Contract
ДОГОВОР ЗА ПРОДАЖБА НА ДАЛЕЧИНА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Овој Договор за продажба на далечина е склучен на ден
понатамошниот текст „Договор“), помеѓу:
година, во Скопје (во
1. Друштво за трговија на големо и мало ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „20“ бр.39, с.Бразда, Чучер-Сандево, со ЕМБС: 4972210, ЕДБ 4030995174384, застапувано од директорот Xxxxxxxxxx Xxxxx како Продавач,
и
2. , како Купувач,
Во понатамошниот текст заедно Договорни страни, а поединечно Договорна страна.
I. ДЕФИНИЦИИ И ПОИМИ:
„Е-продавница“ се однесува на електронската продавница на Друштво за трговија на големо и мало ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, која се наоѓа на xxx.xxxxx.xxx.xx
„Договор на далечина“ е секој Договор склучен меѓу трговецот и потрошувачот во рамките на организирана шема за продажба или давање услуги на далечина без физичко и истовремено присуство на трговецот и потрошувачот, преку исклучителна употреба на еден или повеќе средства за комуникација на далечина до склучувањето на договорот, вклучувајќи го и моментот на склучување на договорот;
„Потрошувач” е секое физичко лице кое купува производи или користи услуги за непосредна сопствена потрошувачка во деловни простории на трговецот, надвор од деловните простории како и со договори на далечина за цели кои не спаѓаат во рамките на неговата трговска, стопанска, занаетчиска или професионална дејност;
„Гаранција“ е секоја обврска на трговецот или производителот („гарантот“), преземена во однос на потрошувачот, во прилог на законските обврски кои се однесуваат на гаранцијата за сообразност, да ја надомести платената цена, замени, поправи, или сервисира на кој било начин стоката, кога таа не одговара на спецификациите, или на кое било друго барање кое не се однесува на сообразноста, наведени во декларацијата за гаранција или во соодветната реклама достапна во моментот или пред склучувањето на договорот.
ПРИ ШТО ДОГОВОРЕНО Е како што следува:
Член 1
1.1. По пат на овој Договор, Продавачот ги продава, а Купувачот ги купува производите од производителот ВУРТ избрани од страна на истиот во потрошувачката кошничка на е- продавницата достапна на xxx.xxxxx.xxxxx.xxx.xx (во понатамошниот текст: производи).
1.2. Купувачот се обврзува за производите кои се предмет на овој Договор, детално наведени во спецификацијата на нарачани производи (во понатамошниот текст
„Спецификацијата“), која претставува Прилог А кон овој Договор, да изврши плаќање на целокупниот износ согласно цените наведени во Спецификацијата.
1.3. Продавачот е должен да му ги предаде производите на Купувачот така што Купувачот ќе стане нивен сопственик, а Xxxxxxxxx е должен да му ја плати на Продавачот согласно став
1.2. од овој Договор, како и да ги преземе производите.
1.4. Продавачот е должен да му ги испорача производите на Купувачот во рок од 5 (пет) работни дена од денот на потврда на нарачката која е испратена преку е-продавницата на ВУРТ, со тоа што рокот за испорака не може да биде подолг од 30 (триесет) дена од денот на потврда на нарачката.
1.5. Договорните страни се согласни дека испораката на нарачаните производи ќе се изврши преку курирската служба Delco, додека трошоците за испорака ќе ги сноси Купувачот, доколку вредноста на производите чија нарачка ја извршил е до 1.500,00 дeнари, додека доколку вредноста на нарачаните производи е над 1.500,00 денари, испораката ќе биде бесплатна.
1.6. Испораката ќе биде извршена на Купувачот или лице наведено од страна на Купувачот како примател на пратка.
1.7. Купувачот изречно прифаќа дека е одговорен за штетата која ќе настане за Продавачот поради тоа што Купувачот пропуштил да ги преземе производите кои му ги испратил Продавачот во согласност со овој Договор. Штета подразбира оштетување на производите, како и трошоци кои Продавачот ги има поради тоа што Купувачот пропуштил да ги преземе производите, како што се: трошоци за чување, препакување, враќање на производите и слични трошоци.
Детали на договорот за продажба на далечина Член 2
2.1. Со склучување на овој Договор, Купувачот потврдува дека Продавачот претходно го запознал со Општите услови за работење на е-продавницата на ВУРТ и дека истите ги прифаќа во целост, односно дека бил запознаен, особено со следното:
• идентитетот на Продавачот, односно неговиот назив, трговски регистар во кој е внесено Друштвото, матичен број на Друштвото, даночен број на Друштвото, адреса на седиштето, телефонски број за контакт и електронска адреса;
• основните карактеристики на производите кои ги купува, вкупната цена за производите, вклучувајќи ги и даноците, начинот на плаќање;
• начинот, трошоците и рокот на испорака и начинот на вршење на други договорни обврски;
• рок за испорачување на производите од страна на Продавачот;
• функционалноста на производите;
• постоење и на услови за постпродажна помош на Купувачот, постпродажни услуги и трговски гаранции;
• постоење на законски одговорности на Продавачот поради несообразност на производите со договорот;
• начинот на искажување рекламации, а особено за местото на прием и начинот на постапување по нив, како и условите кои се однесуваат на остварување на правата на потрошувачите по основ на сообразност;
• достапноста на резервни делови, приклучни апарати и слични делови;
• технички сервис, односно одржување и поправки за време на и после прекин на периодот во кој Продавачот одговара за несообразност на производите со договорот, односно после прекин на производството и увозот на производи.
• можност за откажување од Договорот и правила, рокови и постапки за остварување на тоа право, како и формата на Образецот за откажување од Договор (пишманлак);
2.2. Продавачот ќе му предаде на Купувачот упатство за употреба и монтажа, кај производи за кои истото е неопходно.
Права на Купувачот по основ на несообразност на производите Член 3
3.1. Се претпоставува дека испорачаниот производ е усогласен со нарачаниот производ за кој е склучен овој Договор, доколку:
- одговара на описот даден од страна на Продавачот во врска со карактеристиките на производот и го поседува квалитетот на производите кои Продавачот му ги понудил на потрошувачот како примерок или модел;
- е погоден за посебната намена за која Потрошувачот го купил производот, а која му била позната на Продавачот во времето на склучување на договорот;
- е погоден за намената за која вообичаено се користат производите од истиот тип;
- покажува квалитет и изведба кои се вообичаени за производите од истиот тип и кои потрошувачот може разумно да ги очекува, со оглед на природата на производите и со оглед на било какви јавни изјави во врска со посебните карактеристики на производите дадени од страна на Продавачот, производителот или неговиот претставник, особено при рекламирање или на етикетата на производот.
3.2. Доколку испорачаните производи не се во сообразност со Договорот, Купувачот откако ќе го извести Продавачот за несообразноста, има право да бара:
- бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
- сразмерно намалување на продажната цена;
- замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
- замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на цената;
- раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.
Потрошувачот нема право да го раскине Договорот ако недостатокот на производот е минимален.
Постапка на рекламација Член 4
4.1. Продавачот се обврзува да ги испорача производите со комплетна документација и соодветна амбалажа.
4.2. Купувачот има право на рекламација, доколку смета дека доставениот производ е несообразен со производот за кој склучил Договор.
За да го оствари правото на рекламација, неопходно е Купувачот, при предавање на производите на Продавачот за сервис, да го достави следното:
• Производот кој се рекламира;
• Доказ за купувањето – Договор, фискална сметка за производот и/или друг доказ за извршено плаќање во случај кога плаќањето е извршено електронски а за производите за кои постојат и гарантни рокови, Купувачот е должен да достави и гарантен лист или други документ кој го заменува;
• Пополнет рекламационен лист.
Во рекламациониот лист потребно е да се наведе детален опис на дефектот кој е констатиран кај производот, со цел да се олесни проверката на неисправноста од страна на овластено лице на Продавачот или овластен сервисер на производителот.
4.3. Производите кои се испраќаат на рекламација/сервис по пошта или преку доставна служба, мора да бидат прописно спакувани во картонска амбалажа. Сите производи кои му се доставени на Продавачот на овој начин, а кои не се прописно спакувани и/или оние кај кои дошло до видливи механички оштетувања на самиот производ за време на транспортот, нема да бидат преземени од страна на Продавачот, туку ќе бидат вратени на испраќачот на негов трошок. Продавачот не презема никаква одговорност за сите евентуални оштетувања на производот и амбалажата кои настануваат за време на транспорт до или од адресата на Купувачот.
4.4. Одговорност за сообразност на производот не покрива недостатоци, оштетувања и дефекти кои настанале поради неправилно и нестручно ракување со производот. Неправилно ракување вклучува и пропусти како што се спојување на уредот со извори на енергија кои не се пропишани со упатството за ракување како и користење на уредот во непредвидени услови и простории. Купувачот го губи правото на сообразност и во случај на неовластено поправање на производот, како и поправање од страна на трето лице кое не е овластено од страна на Продавачот или производителот.
Член 5
5.1. Купувачот може да побара рекламација со цел остварување на своите права поради несообразност на производите со договорот и права по основ на гаранција, на следните начини:
• Телефонски на сл. Број: x000 00 000 000
• Во писмена форма, на адресата на седиштето на Xxxxxxxxxx – xx. „00“ xxxx 00, с.Бразда, Чучер-Сандево
• По електронски пат, на електронската адреса на Продавачот:
со доставување на фискална сметка за производот, и/или потврда за извршено плаќање во случај кога плаќањето е извршено електронски и/или гарантен лист (доколку е издаден).
5.2. Продавачот е должен да го отстрани откриениот недостаток во рок кој не може да биде подолг од 30 дена сметано од денот на поднесување на рекламацијата.
Доколку во одредени случаи е потребна согласност на Потрошувачот за начинот на решавање по рекламацијата, ненавременото давање на согласноста од страна на Потрошувачот ќе се смета за една од објективните причини поради кои ВУРТ нема да биде во можност да постапи согласно барањето на Потрошувачот во законскиот рок
5.3. Доколку Продавачот од објективни причини не е во можност да го задоволи барањето на Купувачот во договорениот рок, должен е за продолжување на рокот за решавање на рекламацијата да го извести Купувачот и да го наведе рокот во кој ќе го реши барањето, како и да добие негова согласност, која Xxxxxxxxx ќе ја даде во најкраток можен рок.
5.4. Продавачот ќе му го достави на Купувачот поправениот производ на ист начин на кој му е првично доставен рекламираниот производ.
5.5. Доколку доставувачот не го пронајде Купувачот на адресата за достава, службата за достава ќе го контактира Купувачот и ќе договори нов термин за достава.
5.6. Доколку и после договарањето на нов термин за достава, доставувањето на рекламираните производи и понатаму биде оневозможено по вина на Купувачот, односно лице кое е назначено како примач на производите при внесување на информации за доставата, производите ќе бидат вратени во седиштето на Продавачот. По изминување на период од 10 (десет) работни дена, Продавачот повеќе не презема никаква одговорност за дадените производи и производите може да бидат предадени на рециклирање, односно Продавачот може да ги расходува.
Член 6
6.1. Доколку производите се купуваат на далечина (на пример преку интернет сајтот на Продавачот) и се испорачуваат на адресата на Купувачот, истиот има право да се повлече од Договорот склучен на далечина, и тоа во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на испорака на нарачаниот/ите производ/и, без наведување на причината и дополнителни трошоци, освен трошоци за враќање на производите, како и трошоците наведени во член 93 став 2 и член 94 од Законот за заштита на потрошувачите кои ги сноси Купувачот.
Кај договорот за продажба на производи, рокот од 14 дена се пресметува од моментот кога производите ќе преминат на Купувачот, односно трето лице кое го одредил Купувачот, а кое не е превозник. Кога Купувачот со една нарачка ќе нарача повеќе видови производи кои се испорачуваат посебно, рокот од 14 (четиринаесет) дена почнува да тече кога ќе биде испорачан последниот вид нарачани производи. Кога испораката на производите се состои од повеќе пратки и делови кои претставуваат составен дел на еден ист производ, рокот од 14 (четиринаесет) дена почнува да тече од моментот на испорака на последната пратка или дел. Рокот од овој став изминува со изминување на последниот час од последниот ден на рокот.
6.3. Купувачот го остварува правото на откажување од договорот со Xxxxxx за повлекување од Договорот која може да ја даде на пропишан Образец за повлекување од Договорот , односно со поднесување на било каква друга недвосмислена изјава за повлекување од Договорот. Изјавата за повлекување од договорот се смета за благовремена доколку му е испратена на Продавачот во рокот од став 2 од овој член. Изјавата за откажување од
договорот предизвикува правно дејство од денот кога му е испратена на Продавачот преку препорачана пратка, односно на денот на нејзино испраќање преку е-маил.
6.4. При испорака на производите, Продавачот ќе му предаде на Купувачот , Образец за повлекување од Договорот, во писмена форма.
6.5. Со изминување на рокот од точка 6.2. од овој член, Купувачот го губи правото на повлекување од Договорот.
6.6 Во случај Купувачот да се повлече од Договорот, истиот е должен да изврши враќање на производите, без одложување, а најдоцна во рок од 14 (четиринаесет ) дена од денот на испраќање на образецот за откажување или изјавата за повлекување од Договорот, со сносење на директните трошоци за враќање на производите. При враќање на производите, тие мора да бидат во исправна и неискористена состојба во оригинално и неоштетено пакување. Купувачот е обврзан заедно со производите да достави и сметка за извршеното плаќање, односно сметкопотврда.
6.7 Продавачот ги надоместува сите плаќања примени од страна на Купувачот, во рок од
14 (четиринаесет) дена од денот кога истиот го примил Образецот за повлекување од Договорот или на друг начин бил известен за одлуката на Купувачот за повлекување од Договорот.
Продавачот го врши враќањето на парите од ставот (1) на овој член, користејќи го истото средство за плаќање кое го користел Купувачот за првична трансакција, освен доколку Купувачот јасно договорил поинаку и под услов Продавачот да не сноси никаков трошок како резултат на враќањето на парите.
Продавачот не е должен да ги надомести дополнителните трошоци кои ги имал Купувачот, доколку Купувачот јасно се определил за поинаков вид испорака освен најевтината стандардна испорака понудена од страна на Продавачот.
Продавачот не може да изврши враќање на средствата на Купувачот додека не ги прими производите кои се враќаат.
6.8. Купувачот нема право да се откаже од договорот во следните случај:
1) при обезбедување услуги , по целосното извршување на услугата, доколку извршувањето е започнато со јасна согласност на Купувачот и со прифаќање на фактот дека ќе го изгуби правото на повлекување по целосното извршување на договорот од страна на Продавачот;;
2) при испорака на стоки или услуги чија цена зависи од флуктуациите на финансискиот пазар кои што трговецот не е во состојба да ги контролира и кои можат да се појават во текот на рокот за повлекување;
3) при испорака на стоки изработени според спецификациите или јасно прилагодени на потрошувачот;
4) при испорака на лесно расипливи стоки или со краток рок на траење,
5) при испорака на оригинално затворени стоки кои не се погодни за да бидат вратени поради хигиенски причини или заштитата на здравјето и се отворени по испораката;
6) при испорака на стоки кои по испораката се по своја природа, нераскинливо измешани со другите стоки;
7) при склучени договори во кои потрошувачот јасно побарал посета од страна на трговецот за целите на извршување на итни поправки или одржување. Доколку во случај на таква
посета, трговецот обезбедува услуги во прилог на оние посебно побарани од страна на потрошувачот или стоки освен деловите за размена потребни за извршување на одржувањето или поправките, треба да се примени правото на повлекување на овие дополнителни услуги или стоки;
Член 7
7.1. Купувачот е потребно да се воздржува од изложување на купениот производ на штетни дејства (чад од тутун, екстремно прашење на просторијата, екстремно студени или топли простории итн.). Сите евентуални неправилности предизвикани со вакво постапување со производите ќе се отстрануваат исклучиво на товар на Купувачот според важечкиот ценовник за сервисни услуги.
7.2. Производите особено нема да сметаат за несообразни доколку е настанато оштетување или дефект на истите поради транспорт по извршената испорака од страна на Продавачот, , како резултат на неправилна монтажа, неправилно одржување, неисправни електрични инсталации, нестабилен напон или струен удар или удар од гром, Виша сила (поплава, земјотрес, пожар и сл.), неправилно користење, непридржување кон упатствата и препораките за употреба на производот од страна на производителот, после користење на несоодветен потрошен материјал кој не е купен со производот, после какво било механичко оштетување на производот кое настанало по вина на Купувачот или трето лице за што Продавачот не е одговорен, после неовластено поправање на производот од страна на трето лице кое не е овластено од Продавачот или производителот, доколку производот е вратен без сметка или друг доказ дека е купен кај Продавачот.
Член 8
За се што не е уредено со овој Договор, соодветно ќе се применуваат Законот за заштита на потрошувачите, Законот за облигационите односи, Законот за електронска трговија и сите други релевантни законски и подзаконски акти.
Член 9
Во случај на евентуален спор произлезен од или во врска со овој Договор, страните се согласни да се обидат да го решат спогодбено, а во спротивно, тие се согласни за решавање на тој спор стварно и месно надлежен да биде Основниот граѓански суд Скопје.
Член 10
Договорот е склучен со посредство на средства за комуникација и тоа по пат на електронска трговија/електронска пошта во еден оригинален примерок, врз основа на кој се направени 4 (четири) примероци, од кои еден за Купувачот, а останатите за Продавачот.
Купувач За Продавач
Управител
Xxxxxxxxxx Xxxxx