Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТЕЊЕ СО СМЕТКИ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА – НЕРЕЗИДЕНТИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
Со Општите услови за отворање и работење со сметки на физички лица - нерезиденти на Комерцијална банка АД Скопје, се уредуваат основните и општите правила за отворање, водење, работење и затворање на сметките на физички лица - нерезиденти.
1. ПОИМИ
Сопственик на сметка е физичко лице – нерезидент кое поседува девизна трансакциска сметка врз основа на склучен договор за девизна трансакциска сметка.
Корисник на сметка е физичко лице, кое располага со средствата од девизната трансакциска сметка. Корисник на сметка може да биде:
• сопственикот на сметката,
• законски застапник или старател x
• овластено лице.
2. ПРИМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
Општите услови се применуваат на односот помеѓу Xxxxxxx и Корисникот на сметката, кои се засноваат со потпишување на Договорот и останатата документација. Одделните работи во платниот промет во земјата и со странство, Xxxxxxx ги извршува во согласност со Општите услови, Договорот, законската и подзаконската регулатива и актите на Банката. Општите услови се составен дел од Договорот за сметка на физичко лице нерезидент. Пред склучување на Договорот, на Сопственикот на сметката Xxxxxxx му предава примерок од Општите услови за отворање,водење,работење и затворање на сметките на физички лица-нерезиденти.
3. ОТВОРАЊЕ НА СМЕТКАТА
Барање за отворање сметка може да поднесе физичко лице нерезидент, кое поседува странски пасош, лична карта од држава членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор, како и државјани на земји со кои Република С. Македонија има склучен договор за прекугранично патување.
За Сопственик на сметката – потребна е важечка патна исправа или важечка лична карта ако лицето доаѓа од држава членка на ЕУ или земја потписничка на Шенгенскиот договор или од држава со која РСМ има склучено билатерална спогодба за прекугранично патување на државјани на двете земји, од кои се утврдува постојаното место на живеење во странство. Доколу во патната исправа или во личната карта не е наведено постојаното место на живеење во странство, Xxxxxxx е должна да го обезбеди овој податок преку изјава потпишана од нерезидентот во која е наведено постојаното место на живеење.
Писмена изјава не се прифаќа за нерезиденти од соседните земји на РСМ и во тој случај адресата се обезбедува преку сигурни и независни извори, на пример, сметки за комуналии (греење, струја, вода, телефон) или документ од матичната банка.
- За законски застапник – важечки документ за идентификација, како и доказ дека лицето е законски застапник
- За лица овластени за отворање/работење со сметката на нерезидентот – важечки документ за идентификација, писмено овластување потпишано од нерезидентот или неговиот застапник, заверено на Нотар со Апостиле печат ако е правено во странство или овластување правено во наше Дипломатско конзуларно претставништво или кај Нотар во Република С. Македонија.
За отворање на сметката, физичкото лице нерезидент треба до Банката да приложи важечки документ за идентификација согласно првиот став од оваа точка.
Барање за отворање сметка може да поднесе и законскиот застапник на нерезидентот. Сопственикот, Законскиот застапник или Старател, може да овласти лице да располага со средствата од сметката.
Овластувањето важи сè до рокот за кој е дадено, до негово писмено отповикување или до починување на Корисникот на сметката.
Банката има право да одбие Xxxxxx за отворање сметка, согласно законската, подзаконската регулатива и интерните акти на Банката.
За располагање со средствата од сметката Xxxxxxx издава девизна потписна картичка. Корисникот се потпишува на картичката, со што се обврзува при нејзиното користење секогаш да го употребува истиот потпис.
4. РАБОТЕЊЕ СО СМЕТКАТА
Нерезидентната девизна сметка работи со сите валути наведени во Курсната листа на Банката македонски денар. Банката може да го ограничи работењето со одредена валута од курсната листа.
Корисникот на сметка може да врши наплати и плаќања од трансакции со резиденти, пренос на средства со нерезиденти, како и уплати и исплати во ефективни странски и домашни пари, согласно законската и подзаконската регулатива.
Корисникот на сметка до Банката поднесува уредно пополнето Барање - Налог за исплата или наплата потпишан од сопственикот или овластеното лице, заедно со комплетна документација, согласно законската и подзаконската регулатива и актите на Банката.
Доколку на сметката нема доволно средства, како и во случај кога налогот или потребната документација која се доставува во прилог со налогот се неисправни или не содржат доволно податоци, Xxxxxxx нема да го изврши налогот, за што го известува Корисникот на сметката.
Банката не одговара за штета настаната како последица на неисправен налог за исплата, при што под неисправен налог се подразбира уреден Налог за исплата во кој е наведен корисник, сметка или име на фирма или лице кое според евиденцијата на налогодавачот - Корисник на сметка не требало да биде корисник на наплатата. Банката не е во можност да ги сторнира ваквите налози. Обврска на налогодавачот - Корисник на сметка е да се договори со корисникот на наплатата за евентуален поврат на средствата на сметката на налогодавачот - Корисник на сметка.
Сопственикот на сметката може да овласти друго лице кое ќе работи со сметката. Овластувањето важи до рокот за кој е дадено, до моментот на негово писмено отповикување од Сопственикот на сметката или до неговото починување.
Корисникот на сметката е должен да ги ажурира документите за идентификација, како и неговите лични, адресни податоци, податоци за контакт, согласно законската и подазконската регулатива и/или во рокови утврдени во интерните акти на Банката.
После датумот на кој истекува рокот на важност на документот за идентификација, Xxxxxxx нема да му дозволи на корисникот да врши одлив преку сметката која ќе биде ограничена сè до ажурирањето на потребната документација.
При трансакции на плаќање или наплата кон/од правно лице, кога износот надминува 10.000 ЕУР во противвредност на друга валута според средниот курс на НБРСМ, Корисникот на сметката, задолжително ѝ доставува на Банката информација за основот и соодветен документ кој недвосмислено го дефинира основот на транскацијата.
При трансакции на плаќање или наплата кон/од физичко лице, кога износот надминува 10.000 ЕУР и во противвредност на друга валута според средниот курс нс НБРСМ, Корисникот на сметката, задолжително треба да ѝ достави на Банката информација по кој основ е приливот на средства. Во зависност од видот на основот, Банката треба да побара соодветен документ кој е соодветен со дадената информација за основот на приливот.
Банката има законско право, по сопствена оцена да побара дополнителна документација и за приливи чии износи се помали од ЕУР 10.000 или во противвредност на друга валута според средниот курс на НБРСМ.
Во случаи кога името на корисникот и сметката не се совпаѓаат, Xxxxxxx има право да испрати т.н. упит за прецизиранње на податоците на Корисникот на приливот, до странската банка или на барање на странската банка да го врати приливот назад.
5. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
Корисникот на сметката е согласен Xxxxxxx да ги обработува неговите лични податоци наведени во барањето за отворање на сметка за целите за кои се прибираат, а во согласност со актите на Xxxxxxx и позитивните законски прописи. Личните податоци и информациите што се однесуваат на водењето на сметката, кои произлегуваат од работењето со сметката претставуваат банкарска тајна и истите може да се достават само на Корисникот на сметка и на овластен орган во согласност со закон, или на трети лица врз основа на согласност од Корисникот на сметката.
Банката применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци и адекватни административни, технички и физички мерки и контроли според воспоставените стандарди за сигурност на информативниот систем, соодветно на ризикот при обработката и природата на податоците кои се обработуваат.
6. ИЗВЕСТУВАЊА
Корисникот на сметка е должен веднаш да ја извести Xxxxxxx за сите промени во врска со промена на личните и другите податоци. Банката не сноси никаква одговорност за штетата настаната заради непочитување на обврската за известување за настанатите промени. Корисникот на сметка е должен да подига извод по секоја промена на состојбата на сметката, а најмалку еднаш месечно, да ја проверува состојбата на сметката и да ги следи известувањата на Xxxxxxx за настанатите промени во работењето. Банката може да му озвоможи интернет пристап до сметката на клиентот.
Xxxxxxx нема да одговара за каква било штета настаната во врска со нередовно подигање на изводите од сметката или нередовно следење на промените и состојбата на истата.
7. ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
Банката го задржува правото да врши промени во обемот и содржината на Општите услови, Договорот, услугите поврзани со работењето на сметката, Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите на Банката и другите акти на Банката, и документи со кои се регулира работењето на сметката. За сите наведени промени Банката го известува Корисникот со објавување информација на изводот на неговата сметка или на веб-страницата на Банката.
За секоја промена во тарифата за девизната трансакциска сметка Xxxxxxx ќе го извести Корисникот во рок од 5 работни дена од настанувањето на промената преку изводот од сметката, на веб-страницата на Банката, преку услугите e-Банка и м-Банка, или на шалтерите на Банката.
Доколку Корисникот на сметка не се согласува со одредени промени во условите на работењето со сметката, може да испрати писмен приговор или да поднесе барање за раскинување на Договорот во рок од 30 дена по завршување на месецот во кој е објавена промената, во спротивно се смета дека Xxxxxxxxxx на сметката се согласува со предложените промени и во потполност ги прифаќа.
8. КАМАТИ, НАДОМЕСТОЦИ И ПРОВИЗИИ
На позитивното салдо на девизната трансакциска сметка, Xxxxxxx пресметува и исплаќа договорна пасивна камата, согласно Одлуката за каматните стапки на Комерцијална банка АД Скопје
За извршените услуги Банката пресметува и наплатува надомест од Корисникот на сметка, согласно Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Банката, важечка во моментот на извршување на услугата. Кај плаќањата со дознака, освен провизиите на Комерцијална банка се наплатуваат и провизиите на странските банки, кои, во зависност од дадените инструкции од страна на клиентот (OUR, BEN или SHA), паѓаат на товар на испраќачот или на корисникот на средствата.
9. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СМЕТКАТА
Банката ќе ги ограничи сметките на нерезидентот во случаите кога: - нерезидентот нема да ја обезбеди потребната документација за ажурирање на податоците согласно точката 3.
Банката не може да му дозволи на нерезидентот да врши одлив преку сметката која е ограничена за располагање, сè до ажурирање на потребната документација.
Ограничената сметка може да се стави на располагање со ажурирање на предвидената потребна документација согласно точката 6 (Известувања).
10. ЗАТВОРАЊЕ НА СМЕТКАТА
Банката ќе ја затвори сметката на корисникот доколку:
- Корисникот на сметка достави писмено барање за затворање на сметката,
- се раскине Договорот по кој било основ,
- дојде до промена на статусот нерезидент во резидент, во кој случај Xxxxxxx е должна да изврши еднократен пренос на средствата од нерезидентната девизна сметка и/или денарска сметка на неговата девизна и/или денарска сметка како резидент,
- се приложи умреница или потврда дека лицето е починато,
- настапат други околности, односно во други случаи определени со важечката регулатива и интерните акти на Банката.
Корисникот на сметка може во секое време писмено да побара од Xxxxxxx да ја затвори сметката и да го раскине Договорот. Корисникот на сметка е должен да ги подмири сите обврски кои произлегуваат од работењето со сметката и од Договорот, настанати до денот на раскинувањето на Договорот, односно до денот на затворањето на сметката. Договорот престанува да важи на денот на затворање на сметката. Банката може еднострано, без отказен рок, да го раскине Договорот и да ја затвори сметката, доколку Xxxxxxxxxx на сметка не ги почитува законските и подзаконските прописи, односно работи и се однесува спротивно на Општите услови, Договорот или актите на Банката со кои е регулирано отворањето и работењето на сметките на нерезидентите и другите интерни акти на Банката.