Contract
ЦентралнакооперативнабанкаАД Скопје
ДОГОВОР
за користење на системот за електронско банкарство за правни лица
Доверливо
Склучен на ден _ година, помеѓу:
1. Централна кооперативна банка АД Скопје, со седиште на улица 1732 број 2 во град Скопје, со ЕМБС 4640063, застапувана од Претседателот на Управниот Одбор, Xxxxxxx Xxxxxx, и Членот на Управниот одбор
, преку полномошникот _ овластен врз основа на Одлука за давање овластувања донесена од УО на Банката, во понатамошниот текст наречена - „БАНКА”, од една страна, и
2._ со седиште во
на ул. со ЕДБ
со ЕМБС _ застапуван од
Управител/полномошник со ЕМБГ _ (во понатамошниот текст наречен - Корисник), од друга страна, се склучи следниот договор:
Предмет на договорот Член 1
Со овој Договор се регулираат правата и обврските помеѓу Xxxxxxx и Корисникот во врска со користењето на системот за
Електронско Банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје (во натамошниот текст: ЕБ).
Пристапот до некои од услугите на Банката преку системот за ЕБ, Банката го овозможува преку WEB базирани решенија (CCB Online) или софтверски решенија наменети за мобилни уреди (CCBank Mоbile MK).
Сите одредби од Рамковниот договор за отворање и одржување на платежни сметки и за користење на платежни услуги, склучен помеѓу Банката и Корисникот, остануваат во важност и по потпишувањето на овој Договор.
Со потпишувањето на овој договор Корисникот изјавува дека е запознаен и дека ги прифаќа Општите услови на ЦКБ АД Скопје за склучување рамковни договори за отворање и одржување на платежни сметки и за користење на платежни услуги (во натамошниот текст: Општи услови), пропишани од страна на Банката, а кои се составен дел на овој Договор.
Xxxxxxx го задржува правото да ги менува општите услови, за што мора претходно да го извести Корисникот со нивна објава на интернет-страницата на Банката xxx.xxxxxx.xx. Се смета дека Xxxxxxxxxx е известен и ги прифаќа изменетите општи услови, ако во рок од 15 дена од нивното објавување не поднесе барање за раскинување на овој Договор.
Член 2
Банката врз основа на Општите услови и условите од овој Договор, на Корисникот на ЕБ му овозможува регистрација односно дефинирање на корисничко име (user name) и лозинка, преку коe Корисникот ќе пристапува на денарските, девизните и депозитните сметки отворени во Банката.
Администраторот на системот за ЕБ кај Корисникот, кој што Корисникот е должен да го определи во Барањето за користење на системот за ЕБ, за потребите на самиот Xxxxxxxx може да создава нови кориснички имиња и да им доделува привилегии за пристап до информативниот дел на системот за ЕБ.
Со системот за Електронско банкарство, Банката на Корисникот му овозможува пристап само до информативниот дел на системот или до информативниот дел и делот за плаќања, односно извршување на трансакции или праќање на електронски пораки и податоци, во зависност од поднесеното Барање и добиените полномошна од други правни и физички лица, иматели на сметки во Банката.
Во зависност од поднесеното барање за користење на ЕБ, Банката на Корисникот му овозможува користење на системот на CCB Online и/или на CCB Mobile.
За најава на системот за ЕБ во делот на CCB Online, извршување на трансакциите преку истиот, како и прием и праќање на електронски пораки, прилози и податоци во комуникацијата со Банката, Корисникот е согласен во негово име и за негови потреби Банката да генерира дигитален сертификат, истиот да го постави на издвоен медиум USB токен, и со документ за примопредавање да му го предаде на Корисникот.
Корисникот може на свој трошок да набави важечки дигитален сертификат издаден од друг овластен издавач на сертификати а прифатен од Банката, и истиот да го користи со системот за ЕБ.
Договорните страни се согласни дека на електронските пораки, прилози и податоци не може да им се оспорува полноважноста или доказната сила само затоа што се во електронски облик, како и дека електронскиот потпис, кој може да се верификува со дигиталниот сертификат, во извршувањето на платежните услуги во земјата и/или во странство, произведува исти правни последици како и рачниот потпис.
За користење на системот на CCB Mobile Корисикот ќе користи 6 (шест) цифрен PIN код кој сам ќе го избере при потврда на регистрацијата преку неговата матична експозитура во Банката.
Добивање на право на користење Член 3
За користењето на системот за ЕБ, Корисникот е должен претходно да има отворено денарска и/или девизна платежна сметка (сметки) во Банката.
За користење на системот за ЕБ (CCB Online), Корисникот е должен на свој трошок да обезбеди, персонален компјутер со оперативен систем MS Windows и со Internet Explorer или Mozilla Firefox, како и интернет пристап.
За користење на мобилната апликација (CCBank Mobile MK), Корисникот е должен на свој трошок да обезбеди мобилен уред базиран на Android оперативен систем, или за мобилен уред базиран на IOS, како и интернет пристап.
Член 4
За да му овозможи користење на системот за ЕБ, Корисникот е должен да изврши првична регистрација на интернет страната на Банката и да достави пополнето писмено Барање за користење на системот за електронско
банкарство (прилог) потпишано од лицето овластено за застапување на Корисникот, кое е составен дел на овој Договор.
Барање за користење на системот за ЕБ или Барање за промена на податоци кај претходно регистриран Корисник може да изготви и Банката по барање на Корисникот а преку системот за ЕБ, по што истото Корисникот го проверува и одобрува со свој потпис.
Сите елементи во барањето треба да бидат пополнети читливо, на македонски јазик и со кирилско писмо.
Овластување за користење Член 5
Во поднесеното Барање, Корисникот овластува лице, кое за потребите на овој Договор е наречено Администратор на системот за ЕБ, а кое ќе врши администрирање на системот за ЕБ за потребите на Корисникот.
Администраторот на системот за ЕБ кај Корисникот, ги дефинира корисничките имиња и нивните привилегии на лицата кај Корисникот кои ќе го користат системот за ЕБ на Банката, и тоа за користење на информативниот дел, како и на делот за прием и праќање на електронски платни налози и пораки во комуникацијата со Банката.
Овластени лица за плаќања преку системот за ЕБ може да бидат едно или повеќе лица независно дали истите се претходно евидентирани како овластени потписници на Пријавата за овластени потписници на сметката на Корисникот, претходно отворена во Банката.
Потпишувањето на трансакциите внесени преку системот за ЕБ е поединечно, освен доколку администраторот кај Корисникот не дефинирал поинакви привилегии, односно овластувања.
За трансакциите иницирани преку системот за ЕБ од овластените лица дефинирани од страна на администраторот гарантира самиот Xxxxxxxx.
Член 6
За точноста и вистинитоста на податоците наведени во Барањето за користење на системот на ЕБ поднесено од Корисникот, гарантира самиот Корисник, ги прифаќа Општите услови, гарантира за правилно користење на уредот за верификација (потпишување) на трансакциите и електронските пораки (дигитален сертификат) и целосно ја превзема одговорноста во случај на губење, оштета или злоупотреба на истиот.
Начинот на потпишување на трансакциите внесени преку системот за ЕБ е поединечно, независно од начинот на потпишување на лицата овластени за располагање со средствата на сметката на Корисникот, претходно евидентирани на Пријавата за овластени потписници.
Корисникот ја презема одговорноста за тајноста и заштитата на 6 (шест) цифрениот PIN код при користење на системот на CCB Mobile.
Член 7
Корисникот преку администраторот на системот за ЕБ може сам да го отповика или промени овластувањето за одредени овластени лица дадени за користење на системот за ЕБ.
Платните налози, податоците, пораките и прилозите кои се примени пред извршеното отповикување или промена на одредени овластени лица, Банката ги третира како исправни и истите ќе бидат прифатени.
Користење на системот за ЕБ Член 8
Користењето на системот за Електронско банкарство, Банката на Корисникот му го овозможува преку најава на интернет адресата xxx.xxxxxx.xx, преку линкот xxxxxx.xxxxxx.xx или преку мобилна апликација достапна за преземање на платформите за апликации за Android и IOS уреди.
Со регистрацијата на наведената интернет адреса Корисникот е должен да ги почитува Упатствата за користење на системот за ЕБ наведени во делот за Електронско банкарство.
Член 9
За најава на системот за ЕБ CCB Online и верификација (потпишување) на трансакциите и електронските пораки внесени преку истиот се користи дигитален сертификат. Како и своерачниот потпис, дигиталниот сертификат е единствен за Корисникот, односно овластеното лице и истиот има еднаква важност на сила и доказ како и своерачниот потпис.
Најавата на системот за ЕБ CCB Mobile или потврдување на секоја операција со користење на 6 (шест) цифрен PIN код определен од самиот Корисник, или користење на опцијата Fingerprint или Face recognition, за Банката и Корисникот се доказ дека сите трансакции и електронски пораки се направени на барање на Корисникот и се потпишани од него.
Член 10
Секој дигитален сертификат има единствен идентификационен број, назив на издавачот, назив на носителот, податоци за проверка на електронскиот потпис, евентуални ограничувања како и почеток и крај на важност на истиот. Сертификатот единствено му станува познат на серверот (компјутерот) во Банката во криптирана форма, со што е обезбедена тајност на податоците од сертификатот и од вработените во Банката.
Корисникот е должен, дигиталниот сертификат генериран преку интернет страната на Банката во делот за најава на системот за електронско банкарство CCB Online, или генериран од страна на Банката, да го експортира и чува на посебен издвоен медиум, при што ќе определи и посебна лозинка како дополнителна заштита од негова можна злоупотреба. Во спротивно, Xxxxxxx не презема никаква одоворност за евентуална штета настаната како последица од губење на дигиталниот сертификат или доколку истиот на било кој начин дојде кај неовластено лице за користење на системот за ЕБ, а така направените трансакции Банката ќе ги третира како исправни и истите нема да ги сторнира
Дигиталниот сертификат генериран преку интернет страната на Банката, или генериран од страна на Банката, може да се користи исклучиво за комуникација помеѓу Корисникот и Банката
Член 11
Врз основа на извршената регистрација на Корисникот преку интернет адресата наведена во членот 8 од овој Договор и поднесеното Барање за користење на системот за ЕБ, Банката телефонски го известува Корисникот на телефонскиот број наведен во Барањето, дека му е одобрено користење на системот за ЕБ и истовремено ќе го повика во местото каде што го поднел Барањето, пред овластен работник на Банката да го потпише овој Договор.
Член 12
Системот за ЕБ нуди можност за промена на лозинката и PIN кодот на Корисникот во секое време и во неограничен број на промени. Корисникот, односно лицата овластени за користење на системот за ЕБ, е должен да користи лозинка во која се препорачува да бидат содржани најмалку 8 (осум) карактери кои се состојат од измешани букви, бројки и знаци.
Член 13
За да се најави на системот за ЕБ во делот CCB Online, да изврши платежна трансакција или да потпише електронска порака, Корисникот едновремено користи три лични идентификатори:
1. Корисничко име;
2. Тајна лозинка;
3. Дигитален сертификат.
За да се најави на системот за ЕБ во делот CCB Mobile, да изврши платежна трансакција или да потпише електронска порака, Корисникот употребува 6 (шест) цифрен PIN код определен од самиот Xxxxxxxx, или ја користи опцијата Fingerprint или Face recognition, доколку неговиот уред го подржува истото и е соодветно параметризиран.
Според наведеното, трето лице не може да се најави, да изврши трансакција или да потпише електронска порака преку системот за ЕБ освен доколку Xxxxxxxxxx самиот ја нарушил тајноста на лозинката и шестцифрениот PIN код или го дал својот сертификат или мобилен уред на неовластени лица.
За секоја злоупотреба на лозинката, шестцифрениот PIN код, сертификатот или уредот, одговорноста ја сноси самиот Xxxxxxxx, а така доставената електронска порака или направена трансакција Банката ќе ги третира како валидни.
Член 14
Доколку Xxxxxxxxxx се сомнева во тајноста на неговата лозинка и PIN кодот, односно дека е нарушена нивната тајност, лозинката и PIN кодот може во било кое време самиот да ги промени.
Доколку Корисникот ја заборави лозинката, истиот може да определи нова лозинка преку интернет страната на банката во делот за регистрација, при што новата лозинка потребно е да се потврди од страна на службеник на Банката во матичната експозитура на Корисникот.
Член 15
Xxxxxxx потврдува дека лозинката и PIN кодот не се евидентирани во нејзината документација и дека дигиталниот сертификат е експортиран единствено на USB токен, кој му е предаден на Корисникот.
Член 16
Член 17
Корисникот ја сноси сета одговорност за податоците внесени во електронските платни налози.
Во случај на губење или одземање на сертификатот, Корисникот е должен веднаш да ја извести Xxxxxxx, а Xxxxxxx
користењето на тој сертификат ќе го оневозможи.
Банката не одговара за штета настаната доколку Xxxxxxxxxx изгубениот или одземениот сертификат не го пријави веднаш кај одговорниот работник на Xxxxxxx.
За продолжување со работа на ЕБ, Xxxxxxxxxx е должен да набави или да генерира нов сертификат и за истото да ја извести Банката или да побара нов сертификат генериран од Банката со писмено барање за издавање нов сертификат.
Права и обврски на Корисникот Член 18
За непречено и правилно користење на системот на ЕБ Корисникот се обврзува дека:
- со општите услови и со упатствата на Банката за користење на системот за ЕБ ќе ги запознае овластените лица за користење на системот за ЕБ;
- ќе ги почитува упатствата на Банката за користење на системот за ЕБ и добиените полномошна од други правни и физички лица, иматели на сметки во Банката;
- веднаш и писмено ќе ја извести Xxxxxxx за сите неправилности воочени при користење на системот за ЕБ;
- администраторот на Корисникот навремено ќе врши отповикување или промена на овластувањето за одредени овластени лица; и
- редовно ќе ги измирува сите обврски кон Банката.
Корисникот е согласен и ја овластува Xxxxxxx без негова дополнителна согласност надоместоците за услугите и трошоците за користење на системот за ЕБ, Банката да ги наплатува автоматски од неговите сметки согласно важечката тарифа на Банката.
За извршената наплата на надоместоците, Корисникот се информира преку Изводот за промените и состојбата на сметката.
За наплата на предвидените надоместоци, Корисникот е должен да обезбеди доволно средства (покритие) на сметките, а во спротивно внесените трансакции Банката нема да ги изврши.
Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxxxx ги прифаќа сите дополнително направени измени во правилата на работењето на Xxxxxxx, Одлуките за тарифата и другите акти на Банката, за кои е должен самостојно да се информира преку веб страницата на Банката.
Корисникот се обврзува по секој доставен платен налог преку ЕБ задолжително да провери дали плаќањето е извршено, следејќи го статусот на секоја од него направена трансакција.
Корисникот може да побара информација, или да достави барање за рекламација за трансакциите извршени од неговата сметка/сметки преку системот за ЕБ, доколку се сомнева во валидноста на истите.
Се смета дека Xxxxxxxxxx ги прифаќа трансакциите извршени од неговата сметка/сметки преку системот на ЕБ, доколку не ги оспори во рок од 3 (три) дена од денот на извршување на трансакцијата.
Xxxxxxx Xxxxxxxxxx користи дигитален сертификат издаден од Банката, на кој е дефинирана неговата важност, должен е пред истекот на рокот на важење да генерира нов или да побара тоа да го направи Банката за што до Банката доставува писмено барање.
Права и обврски на Банката Член 19
Банката на Xxxxxxxxxx му овозможува пристап до сите негови сметки определени во барањето (денарски, девизни и депозитни) за кои во секое време ќе може да добие информација за промените и состојбите по истите.
Банката може, согласно одредбите на овој Договор, на Корисникот да му овозможи само информативен сервис или информативен и финансиски сервис за други сметки отворени во Банката, доколку имателот на другата сметка достави писмено полномошно до Банката во кое ќе биде наведено називот на имателот на сметката, бројот на сметката, лицето (правно или физичко) кое може да ги користи информациите за промените и состојбата на сметката како и користење на финансискиот сервис односно ќе врши плаќања и ќе праќа електронски пораки преку системот за ЕБ, за период, односно времетраење на овластувањето.
Член 20
Банката на Корисникот му гарантира извршување на сите правилно внесени платни налози во системот за ЕБ согласно позитивните законски прописи, Упатствата на Банката и во рокови предвидени со Терминскиот план на Банката.
При извршувањето на налозите доставени преку системот за ЕБ, Xxxxxxx ќе ги почитува сите прописи кои го регулираат извршувањето на платежните услуги.
Банката нема да ги реализира платните налози внесени преку системот за ЕБ доколку на сметките на Корисникот или на сметките за кои Корисникот има добиени полномошна, има достасани а неподмирени обврски кон Банката, налози кои се во спротивност со законската регулатива, актите на Банката и други прописи кои го регулираат вршењето на платежните услуги, доколку нема доволно средства (покритие на сметката), или доколку достави писмено барање за повлекување на налог пред негова конечна реализација, а вака внесените налози Xxxxxxx ќе ги поништи.
Член 21
Банката го задржува правото да ги менува обемот и содржината на одделни услуги и на постојното техничко решение во
системот за ЕБ без претходно да го извести Корисникот.
Доколку Xxxxxxxxxx не се согласува со одредени промени во системот за ЕБ, може да достави до Банката приговор во писмена форма или да поднесе барање за раскинување на овој Договор.
Член 22
Банката не одговара за штета, настаната поради дејствија и настани кои се надвор од нејзиното работење односно надлежност (виша сила, штрајк, одлуки и дејствија на надлежните органи, пречки во телекомуникацискиот промет и прометот наменет за сметачки врски и сл.), како и во случај на надградба на системот за ЕБ, поправки или одржување и сл.
Се исклучува секаква одговорност за штета или друг вид на одговорност на Банката, поради штета направена на Корисникот или трети лица од неработење на системот за ЕБ односно на платниот систем предизвикано од неовластени или нестручни зафати на Корисникот.
Банката не гарантира и не презема никаква одговорност за хардверот, софтверот и други средства кои Корисникот ги употребува при користењето на системот на ЕБ, а кои истиот е должен да ги има за користење на системот.
Заштита, доверливост и чување на податоците Член 23
Сите податоци, дејствија и околности, за кои договорните страни имаат сознанија при извршувањето овој Договор како и по негово раскинување или откажување, се сметаат за доверливи и се деловна тајна. Наведените податоци, дејствија и околности може да бидат откриенисамо во случај и на начин како што тоа е регулирано со закон и интерните акти на Банката.
Договорните страни се согласни дека ваквите податоци претставуваат неспорен доказ за извршените трансакции и нивната содржина, преку системот за ЕБ.
Член 24
Банката се обврзува личните податоци за лицата наведени во Барањето на Корисникот на ЕБ да ги чува, обработува и користи исклучиво согласно законската регулатива и интерните акти на Банката со кои се уредуваат правилата за заштита на доверливоста, расположивоста и интегритетот на личните податоци.
Престанок на договорот Член 25
Овој договор се склучува на неопределено време.
Истиот може да се раскине со писмено известување доставено до другата договорна страна на горенаведените адреси, со отказен рок од 30 дена.
Член 26
Банката може да го откаже користењето на ЕБ еднострано и без отказен рок да го раскине Договорот и да го исклучи Корисникот од системот за ЕБ, во случај ако Корисникот:
- не ги исполнува своите обврски кон Банката;
- неоправдано посегнува во системот за ЕБ или во платниот систем како целина;
- намерно или поради немарност предизвика неправилно работење или штета на системот;
- не се придржува на Општите услови, Упатството за користење на системот за ЕБ, одредбите од овој Договор и позитивните законски прописи; и
- ја затвори сметката во платниот промет на негово барање, по сила на закон или по одлука на надлежен орган.
Член 27
Од денот на престанување со важност или раскинување на Договорот, Xxxxxxx го блокира/ исклучува користењето на ЕБ, ги
пресметува и наплатува сите неподмирени обврски на Корисникот кон Банката. Истовремено, престануваат со важност и добиените полномошна за користење само на информативниот сервис или на информативниот и финансиски сервис за други сметки отворени во Банката.
Платните налози обработени преку системот за ЕБ пред Банката да го исклучи Корисникот од системот, истите Банката ќе ги изврши доколку ги исполнуваат предвидените услови за вршење на платежни услуги.
Од денот на престанување со важност или раскинување на Договорот престануваат овластувањата на поставениот Администратор на системот за ЕБ.
Завршни одредби Член 28
За се што со овој Договор не е предвидено важат позитивните законски прописи и интерните акти на Банката.
Доколку во текот на важењето на овој Договор настанат промени во прописите со кои се регулира работењето преку системот за ЕБ, Xxxxxxx ќе ги примени новите прописи со нивното влегување во сила и за истото ќе го извести Корисникот преку веб-страницата на Банката. Доколку таквите промени не се соодветни на деловните интереси на Корисникот, истиот може да побара раскинување на овој Договор во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
Член 29
Договорните страни се согласни евентуалните спорови да ги решат спогодбено, а во случај на неуспех, надлежен е Основен граѓански суд Скопје .
Член 30
Член 31
Овој договор е составен во 2 (два) идентични примероци, од кои еден за Корисникот и еден за Банката. Договорот е склучен и стапува на сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни.
КОРИСНИК ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА
АД СКОПЈЕ
(име презиме и потпис на овластено/и лице/а)