Contract
|
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување потрошувачи на електрична енергија, гас и слично од последици од несреќен случај (во натамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување потрошувачи на електрична енергија, гас и слично од последици од несреќен случај (незгода) што договарачот на осигурувањето ќе го склучи со Националната групација за осигурување АД "Осигурителна полиса" - Скопје, (во натамошен текст: осигурувач).
(2) Договарач на осигурувањето може да биде секое претпријатие кое сака да ги осигурува своите потрошувачи.
(3) Осигурувањето може да се договори во случај на смрт и во случај на траен инвалидитет како последица од несреќен случај.
(4) Лицата што се осигуруваат според овие Дополнителни услови осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на старост, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на членот 9, став (3) точка 3 од Општите услови, освен лицата потполно лишени од деловна способност, кои во секој случај се исклучуваат од осигурување.
НАЧИН НА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член2
(1) Договорот за осигурување на потрошувачи на електрична енергија, гас и слично од последици на несреќен случај, се склучува врз основа на службената евиденција на договарачот на осигурувањето.
(2) Со овој договор можат да се осигураат и членовите на домаќинството на потрошувачот.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член З
(1) Ако во полисата не е поинаку договорено, осигурувањето започнува во 24,00 часот во оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето за сите потрошувачи што биле тој ден воведени во службените евиденции на потрошувачи на договарачот на осигурувањето, односно и членовите на нивното семејство. За секој нов потрошувач, односно член на неговото домаќинство осигурувањето започнува во 24,00 часот на денот кога бил запишан во службените евиденции на договарачот на осигурувањето. За секој одделен потрошувач, осигурувањето
престанува во 24,00 часот оној ден кога го загубил својството на потрошувач во смисла на претходниот член.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 4
(1) Со осигурувањето се опфатени:
1. оние потрошувачи на чие име гласи сметката за потрошена електрична енергија, односно гас и др. и кои таквата сметка ќе ја платат веднаш или најдоцна во рок од 15 дена од денот на нејзиното примање,
2. членовите на семејствата на потрошувачите.
(2) Како членови на домаќинството во смисла на претходниот став се сметаат лицата што живеат во постојната куќна заедница со осигуреникот - потрошувач, без оглед на нивното сродство со него и заедно ги трошат своите приходи.
(3) Како доказ за платена премија, односно платена сметка, ќе служи сметката на договарачот или талончето од чекот, ако сметката е платена во пошта или банка. Како ден на уплата, се смета денот кога уплатата е извршена на касата на договарачот, односно во пошта или банка.
НАЧИН И РОКОВИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 5
(1) Пресметка на премијата се врши во рокот означен во полисата за осигурување според фактичкиот број на осигурените потрошувачи.
(2) Договарачот е должен да му ја плаќа договорната премија на осигурувачот за целото времетраење на осигурувањето во рокот договорен во полисата.
(3) Ако е договорено месечно плаќање, договарачот е должен да му ја достави на осигурувачот сметката на премијата до 30 - ти секој месец за изминатиот месец на осигурување и истовремено да му го дозначи вкупниот износ на премијата според пресметката, без оглед дали плаќа премија од своите средства или ја исплатува од потрошувачите.
(4) Месечната премија за ова осигурување е неделива. Месечната премија се пресметува врз основа на бројната состојба на претплатниците на крајот на секој календарски месец. Таа се плаќа во полн месечен износ за секој потрошувач, без оглед на тоа кога во текот на месецот започнало осигурувањето за секој одделен потрошувач.
(5) Договарачот е должен на осигурувачот да му ги стави на увид сите книги и други евиденции од
кои може да се утврди правилноста на извршената пресметка и дознаката на премијата.
(6) Ако премијата се плаќа по пошта, се смета дека е платена во 24,00 часот оној ден, на кој е уплатена во пошта, а ако се плаќа со xxxxxx, се смета дека е уплатена во 24,00 часот оној ден, на кој е предаден вирмански налог во банка.
(7) Ако договарачот на осигурувањето не ја плати xxxxxxxxx премија во договорениот рок, за осигурен случај настанат по стасаноста на премијата, осигурувачот е во обврска спрема осигуреникот, односно корисникот, само за дел од осигурената сума сразмерно на платената премија за осигурување, односно само за толку 12 (дванаестини) од осигурената сума за колку што е платена премија за осигурување. По наплата на стасаната премија за осигу-рување за осигурителната година во која настанал осигурениот случај, осигурувачот е во обврска спрема осигуреникот, односно корисникот, да го доплати неисплатениот дел од осигурената сума.
ОБВРСКА НА ОСИГУРУВАЧОТ КОГА ОСИГУРЕНИТЕ ЛИЦА
СЕ ПОМЛАДИ ОД 14 ГОДИНИ ИЛИ ПОСТАРИ ОД 70 ГОДИНИ
Член 6
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска на име трошоци за погреб да ја исплати договорената сума за случај на смрт од незгода но, најмногу износот кој како максимален е утврден со Одлука на Одборот на директори на Националната групација за осигурување АД "Осигурителна полиса" - Скопје.
(2) Кога лицето кое претрпело несреќен случај е постаро од 70 години, осигурувачот е во обврска да исплати 50% од износот што инаку би требало да го плати.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
Член 7
Договарачот е должен на осигурувачот да му го пријави секој несреќен случај што ќе го претрпи осигуреникот според рокот предвиден во членот 13 од Општите услови и да му ги даде сите потребни известувања за разјаснување и утврдување на постоењето и висината на неговата обврска.
ПРАВНА ПОУКА
Член 8
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 9
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици од несреќен случај, а доколку нивната содржина е во спротивност со содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
ЧЛЕН 11
Овие Услови влегуваат во сила од 01.01.2021г. со што престануваат да важат Дополнителните условите за осигурување на потрошувачи на електрична енергија, гас и слично од последици на несреќен случај (незгода) (пречистен текст) бр.07- 15/2-1/30 од 03.01.2014г
Одбор на директори Претседател
М-р.Xxxxxx Xxxxxx