14
Договорните страни се обрзуваат да ги почитуваат и исполнуваат обврските од овој договор заради правилно функционирање, општо задоволство и одржување на добри деловни односи на договорните страни.
Член 15
Доколку одредени работи помеѓу договорните страни не се регулирани со овој договор, се применуваат важечките законски пропоси на Република Македонија.
Член 16
Овој Договор и сите негови прилози и документи на кои се упатува во овој Договор, го сочинуваат целокупното разбирање на договорните страни во однос на предметот на овој Договор и заменуваат какво било претходно изразување на намера или разбирање во однос на работите кои се предмет на овој Договор.
Член 17
Сите евентуални спорови во врска со овој договор коишто договорните страни не можат да ги решат помеѓу себе ќе се решаваат пред надлежниот суд.
Член 18
Договорот стапува на сила во моментот на неговото потпишување со времетраење и важност од 1 (една) година. Доколку Сопствениците писмено не го известат Управителот, најдоцна три месеци пред истекот на неговото важење , овој Договор се смета за продолжен за период од уште една година, најмногу до две години.
Договорот може да биде раскинат и пред истекот на рокот утврден во став 1 поради неисполнување на меѓусебните обврски на која било од договорните страни .
Член 19
Овој Договор е составен од 2 (два) еднообразни примероци, по два за секоја договорна страна .
За ВАШ ЕКО- ДОМ , За Сопствениците ,
_______________ __________________