Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Посебни услови за осигурување на стока во ладилници
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 27.06.2012 година и со одлука бр.011/12 се применуваат од денот на донесувањето.
Член 1
Предмет на осигурување, место на осигурување и осигурени интереси
(1) Предмет на осигурување, во смисла на овие услови, можат да бидат резерви на стока за продажба или преработка, сместени во изградени ладилници на организации чија основна дејност е ладење и складирање на стока, како и во изградени ладилници на големотрговски претпријатија, пристаништа, индустриски комбинати за производство или преработка на прехранбени производи, претпријатија за производство на конзервирана храна (конзерви), за производство на пијалаци и напивки, за производство на лекови, серуми и вакцини, а исто така и за производство на хемиски и технички производи кои мора да се складираат на пониска односно контролирана температура, (атмосфера) или во смрзната состојба.
(2) Осигурувањето склучено по овие услови се однесува и на сета стока наведена во полисата за осигурување, која се наоѓа во просториите за ладење или смрзнување (комори за ладење и тунели за ладење), во коморите за складирање во нормална или контролирана атмосфера (помешани гасови), за ризиците од членот 2, став (1), точка 1, и на стоката која се наоѓа во кругот на ладилникот.
(3) Предмет на осигурување не може да биде стока во фрижидери (ладилници), апарати за длабоко замрзнување, во замрзнати витрини и простории кои немаат карактеристика на изградени ладилници во трговски дуќани, занаетчиски дуќани,домаќинства, мотели, хотели, ресторани и угостителски дуќани, како ни стока која се пренесува во специјални ладилници во авиони, железници, по патишта, со речен и поморски сообраќај.
Предмет на осигурување во смисла на овие услови не може да биде стока за која е склучено комбинирано осигурување на стока во превоз (транспортно осигурување), доколку со тоа осигурување ( транспортно) е опфатено и складирање на стока во ладилници.
Член 2
Осигурени опасности
(1) Со осигурувањето се опфатени штети предизвикани од уништување од оштетување или од однесување на осигурената стока, и тоа поради:
1. Пожар, удар од гром, експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија, луња, удар со сопствено моторно возило или сопствена работна машина во градежен објект, град, паѓање и удар од воздушни летала, манифестации и демонстрации и излевање на вода од водоводни и канализациони цевки.
2. Провална кражба:
(а) Непредвидено и ненадејно оштетување на уредите за замрзнување, ладилниците, што предизвикува:
• Промена на начинот на ладењето;
• Потполно престанување на ладењето;
• Штетно делување на средствата за ладење на складираната стока;
(б) Оневозможено одржување на договорената или вообичаената температура и влажноста на воздухот и контролирање на атмосферата во ладилникот.
(2) Ако одделно се договори и плати доплатна премија, осигурителната заштита се проширува на еден или повеќе дополнителни ризици, веќе според тоа како ќе се договори, и тоа на:
1. Поплава и порој:
2. Лизгање и одронување на земјиште;
3. Слегнување на тлото;
4. Снежни лавини;
5. Истечување на складирани течности (лекажа).
(3) Штетите одставот (1), точка 3) од овој член, се опфатени соосигурување и тогаш кога штетата е предизвикана намерно или со голема небрежност на договорувачот на осигурувањето, но во таков случај осигурувачот има
право на регрес спрема договорувачот на осигурувањето.
(4) Кога ќе се оствари осигурен случај, со осигурувањето се покриени и:
1. Штетите од уништување на осигурените ствари предизвикани при спасување (рушење, изнесување, укажување на помош и сл.) Поради настанатиот осигурен случај;
2. Штетите поради исчезнување на осигурените ствари при настанување на осигурениот случај;
3. Трошоците направени за расчистување и рушење во врска со настанатиот осигурен случај на осигурените ствари до висината определена во членот 7, став (1) од овие услови.
4. Трошоците што осигуреникот ги направил кога настанал осигурен случај на осигурените ствари за преземените мерки поради одстранување и намалување на штетата во висина одредена според членот 7, став (2) од овие услови.
5. Со осигурувањето не се покриени штетите предизвикани:
(a) од природно расипување на стоката, од болест и од појава на мувла; (б) од температурата или влажноста на воздухот и контролираната атмосфера, која не одговарала на вообичаените технички нормативи за тој вид стока, а е одредена на изрично барање на осигуреникот, договорувачот на осигурувањето, закупецот на разладните простории или сопственикот на стоката;
(в) од трајно или постепено дејство на разни влијанија кои доведуваат до корозија и постепено делумно или потполно уништување на амбалажата и стоката во врска со тоа;
(г) од испарување или исушување на складирана и разладувана односно замрзната стока;
(д) кои се последица на најавена редукција во снабдување со електрична енергија од јавна електрична мрежа.
(6) Со осигурувањето не се покриени посредни штети, како што се штети поради: загуба на закупнина, загуба предизвикана од прекин на работа, намалување можноста за употреба и поради други слични загуби заради настанатиот осигурен случај.
Член 3
Обем на опасности и примена на други услови за осигурување
(1) Во смисла на условите за осигурување од опасност од пожар и од некои други опасности се одредува обемот на опасностите за:
1. Пожар и удар на гром според членот 3;
2. Експлозија, според членот 5;
3. За луња, според членот 6;
4. Град, според членот 7;
5. Удар од сопствено моторно возило и сопствена работна машина, според членот 8;
6. Паѓање и удар на воздушни летала, според членот 9;
7. За манифестации и демонстрации, според член 10;
8. Излевање на вода од водоводни и канализациони цевки, според членот 4;
9. За поплава и порој, според членот 11;
10. Лизгање на земјиште, одронување, според членот 12;
11. Слегнување на тлото, според членот 13;
12. Снежна лавина, според членот 14;
13. Истечување (лекажа), според членот 15.
(2) Во смисла на условите за осигурување од опасности од провална кражба, обемот на опасноста од провална каражба се одредува според членот 3.
(3) Во смисла на условите за осигурување на машини од кршење и некои други опасности се одредува обемот на опасноста од непредвидено и ненадејно оштетување на уредите за ладење, според членот 4 и членот 5.
Член 4
Обврски на држателот на ладилникот и последици од нивното неизвршување
(1) Држателот на ладилникот е должен:
1. Да води попис на осигурената стока со податоци за количеството видот и сортата, односно класата на производот, која за време на траење на осигурувањето ќе се складира и замрзнува во ладилниците, податоци за минималното време по кое доаѓа до расипување на стоката;
2. Да ги одржува во исправна состојба електромашинската постројка, складовите, коморите и тунелите;
3. Да има ладилник со доволен капацитет за одржување на потребниот режим за ладење, дури и тогаш кога целиот складишен простор на ладилникот е исполнет со стока.
Држателот на ладилникот мора да има резерва во разладувачкиот капацитет во соодветна големина;
4. За мали поправки да има електромашинска опрема и уреди, доколку нема своја соодветна работилница, да има склучен договор за одржување на разладувачките постојки и тоа со организација која произведува уреди за ладење или пак со организација која врши нивна монтажа или одржување на разладувачките постројки;
5. Да има склучено договори за поголеми поправки и ревизија на електромашинските постројки со организации или работилници кои се овластени од фабриката или од испорачателот на разладувачката опрема за изведување на такви работи;
6. Да води книга за инспекција на ладилниците и разладните постројки во која се запишуваат наодите од годишните прегледи;
7. Да располага со централен систем за мерење на температурата во складиштата, коморите и тунелите за ладење и со систем за алармирање (тревога) во случај на пречекорување на температурата;
8. Да располага со квалификувана стручна работна сила која постојано ги надгледува и контролира постројките за ладење и стоката во ладилниците;
9. Да води складишна книга во која во секое време може да се утврди дневното количество на складираната и замрзната стока;
10. Да води книга за мерење на температурата во коморите за ладење во која за секоја комора се внесуваат најмалку по 3 мерења на температурата во текот на денот;
11. За коморите со контролирана атмосфера во книгата да се внесуваат, покрај податоците од мерењето на температурата и податоците за мерење на влагата, јаглениот двооксид, кислородот, азотот и др.;
12. Со помош на баждарскиот термометар секои 14 дена да ја контролира точноста на измерената температура;
13. На осигурувачот без одлагање да го пријавува секое оштетување на електромашинската постројка или на инсталацијата на ладилникот и други случаи односно погонски печки (немање на вода или струја, лекажа на медиумот за ладење и сл.) За што може да се претпостави дека можело да предизвика расипување на стоката во ладилникот;
14. Да го контролира квалитетот на стоката при нејзиното внесување во ладилникот и при вадењето од ладилникот. Квалитетот на стоката која излегува од тунелот за ладење треба да се контролира при нејзиното изнесување од тунелот.
(2) Ако држателот на ладилникот не ги исполни должностите од претходниот став од овој член, обврската од осигурувањето се намалува за толку за колку настанала поголема штета поради неисполнување на овие должности, односно во пропорција помеѓу премиските стапки предвидени за неисполнување и исполнување на обврските на држателот на ладилникот во посебната тарифа за осигурување на стока во ладилници.
Член 5
Вредност на осигурените ствари
(1) Вредноста на осигурените ствари ја одредува осигуреникот односно договорувачот на осигурувањето, и тоа :
1. Според цените кои можат да се очекуваат на пазарот за стока од ист вид, количеството и квалитетот за времетраење на складирањето во ладилникот;
2. Според набавната цена на стоката зголемена за износот на трошоците за складирање и трошоците за превоз до ладилникот;
3. Според производната цена зголемена со трошоците за складирање и
трошоците за превоз до ладилникот;
4. Доколку договорувачот на осигурувањето цени дека цените од претходните ставови заостануваат од пазарните цени, може заради адекватно покритие да договори процентуално зголемување на основицата за пресметка на премијата, односно ја зголеми сумата на осигурување.
(2) Одредената цена од страна на осигуреникот или договорувачот на осигурувањето мора да биде одделно назначена во полисата за осигурување. Доколку во полисата не се означи цената по која осигурувањето е склучено, за набавената и туѓата стока ќе се смета дека е осигурена во смисла на точката 2), за стоката од сопствено производство - во смисла на точката 3), став (1) од овој член.
Член 6
Утврдување на надоместок од осигурувањето
(1) Надоместокот се пресметува:
1. Кај уништување или потполна загуба вредноста на стоката според цената договорена во членот 5 од овие услови, но најповеќе до висина на пазарната цена ако таа е пониска од осигурената на денот на настанувањето на осигурениот случај. По одбивање на вредноста на спасените остатоци;
2. Кај оштетување или делумна загуба на вредноста на стоката до висина на разликата помеѓу вредноста на оштетената стока пред и по настанување на осигурениот случај, а во смисла на членот 5 од овие услови, но најповеќе до висина на пазарната цена, ако таа е пониска од осигурената на денот на настанување на осигурениот случај.
(2) Штетата пресметана според ставот (1) од овој член ќе се надомести во полн износ ако сумата на осигурувањето не е помала од вредноста на осигурените ствари (член 5). Ако сумата на осигурувањето е помала од вистинската вредност, ќе се примени начелото на сооднос (пропорција) од членот 9 од општите услови за осигурување на имоти.
Член 7
Надоместок на трошоци
(1) На име трошоци направени за расчистување во врска со настанатиот осигурен случај на осигурените ствари, осигурувачот ги надоместува нужните издатици за расчистување и чистење на осигурените и оштетени ствари, но најповеќе до 3% од сумата на осигурување, ако поинаку не се договори. Во трошоците за расчистување спаѓаат нужните издатоци за расчистување и чистење на местото на кое е предизвикана штетата, како и издатоците за изнесување на изгореното, шутот, расипаната стока и тињата до најблиското место дозволено за растоварување.
(2) Осигурувачот ги надоместува нужните трошоци што договорувачот на осигурувањето ги направил, кога настанал осигурен случај на осигурената ствар за преземените мерки поради отстранување и намалување на штетата, па и тогаш кога тие мерки не биле успешни, но најповеќе до 5% од сумата на осигурувањето.
(3) Вкупниот надоместок на име трошоци од претходниот став и на име оштета, пресметан според членот 6 од овие услови, не може да ја надмине вредноста на стварите предвидена во членот 5 и 6 од овие услови. Трошоците за отстранување и намалување на штетата, направени по налог на осигурувачот се надоместуваат и тогаш кога заедно со надоместокот ја надминуваат вредноста на осигурените ствари.
(4) Во случај на подосигурување, трошоците за расчистување и рушење, како и трошоците за отстранување и намалување на штетата, се надоместуваат во ист сразмер како и надоместокот од членот 6, освен во случаите кога тие се направени по налог на осигурувачот.
(5) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците предизвикани поради отстранување на причината на штетата, како и трошоците за интервенција на противпожарните друштва или на други организации чија должност е според карактерот на работењето, бесплатно да даваат помош кпга ќе настане осигурен случај.
Член 8
Начин на осигурување и пресметка на премија
Осигурувањето може да се склучи;
(а) на сума на осигурување,
(б) на флотантна основа - според посебните услови за осигурување на залихи на флотантна основа.
Член 9
Важноста на општите услови за осигурување на имоти
(1) Доколку не се во спротивност со овие услови, на осигурувањата склучени по овие услови се применуваат општите услови за осигурување на имоти.
Член 10
Правна поука
Осигуреникот има право до министерството за финансии како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави жалба во однос на друштвото.