Contract
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-жив-зоо 16-1-мк
Посебни услови за осигурување егзотични животни во зоолошки градини и надвор од нив
член 1: предмет на осигурување
[1] Предмет на осигурување по овие Посебни услови може да бидат здрави цицачи, влекачи, птици и други украсни, егзотични и диви животни во зоолошки градини и надвор од нив, во заградени или затворени простори, и тоа:
1) животни стари 6 месеци, до навршена просечна старост која ја одредува стручно лице ветеринар;
2) европски егзотични животни, ако во зоолошката градина поминале најмалку еден месец, односно новонабавените по издржување на карантинот;
3) воневропски егзотични животни, ако во зоолошката градина поминале најмалку 2 месеца, а за новонабавените по издржување на карантинот.
[2] Може да се осигурат животни во зоолошки градини и надвор од нив, наведени во став 1, во кои постојат соодветни услови за чување на такви животни и истите ги исполнуваат следните услови:
1) локација и сместување кои одговараат на зоохигиенски и зоотехнички услови за одреден вид животни;
2) соодветни стручни лица за хранење и негување на животните;
3) постојана или хонорарна ветеринарна служба.
[3] Не може да се осигурат животни со непозната големина и вредност.
член 2: опасности опфатени со ова осигурување и исклучоци
[1] Осигурувачот е должен да плати надомест од осигурување за штети кои ќе настанат поради пцовисување и присилно колење поради болест или несреќен случај.
[2] Со ова осигурување не се опфатени опасностите кои настануваат поради:
1) заразни болести: лигавка, шап, свинска чума, туберколоза, бруцелоза, инфективна анемија кај копитарите, леукоза и други болести кои се сузбиваат врз основа на закон, дури и да се тие болести утврдени само при клинички испитувања;
2) при потреба за присилно убивање на животното поради напуштање на просторот во кој престојувало;
3) поради потреба за присилно убивање на животните или нивно шкартирање поради изгубена убавина, приплодна способност или атрактивни вредности.
член 3: сума на осигурување
[1] Животните се осигуруваат на сума која ќе се договори со осигуреникот. Таа сума не може да биде поголема од 80% од вредноста на животното.
член 4: обврски на осигуреникот
[1] Покрај обврските на осигуреникот предвидени во Општите услови за осигурување животни во поглед на односот спрема грлата и спроведување на заштитните мерки, осигуреникот е должен да води евиденција за осигурените животни од која може да се утврдат потеклото, староста и времето поминато во затворени простори, во кафез, посебно за секое животно.
[2] Сите млади животни од родот на мачките, пред прием во осигурувањето мора да бидат вакцинирани против леукопенија.
[3] Ако се спроведе строга превентива во поглед на набавката на храна, вакцинирањето против антракс не може да биде услов за примање во осигурувањето. Во случај на потреба за тоа, осигурувачот може да бара превентивно вакцинирање, како за поединечни видови на животни така и поединечно за одредени грла при примањето во осигурувањето и во текот на неговото траење.
член 5: утврдување и пресметка на штета
[1] Пресметката и утврдувањето на надоместокот од осигурувањето се врши според одредбите на Општите услови за осигурување животни.
[2] Висината на надоместокот се исплатува во висина на сумата на осигурувањето намалена за вредноста на искористените делови и договорената франшиза.
член 6: почеток и престанок на обврските на осигурувачот
[1] Обврската на осигурувачот да плати надомест од осигурување за настаната штета поради несреќен случај почнува во 24 часот оној ден кога осигурувањето е склучено.
[2] Обврската за надомест на штета настаната поради болест почнува:
1) за животни од европско потекло или родени во зоолошката градина, во 24:00 часот на 14-тиот ден од деноткога е склучено осигурувањето,
2) за животни од воневропско потекло, а кои не се родени во зоолошката градина во 24:00 часот на 30-тиот ден од денот на склучувањето на осигурувањето.
[3] Обврската на осигурувачот завршува во 24:00 часот на денот на престанокот на осигурувањето, а најдоцна при истекот на осигурителниот период во кој осигуреното животно достигнало просечен животен период на живот во оградени или затворени простории.
член 7: примена на општите услови за осигурување животни
[1] За осигурувања склучени по овие Посебни услови се применуваат и одредбите од Општите услови за осигурување животни, ако не се во спротивност со нив.
[2] Овие Услови влегуваат во сила со денот нa донесувањето.
[3] Со влегување во сила на овие Услови престануваат да важат Посебните услови за осигурување егзотични и други животни во зоолошки градини и надвор од нив од 28.06.2002 година.