Contract
|
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Овие услови се применуваат за осигурување на имоти со исклучок на оние видови на осигурување имоти кои изричито ја исклучуваа примената на овие Услови.
Во овие Услови значи:
“ОСИГУРУВАЧ” - Национална групација за осигурување АД “ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА”
Скопје
“ДОГОВАРАЧ НА ОСИГУРУВАЊЕ” - лице кое со
осигурувачот склучува договор за осигурување;
“ОСИГУРЕНИК” - лице на кого имотот му е осигурен и на кого му припаѓаат правата од осигурувањето;
“ПРЕМИЈА” - износ кој се здружува односно плаќа за осигурување по договор за осигурување;
“СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ” - износ на кој имотот, односно имотниот интерес е осигурен, ако од содржината на договорот за осигурување не произлегува нешто друго;
“ЛИСТ НА ПОКРИТИЕ” - потврда која привремено ја заменува полисата;
“ПОЛИСА” - документ на договорот за осигурување.
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
(1) Договор за осигурување на имотот може да склучи лице кое има интерес да не настане осигурен случај, затоа што би претрпел некоја материјална загуба.
(2) Договор за осигурување е склучен кога договарачите ќе ја потпишат полиса на осигурување или листот на покритието.
Усната понуда направена до осигурувачот за склучување на договор за осигурување не ги обврзува ниту понудувачот ниту осигурувачот.
Писмената понуда направена на осигурувачот за склучување на договор за осигурување го обврзува понудувачот, ако тој не одредил пократок рок, за време од осум дена од денот кога понудата пристигнала кај осигурувачот.
Ако осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата која не отстапува од Условите под кои тој го врши предложеното осигурување, ќе се смета дека тој ја прифатил понудата и дека договорот е склучен. Во тој случај договорот се смета за склучен кога понудата пристигнала кај осигурувачот.
Ако осигурувачот по однос на примената понуда побара било каква дополна или измена, како ден на приемот на понудата ќе се смета денот кога осигурувачот ја примил бараната дополна или измена, односно кога ќе биде известен за прифаќање на неговите услови.
(3) Одредбите од ставот (2) на овој член се применуваат и кога се врши измена на постојниот договор за осигурување.
ПОЛИСА И ЛИСТ НА ПОКРИТИЕ
Член 2
(1) Во полисата за осигурување мора да биде наведено следното: договорни странки, осигурениот предмет, ризикот опфатен со осигурувањето, траење на осигурувањето и периодот на покритието, сумата на осигурувањето или дека осигурувањето е неограничено; премијата или придонесот, датумот на издавањето на полисата и потписи на договорните страни.
(2) Полисата за осигурување може да биде привремено заменета со листа на покритието, во која се внесуваат битните елементи на договорот.
(3) Осигурувачот е должен да го предупреди договарачот на осигурувањето дека општите и посебните услови на осигурување се составен дел на договорот и да му го предаде нивниот текст, ако тие услови не се печатени на самата полиса.
(4) Извршувањето на обврските од став (3) на овој член мора да биде констатирано на полисата.
(5) Во случај на несогласување на некоја одредба за општите и посебните услови и некоја одредба од полисата, ќе се примени одредбата од полисата, а во случај на несогласување на некоја печатена одредба на полисата и некоја нејзина ракописна одредба ќе се примени оваа последнава.
(6) Според спогодбата на договарачите, полисата може да гласи на определено лице по наредба или на доносител.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ВО ИМЕ НА ДРУГ БЕЗ ОВЛАСТУВАЊЕ
Член 3
(1) Тој што ќе склучи договор за осигурување од името на друг без негово овластување, му одговара на осигурувачот за обврските од договорот се додека оној од чие име е склучен договорот не го одобри.
(2) Заинтересираниот може да го одобри договорот и откако настанал осигурен случај.
(3) Ако одобрението е одбиено, договарачот на осигурувањето должи премија за периодот на
осигурувањето во кој осигурувачот е известен за одбивање на одобрението.
(4) Не одговара за обврските од осигурувањето работоводителот, без налог кој го известил осигурувачот дека истапува без овластување од името и за сметка на друг.
ОСИГУРУВАЊЕ НА ТУЃА СМЕТКА ИЛИ ЗА СМЕТКА
НА ОНОЈ ЗА КОГО СЕ ОДНЕСУВА
Член 4
(1) Во случај на осигурување на туѓа сметка или за сметка на оној за кого се однесува, обврските за плаќање на премијата и другите обврски од договорот е должен да ги извршува договарачот на осигурувањето, но тој не може да ги врши правата од осигурувањето, дури и кога држи полиса, без согласност од лицето чиј интерес е осигурен и на кому тие му припаѓаат.
(2) Договорачот на осигурувањето не е должен да му ја предаде полисата на заинтересираното лице додека не му бидат недоместени премиите што ги исплатил на осигурувачот, како и трошоците за договорот.
(3) Договарачот на осигурувањето има право на првенствена наплата на овие побарувања од надоместот како и право да бара нивна исплата непосредно од осигурувачот.
(4) Осигурувачот може на секој корисник на осигурувањето за туѓа сметка да му ги истакне сите приговори што врз основа на договорот ги има договарачот на осигурувањето.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ И ОСИГУРЕНА ВРЕДНОСТ
Член 5
(1) Договор за осигурување може да се склучи на сума на осигурување како што следи:
1. На сума на осигурување која ќе ја одреди договарачот на осигурувањето;
2. На сума на осигурување која ќе ја одредат заеднички осигуреникот и осигурувачот (месечно верижно зголемување на сумата на осигурување);
3. На вистинска вредност, но најмногу до сумата на осигурување која ја одредил договарачот на осигурувањето, корегирана за промената на цените во тековната година на осигурувањето до денот на настанувањето на секоја посебна ствар (еден или повеќе осигурени предмети), односно за поодделно средство евидентирано во книговодството на
основните средства и средствата на заедничка потрошувачка кај осигуреникот;
4. На нова вредност во согласност со Посебните услови за осигурување по кои е предвидено осигурување на одредени предмети на нова вредност.
Нова вредност претставува пазарната вредност на денот на склучување на осигурувањето.
На нова вредност не може да се осигуруваат основни средства чија вистинска вредност е помала од 60% од новата вредност.
(2) Во случај предвиден со Тарифата на премии сумата на осигурувањето може спогодбено, помеѓу договарачот на осигурувањето и осигурувачот да се одреди во висина на износот на можна штета, односно трошоци (осигурување на “прв ризик”.)
ДОПОЛНИТЕЛНО НАМАЛУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТА
Член 6
Ако осигурената вредност се намали за време на траењето на осигурувањето, секоја договорна страна има право на соодветно намалување на сумата на осигурувањето и на премијата, почнувајќи од денот кога своето барање за намалување и го соопштил на другата странка.
II . НАДОСИГУРУВАЊЕ И ДОГОВОР СО ПОВЕЌЕ ОСИГУРУВАЧИ
НАДОСИГУРУВАЊЕ
Член 7
(1) Ако при склучување на договорот една страна се послужила со измама и така договорила сума на осигурувањето поголема од вистинската вредност на осигурениот предмет, другата страна може да бара поништување на договорот.
(2) Ако договорената сума на осигурувањето е поголема од вредноста на осигурениот предмет, а притоа ни една странка не постапила несовесно, договорот останува на сила, сумата на осигурувањето се намалува до износот на вистинската вредност на осигурениот предмет, а премиите се намалуваат сразмерно.
(3) Во двата случаи совесниот осигурувач ги задржува примените премии и има право на ненамалена премија за тековниот период.
ПОВЕЌЕКРАТНО И ДВОЈНО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 8
(1) Ако некој предмет е осигурен кај двајца или повеќе осигурувачи од ист ризик, за ист интерес и за исто време, така што збирот на сумите на
осигурувањето да не ја надминува вредноста на тој предмет (повеќекратно осигурување), секој осигурувач одговара за извршување во целост на обврските настанати од договорот што го склучил тој.
постапил несовесно, секој осигурувач може да бара поништување на договорот, да ги задржи примените премии и да бара намалена премија за тековниот период.
(2) Ако, пак, збирот на сумите на осигурувањето ја преминува вредноста на осигурениот предмет (двојно осигурување), а при тоа договарачот на осигурувањето не постапил несовесно, сите тие осигурувања се полноважнии секој осигурувач има право на договорената премија за периодот на осигурувањето во тек, а осигуреникот има право да бара од секој одделен осигурувач надомест според договорот склучен со него, но вкупно не повеќе од износот на штетата.
(3) Кога ќе стане осигурениот случај, договарачот на осигурувањето должен е да го извести за тоа секој осигурувач на истиот ризик и да му ги соопшти имињата и адресите на другите осигурувачи, како и сумите на осигурувањето на одделните договори склучени со нив.
(4) При исплатата на надоместот на осигуреникот, секој осигурувач поднесува дел од надоместот во сразмер во кој стои сумата на осигурувањето на која се обврзал тој спрема вкупниот збир на сумите на осигурувањето, па осигурувачот кој платил повеќе има право да бара од другите осигурувачи надоместок на повеќе исплатеното.
(5) Ако некој договор е склучен без назначување на сумата на осигурувањето или со неограничено покритие, ќе се смета како договор склучен со најголема сума на осигурување.
(6) За делот на осигурувачот кој не може да плати, одговараат другите осигурувачи сразмерно со своите делови.
(7) Ако договарачот на осигурувањето склучил договор за осигурување со кој настанало двојно осигурување не знаејќи за порано склученото осигурување, тој може, без оглед на тоа дали поранешното осигурување го склучил тој или некој друг, во рок од еден месец откако дознал за тоа осигурување, да бара соодветно намалување на сумата на осигурувањето и на премиите на подоцнежното осигурување, но осигурувачот ги задржува примените премии и има право на премија за тековниот период.
(8) Ако до двојното осигурување дошло поради намалување на вредноста на осигурениот предмет за време траењето на осигурувањето, договарачот на осигурувањето има право на соодветни намалувања на сумите на осигурувањето и на премиите, почнувајќи од денот кога своето барање за намалување му го соопштил на осигурувачот.
(9) Ако при настанувањето на двојно осигурување договарачот на осигурувањето
III. ПОДОСИГУРУВАЊЕ Член 9
(1) Кога ќе се утврди дека во почетокот на односниот период на осигурувањето вредноста на осигурениот предмет била поголема од сумата на осигурувањето, износот на надоместокот што го должи осигурувачот се намалува сразмерно, освен ако поинаку не е договорено.
(2)Осигурувачот е должен да даде целосен надомест се до износот на сумата на осигурувањето, ако е договорено дека односот меѓу вредноста на предметот и сумата на осигурувањето нема значење за определување на износот на надоместот.
IV. ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВАЖНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 10
Договор за осигурување може да се склучи:
1) со одреден рок на траење и
2) со неодреден рок на траење, кој се продолжува од година во година.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 11
(1) Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај) мора да биде иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на договарачот.
Се смета дека во осигурувањето на предмети настанал осигурен случај во оној момент кога една од осигурените опасности ненадејно и неочекувано почнала да се остварува на осигурениот предмет и да го оштетува, односно да ја остварува штетата.
(2) Договорот за осигурување е ништовен, ако во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурен случај, или тој бил во настанување или било извесно дека ќе настапи, или ако веќе тогаш престанала можноста тој да настане.
(3) Ако е договорено дека со осигурувањето ќе биде опфатен определен период кој му претходи на склучувањето на договорот, договорот ќе биде ништовен само ако во моментот на неговото склучување на заинтересираната страна и било познато дека веќе настанал осигурениот случај, односно дека веќе тогаш престанала можноста тој да настане.
ПРАВНА СИТУАЦИЈА ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 12
(1) Ако во текот на ист период на осигурувањето настанат повеќе осигурени случаи еден по друг, надоместот од осигурувањето за секој од нив се определува и исплатува во целост со оглед на целата сума на осигурување, без нејзино намалување за износот на порано исплатените надомести во тој период.
(2) Во случај на уништување на предмети (тотална штета или кога предметите по договор за осигурување се сметаат за уништени), осигурувањето престанува за уништените предмети.
Тотална штета е штетата кога вредноста на поправката е еднаква или поголема од сумата на осигурување за секоја поединечна ствар (основно средство).
НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 13
(1) Сите известувања и пријави, што договарачот на осигурувањето е должен да ги направи во смисла на одредбите од овие и други услови на осигурување, задолжително треба писмено да се потврдат ако се направени усно, преку телефон, телеграма или на било кој друг начин.
Како ден на приемот на известувањето односно пријавата ќе се смета денот кога е примено известувањето односно пријавата. Ако известувањето односно пријавата се испраќа препорачано, како ден на приемот ќе се смета денот на предавањето во пошта.
(2) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако писмено се склучени.
ПРОМЕНА НА АДРЕСА-НАЗИВ (ФИРМА)
Член 14
(1) Договарачот на осигурувањето е должен за промената на името или адресата, односно за промената на називот - фирмата и седиштето (на деловни простории), да го извести осигурувачот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.
(2) Ако договарачот на осигурувањто не го извести осигурувачот за промените од претходниот став, за вредноста на известувањето доволно е осигурувачот да му испрати на осигуреникот препорачано писмо според последните податоци за адресата на станот, деловните простории, односно називот - фирмата, со кои располага.
Известувањето станува полноважно во денот во кој во нормални околности би вредело ако не дошло до промена од претходниот став.
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 15
(1) Ако осигурувачот ги измени Условите за осигурување или Тарифата на премии, должен е за тоа писмено, или на друг погоден начин, да го извести договарачот на осигурувањето најдоцна шеесет дена пред истекот на тековната година на осигурувањето.
(2) Договарачот на осигурувањето има право да го откаже договорот за осигурување во рок од шеесет дена од денот на приемот на известувањето. Во тој случај договорот за осигурување престанува да важи со истекот на тековната година на осигурувањето.
(3) Ако договарачот на осигурувањето не го откаже договорот за осигурување во рокот од став
(2) од овој член, договорот за осигурување во почетокот на наредниот период на осигурувањето се менува во сообразност со извршените измени во Условите за осигурување, односно Тарифата на премии.
НАМАЛУВАЊЕ (БОНИФИКАЦИЈА) И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА (МАЛУС)
Член 16
Во видовите на осигурување и по условите утврдени со Посебните услови и Тарифи, договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот, стекнува право на бонификација во вид на намалување на премијата за наредниот временски период на осигурување (бонус).
Во видовите на осигурувањето и по условите утврдени со Посебните услови и Тарифи, на договарачот на осигурувањето односно осигуреникот му се зголемува премијата за наредниот временски период во вид на доплата (малус).
Износот на бонусот или малусот се пресметува од премијата за последната осигурителна година.
НАДЛЕЖНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА СПОР
Член 17
Во случај на спор помеѓу договарачот на осигурувањето - осигуреникот и осигурувачот надлежен е стварно надлежниот суд спрема местото на склучување на договорот за осигурување.
V. ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ, ОДНОСНО НА ДОГОВАРАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОКОЛНОСТИ ЗНАЧАЈНИ ЗА ОЦЕНА НА РИЗИКОТ
Должност за пријавување Член 18
(1) Договарачот на осигурувањето е должен при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности што се значајни за оцена на ризикот, а што му се познати или не можеле да му останат непознати.
Намерна неточна пријава или премолчување
(2) Ако договарачот на осигурувањето намерно направил неточна пријава или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор ако ја знаел вистинската состојба на работите, осигурувачот може да бара поништување на договорот.
Во случај на поништување на договорот од причините наведени во став (2) на овој член осигурувачот ги задржува наплатените премии и има право да бара исплата на премијата за период на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот.
Правото на осигурувачот да бара поништување на договорот за осигурување престанува ако тој во рок од три месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договарачот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
Намерна неточност или нецелосност на пријавата
(3) Ако договарачот на осигурувањето направил неточна пријава, или пропуштил да го даде должното известување, а тоа не го сторил намерно, осигурувачот може, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или нецелосноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата сразмерно со поголемиот ризик.
Договорот во тој случај престанува по истекот на 14 дена од кога осигурувачот својата изјава за раскинување му ја соопштил на договарачот на осигурувањето, а во случај на предлог на осигурувачот премијата да се зголеми, раскинувањето настапува според самиот закон ако договарачот на осигурувањето не го прифати предлогот во рок од 14 дена од кога го примил.
Во случај на раскинување, осигурувачот е должен во рок од 60 дена да го врати делот од премијата што отпаѓа на времето до крајот на период на осигурувањето.
Ако осигурениот случај настанал пред да е утврдена неточноста или нецелосноста на пријавата или по тоа, но пред раскинувањето на договорот, односно пред постигнување на спогодба за зголемување на премијата, надоместокот се намалува во сразмер меѓу стапката на платените премии и стапката на премиите што би требало да се платат според вистинскиот ризик.
Проширување на примената на претходните ставови
(4) Одредбите од претходните ставови за последиците од неточна пријава или премолчувањето на околностите значајни за оцена на ризикот се применуваат и во случаи на осигурувања склучени од името и за сметка на друг, или во корист на трет или за туѓа сметка, или за сметка на оној на кого се однесува, ако овие лица знаеле за неточноста на пријавата или за премолчувањето на околностите значајни за оцена на ризикот.
Случаи во кои осигурувачот не може да се повикува на
неточноста или нецелосноста на пријавата
(5) Осигурувачот, кому во моментот на склучувањето на договорот му биле познати или не можеле да му останат непознати околностите што се од значење за оцена на ризикот, а кои договарачот на осигурувањето неточно ги пријавил или ги премолчил, не може да се повикува на неточноста на пријавата или на премолчувањето.
Истото важи во случај кога осигурувачот дознал за тие околности за време на траењето на осигурувањето, а не ги користел законските овластувања.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 19
Должност за плаќање и примање на премијата
(1) Договарачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата на осигурувањето, а осигурувачот е должен да ја прими исплатата на премијата од секое лице кое има правен интерес таа да биде платена.
(2) Премијата се плаќа во договорените рокови, а ако треба да се исплати одеднаш, се плаќа при склучувањето на договорот.
(3) На износот на премијата што се плаќа во договорени рокови може да се пресмета и наплати договорена камата.
(4) Ако договарачот на осигурувањето не ја плати премијата во договорениот рок, осигурувачот може, покрај главницата, да му пресмета и затезна камата.
(5) Место за плаќањето на премијата е местото во кое договарачот на осигурувањето има свое седиште односно живеалиште, ако со договорот не е одредено кое друго место.
(6) Ако премијата се плаќа преку пошта, се смета дека договорувачот на осигурувањето со уплата на должниот износ преку пошта ја измирил својата обврска спрема осигурувачот откако во банката на осигурувачот ќе пристигне паричната дознака.
(7) Ако премијата се плаќа со чековна уплатница на одредена сметка на осигурувачот, ќе се смета дека договорувачот на осигурувањето го извршил плаќањето на премијата тогаш кога ќе го уплати должниот износ на чековната уплатница во корист на означената сметка на осигурувачот под услов паричните средства пристигнат на сметката на осигурувачот во банката депонент.
ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ ЗА ПРОМЕНИТЕ НА РИЗИКОТ
Член 20
Зголемување на ризикот
(1) Договарачот на осигурувањето е должен кога е во прашање осигурување на имот да го извести осигурувачот за секоја промена на околностите која може да биде од значење за оцена на ризикот.
(2) Тој е должен без одлагање да го извести осигурувачот за зголемувањето на ризикот, ако ризикот е зголемен со некоја негова постапка, а ако зголемувањето на ризикот се случило без негово учество тој е должен да го извести во рок од 14 дена од кога дознал за тоа.
(3) Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот не би склучил договор ако постоела таква состојба во моментот на неговото заклучување, тој може да го раскине договорот.
(4) Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот би склучил договор само со поголема премија да постоела таква состојба во моментот на склучувањето на договорот, тој може на договарачот на осигурувањето да му предложи нова стапка на премијата.
(5) Ако договарачот на осигурувањето не се согласи со новата стапка на премијата во рок од 14 дена од приемот на предлогот на новата стапка, договорот престанува според самиот закон.
(6) Договорот останува во сила и осигурувачот повеќе не може да ги користи овластувањата да му предложи на договарачот на осигурувањето нова стапка на премијата или да го раскине договорот, ако не ги искористи тие овластувања во рок од еден месец од кога на кој и да е начин дознал за зголемувањето на ризикот, или
ако уште пред истекот на тој рок покаже на некој начин истакне дека се согласува со продолжување на договорот (ако ја прими премијата, исплати надомест за осигуран случај што настанал по тоа зголемување и слично),
Кога осигуренот случај настане во меѓувреме
(7) Ако осигурениот случај настане пред да биде известен осигурувачот за зголемувањето на ризикот или откако е известен за зголемувањето на ризикот, но пред да го раскине договорот, или постигне спогодба со договарачот на осигурувањето за зголемување на премијата, надоместокот се намалува во сразмер меѓу платените премии и премиите што би требало да се платат спрема зголемениот ризик.
Намалување на ризикот
(8) Во случај кога по склучување на договорот за осигурување настанало намалување на ризикот, договарачот на осигурувањето има право да бара соодветно намалување на премијата, од денот кога за намалувањето го известил осигурувачот.
Ако осигурувачот не се согласи со намалувањето на премијата, договарачот на осигурувањето може да го раскине договорот.
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕТО НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ И СПАСУВАЊЕ, КАКО И
ПРИДРЖУВАЊЕ КОН ОДРЕДБИТЕ ЗА ЗАШТИТНИ МЕРКИ
Член 21
(1) Осигуреникот е должен да ги преземе пропишаните, договорените и сите други мерки потребни за да се спречи настапувањето на осигурениот случај, а ако осигурениот случај настапи, е должен да преземе се што е во негова моќ да се ограничат неговите штетни последици.
(2) Осигурувачот е должен да ги надомести трошоците, загубите како и другите штети причинети со разумен обид да се отстрани непосредната опасност од настапувањето на осигурениот случај, како и со обид да се ограничат неговите штетни последици, па и тогаш ако тие обиди останале без успех.
(3) Осигурувачот е должен да го даде овој надомест дури и ако тој заедно со надоместот на штетата од осигурениот случај ја надминува сумата на осигурувањето.
(4) Ако осигуреникот не ја исполни својата обврска за спречување на осигурениот случај или обврската за спасување, а за тоа нема оправдување, обврската на осигурувачот се намалува за онолку за колку што настанала поголема штета поради тоа неисполнување.
(5) Ако е одреден или договорен рокот до кога треба да се спроведуваат мерките за спречување на остварувањето или зголемувањето на опасноста (превентивни мерки), надоместокот на осигуреникот се исплатува и тогаш кога осигурениот случај настанал до истекот на тој рок и ако штетата е во причинска врска со пропишаните односно договорените мерки.
(6) Осигурувачот има право да врши контрола на договорените и други одредби за заштитни мерки од ставот (1) на овој член.
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 22
(1) Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој се бара надоместок од осигурувањето, осигуреникот е должен да постапи на овој начин:
1) веднаш да преземе се што е во негова можност за да ги ограничи неговите штетни последици и при тоа да се придржува кон упатствата што му ги дал осигурувачот или неговиот претставник;
2) да го извести осигурувачот за настапување на осигурениот случај најдоцна во рок од три дена од кога дознал за тоа;
(2) Договарачот на осигурувањето е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата за штетата, на претставникот на осигурувачот да му ги даде сите податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата. Осигурувачот исто така може да бара осигуреникот да прибави и други докази, ако тоа е неоходно потребно и оправдано.
(3) Ако осигуреникот не ја изврши својата обврска за известување на осигурувачот од став (1), точка 2) од овој член во одредено време, должен е да му ја надомести на осигурувачот штетата која би ја имал овој поради тоа.
VI. ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ВИСИНА НА НАДОМЕСТОКОТ ОД
ОСИГУРУВАЊЕ
Член 23
(1) Осигурувачот е во обврска да го исплати надоместот од осигурувањето за штетата предизвикана со настанување на осигурениот случај по одредбите на овие Општи услови и по Условите за оној вид на осигурување, според кој е склучен договорот за осигурувањето.
(2) Износот на надоместот не може да биде поголем од штетата која осигуреникот ја претрпел со настанувањето на осигурениот случај.
3) што порано, а најдоцна во рок од три дена, писмено да ја потврди пријавата направена усно, телефонски, телеграфски или на било кој друг сличен начин;
4) во сите случаи предвидени со прописи, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, кражба, провална кражба, разбојништво и сообраќајна незгода, да се пријават на надлежниот орган за внатрешни работи и да се наведе кои предмети се уништени односно оштетени или се исчезнати при настанувањето на осигурениот случај;
5) веднаш по настанувањето на осигурениот случај, ако е тоа можно односно кога тоа приликите го дозволуваат, да се поднесе на осигурувачот попис на уништените односно оштетените предмети со приближно назначување на нивната вредност; и
6) до доаѓањето на претставникот на осигурувачот на самото место да не се менува состојбата на оштетените односно уништените предмети, освен ако промената е потребна во јавен интерес или поради намалување, односно поради продолжување со нормално производство.
Ако промената се изврши поради продолжување со нормално производство, осигуреникот е должен за тоа веднаш да го извести осигурувачот преку телефон, со телекс или на било кој друг начин.
ДОГОВОРЕНО САМОУЧЕСТВО (ФРАНШИЗА)
Член 24
Ако е договорено осигуреникот сам да сноси еден дел од штетата (договорно самоучество- франшиза), ако настапи осигурен случај, надоместокот ќе се утврди така што на осигуреникот му отпаѓа дел од штетата во висина на договореното самоучество.
УТВРДУВАЊЕ И ПРОЦЕНА НА ШТЕТА
Член 25
(1) Кога ќе ја прими пријавата за настанат осигурен случај, осигурувачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од три дена, да пристапи кон утврдување и процена на штетата, а ако тоа не го направил, осигуреникот може да почне со отстранување на штетата под услов претходно комисиски да се утврди причината за настанување на осигурениот случај и обемот на оштетувањето.
Осигуреникот може и пред истекот на рокот од три дена да почне да ја отстранува штетата, ако тоа е потребно поради продолжување со нормално производство.
Штетата ја утврдуваат и проценуваат заедно осигуреникот и осигурувачот, односно нивните овластени претставници.
(2) Ако со договорот за осигурување вредноста на осигурениот предмет е утврдена спогодбено, надоместот се определува според таа вредност, освен ако осигурувачот докаже дека договорената вредност е значително е поголема од вистинскта вредност, а за таа разлика не постои оправдана причина (како на пример, осигурување на употребуван предмет на вредноста на таков нов предмет или осигурување на субјективната вредност).
СПАСЕНИ ДЕЛОВИ
Член 26
(1) Ако поинаку не е договорено, спасените делови од уништените односно оштетените предмети остануваат кај осигуреникот. Осигуреникот нема право, по настанувањето на осигурениот случај, да му го препушти на осигурувачот уништениот односно оштетениот осигурен предмет и да бара од него исплата на целата сума на осигурувањето односно на полната вредност.
(2) Вредноста на спасените, уништените, односно оштетените предмети, или нивните делови се пресметува по пазарната вредност во местото на штетата според положбата на денот на настанувањето на осигурениот случај.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Исплата на надомест од осигурување Член 27
(1) Кога ќе настане осигурен случај, осигурувачот е должен да го исплати надоместот или сумата определена со договорот во договорениот рок кој не може да биде подолг од 14 дена, сметајќи од кога осигурувачот добил известување дека настанал осигурениот случај.
(2) Ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и на нејзиниот износ е потребно извесно време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ.
(3) Ако износот на обврската на осигурувачот не биде утврден во рокот определен во ставот (1) на овој член, осигурувачот е должен на барање од овластеното лице, да го исплати износот на неспорниот дел од својата обврска на име xxxxx.
(4) Исплатата на надоместок на носителите на залогот и други права:
1) по настанувањето на осигурениот случај, заложни права и други права кои порано постоеле на осигурениот предмет имаат за предмет долговен надоместок како во случај на осигурување на сопствени предмети, така и во случај на осигурување на туѓи предмети, поради обврска на нивното чување и враќање, па осигурувачот не
може да исплати надоместок на осигуреникот без согласност на носителот на тие права.
2) овие лица можат да бараат непосредно од осигурувачот, во границите на сумата на осигурувањето и според законскиот ред, да им ги исплатат нивните побарувања.
3) меѓутоа, ако во моментот на исплатата осигурувачот не знаел ниту можел да знае за тие права, извршената исплата на надоместокот на осигуреникот останува правосилна.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 28
(1) Ако осигурениот предмет биде уништен пред почетокот на обврската на осигурувачот, на договарачот на осигурувањето му се враќа износот на платената премија.
Ако осигурениот предмет биде уништен по отпочнувањето на обврската на осигурувачот од ризиците што не се опфатени со осигурувањето, на договарачот на осигурувањето му се враќа износот на премијата за неискористеното времетраење на осигурувањето.
(2) Ако осигурениот предмет биде уништен по отпочнувањето на обврската на осигурувачот од ризиците опфатени со осигурувањето, на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата за тековната година на осигурувањето, односно за договореното времетраење на осигурувањето.
(3) Со престанување на договорот за осигурување во сите други случаи пред истекот на времето за кое премијата е платена, премијата му припаѓа на осигурувачот само до завршетокот на денот до кога тој бил во обврска, ако не е поинаку договорено.
VII. ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО Почеток на дејство на осигурувањето
Член 29
(1) Ако поинаку не е договорено, договорот за осигурување произведува свое дејство почнувајки од дваесет и четвртиот час на денот што е означен во полисата како ден на почетокот на траењето на осигурувањето, па се до завршувањето на последниот ден на рокот за кој е договорено осигурувањето.
(2) Ако рокот на траење на осигурувањето не е одреден со договор, секоја страна може да го раскине договорот со денот на истекот на тековната година на осигурувањето, известувајќи ја по писмен пат другата странка најдоцна три месеци пред истекот на тековната година на осигурување.
Во тој случај договорот за осигурување престанува со истекот на 24 часа на последниот ден од тековната година на осигурувањето.
(3) Ако осигурувањето е склучено со рок подолг од пет години, секоја страна може по истекот на овој рок при отказен рок од шест месеци писмено да и изјави на другата страна дека го раскинува договорот.
(4) Со договорот не може да се исклучи правото на секоја страна да го раскине договорот како што е напред изложено.
(5) Ако договарачот на осигурувањето го раскине договорот склучен на рок подолг од 5 години, должен е да ја плати разликата на премијата со одобрен попуст за времетраењето на осигурувањето.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОБВРСКАТА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Последици од неисплата на премија Член 30
(1) Обврската на осигурувачот од осигурувањето почнува ако поинаку не се договори, односно доколку со Условите за одделни видови осигурувања не е поинаку одредено, по истек на 24 часа од денот кој во полисата е назначен како почеток на осигурувањето ако од тој ден е платена премијата, а инаку по истек на 24 часа од денот на уплатата на премијата.
(2) Ако е договорено премијата да се плаќа по склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот од осигурувањето почнува од денот определен во договорот како ден за почеток на осигурувањето.
(3) Може да се договори обврската на осигурувачот да почнува од моментот на склучување на договорот за осигурување.
(4) Ако договарачот на осигурувањето премијата што стасала по склучување на договорот не ја плати до стасаноста, ниту тоа го стори некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување престанува според самиот закон по истекот на рокот од 30 дена од кога на договарачот на осигурувањето му е врачено препорачано писмо од осигурувачот со известување за стасаноста на премијата, но со тоа што тој рок да не може да истече пред да поминат триесет дена од стасаноста на премијата.
(5) Во секој случај договорот за осигурување престанува според самиот закон ако премијата не биде платена во рок од една година од денот на стасаноста.
(6) Обврската на осигурувачот престанува:
1) кај договор за осигурување со одреден рок на траење со истек на 24-от час од денот кој во полисата е означен како ден на истек на осигурувањето, ако не е поинаку договорено, односно ако во Условите или со одделните Услови за осигурување за поедини видови осигурувања не е одредено поинаку.
2) кај договор за осигурување со неодреден рок на траење, ако во полисата е означен само почетокот на осигурувањето, осигурувањето,со примена на став (4) и (5) од овој член, се продолжува од година во година, освен ако некоја од договорните странки најкасно три месеци пред истекот на тековната година од осигурувањето, писмено ја извести другата странка дека не сака да го продолжи договорот за осигурување. Во тој случај договорот за осигурување престанува со истекот на дваесет и четири часа на последниот ден од тековната година на осигурувањето.
VIII. ШТЕТА И ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ Штети покриени со осигурувањето
Член 31
Осигурувачот е должен да ги надомести штетите настанати случајно или по вина на договарачот на осигурувањето, на осигуреникот или на корисникот на осигурувањето, освен ако во поглед на определена штета оваа негова обврска изречно е исклучена со договорот за осигурување.
ШТЕТИ ШТО НЕ СЕ ПОКРИЕНИ СО ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 32
Осигурувачот не е должен да надомести штета , ако таа е предизвикана од:
1. Војна, инвазија, дејства на странски непријатели, непријателски или воени операции (без оглед дали војна е објавена или не), граѓанска војна, буна, револуција, востание, граѓански немири; воена или узурпаторска сила.
2. а) биолошка или хемиска контаминација;
б) проектили, бомби, гранати, експлозивни средства;
в) дејство на тероризам;
Ако преземачите на осигурување потврдат дека поради овој исклучок, штета, загуба, цена или трошок не се покриени со ова осигурување товарот за докажување на спротивното паѓа на осигуреникот”.
3. Намерно или со измама на договарачот на осигурувањето, осигуреникот или корисникот на осигурувањето.
Осигурувачот не е должен да надомести:
1. договорено обештетување (затезна камата, договрена казна, и сл.) на осигуреникот кон трети лица
2. нематеријални штети
IX. ПРЕМИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ И ИСПЛАТА НА НАДОМЕСТОТ ОД ОСИГУРУВАЊЕТО НА
ДРУГ
Преминување на договорот врз прибавувачот на осигурен предмет
Член 33
(1) Во случај на отуѓување на осигурен предмет, како и на предмет во врска со чија употреба е склучено осигурување од одговорност, правата и обврските на договарачот на осигурувањето преминуваат, според самиот закон, врз прибавувачот, освен ако поинаку не е договорено.
(2) Ако е отуѓен само еден дел од осигурените предмети, кои во поглед на осигурувањето не сочинуваат посебна целина, договорот за осигурување престанува според самиот закон во поглед на оттуѓените предмети.
(3) Во случај кога поради отуѓување на предмет ќе се зголеми или ќе се намали веројатноста за настанување на осигурен случај, се применуваат општите одредби за зголемувањето или намалувањето на ризикот.
(4) Договарачот на осигурувањето кој нема да го извести осигурувачот дека осигурениот предмет е оттуѓен, останува во обврска за плаќање на премиите што стасуваат и по денот на оттуѓувањето.
(5) Осигурувачот и прибавувачот на осигурениот предмет можат да се откажат од осигурувањето со отказен рок од 15 дена, со тоа што се должни отказот да го поднесат најдоцна во рок од 30 дена од дознавањето за оттуѓувањето.
Ако договорот во смисла на претходниот став (алинеја) се откаже, договорот за осигурување престанува по истекот на 24-от час од денот кога истекува отказниот рок. Ако отказот се испраќа преку пошта препорачано, како ден на отказот се смета денот кога се предава во пошта.
(6) Договорот за осигурување не може да се раскине ако полисата на осигурувањето е издадена на доносител или по наредба.
X. ПРЕМИНУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ОСИГУРЕНИКОТ СПРЕМА ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ
ВРЗ ОСИГУРУВАЧОТ (СУБРОГАЦИЈА)
Член 34
(1) Со исплата на надоместот од осигурувањето се преминуваат врз осигурувачот, според самиот закон, до висината на исплатениот надомест, сите права на осигуреникот спрема лицето кое по која и да е основа е одговорно за штетата.
(2) Ако по вина на осигуреникот е оневозможено ова преминување на правата врз осигурувачот, во целост или делумно, осигурувачот се ослободува во соодветна мера од својата обврска спрема осигуреникот.
(3) Преминувањето на правата од осигуреникот врз осигурувачот не може да биде на штета на осигуреникот, па ако надоместот што осигуреникот го добил од осигурувачот од каква и да е причина е понизок од штетата што ја претрпел, осигуреникот има право од средствата на одговорното лице да му се исплати остатокот на надоместот пред да се исплати побарувањето на осигурувачот врз основа на правата што преминале врз него.
(4) По исклучок од правилото за преминување на правата на осигуреникот врз осигурувачот, овие права не преминуваат врз осигурувачот ако штетата ја причинило лице во сродство во права линија со осигуреникот или лице за чии што постапки осигуреникот одговара, или кое живее со него во исто домаќинство или лице кое е работник на осигуреникот, освен ако тие лица штетата ја причиниле намерно.
(5) Ако некое од лицата споменати во став (4) на овој член било осигурено од одговорност, осигурувачот може да го бара од неговиот осигурувач надоместот на износот што му го исплатил на осигуреникот.
XI. ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА Член 35
(1) Побарувањата на договарачот на осигурување, односно на трето лице од договорот за осигурување склучен според овие Услови застаруваат за три години, сметајќи од првиот ден по истекот на календарската година во која настанало побарувањето.
(2) Ако заинтересираното лице докаже дека до денот определен во став (1) на овој член не знаело дека настанал осигурениот случај, застарувањето почнува од денот кога дознало за тоа , со тоа што во секој случај побарувањето застарува за пет години од денот определен во став
(1) на овој член.
(3) Побарувањата на осигурителот од договорот за осигурување застаруваат за три години.
(4) Кога во случај на осигурување од одговорноста на трет, оштетеното лице бара надомест од осигуреникот или го добие од него, застарувањето на барањето наосигуреникот спрема осигурувачот почнува од денот кога оштетеното лице барало по судски пат надомест од осигуреникот, односно кога осигуреникот го обештетил.
(5) Непосредно барање на трето оштетено лице спрема осигурувачот застарува за истото време за кое застарува неговото барање спрема осигуреникот одговорен за штетата.
(6) Застарувањето на побарување кое му припаѓа на осигурувачот спрема третото лице одговорно за настапување на осигурениот случај почнува да тече тогаш кога и застарувањето на побарување на осигуреникот спрема тоа лице и се навршува во истиот рок.
ПРАВНА ПОУКА
Член 36
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за супревизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
ДАТУМ НА ПРИМЕНА
Член 37
Овие услови ќе се применуваат на сите ново склучени осигурувања како и на постојните осигурувања доколку се тие поповолни за
осигурениците.
Овие услови во пречистен текст стапуваат во сила од 01.01.2021год.
Одбор на директори
Претседател М-р Xxxxxx Xxxxxx