Oсигурен случај се подразбира иден, неизвесен и независен случај од исклучивата волја на договарачот.
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ
Февруари 2022 година
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Овие Услови се применуваат за осигурување на имот, освен онаму каде што со посебните или дополнителните услови за осигурување на имоти не е посебно исклучена нивната примена. Термините употребени во овие Услови го имаат следното значење:
Осигурувач Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРВАЊЕ АД Скопје.
Договарач на осигурувања лице што со осигурувачот склучува договор за осигурување.
Осигуреник лице на кое имотот му е осигурен и на кое му припаѓаат правата од осигурувањето.
Премија за осигурување износ што договарачот на осигурувањето го плаќа по склучен договор за осигурување.
Сума на осигурување износ на кој имотот, односно имотниот интерес е осигурен, освен ако од содржината на договорот за осигурување не произлегува нешто друго.
Лист на покритие потврда што привремено ја заменува полисата.
Полиса документ со кој се потврдува постоење на договорот за осигурување.
Oсигурен случај се подразбира иден, неизвесен и независен случај од исклучивата волја на договарачот.
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Договор за осигурување на имотот може да склучи лице што има интерес да не настане осигурен случај затоа што би претрпело некоја материјална загуба.
Договорот за осигурување е склучен кога договарачите ќе потпишат полиса на осигурување или лист на покритие (член 957 од Законот за облигациони односи).
Усната понуда направена до осигурувачот за склучување на договор за осигурување не ги обврзува ниту понудувачот ниту осигурувачот.
Писмената понуда направена на осигурувачот за склучување на договор за осигурување го обврзува понудувачот, ако тој не одредил пократок рок, за време од 8 (осум) дена од денот кога понудата пристигнала кај осигурувачот.
Ако осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата, која не отстапува од Условите според кои тој го врши предложеното осигурување, ќе се смета дека тој ја прифатил понудата и дека договорот е склучен. Во тој случај, договорот се смета за склучен во оној момент кога понудата пристигнала кај осигурувачот.
Ако осигурувачот во однос на примената понуда побара какво било дополнување или измена, како ден на приемот на понудата ќе се смета денот кога осигурувачот го примил бараното дополнување или измена, односно кога ќе биде известен за прифаќање на неговите услови.
Одредбите од ставот 2 на овој член се применуваат и кога се врши измена на постојниот договор за осигурување.
Договорот за осигурување е ништовен, ако во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурен случај, или тој бил во настанување или било извесно дека ќе настапи, или ако веќе тогаш престанала можноста тој да настане.
ПОЛИСА И ЛИСТ НА ПОКРИТИЕ
Член 2
Во полисата за осигурување мора да биде наведено следното: договорните странки, осигурениот предмет, ризикот опфатен со осигурувањето, траењето на осигурувањето и периодот на покритието, сумата на осигурувањето или дека осигурувањето е неограничено, премијата или придонесот, датумот на издавањето на полисата и потписите на договорните страни.
Полисата за осигурување може да биде привремено заменета со листа на покритие, во која се внесуваат битните елементи на договорот.
Осигурувачот е должен да го предупреди договарачот на осигурувањето дека општите и посебните услови на осигурување се составен дел на договорот и да му го предаде нивниот текст, ако тие услови не се печатени на самата полиса.
Извршувањето на обврските од ставот 3 на овој член мора да биде констатирано на полисата.
Во случај на несогласување на некоја одредба од општите и од посебните услови и некоја одредба од полисата, ќе се примени одредбата од полисата, а во случај на несогласување на некоја печатена одредба на полисата и некоја нејзина ракописна одредба ќе се примени последната.
Според спогодбата на договарачите, полисата може да гласи на определено лице по наредба или на доносител (член 958).
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ВО ИМЕ НА ДРУГ БЕЗ ОВЛАСТУВАЊЕ
Член 3
Тој што ќе склучи договор за осигурување од името на друг без негово овластување му одговара на осигурувачот за обврските од договорот сè додека оној од чие име е склучен договорот не го одобри. Заинтересираниот може да го одобри договорот и откако настанал осигурен случај.
Ако одобрението е одбиено, договарачот на осигурувањето должи премија за периодот на осигурувањето во кој осигурувачот е известен за одбивање на одобрението.
Не одговара за обврските од осигурувањето работоводителот што без налог го известил осигурувачот дека истапува без овластување од името и за сметка на друг (член 960).
ОСИГУРУВАЊЕ НА ТУЃА СМЕТКА ИЛИ ЗА СМЕТКА НА ОНОЈ ЗА КОГО СЕ ОДНЕСУВА
Член 4
Во случај на осигурување на туѓа сметка или за сметка на оној за кого се однесува, обврските за плаќање на премијата и другите обврски од договорот е должен да ги извршува договарачот на осигурувањето, но тој не може да ги врши правата од осигурувањето, дури и кога поседува полиса, без согласност од лицето чиј интерес е осигурен и на кое тие права му припаѓаат.
Договарачот на осигурувањето не е должен да му ја предаде полисата на заинтересираното лице додека не му бидат надоместени премиите што ги исплатил на осигурувачот, како и трошоците за договорот.
Договарачот на осигурувањето има право на првенствена наплата на овие побарувања од надоместот, како и право да бара нивна исплата непосредно од осигурувачот.
Осигурувачот може на секој корисник на осигурувањето за туѓа сметка да му ги истакне сите приговори што врз основа на договорот ги има договарачот на осигурувањето (член 961).
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ И ОСИГУРЕНА ВРЕДНОСТ
Член 5
Договор за осигурување може да се склучи на сума на осигурување како што следува:
- на сума на осигурување што ќе ја одреди договарачот на осигурувањето;
- на сума на осигурување што ќе ја одредат заеднички договарачот/осигуреникот и осигурувачот;
- на вистинска вредност, но најмногу до сумата на осигурување што ја одредил договарачот на осигурувањето, кори гирана за промената на цените во тековната година на осигурувањето до денот на настанувањето на секое нешто посебно (еден или повеќе осигурени предмети), односно за поодделно средство евидентирано во книговодството на основните средства и средствата на заедничка потрошувачка кај осигуреникот;
- на пазарна вредност во согласност со Посебните услови за осигурување по кои е предвидено осигурување на одредени предмети на пазарна вредност.
ДОПОЛНИТЕЛНО НАМАЛУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТА
Член 6
Ако осигурената вредност се намали за време на осигурувањето, секоја договорна страна има право на соодветно намалување на сумата на осигурувањето и на премијата, почнувајќи од денот кога своето барање за намалување го соопштила на другата странка (член 989).
II. НАДОСИГУРУВАЊЕ И ДОГОВОР СО ПОВЕЌЕ ОСИГУРУВАЧИ
НАДОСИГУРУВАЊЕ
Член 7
Ако при склучување на договорот една страна се послужила со измама и така договорила сума на осигурувањето поголема од вистинската вредност на осигурениот предмет, другата страна може да бара поништување на договорот.
Ако договорената сума на осигурувањето е поголема од вредноста на осигурениот предмет, а притоа ниедна странка не постапила несовесно, договорот останува на сила, сумата на осигурувањето се намалува до износот на вистинската вредност на осигурениот предмет, а премиите се намалуваат сразмерно.
Во двата случаи совесниот осигурувач ги задржува примените премии и има право на ненамалена премија за тековниот период (член 988).
ПОВЕЌЕКРАТНО И ДВОЈНО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 8
Ако некој предмет е осигурен кај двајца или кај повеќе осигурувачи од ист ризик, за ист интерес и за исто време, така што збирот на сумите на осигурувањето не ја надминува вредноста на тој предмет (повеќекратно осигурување), секој осигурувач одговара за извршување во целост на обврските настанати од договорот што го склучил тој.
Ако, пак, збирот на сумите на осигурувањето ја преминува вредноста на осигурениот предмет (двојно осигурување), а притоа договарачот на осигурувањето не постапил несовесно, сите тие осигурувања се полноважни и секој осигурувач има право на договорената премија за периодот на осигурувањето во тек, а осигуреникот има право да бара од секој одделен осигурувач надомест според договорот склучен со него, но вкупно не повеќе од износот на штетата.
Кога ќе настане осигурениот случај, договарачот на осигурувањето е должен да го извести за тоа секој осигурувач на истиот ризик и да му ги соопшти имињата и адресите на другите осигурувачи, како и сумите на осигурувањето на одделните договори склучени со нив.
При исплатата на надоместот на осигуреникот, секој осигурувач поднесува дел од надоместот во сразмер во кој стои сумата на осигурувањето на која се обврзал тој, според вкупниот збир на сумите на осигурувањето, па осигурувачот што платил повеќе има право да бара од другите осигурувачи надомест на повеќе платеното.
Ако некој договор е склучен без назначување на сумата на осигурувањето или со неограничено покритие, ќе се смета како договор склучен со највисока сума на осигурување.
За делот на осигурувачот што не може да плати одговараат другите осигурувачи сразмерно со своите делови.
Ако договарачот на осигурувањето склучил договор за осигурување со кој настанало двојно осигурување не знаејќи за порано склученото осигурување, тој може, без оглед на тоа дали поранешното осигурување го склучил тој или некој друг, во рок од еден месец откако дознал за тоа осигурување да бара соодветно намалување на сумата на осигурувањето и на премиите на подоцнежното осигурување, но осигурувачот ги задржува примените премии и има право на премија за тековниот период.
Ако до двојното осигурување дошло поради намалување на вредноста на осигурениот предмет за време на осигурувањето, договарачот на осигурувањето има право на соодветни намалувања на сумите на осигурувањето и на премиите, почнувајќи од денот кога своето барање за намалување му го соопштил на осигурувачот.
Ако при настанувањето на двојно осигурување договарачот на осигурувањето постапил несовесно, секој осигурувач може да бара поништување на договорот, да ги задржи примените премии и да бара намалена премија за тековниот период (член 990).
III. ПОДОСИГУРУВАЊЕ
Член 9
Кога ќе се утврди дека на почетокот на односниот период на осигурувањето вредноста на осигурениот предмет била поголема од сумата на осигурувањето, износот на надоместокот што го должи осигурувачот се намалува сразмерно, освен ако не е договорено поинаку.
Осигурувачот е должен да даде целосен надомест сè до износот на сумата на осигурувањето, ако е договорено дека односот меѓу вредноста на предметот и сумата на осигуру вањето нема значење за определување на износот на надоместот (член 992).
IV. ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
ВАЖНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 10
Договор за осигурување може да се склучи:
- со одреден рок на траење и
- со неодреден рок на траење, кој се продолжува од година во година, доколку не се откаже некоја од странките во законски утврдените рокови.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 11
Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај) мора да биде иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на договарачот (член 954, став 1). Се смета дека во осигурувањето на предмети настанал осигурен случај во оној момент кога една од осигурените опасности ненадејно и неочекувано почнала да се остварува на осигурениот предмет и да го оштетува, односно да ја остварува штетата.
Договорот за осигурување е ништовен ако во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурен случај или тој бил во настанување или било извесно дека ќе настапи, или ако веќе тогаш престанала можноста тој да настане.
Ако е договорено дека со осигурувањето ќе биде опфатен определен период што му претходи на склучувањето на договорот, договорот ќе биде ништовен само ако во моментот на неговото склучување на заинтересираната страна и било познато дека веќе настанал осигурениот случај, односно дека веќе тогаш престанала можноста тој да настане (член 954, став 2 и 3).
ПРАВНА СИТУАЦИЈА ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 12
Ако во текот на ист период на осигурувањето настанат повеќе осигурени случаи еден по друг, надоместот од осигурувањето за секој од нив се определува и се исплатува во целост со оглед на целата сума на осигурување, без нејзино намалување за износот на порано исплатените надомести во тој период (член 981, став 6).
Во случај на уништување на предмети (тотална штета или кога предметите по договор за осигурување се сметаат за уништени), осигурувањето престанува за уништените предмети.
Тотална штета е штетата кога вредноста на поправката е еднаква или поголема од сумата на осигурување за секое нешто поединечно (основно средство).
ФОРМА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 13
[1] Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма, и стапува на сила од денот на прием.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на Договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Како ден на прием се смета следниот работен ден после препорачано предадената пратка, пратена на последната дадена адреса од страна на примачот.
ПРОМЕНА НА АДРЕСА НАЗИВ (ФИРМА)
Член 14
Договарачот на осигурувањето е должен за промената на името или на адресата, односно за промената на називот фирмата и седиштето (на деловни простории), да го извести осигурувачот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.
Ако договарачот на осигурувањето не го извести осигурувачот за промените од претходниот став, за полноважност на известувањето доволно е осигурувачот да му испрати на осигуреникот препорачано писмо според последните податоци за адресата на станот, деловните простории, односно називот фирмата, со кои располага.
Известувањето станува полноважно во денот во кој во нормални околности би вредело ако не дошло до промена од претходниот став.
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 15
Ако осигурувачот ги измени Условите за осигурување или Тарифата на премии, должен е за тоа писмено или на друг погоден начин да го извести договарачот на осигурувањето најдоцна 60 (шеесет) дена пред истекувањето на тековната годи на на осигурувањето.
Договарачот на осигурувањето има право да го откаже договорот за осигурување во рок од 60 (шеесет) дена од денот на приемот на известувањето. Во тој случај, договорот за осигурување престанува да важи со истекувањето на тековната година на осигурувањето.
Ако договарачот на осигурувањето не го откаже договорот за осигурување во рокот од ставот 2 од овој член, договорот за осигурување на почетокот на наредниот период на осигурувањето се менува во сообразност со извршените измени во Условите за осигурување, односно Тарифата на премии.
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОКОЛНОСТИ ЗНАЧАЈНИ ЗА ОЦЕНА НА РИЗИКОТ
Член 16
Договарачот на осигурувањето е должен при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности што се значајни за оцена на ризикот, а што му се познати или не можеле да му останат непознати (член 963).
Намерна неточна пријава или премолчување.
Ако договарачот на осигурувањето намерно направил неточна пријава или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор да ја знаел вистинската состојба на работите, осигурувачот може да бара поништување на договорот.
Во случај на поништување на договорот од причините наведени во ставот 2 на овој член, осигурувачот ги задржува наплатените премии и има право да бара исплата на премијата за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот.
Правото на осигурувачот да бара поништување на договорот за осигурување престанува ако тој во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договарачот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право (член 964, став 2 и 3).
Ненамерна неточност или нецелосност на пријавата
Ако договарачот на осигурувањето направил неточна пријава, или пропуштил да го даде должното известување, а тоа не го сторил намерно, осигурувачот може, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или за нецелосноста на пријавата, да изјави дека го раскинува дого ворот или да предложи зголемување на премијата сразмерно со поголемиот ризик.
Договорот во тој случај престанува по истекувањето на 14 дена од денот кога осигурувачот својата изјава за раскинување му ја соопштил на договарачот на осигурувањето, а во случај на предлог на
осигурувачот премијата да се зголеми, раскинувањето настапува според самиот закон ако договарачот на осигурувањето не го прифати предлогот во рок од 14 дена од денот кога го примил.
Во случај на раскинување, осигурувачот е должен во рок од 60 дена да го врати делот од премијата што отпаѓа на времето до крајот на периодот на осигурувањето.
Ако осигурениот случај настанал пред да е утврдена неточноста или нецелосноста на пријавата или потоа, но пред раскинувањето на договорот, односно пред постигнување спогодба за зголемување на премијата, надоместокот се намалува во сразмер меѓу стапката на платените премии и стапката на премиите што би требало да се платат според вистинскиот ризик (член 965).
Проширување на примената на претходните ставови
Одредбите од претходните ставови за последиците од неточна пријава или премолчувањето на околностите значајни за оцена на ризикот се применуваат и во случаи на осигурувања склучени од името и за сметка на друг, или во корист на трет или за туѓа сметка, или за сметка на оној на кого се однесува, ако овие лица знаеле за неточноста на пријавата или за премолчувањето на околностите значајни за оцена на ризикот (член 966).
Случаи во кои осигурувачот не може да се повикува на неточноста или нецелосноста на пријавата Осигурувачот на кој во моментот на склучувањето на договорот му биле познати или не можеле да му останат непознати околностите што се од значење за оцена на ризикот, а кои договарачот на осигурувањето неточно ги при јавил или ги премолчил, не може да се повикува на неточноста на пријавата или на премолчувањето.
Истото важи во случај кога осигурувачот дознал за тие околности за време на осигурувањето, а не ги користел законските овластувања (член 997).
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Должност за плаќање и примање на премијата Член 17
[1] Договарачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата на осигурувањето, но осигурувачот е должен да ја прими исплатата на премијата од секое лице што има правен интерес таа да биде платена (член 968, став 1).
[2] Место за плаќањето на премијата е местото во кое договарачот на осигурувањето има свое седиште, односно живеалиште, ако со договорот не е одредено некое друго место (член 968, став 3).
[3] Ако премијата се плаќа преку пошта, се смета дека договарачот на осигурувањето со уплата на должниот износ преку пошта ја исплатил својата обврска кон осигурувачот откако во банката на осигурувачот ќе пристигне паричната дознака.
[4] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено.
[5] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено.
[6] Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата.
[7] Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
[8] Ако премијата за осигурување не е платена до стасаноста, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рокот што е наведен во известувањето, а кој не може да биде пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине Договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа стасаната премија за осигурување.
[9] Во случај на доцнење со плаќање на премијата, осигурувачот има право да пресмета и законска затезна камата.
[10] Со неплаќање на премијата за осигурување, договарачот не може еднострано да го раскине осигурувањето
ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ ЗА ПРОМЕНИТЕ НА РИЗИКОТ
Зголемување на ризикот Член 18
Договарачот на осигурувањето е должен, кога е во прашање осигурување на имот, да го извести осигурувачот за секоја промена на околностите што може да биде од значење за оцена на ризикот.
Тој е должен без одложување да го извести осигурувачот за зголемувањето на ризикот ако ризикот е зголемен со некоја негова постапка, а ако зголемувањето на ризикот се случило без негово учество, тој е должен да го извести во рок од 14 дена откога дознал за тоа.
Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот не би склучил договор да постоела таква состојба во моментот на неговото заклучување, тој може да го раскине договорот.
Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот би склучил договор само со поголема премија да постоела таква состојба во моментот на склучувањето на договорот, тој може на договарачот на осигурувањето да му предложи нова стапка на премијата.
Ако договарачот на осигурувањето не се согласи со новата стапка на премијата во рок од 14 дена од приемот на предлогот на новата стапка, договорот престанува според самиот закон.
Договорот останува во сила и осигурувачот веќе не може да ги користи овластувањата да му предложи на договарачот на осигурувањето нова стапка на премијата или да го раскине договорот ако не ги искористи тие овластувања во рок од еден месец откога на кој и да е начин дознал за зголемувањето на ризикот или ако уште предистекувањето на тој рок покаже на некој начин дека се согласува со продолжување на договорот (ако ја прими премијата, исплати надомест за осигурен случај што настанал по тоа зголемување и слично) (член 970).
Кога осигурениот случај ќе настане во меѓувреме
Ако осигурениот случај настане пред да биде известен осигурувачот за зголемувањето на ризикот или откако е известен за зголемувањето на ризикот, но пред да го раскине договорот, или ако постигне спогодба со договарачот на осигурувањето за зголемување на премијата, надоместокот се намалува во сразмер меѓу платените премии и премиите што би требало да се платат според зголемениот ризик (член 971).
Намалување на ризикот
Во случај кога по склучување на договорот за осигурување настанало намалување на ризикот, договарачот на осигурувањето има право да бара соодветно намалување на премијата, од денот кога за намалувањето го известил осигурувачот.
Ако осигурувачот не се согласи со намалувањето на премијата, договарачот на осигурувањето може да го раскине договорот (член 972).
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕТО НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ И СПАСУВАЊЕ, КАКО И ПРИДРЖУВАЊЕ КОН ОДРЕДБИТЕ ЗА ЗАШТИТНИ МЕРКИ
Член 19
Осигуреникот е должен да ги преземе пропишаните, договорените и сите други мерки потребни за да се спречи настапувањето на осигурениот случај, а ако осигурениот случај настапи, е должен да преземе сè што е во негова моќ да се ограничат неговите штетни последици.
Осигурувачот е должен да ги надомести трошоците, загубите, како и другите штети причинети со разумен обид да се отстрани непосредната опасност од настапувањето на осигурениот случај, како и со обид да се ограничат неговите штетни последици, па и тогаш кога тие обиди останале без успех.
Осигурувачот е должен да го даде овој надомест дури и ако тој заедно со надоместот на штетата од осигурениот случај ја надминува сумата на осигурувањето.
Ако осигуреникот не ја исполни својата обврска за спречување на осигурениот случај или обврската за спасување, а за тоа нема оправдување, обврската на осигурувачот се намалува за онолку за колку што настанала поголема штета поради тоа неисполнување (член 982, став 1, 2, 3 и 4).
Ако е одреден или договорен рокот до кога треба да се спроведуваат мерките за спречување на остварувањето или на зголемувањето на опасноста (превентивни мерки), надоместокот на осигуреникот се исплатува и тогаш кога осигурениот случај настанал до истекувањето на тој рок и ако штетата е во причинска врска со пропишаните, односно договорените мерки.
Осигурувачот има право да врши контрола на договорените и на други одредби за заштитни мерки од ставот 1 на овој член.
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 20
Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој се бара надоместок од осигурувањето, осигуреникот е должен да постапи на овој начин:
- веднаш да преземе сè што е во негова моќ за да ги ограничи неговите штетни последици и притоа да се придржува кон упатствата што му ги дал осигурувачот или неговиот претставник;
- да го извести осигурувачот за настапување на осигуре ниот случај најдоцна во рок од три дена откога дознал за тоа (член 973, став 1);
- што порано, а најдоцна во рок од три дена, писмено да ја потврди пријавата направена усно, телефонски, по теле факс, по електронски пат или на кој било друг сличен начин;
- во сите случаи предвидени со прописи, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, кражба, провална кражба, разбојништво и сообраќајна незгода, да се пријави на надлежниот орган за внатрешни работи и да се наведе кои предмети се уништени, односно оштетени или исчезнати при настанувањето на осигурениот случај;
- веднаш по настанувањето на осигурениот случај, ако е тоа можно, односно кога условите го дозволуваат тоа, да се поднесе на осигурувачот попис на уништените, односно оштетените предмети со приближно назначување на нивната вредност; и
- до доаѓањето на претставникот на осигурувачот на самото место да не се менува состојбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената не е потребна во јавен интерес или заради намалување, односно заради продолжување со нормално производство.
Ако промената се изврши заради продолжување со нормално производство, осигуреникот е должен за тоа веднаш да го извести осигурувачот преку телефон, по електронски пат или на кој било друг начин. Осигуреникот е должен, без оглед на рокот во кој ја поднел пријавата за штетата, на претставникот на осигурувачот да му ги даде сите податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и на висината на штетата. Осигурувачот исто така може да бара осигуреникот да прибави и други докази, ако тоа е неопходно и оправдано.
Ако осигуреникот не ја изврши својата обврска за известување на осигурувачот од ставот 1, точка 2 од овој член во одредено време, должен е да му ја надомести на осигурувачот штетата што би ја имал овој поради тоа (член 973, став 2).
ВИСИНА НА НАДОМЕСТОКОТ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 21
Осигурувачот има обврска да го исплати надоместот од осигурувањето за штетата предизвикана со настанување на осигурениот случај по одредбите на овие Општи услови и по условите за оној вид на осигурување според кој е склучен договорот за осигурувањето.
Износот на надоместот не може да биде поголем од штетата што осигуреникот ја претрпел со настанувањето на осигурениот случај (член 981, став 2).
УТВРДУВАЊЕ И ПРОЦЕНА НА ШТЕТА
Член 22
Кога ќе ја прими пријавата за настанат осигурен случај, осигурувачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од три дена, да пристапи кон утврдување и процена на штетата.
Осигуреникот може и пред истекувањето на рокот од три дена да почне да ја отстранува штетата ако тоа е потребно заради продолжување со нормално производство во согласност со членот 22, став 1, точка 6 од овие Услови.
Ако со договорот за осигурување вредноста на осигурениот предмет е утврдена спогодбено, надоместот се определува според таа вредност, освен ако осигурувачот не докаже дека договорената вредност е значително поголема од вистинската вредност, а за таа разлика не постои оправдана причина (како, на пример, осигурување на употребуван предмет на вредноста на таков нов предмет или осигурување на субјективната вредност) (член 981, став 7).
СПАСЕНИ ДЕЛОВИ
Член 23
Ако не е договорено поинаку, спасените делови од уништените, односно оштетените предмети, остануваат кај осигуреникот. Осигуреникот нема право, по настанувањето на осигурениот случај, да му го препушти на осигурувачот уништениот, односно оштетениот осигурен предмет и да бара од него исплата на целата сума на осигурувањето, односно на полната вредност.
Вредноста на спасените, уништените, односно оштетен ите предмети или нивните делови се пресметува според пазарната вредност во местото на штетата според положбата на денот на настанувањето на осигурениот случај.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 24
Кога ќе настане осигурен случај, осигурувачот е должен да го исплати надоместот или сумата определена со договорот во договорениот рок, кој не може да биде подолг од 14 дена, ако се смета од моментот кога осигурувачот добил известување дека настанал осигурениот случај.
Ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и на нејзиниот износ е потребно извесно време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ.
Ако износот на обврската на осигурувачот не биде утврден во рокот определен во ставот 1 на овој член, осигурувачот е должен на барање од овластеното лице да го исплати износот на неспорниот дел од својата обврска на име xxxxx (член 975).
Исплатата на надоместок на носителите на залогот и други права:
По настанувањето на осигурениот случај, заложните права и другите права што порано постоеле на осигурениот предмет имаат за предмет долговен надоместок како во случај на осигурување на сопствени предмети така и во случај на осигурување на туѓи предмети, поради обврска за нивното
чување и враќање, па осигурувачот не може да исплати надоместок на осигуреникот без согласност на носителот на тие права.
Овие лица може да бараат непосредно од осигурувачот, во границите на сумата на осигурувањето и според законскиот ред, да им ги исплати нивните побарувања.
Меѓутоа, ако во моментот на исплатата осигурувачот не знаел ниту можел да знае за тие права, извршената исплата на надоместокот на осигуреникот останува правосилна.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 25
[1] Во случај на предвремено раскинување на Договорот за осигурување, осигурувачот е должен да врати дел од премијата за неискористеното време на осигурување, ако осигурената опасност престанала да постои по склучување на Договорот за осигурување.
[2] Ако осигурената опасност престанала да постои пред почетокот на покритието, осигурувачот ја враќа целокупната уплатена премија, намалена за манипулативните трошоци.
[3] Во другите случаи на престанување на важноста на Договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае покритието, освен ако не е поинаку договорено.
[4] Враќање на премијата на барање на осигуреникот може да се изврши само врз основа на докази за исполнети услови за поврат на премија
ПОЧЕТОК НА ДЕЈСТВО НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 26
Ако не е договорено поинаку, договорот за осигурување произведува свое дејство почнувајки од 24 (дваесет и четвртиот час) на денот што е означен во полисата како ден на почетокот на траењето на осигурувањето, па сè до завршувањето на последниот ден на рокот за кој е договорено осигурувањето (член 978, став 1).
Ако рокот на траење на осигурувањето не е одреден со договор, секоја страна може да го раскине договорот со денот на истекувањето на тековната година на осигурувањето, известувајќи ја по писмен пат другата странка најдоцна 3 (три) месеци пред истекот на тековната година на осигурување (член 978, став 2).
Во тој случај, договорот за осигурување престанува со истекувањето на 24 часа на последниот ден од тековната година на осигурувањето.
Ако осигурувањето е склучено со рок подолг од пет години, секоја страна може по истекувањето на овој рок при отказен рок од шест месеци писмено да и изјави на другата страна дека го раскинува договорот (член 978, став 3).
Со договорот не може да се исклучи правото на секоја страна да го раскине договорот како што е погоре изложено (член 978, став 4).
Ако договарачот на осигурувањето предвреме го раскине договорот склучен на рок подолг од 5 години, должен е да го плати износот на вкупниот одобрен попуст за времетраењето на осигурувањето за сите претходни години.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Последици од неисплата на премија Член 27
Обврската на осигурувачот од осигурувањето почнува ако не се договори поинаку, односно доколку со условите за одделни видови осигурувања не е одредено поинаку, по истекување на 24 часа од денот што во полисата е назначен како почеток на осигурувањето, ако од тој ден е платена премијата, а инаку по истекување на 24 часа од денот на уплатата на премијата.
Ако е договорено премијата да се плаќа по склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот од осигурувањето почнува од денот определен во договорот како ден за почеток на осигурувањето (член 969, став 2).
Може да се договори обврската на осигурувачот да почнува од моментот на склучување на договорот за осигурување.
Ако договарачот на осигурувањето премијата што стигнала по склучување на договорот не ја плати до стасаноста, ниту тоа го стори некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување престанува според самиот закон по истекувањето на рокот од 30 дена откога на договарачот на осигурувањето му е врачено препорачано писмо од осигурувачот со известување за стасаноста на премијата, но со тоа што тој рок не може да истече пред да поминат триесет дена од стасаноста на премијата.
Во секој случај, договорот за осигурување престанува според самиот закон ако премијата не биде платена во рок од една година од денот на стасаност (член 969, став 3 и 4).
Обврската на осигурувачот престанува:
- кај договор за осигурување со одреден рок на траење со истекување на 24тиот час од денот што во полисата е означен како ден на истекување на осигурувањето, ако не е договорено поинаку, односно ако во Условите или во одделните услови за осигурување за одделни видови осигурувања не е одредено поинаку;
- кај договор за осигурување со неодреден рок на траење, ако во полисата е означен само почетокот на осигурувањето, со примена на ставовите 4 и 5 на овој член, се продолжува од година во година, освен ако некоја од договорните странки најдоцна три месеци пред истекувањето на тековната година од осигурувањето писмено не ја извести другата странка дека не сака да го продолжи договорот за осигурување. Во тој случај, договорот за осигурување престанува со истекувањето на 24 часа на последниот ден од тековната година на осигурувањето.
Осигурувањето се склучува за период од една (1) година, доколку не е поинаку договорено.
Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, Договорот за осигурување се продолжува од година во година, сè додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
ШТЕТИ ПОКРИЕНИ СО ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 28
Осигурувачот е должен да ги надомести штетите настанати случајно или по вина на договарачот на осигурувањето, на осигуреникот или на корисникот на осигурувањето, освен ако во поглед на определена штета оваа негова обврска изречно не е исклучена со договорот за осигурување.
Осигурувачот не одговара за штетата што лицата наведени во ставот 1 од овој член ја причиниле намерно, па ништовна е секоја одредба од полисата што би ја предвидела неговата одговорност и во тој случај.
Доколку се остварил осигурениот случај, осигурувачот е должен да ја надомести секоја штета причинета од страна на некое лице за чии постапки осигуреникот одговара по која и да е основа, без оглед на тоа дали е причинета со невнимание или намерно (член 985).
ШТЕТИ ШТО НЕ СЕ ПОКРИЕНИ СО ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 29
Осигурувачот не е должен да надомести штета ако таа е предизвикана од:
- војна, инвазија, дејства на странски непријатели, непријателски или воени операции (без оглед дали е објавена војна или не), граѓанска војна, бунт, револуција, востание;
- биолошка или хемиска контаминација (контаминација според овие Услови значи труење со хемиски и/или биолошки материи);
- проектили, бомби, гранати, мини, молотови коктели, други експлозивни средства;
- кој било вид на директно или индиректно дејство на тероризам без оглед на која било друга причина или настан што истовремено доведува до штета.
- Под тероризам според овие Услови се подразбира употреба на сила или на насилство и/или закана со нив на лице или на група лица поврзани со политички, религиозни, идеолошки или етнички цели и причини, вклучувајќи и намера да се влијае врз кои било власти, како и врз јавноста, под дејство на страв;
- нуклеарни дејства нуклеарни дејства претставуваат загуба, штета, неспособност или одговорност директно или индиректно настанати од јонизирачка радијација или од контаминација од радиоактивности, сите видови нуклеарни горива и нуклеарен отпад од запалувањето на горивата;
а) загуба или оштетување на податоци или софтвер, поточно каква било штетна промена на податоци, софтвер, или компјутерски програми предизвикана од бришење, корупција или деформација на оригиналната структура што директно е предизвикана од сајбер инцидент како и која било штета од прекин на работа што е резултат на тоа.
б) загуба или оштетување што резултираат од оштетување во функционирањето, достапноста, опсегот на употреба или достапност на податоци, софтверски или компјутерски про грами директно предизвикани од сајбер инцидент и кои било штети од прекин на работењето што се резултат на тоа.
Но со осигурување е покриено оштетувањето на осигурениот имот (што е предмет на осигурување) доколку е предизвикано од осигурена опасност, вклучително и прекин на работа што произлегува од тоа, која е директно предизвикана од сајбер инцидент. Притоа, секоја загуба, оштета, бришење, корупција или деформација на податоци, софтвер или компјутерски програми што директно се предизвикани од сајбер инцидент нема да се обесштетуваат.
Под поимот “сајбер инцидент” се подразбира:
- неовластени и злонамерни дела без оглед на местото и времето, или заканите или измамите што произлегуваат од нив;
- малициозен софтвер или сличен механизам;
- грешка во програмирање или во оперирањето без разли ка дали е направена од осигуреникот или друго лице или лица;
- ненамерен или непланиран (целосен или делумен) прекин на компјутерскиот систем на осигуреникот што не е директно предизвикан од физичко оштетување или штета;
- што влијае на пристапот, процесирањето, употребата на или оперирањето на кој било компјутерски систем или податоци, софтверски и/или компјутерски програми од страна на едно лице или група лица.
Со овие Услови се исклучуваат загуба, штета, цена или трошок настанат од, како последица од или во врска со секаков вид директно или индиректно дејство преземено за контрола, превенција, задушување или што на кој било начин се однесува за точките 1 и/или 2 наведени погоре во овој член.
ПРЕМИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ВРЗ ПРИБАВУВАЧОТ НА ОСИГУРЕН ПРЕДМЕТ
Член 30
Во случај на отуѓување на осигурен предмет, како и на предмет во врска со чија употреба е склучено осигурување од одговорност, правата и обврските на договарачот на осигурувањето преминуваат, според самиот закон, врз прибавувачот, освен ако не е договорено поинаку.
Ако е отуѓен само еден дел од осигурените предмети, кои во поглед на осигурувањето не сочинуваат посебна целина, договорот за осигурување престанува според самиот закон во поглед на отуѓените предмети.
Во случај кога поради отуѓување на предмет ќе се зголеми или ќе се намали веројатноста за настанување на осигурен случај, се применуваат општите одредби за зголемувањето или за намалувањето на ризикот.
Договарачот на осигурувањето што нема да го извести осигурувачот дека осигурениот предмет е отуѓен останува со обврска за плаќање на премиите што стасуваат и по денот на отуѓувањето.
Осигурувачот и прибавувачот на осигурениот предмет може да се откажат од осигурувањето со отказен рок од 15 дена, со тоа што се должни отказот да го поднесат најдоцна во рок од 30 дена од дознавањето за отуѓувањето (член 993, став 1 до 5).
Ако договорот во смисла на претходниот став (алинеја) се откаже, договорот за осигурување престанува по истекувањето на 24тиот час од денот кога истеку отказниот рок. Ако отказот се испраќа преку пошта препорачано, како ден на отказот се смета денот кога се предава во пошта.
Договорот за осигурување не може да се раскине ако полисата на осигурувањето е издадена на доносител или по наредба (член 993, став 6).
ПРЕМИНУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ОСИГУРЕНИКОТ КОН ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ ВРЗ ОСИГУРУВАЧОТ (СУБРОГАЦИЈА)
Член 31
Со исплата на надоместот од осигурувањето премину ваат врз осигурувачот, според самиот закон, до висината на исплатениот надомест, сите права на осигуреникот кон лицето што по која и да е основа е одговорно за штетата.
Ако по вина на осигуреникот е оневозможено ова преминување на правата врз осигурувачот, во целост или делумно, осигурувачот се ослободува во соодветна мера од својата обврска кон осигуреникот.
Преминувањето на правата од осигуреникот врз осигурувачот не може да биде на штета на осигуреникот, па ако надоместот што осигуреникот го добил од осигурувачот од каква и да е причина е понизок од штетата што ја претрпел, осигуреникот има право од средствата на одговорното лице да му се исплати остатокот на надоместот пред да се исплати побарувањето на осигурувачот врз основа на правата што преминале врз него.
По исклучок од правилото за преминување на правата на осигуреникот врз осигурувачот, овие права не преминуваат врз осигурувачот ако штетата ја причинило лице во сродство во прва линија со осигуреникот или лице за чии постапки осигуреникот одговара, или што живее со него во исто домаќинство или лице што е работник на осигуреникот, освен ако тие лица штетата не ја причиниле намерно.
Ако некое од лицата споменати во ставот 4 на овој член било осигурено од одговорност, осигурувачот може да го бара од неговиот осигурувач надоместот на износот што му го исплатил на осигуреникот (член 995).
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА
Член 32
Побарувањата на договарачот на осигурување, односно на трето лице од договорот за осигурување склучен според овие Услови, застаруваат за 3 (три) години, ако се смета од првиот ден по истекувањето на календарската година во која настанало побарувањето.
Ако заинтересираното лице докаже дека до денот определен во ставот 1 на овој член не знаело дека настанал осигурениот случај, застарувањето почнува од денот кога дознало за тоа, со тоа што во секој случај побарувањето застарува за пет години од денот определен во ставот 1 на овој член.
Побарувањата на осигурувачот од договорот за осигурување застаруваат за три години.
Кога во случај на осигурување од одговорноста на трет оштетеното лице бара надомест од осигуреникот или ако го добие од него, застарувањето на барањето на осигуреникот кон осигурувачот почнува од денот кога оштетеното лице барало по судски пат надомест од осигуреникот, односно кога осигуреникот го обесштетил.
Непосредното барање на трето оштетено лице кон осигурувачот застарува за истото време за кое застарува неговото барање кон осигуреникот одговорен за штетата.
Застарувањето на побарување што му припаѓа на осигурувачот кон третото лице одговорно за настапување на осигурениот случај почнува да тече тогаш кога почнува и застарувањето на побарувањето на осигуреникот кон тоа лице и се навршува во истиот рок (член 369).
ПРОЦЕС НА АРБИТРАЖА ВО СЛУЧАЈ НА СПОР
Член 33
Доколку по кој било дел од овој договор (полисата за осигурување) дојде до спор, двете страни (осигуреникот и осигурувачот) ќе започнат меѓусебни преговори во траење од најмногу еден месец. Доколку во рокот од еден месец прегов орите не завршат со договор за настанатиот спор, меѓусебните преговори ќе продолжат и во наредниот месец, ако за тоа се согласни и двете страни.
По исцрпувањето на рокот за меѓусебни преговори, двете страни пристапуваат кон арбитража. Арбитражата е водена од арбитражна комисија. Арбитражната комисија се состои од тројца членови, од кои по еден делегира секоја од двете страни во рок од 7 (седум) дена по исцрпувањето на рокот за преговори. Членовите на арбитражната комисија, делегирани од двете страни, именуваат претседател на арбитражната комисија во рок од 15 (петнаесет) дена. Претседателот треба да биде стручен за областа за која се води арбитражата, со најмалку 4 (четири) години работно искуство во таа област. Доколку двете страни не се договорат за името на претседателот на арбитражната комисија, тој ќе биде именуван од страна на една од следните институции: факултет што ја покрива областа на спорот, друштво на проценители или Стопанската комора на РМ.
Ниту една страна нема право да отповика свој член од арбитражната комисија до завршувањето на нејзината работа, која не може да трае подолго од 3 (три) месеци од денот на имену вањето на нејзиниот претседател. По исклучок од претходниот рок, арбитражната комисија го продолжува своето работење само со писмена согласност на двете страни.
Арбитражната комисија своите одлуки ги носи со мнозинство гласови. Двете страни се обврзуваат дека ќе ги почитуваат одлуките на арбитражната комисија како конечни и неотповикливи. До завршувањето на меѓусебните преговори, евентуално и на работата на арбитражната комисија, и двете страни се откажуваат од поведување судски спорови по предметот на арбитражата, како и од пресметка на камати по основа на спорните побарувања.
Трошоците за арбитражата ќе ги делат и двете страни подеднакво.
Доколку арбитражната комисија не успее да го реши спорот, тој ќе се решава пред месно надлежниот Основен суд Скопје 2, Скопје.
ВАЖНОСТ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИМОТ
Член 34
Овие Општи услови се применуваат за осигурување имот ако нивните одредби не се содржани во условите, во посебните и во дополнителните услови за одредени видови осигурување на имоти и доколку не се во спротивност со тие услови, посебни и дополнителни услови.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 35 Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Член 36 Обработка и заштита на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
Член 36-а Правен основ за обработката на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. [2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
Член 36-б Цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност. [2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци. [3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање. [4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
Член 36-в Рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување. [2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Член 36-г Права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци. [2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 35-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Член 36-д Пренос на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Член 36-ѓ Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги. [2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 37
[1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија.
[2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 15.11.2021 година со Одлука бр.0203-09/08 и ќе се применуваат од 23.02.2022 година.
Главен извршен директор
Суат Инан
Извршен директор Xxxxxx Xxxxxxxx