1] Изразите употребени во овие услови го имаат следново значење: осигурувач – Триглав Осигурување АД, Скопје, друштво за осигурување со кое е склучен договор за осигурување; договaрач на осигурување – лице кое склучува договор за осигурување;
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-пгр 22-11-мк
Општи услови за продолжена гаранција на производи
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ И ДЕФИНИЦИИ
член 1: дефиниции
[1] Изразите употребени во овие услови го имаат следново значење: осигурувач – Триглав Осигурување АД, Скопје, друштво за осигурување со кое е склучен договор за осигурување; договaрач на осигурување – лице кое склучува договор за осигурување;
осигуреник – лице чиј имот и/или имотен интерес се осигурува. полиса – документ за склучување на Договорот за осигурување; премија за осигурување – паричен износ на средства кој договарачот на осигурувањето му го плаќа на осигурувачот во согласност со Договорот за осигурување (во понатамошниот текст: премија);
осигурен случај – е иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот штетен настан врз основа на кој настануваат обврските на осигурувачот од Договорот за осигурување, односно настан предизвикан од осигурен ризик; надомест од осигурување – износ кој го плаќа осигурувачот врз основа на склучениот договор за осигурување;
производ – согласно овие услови се:
(a) апарати за домаќинство и тоа: бела техника, мали кујнски апарати, апарати за нега и убавина, апарати за греење и ладење, телевизори и други аудио и видео апарати, фотоапарати и камери, телефони, мобилни телефони, смарт часовници и други смарт уреди, прочистувачи на воздух, компјутери и други електронски и комуникациски апарати;
(б) микро превозни средства: велосипеди и електрични велосипеди и електрични тротинети.
период на продолжена гаранција – период по истек на гаранцијата од производителот со траење до 24 месеци; гаранција од производителот – законски задолжителна или со други прописи регулирана гаранција од страна на производителот, односно продавачот со која се обезбедува отстранување на недостатоците, замена на апаратите за домаќинство и микро превозни средства, враќање на купопродажните средства или друг начин на заштита на потрошувачот, во случај да апаратот за домаќинство не работи исправно или ги нема карактеристиките наведени во гаранцијата или рекламниот материјал, во случај на предизвикана штета или расипување, предизвикани од грешка во планирањето, материјалот или изработката, грешка во пресметката, услугата за поправка и/или предизвикана штета или уништување; франшиза – учество на осигуреникот во штета.
[2] Овие услови се темелат врз Законот за облигационите односи, Законот за супервизија на осигурувањето, како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони, и на соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување што го склучуваат договарачот на осигурувањето и осигурувачот.
[3] Општите услови се составен дел на понудата и договорот за осигурување што договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот ќе го склучи со Триглав Осигурување АД, Скопје.
член 2: предмет на осигурување
[1] Предмет на осигурување во смисла на овие услови се:
1) нови апарати за домаќинство набавени исклучиво од овластени продавачи во Република Северна Македонија кои минимум имаат 6 месеци гаранција од производителот;
2) нови микро превозни средства набавени исклучиво од овластени продавачи во Република Северна Македонија кои минимум имаат 6 месеци гаранција од производителот.
[2] Според овие услови предмет на осигурување не се:
1) дополнително вградени делови кои не се декларирани од страна на производителот;
2) потрошен материјал како што се: филтри, каиши, гумени или синтетички облоги, четкици, средства за изолација на топлина и заптивање, сијалички, батерии, тонери и друг потрошен материјал;
3) софтвер, оперативни програми, бази на податоци и слично;
4) гуми, рачки, систем за сопирачки, ланец, запчаник, седло, менувач, педали, батерии, амортизери или рутинско одржување на микро превозни средства;
5) нови апарати за домаќинство и микро превозни средства кои имаат помалку од 6 месеци гаранција од производителот.
6) производи испорачани со недостаток, или користени производи;
7) производи на кои е вршено прилагодување или поправка по испорака на производителот.
8) професионална опрема (видео/аудио, електричен алат и друга професионална опрема).
член 3: територијално покритие
[1] Осигурувањето важи само за производи купени на територија на Република Северна Македонија.
[2] Сите услуги поврзани со поправки на осигурените производи се вршат исклучиво на територија на Република Северна Македонија.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
член 4: осигурени опасности
[1] Согласно овие услови за продолжена гаранција осигурувачот има обврска да ги надомести трошоците настанати во случај на штета на производите, а согласно условите на гаранција од производителот во времетраењето на продолжената гаранција, но само по истекот на гарантниот рок од производителот.
[2] Осигурувачот има обврска исклучиво доколку штетата на производите после истекот на гаранција од производителот биде предизвикана поради грешка во изработката, недостаток во материјалите или во калапот, грешка на производителот, сервисирањето или склопувањето и/или за штетата или уништувањето кои се покриени со гаранција од производителот.
[3] Осигурувачот во никој случај нема обврска за надомест на штети или уништување на апаратите за домаќинство или микро превозни средства настанати во времетраење на гаранција од производителот.
[4] Не се смета дека настанал осигурен ризик, доколку недостатокот, нефункционирањето на осигурениот предмет е во врска со:
1) недостатоци на додатната опрема на производот, како надворешни дренажни цевки, кабли за напојување, поврзување на кабли, антени, слушалки, периферна опрема (тастатура, глушец, џојстик и слични), како и недостатоци на мрежна и комуникациска опрема (модем, склопки итн);
2) функционирање на софтвер, оперативни програми, бази на податоци, влијание на вируси, меморија на процесорски единици или слично.
3) во сите други случаи во кои што не се покриени со гаранцијата од производителот.
ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ
член 5: сума на осигурување
[1] Сумата на осигурување е еднаква на ново набавната вредност на осигурениот предмет според фискална сметка за набавка на производот и таа претставува максимална обврска на осигурувачот.
член 6: надомест од осигурување
[1] Осигурувачот е во обврска да исплати надомест од осигурувањето за штетата предизвикана со настанување на осигурениот случај согласно одредбите на овие услови.
[2] Надоместокот на осигурување кој осигурувачот го плаќа е ограничен на еден осигурeн случај за еден производ во текот на една година за времетраење на периодот на осигурувањето на продолжена гаранција.
[3] Висината на надоместот се утврдува со тоа што во случај на дефект или оштетување на предметот во периодот на продолжена гаранција за кои е потребна поправка во смисла на овие услови, Осигурувачот на Осигуреникот ќе му ги надомести трошоците за поправка во овластениот сервис, но најмногу до висина на осигурената сума.
[4] Производот се смета за уништен, кога поправката технички или објективно не е можна или е економски неоправдана (поправката е еднаква или ја надминува вредноста на производот). Обврската на Осигурувачот во овој случај е да му исплати 30% од вредноста на производот на Осигуреникот/Корисникот на осигурувањето без притоа да се примени франшиза во пресметката.
[5] Во случај на делумна штета се применува франшиза во износ од 15% од висина на штетата.
[6] Осигурувачот има обврска за надомест на трошоци за дефектажа најмногу до износ од 600,00 денари со вклучен износ на данокот на додадена вредност под услов достава на доказ од овластен сервис за производот за плаќање на истите од страна на осигуреникот.
член 7: склучување на договор за осигурување
[1] Договорот за осигурување се смета за склучен со потпишување на полисата од двете договорни страни.
[2] Кога Договорот за осигурување се склучува на далечина, осигурувачот смета дека осигурувањето е склучено со самото плаќање на премијата.
[3] Осигуреникот може да пристапи кон договорот за осигурување и со потпишување на договор за кредит, доколку производот го купува преку обезбедување на средства со користење на кредит од финансиска институција. Во овој случај договорот за кредит претставува документ со којшто се потврдува дека осигуреникот доброволно пристапува кон договорот за осигурување на
продолжена гаранција. Договарачот на осигурувањето, може да пристапи кон Договорот за осигурување и со потпишување изјава за осигурување при пристапување во осигурување (во натамошниот текст: изјава). Изјавата претставува документ со кој се потврдува дека договарачот на осигурувањето доброволно пристапува во осигурувањето со Договорот што го склучува со осигурувачот.
[4] Одредбите за склучување на договор за осигурување се применуваат и тогаш кога ќе се промени постојниот договор за осигурување, освен во случај на промена на условите за осигурување или тарифата на премии.
[5] Договорот за осигурување се смета за склучен и со самото плаќање на премијата за осигурување.
[6] Во случај на прекин на осигурувањето поради отуѓување или уништување поради неосигурен ризик, осигурувачот ја задржува целата премијата предвидена за полисата.
член 8: траење на договорот за осигурување
[1] Траењето на Договорот за осигурување се одредува во полисата за осигурување.
[2] Покритието на продолжената гаранција за осигурените производи почнува да важи по истек на 24-тиот час од денот на престанок на важноста на гаранцијата од производителот, а престанува да важи во 24-тиот час по истекот на периодот од 24 месеци на продолжената гаранција.
[3] Без оглед на договорениот период на важење на осигурувањето, осигурителното покритие по овие услови престанува во случај на:
1) целосна штета на предметот на осигурување. Како целосна штета се смета штета настаната на производот кога трошоците за поправка на истиот ја надминуваат вредноста на производот,
2) уништување, отуѓување или исчезнување на производот;
3) прекин на гаранцијата од производителот.
4) враќање или замена на производот со нов во рамките на законскиот рок.
член 9: плаќање на премија
[1] Премијата за осигурување се плаќа однапред согласно договорот за осигурување.
[2] Согласно законските одредби, на премијата за осигурување не се пресметува данок.
[3] Во случај на заостанато плаќање на премијата за осигурување, обврските се подмируваат по редот на доспеаност.
член 10: последица од неплаќање на премијата за осигурување
[1] Ако премијата за осигурување не е платена до денот на доспеаност, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рок кој е наведен во известувањето и кој не е пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа доспеаната премија за осигурување.
[2] Во случај на доцнење при плаќањето на премијата, осигурувачот може да побара поврат на трошоците кои заради доцнењето предизвикале законска казнена камата.
[3] Договарачот со неплаќање на премијата за осигурување не може еднострано да го раскине осигурувањето.
член 11: поврат на премија
[1] На осигурувачот во целост му припаѓа премијата за осигурување, доколку осигурениот предмет е уништен како последица на осигурените опасности.
[2] Осигурувачот нема обврска за поврат на премија доколку осигуреникот пријавил штета за производот или го отуѓи.
член 12: осигурен случај
[1] Се смета дека осигурен случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности настанала во време на продолжена гаранција и дошло до активирање на полисата.
член 13: обврски на осигуреникот по настанување на осигурен случај
[1] Осигуреникот е должен да пријави кај осигурувачот настанување на осигурен случај најдоцна во рок од три дена од денот кога дознал за истиот.
[2] Веднаш по настанувањето на осигурениот случај, ако е тоа можно, односно кога тоа приликите го дозволуваат, да се поднесе на осигурувачот попис на уништените, односно оштетените предмети;
[3] Осигуреникот е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата за штетата, на овластено лице на осигурувачот да му ги даде сите податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата. Осигурувачот исто така, може да бара осигуреникот да прибави и други докази, ако тоа е неопходно и оправдано.
[4] При поднесување на барање за надомест за време на осигурување на продолжената гаранција, осигуреникот задолжително треба да ја достави следната документација:
1) гарантниот лист од производителот;
2) оригинална фискална сметка;
3) фактура за набавка доколку е издадена;
4) дефектажа од овластен сервис;
[5] Осигуреникот има обврска да го поправа производот само во овластен сервис за тој производ.
член 14: обврска на осигурувачот
[1] Кога ќе ја прими пријавата за настанат осигуран случај, осигурувачот е должен веднаш, а најдоцна во законскиот рок, да пристапи кон утврдување и процена на штетата.
член 15: исклучувања на обврските на осигурувачот
[1] Осигурувачот не е должен да надомести штета од било каков вид, ако таа е директно или индиректно предизвикана од:
1) војна, инвазија, дејстванастранскинепријатели,непријателски или воени операции (без оглед дали војна е објавена или не), граѓанска војна, револуција и граѓански немири.
2) некое дејство на тероризам. За примена на ова исклучување дејство на тероризам значи дејство, кое вклучува, но не е ограничено на употреба на сила или насилство и/или закана со нив на лице или група на лица, без оглед дали дејствуваат сами или во корист на или во врска со било која организација(и) или влада(и) обврзани со политички, религиозни, идеолошки или етнички цели и причини, вклучувајќи и намера да се влијае на влада и/или да се изложи јавноста или дел од јавноста под страв;
3) биолошка или хемиска контаминација (ограничување на употреба на објект поради влијание на хемиски и/или биолошки материи);
4) проектили, бомби, гранати и воено-експлозивни средства.
[2] Исклучени се: штети, загуби, трошоци и надоместоци од секаков вид директно или индиректно настанати како последица или во врска со дејство преземено за контрола, превенција, санирање, угушување или на било кој начин се однесува на точките 1), 2), 3) и 4) од став 1 од овој член.
[3] Осигурувачот не е должен да надомести штета, ако таа е предизвикана намерно или со измама на договарачот на осигурувањето, осигуреникот или било кое трето лице на осигурувањето.
[4] Исто така исклучени се обврските на осигурувачот, во случај:
1) на индиректна штета, на нематеријални губитоци во врска со осигурениот случај (нематеријална штета), со губиток на заработка и казни;
2) за директна или индиректна штета на други производи;
3) за редовно одржување, сервис, чистење, и други услуги;
4) за недостатоци во надворешниот дизајн, производството или за други недостатоци кои подлежат на обврска на производителот да ги повлече од пазарот;
5) за било кој вид на одговорност на производителот, со исклучок на случаите опфатени со гаранцијата;
6) осигуреникот самостојно ги отстрани недостатоците или штетата;
7) осигуреникот поправката ја направил во неовластен сервис;
8) доколку ист недостаток се повтори на веќе направена поправка за која гаранција дала овластениот сервис;
9) задополнителните трошоци за подобрување на производите;
10) за сите случаи кога гаранцијата од производителот не важи.
11) несоодветна инсталација, нестручно ракување или несоодветно одржување;
12) механичко, хемиско или какво било друго надворешно оштетување, корозија, оксидација, затнување или постепено пропаѓање на производот;
13) отстапувања во напонот на електричната мрежа, удар на гром и пропратни појави, виша сила, елементарни непогоди, злонамерни постапки на трети лица;
14) надворешни влијанија, како влага, вода, топлина, вибрации, електро магнетни импулси, прашина и други услови на надворешната средина;
15) физичко трошење и абење на делови кои по своите својства се трошат со употреба;
16) користење на софтвер на други приклучни производи, делови или потрошни материјали кои не се во согласност со спецификацијата на производот;
17) вируси, програмирање, програмски и софтверски грешки, расипување на пиксели;
18) транспорт до овластениот сервис и назад;
19) оштетувања и трошоци настанати при транспорт до овластениот сервис;
20) потрошен материјал како што се: филтри, каиши, гумени или синтетички облоги, четкичи, средства за изолација на топлина и заптивање, сијалички, батерии, тонери и друг потрошен материјал;
21) редовен сервис на производите;
22) штети настанати со намера или грубо невнимание;
23) штети кои настануваат како последица на непридржување до упатството за користење на производ;
24) доколку осигуреникот не ја достави документацијата предвидена со член 13 став 4 од овие Услови;
25) ако поедини делови на производот имаат подолга гаранција од гаранцијата од производителот на производот.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 16: примена на закон
[1] За правата и обврските на договорните страни што не се уредени со овие услови се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие услови одредено прашање е уредено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од законот.
член 17: информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Назив: Триглав Осигурување АД, Скопје Седиште: бул.„8-ми Септември“ бр.16, Скопје e-mail: xxxx@xxxxxxx.xx
Офицер за заштита на личните податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx
*Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxxxx://xxx.xxxxxxx.xx/xx/xx-xxx/xxxxxxxx
член 18: обработка и заштита на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договарачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје, а Триглав Осигурување АД, Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.
член 19: правен основ за обработката на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
[2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 20: цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
[2] Соцелводењенапостапказанадоместнаштетаивоспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Триглав Осигурување АД, Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
[3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
[4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Триглав Осигурување АД, Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 21: рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Триглав Осигурување АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 22: права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 41, од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 23: пренос на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: „бул.8- ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса oficer. xx@xxxxxxx.xx.
член 24: обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија.
[2] Согласностазаобработканаличнитеподатоцизацелинадиректен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
член 25: санкциска клаузула – рестриктивна мерка за спречување на перење пари и финансирање тероризам
[1] Осигурувачот не дава осигурително покритие, односно не ја покрива одговорноста на осигуреникот за настаната штета или не исплаќа какви било други поволности, без оглед на Договорот за осигурување, доколку таквата исплата или плаќањето на каква било друга поволност би го изложила осигурувачот на некакви санкции, забрани или ограничувања врз основа на резолуциите на Обединетите нации, или на трговски или економски санкции, на кршење на законите или прописите на Европската Унија, Обединетото Кралство или САД.
член 26: приговор (вонсудско решавање на спорови)
[1] Договорните страни се согласни дека сите спорови што произлегуваат од овој Договор ќе се решаваат по мирен пат.
[2] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот на осигурување се согласни дека за сите спорни прашања, жалби и несогласувања кои произлегуваат од односот со осигурувачот ќе го известат истиот без одложување. Известувањата во форма на приговор од овој став се доставуваат во писмена форма, од што со сигурност може да се утврди содржината на известувањето и времето на неговото праќање.
[3] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот на осигурување кој смета дека со одлуката (решението) на осигурувачот за оштетното побарување му се нарушени правата од осигурувањето, може да поднесе приговор до Комисијата за приговори (жалби) на осигурувачот во рок од 30 дена од прием на одлуката за барањето за надоместот на штета.
[4] Комисијата за приговори (жалби) е должна да донесе одлука по приговорот во писмена форма, без одложување, но најдоцна во рок од 30 дена од денот на прием на приговорот.
член 27: меродавно право и судска надлежност
[1] За правата и обврските на договорните страни што не се регулирани со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие Услови некое прашање е утврдено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од Законот.
[2] Споровите што настануваат помеѓу осигуреникот, на една страна, и осигурувачот, на друга страна, ги решава стварно и месно надлежниот суд според седиштето на осигурувачот.
член 28: надзор над друштвото за осигурување
[1] Орган надлежен за вршење надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
[2] Во случај осигуреникот да не е задоволен од односот на осигурувачот во текот на траењето на Договорот за осигурување, може да достави претставка до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за надзор над работењето на осигурувачот.
член 29: застарување на барањата
[1] Побарувањата од договорите за осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
член 30: изјава за информираност
[1] Договарачот на осигурувањето/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата изречно потврдуваат дека при склучувањето на Договорот за осигурување, од страна на осигурувачот писмено се известени за сите податоци согласно членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањето им е оставено разумно време за донесување на конечна одлука за склучување на Договорот за осигурување. Согласно ова, договарачот/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
член 31: влегување во сила
[1] Овие Општи услови со назнака УС-пгр/22-11-мк влегуваат во сила со денот на нивното донесување.