I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
Врз основа на членот 45 од Договорот за командитно друштво со акции XXXXX XXX - Скопје, а во согласност со членовите 384, 387 и 388-а од Законот за трговските друштва и во врска со Одлуката за свикување на 16. Годишно собрание на акционери на ОИЛКО КДА - Скопје, бр.0202-13/1 од 11.4.2022 година, донесена од Комплементарите на XXXXX XXX - Скопје, Комплементарите на Друштвото објавуваат
ЈАВЕН ПОВИК
до акционерите за учество на 16. Годишно собрание на акционери на XXXXX XXX – Скопје
ОИЛКО КДА - Скопје со седиште на ул.10, број 152 Миладиновци, објавува дека на ден 26.5.2022 година (четврток), со почеток во 17,00 часот во Скопје, на ул.,,Св.Кирил и Методиј’’ бр.4, Скопје, во деловните простории на V кат, ќе се одржи
16. Годишно собрание на акционери на XXXXX XXX – Скопје, со следниов
ДНЕВЕН РЕД
I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
- Избор на Претседавач на Собранието на Друштвото;
- Определување на бројач на гласови;
- Верификација на список на присутни акционери односно на нивни полномошници и списокот на акционери кои гласале со кореспонденција;
- Утврдување на бројот на гласови за работа и одлучување на Собранието (кворум) на Друштвото;
II. РАБОТЕН ДЕЛ
1. Расправа за Годишната сметка, Финансиските извештаи и Годишниот извештај на Друштвото за 2021 година
1.1. Разгледување на Годишната сметка, Финансиските извештаи на Друштвото за 2021 година и Извештајот на независниот ревизор
- Предлог: Одлука за усвојување на Годишната сметка, Финансиските извештаи на ОИЛКО КДА - Скопје за периодот од 1.1.2021 година до 31.12.2021 година и Извештајот на независниот ревизор;
1.2. Разгледување на Годишниот извештај за работењето на Друштвото во 2021 година
- Предлог: Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Друштвото во 2021 година;
1.3. Разгледување на Извештајот на Надзорниот одбор за резултатите од контролата над управувањето и раководењето со Друштвото во 2021 година
- Предлог: Одлука за усвојување на Извештајот на Надзорниот одбор за резултатите од контролата над управувањето и раководењето со Друштвото во 2021 година;
- Предлог: Одлука за одобрување на работењето на членовите на Надзорниот одбор на Друштвото во 2021 година;
2. Распоредување на добивката по Годишната сметка на Друштвото за 2021 година;
- Предлог: Одлука за враќање на износот од фондот за посебни резерви за купување на сопствени акции во акумулирана добивка на Друштвото;
- Предлог: Одлука за распоредување на добивката по Годишната сметка на Друштвото за 2021 година;
- Предлог: Одлука за плаќање на дивиденда по Годишната сметка зa 2021 година (Дивиденден календар);
- Предлог: Одлука за стекнување сопствени акции со откуп;
3. Одлука за отуѓување сопствени акции
- Предлог: Одлука за отуѓување сопствени акции;
4. Одлука за определување на ревизор на Финансиските извештаи на Друштвото за 2022 година
- Предлог: Одлука за определување на ревизор на Финансиските извештаи на Друштвото за 2022 година;
5. Одлука за одобрување голема зделка со заинтересирана страна
- Предлог: Одлука за одобрување голема зделка со заинтересирана страна;
Се повикуваат акционерите или нивните полномошници навремено да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Друштвото и да го оствари правото на глас е должен писмено да го пријави своето учество на Собранието (Пријава за учество на Собранието), најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен писмено да го извести Друштвото. Акционерот кој нема да го извести Друштвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното.
Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и на обрасците за гласање преку полномошник се достапни на интернет страницата на Друштвото.
Доколку повеќе акционери дале полномошно на еден полномошник, полномошникот е должен, 5 (пет) работни дена пред одржување на Собранието на акционери или најдоцна до 18.5.2022 година, да ја извести Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давањето на полномошната од акционерите. Известувањето се доставува со препорачана пратка или директно во архивата на Комисијата, на адреса на Комисијата за хартии од вредност, на ул. Македонија бр. 25, Палата “Xxxxx Xxx Xxxxxxx”, кат 4, 1000 Скопје, со пополнет образец, кој може да се најде на интернет страницата на Друштвото.
За полномошници на Собранието може да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и дека добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките на Дневниот ред на седницата на Собранието за која им важи полномошното.
Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со праќање на пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во ОИЛКО КДА - Скопје најдоцна до 25.5.2022 година. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификација на акционерите се достапни на интернет страницата на Друштвото.
Акционерите или нивните полномошници може да учествуваат на седницата на Собранието и да го остваруваат правото на глас само под услов своето учество да го пријавиле пред одржување на седницата на Собранието, како и да поседуваат документ за лична идентификација.
Пријавите да се достават до ОИЛКО КДА - Скопје, ул.10 бр.152, Миладиновци, Општина Илинден, комплементари на Друштвото со назнака ,,за Годишно собрание,, или по електронски пат на: contact@oilco.com.mк.
Согласно со Законот за трговските друштва, акционерите кои, поединечно или заедно, поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и/или предлог- одлуки по точките од Дневниот ред.
Акционерите можат да достават барање за вклучување нови точки во Дневниот ред и/или предлози на одлуки најдоцна 8 (осум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на интернет страницата на Друштвото.
Секој акционер има право да поставува прашања за секоја од точките на Дневниот ред на седницата на Собранието на Друштвото. Одговор на поставените прашања се дава на самата седница или преку интернет страницата на Друштвото. Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Договорот на Друштвото и со Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од Дневниот ред е јавно и ќе се врши на начин што е во согласност со Договорот и со Законот за трговските друштва.
Одлуката по точката 5 од дневниот ред, Собранието ја донесува со мнозинство гласови на сите акционери кои немаат интерес, а кои поседуваат акции со право на глас.
Записникот го води нотар.
Материјалите што ќе се разгледуваат на седницата на Собранието, предлoзите и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, во седиштето на Друштвото на ул.10 бр.152, Миладиновци, Општина Илинден, секој работен ден од 12:00 до 14:00 часот и на интернет страницата на Друштвото: xxx.xxxxx.xxx.xx