Contract
Општи услови за набавки на Сава пензиско друштво а.д. Скопје
1 Важност
1.1 Општите услови за набавки (во продолжение: Услови за набавки) на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, ул. Xxxxx Xxxxxx бр.1, 1000 Скопје, Македонија (во продолжение:
Друштвото или Набавувач), важат за сите договори коишто Друштвото ги склучува со добавувачите врз основа на нарачки на стоки и/или услуги.
1.2 Ако со условите за набавка не е определено поинаку, одделните одредби на Условите за набавки важат, како за стоките, така и за услугите.
1.3 Добавувач според овие Услови за набавки значи добавувач на стоки, вршител на услуга или автор на авторско дело.
2 Барање за понуда, нарачка и понуда
2.1 Понудите на добавувачот се бесплатни и не се обврзувачки за Набавувачот. Понудата мора да содржи најмалку: предмет, негов квалитет, количина и цена, услови за плаќање, како и рок и начин на испорака на предметот, со важност на денот на достава. Ако во барањето не е наведено поинаку, рокот за доставување на понудата изнесува 2 работни дена од денот на
барањето (усмено или писмено). Добавувачот, е обврзан за понудата до истекот на рокот на нејзиното важење, кој е одреден во понудата. Понудата се смета за усвоена доколку Набавувачот во целост и без писмени забелешки ја потврди нарачката пред истекот на рокот на нејзиното важење. Доколку добавувачот не е во можност да ја достави понудата во
договорениот рок, односно во рокот да ја испорача стоката, должен е без одлагање за тоа да го извести Набавувачот.
2.2 Со прифаќање на нарачката од страна на добавувачот, Условите за набавки стануваат составен дел на така склучениот договор. Измени или дополнувања на нарачката, како и усни договори се важечки, само ако претходно писмено ги потврди Друштвото. Нарачката мора да содржи точна адреса на добавувачот, предмет, неговиот квалитет и количина, посакуваните рокови за испорака и другите услови, коишто му се потребни на добавувачот за правилно и
непречено извршување на нарачката.
2.3 Прифаќањето на нарачката, добавувачот е должен по писмен пат да му го потврди на Друштвото. Доколку добавувачот не ја потврди нарачката исправно и во соодветен рок, а
најдоцна во рок од (2) работни дена по датумот на нарачката, Друштвото го задржува правото да ја откаже нарачката без обврска за плаќање за било каков надомест на штета спрема
добавувачот. Откажувањето на нарачката се смета за навремено ако му биде испратено на добавувачот, пред Друштвото да добие потврда на нарачката од страна на добавувачот.
2.4 Ако потврдувањето на нарачката се разликува од самата нарачка, добавувачот мора тоа јасно да го наведе и да ги означи разликите. Таквото потврдување се смета како нова
понуда од страна на добавувачот. Доколку Друштвото ја прифати таквата понуда, Условите за набавка ќе бидат составен дел од склучениот договор.
3 Општи услови за работење
3.1 Со прифаќањето на понудата на добавувачот или со навремено и правилно
потврдување на нарачката на Друштвото, Условите за набавки стануваат составен дел на така склучениот договор и сите идни договори, коишто ќе ги склучат Друштвото и добавувачот,
иако за одделна зделка нема да склучат посебен писмен договор.
3.2 Општите услови за продажба на добавувачот ги обврзуваат двете страни само во
случај на експлицитен писмен договор за нивно вклучување кон договорот. Ако Друштвото во нарачката се повикува на документацијата на понудата на добавувачот, тоа сè уште не значи дека Друштвото ги признава неговите општи услови. Во случај ако страните се договорат дека општите услови на добавувачот ќе важат, составен дел на договорот се и Условите за набавка и тие важат за сите оние прашања, коишто општите услови на добавувачот не ги уредуваат.
3.3 Какви било услови за работење или договори на добавувачот, кои се испорачани заедно со стоките во хартиена или електронска форма, не се обврзувачки за Друштвото, доколку Друштвото претходно не ги одобрило по писмен пат.
4 Одредиште и преминување на опасноста од уништување или оштетување
4.1 При испораките на стоки добавувачот задолжително треба да достави испратница, во којашто меѓу другите податоци е наведен и бројот на нарачката и шифра на стоките на Друштвото, назив на стоките и број на парчиња, односно тежина на стоките. Ако недостасуваат податоци за нарачката, односно ако испратницата не е правилно и целосно пополнета, Друштвото го задржува правото да одбие да ја прими испораката на трошок и со опасност за добавувачот.
4.2 Кај испораките, коишто вклучуваат поставување или монтажа и кај услугите, опасноста од уништување или оштетување, преминува на Друштвото од денот на преземањето, а кај
останатите испораки од денот на пристигнувањето на дестинацијата (во продолжение: место на користење).
4.3 Добавувачот мора да ги почитува упатствата, коишто ќе ги издаде Друштвото во врска со испраќањето. Ако Друштвото не го определи посебно начинот на транспорт, тој се врши со најниски можни трошоци. Во спротивно, повисоките трошоци паѓаат на товар на добавувачот, а тој исто така одговара и за целата штета, којашто ќе настане како последица од
непочитување на упатствата.
4.4 Преземањето се врши во соодветен временски период по пристигнувањето на стоките, односно по извршувањето на услугата. Делумните испораки или испораките на преголема количина, се дозволени само со претходна писмена согласност на Друштвото. Ако дел од
пратката при случајна проверка не одговара на барањата на Друштвото или на вообичаениот трговски квалитет, целата пратка може да се одбие, односно Друштвото има право да
пресмета оштета за несоодветен квалитет. Оваа одредба не ги исклучува останатите барања за гаранции на Друштвото.
4.5 Добавувачот може да го задржи правото на сопственост врз испорачаните стоки, само ако тоа е изречно договорено во договорот.
5 Информации за стоките, амбалажа и отпадоци
5.1 Стоките, коишто ги испорачал добавувачот, мора да содржат соодветни сигурносни механизми и мора да бидат во согласност со важечките, еколошките и другите прописи. Добавувачот мора на Друштвото да му ги стави на располагање сите потребни и употребливи информации за стоките или услугата, коишто се предмет на нарачката, а особено упатствата за соодветно складирање, како и сигурносни спецификации. Во случај на испорака на стоки, коишто се составуваат и за коишто е потребна монтажа, упатства за вградување и монтажа,
упатства за одржување и сл. добавувачот мора на барање на Друштвото, да предаде и стручни технички калкулации и други спецификации.
5.2 Добавувачот гарантира дека производите одговараат на поставените барања и дека не содржат недостатоци кои би ја намалиле употребната вредност на производот. Набавувачот за секој недостаток врзан за испорака на стоката, во писмена форма ќе проследи до добавувачот забелешка во форма на записник за рекламација. Набавувачот има право да ги наплати од
добавувачот трошоците кои се поврзани со поврат на рекламираните производи. Друштвото, исто така, има право во времетраењето на гарантниот рок да побара отстранување на
недостатокот, поправка или замена на стоката како и бесплатни резервни делови и надомест на трошоци поради недостаток на робата.
5.3 Набавувачот има право да бара надомест на штета која му настанала поради недостаток на стоката или погрешно или непотполно изведени услуги од страна на добавувачот.
5.4 Добавувачот мора на Друштвото да му укаже на можноста за настанување на опасни отпадоци кај стоките сто ги испорачал и притоа особено да го наведе начинот и евентуалните можности за отстранување. На барање на Друштвото, добавувачот е должен бесплатно да ги преземе отпадоците, коишто настанале при наменската употреба на испорачаните стоки. Ако добавувачот одбие да ги прими таквите отпадоци или ако такво преземање не е можно,
Друштвото сите отпадоци го отстранува само, при сто трошоците паѓаат на товар на добавувачот.
6 Рок за испорака и договорна казна
6.1 Ако страните не се договорат поинаку, за почеток на рокот на испорака на
стоките/извршување на услугите, се смета денот кога Друштвото ја издало нарачката. Ако рокот на испорака на стоките/извршување на услугите не е наведен во нарачката, добавувачот ќе ја спроведе испораката/услугата без одлагање. Се смета дека испораката е извршена во рок, доколку стоката е доставена на локацијата одредена од страна на Друштвото. Доколку се работи за испорака на опрема која вклучува монтажа или се работи за услуги, се смета дека е извршена испораката, доколку Друштвото ја презело на договорениот датум, со што опасноста од уништување или оштетување преминува на Друштвото од денот на преземањето, а кај
останатите испораки од денот на пристигнувањето на дестинацијата.
6.2 Добавувачот е обврзан по писмен пат да го извести Друштвото, доколку има сознание за каснење при испорака и да обезбеди упатства за понатамошно постапување. Рокот на
испорака во таков случај ќе биде продолжен само доколку Друштвото со писмено известување го прифати пролонгирањето на рокот.
6.3 Друштвото има право во случај на доцнење од добавувачот да наплати договорна казна во висина од 0,5 % од вкупната вредност на нарачката за секој започнат календарски ден на доцнење, но вкупно не повеќе од 20 % од вкупната вредност на нарачката. Друштвото го
задржува правото да бара надомест на штетата, којашто го надминува износот на договорната казна. Друштвото го задржува правото на договорна казна и во случај ако прифати задоцнето исполнување. Друштвото договорната казна по правило ја пресметува еднаш месечно.
Добавувачот е должен договорната казна да ја плати во рок од 30 дена. Добавувачот се откажува од барање за намалување на договорната казна.
6.4 Во случај на доцнење, Друштвото има право по истекот на соодветниот дополнителен рок за испорака, којшто му го дал на добавувачот, да отстапи од договорот. Тоа право Друштвото го има и во случај ако веќе некогаш без задршка примило задоцнета испорака. Во случај кога рокот е суштествен елемент на договорот, Друштвото не е должно на добавувачот да му одобри дополнителен рок.
6.5 Друштвото го задржува правото при доцнење од страна на добавувачот да нарача стоки или услуги од трето лице. Друштвото да постапи на истиот начин ако добавувачот
неоправдано ги прекине или ги запре работите. Трошоците, коишто притоа ќе настанат за Друштвото, паѓаат на товар на добавувачот.
6.6 Во случај на предвремената испорака, Друштвото го задржува правото да му ги
наплати на добавувачот дополнителните трошоци кои притоа ќе настанат, како сто се на пр. Трошоци за складирање и осигурување/обезбедување. Предвремената испорака не ги менува условите за плаќање. Опасноста од случајно оштетување или уништување на стоката преоѓа на Друштвото на договорениот датум на испорака.
7 Посебни одредби за извршување на услугите
7.1 Добавувачот мора преземената работа да ја изврши според потврдената техничка документација. Работата мора да ја изврши стручно и правилно, во согласност со важечките прописи, стандардите и обичаите на струката и со користење на материјали со претходно
потврден квалитет од страна на Друштвото.
7.2 Добавувачот е должен пред започнувањето на работите на Друштвото да му достави сертификати за сите вградени материјали.
7.3 Добавувачот може работата да му ја довери на подизведувач само со претходна
писмена согласност на Друштвото. Изведувачот одговара пред Друштвото за работите коишто ги извршил неговиот подизведувач, исто како кога работата би ја извршил самиот.
Добавувачот е должен на своите подизведувачи да им плати за извршената работа. Во
спротивно Друштвото наместо на добавувачот работата им ја плака директно на неговите подизведувачи.
7.5 По завршувањето на сите работи, добавувачот мора писмено да го извести Друштвото дека работите се завршени во целост и да го повика да изврши преглед на работите.
7.6 Грижата и одговорноста за исполнување на сигурносните мерки ја презема
добавувачот, којшто е должен да обезбеди и надзор и раководење на своите работници.
8 Гаранции за грешки
8.1 Квалитетот и испорачаната количина на стоките договорните страни ги утврдуваат на местото на испораката. Решавачка е влезната количинска контрола од страна на Друштвото, којашто е и меродавна за сите количински отстапувања.
8.2 Квалитетот и количината на извршената услуга договорните страни ги утврдуваат со записник за примопредавање. Добавувачот е должен на барање на Друштвото да достави
гаранција за добро извршување на работите и гаранција за отстранување на грешките во гарантниот рок.
8.3 Добавувачот гарантира дека производите и услугите се во согласност со доставените барања и дека не содржат грешки, коишто би ја намалувале нивната вредност или
употребливост. Друштвото секоја неусогласеност ќе му ја достави на добавувачот во форма на записник за рекламација.
8.4 Ако пред или при преносот на опасност од уништување или оштетување се утврдат
грешки или ако грешките настанат во текот на рокот на застарување, добавувачот мора на свој трошок и по избор на Друштвото тие грешки да ги отстрани или пак да испорача нов производ без грешки, сто вази и за услугите. Добавувачот не може да ја ограничи или да ја исклучи
гаранцијата.
8.5 Добавувачот се согласува Друштвото да го извести во врска со очигледните грешки со записник за рекламација, најдоцна во рок од 8 дена по преземањето на стоките или услугите.
Добавувачот е должен да одговори на рекламацијата најдоцна во рок од 8 дена по
преземањето на стоките или услугите. Добавувачот е должен да одговори на рекламацијата во рок од 8 дена од приемот на рекламацијата.
8.8 Ако добавувачот не ги отстрани грешките Друштвото има право да: отстапи од договорот во целост или делумно без оштета,
побара намалување на цената,
на трошок на добавувачот самиот да изврши поправка или да купи нови стоки, односно да го му го довери вршењето на услугата на трето лице,
побара оштета наместо стоките или услугата.
8.9 Во случај ако добавувачот при вршењето на услугата употреби материјал којшто не е во согласност со техничките прописи, важечките стандарди и останатите договорни услови, тој мора на барање на Друштвото да го отстрани и да го замени со бараниот материјал. Исто така, тој мора да го отстрани и целиот испорачан материјал, којшто инаку е во согласност со
договорните услови, но којшто е со лос квалитет и да го замени со квалитетен материјал. Договорната цена не се менува поради тоа.
8.10 На товар на добавувачот паѓаат трошоците и опасноста од оштетување и уништување при враќање на испорачаните стоки со грешка.
8.11 Стоките и услугите, коишто се предмет на рекламација, Друштвото не е должно да ги плати.
8.12 Добавувачот мора веднаш да го извести Друштвото за каков било недостаток на своите производи или услуги, со којшто е запознаен, со цел да се ограничат евентуалните
подоцнежни штетни последици.
8.13 Ако не е поинаку договорено, добавувачот за стоките и услугите дава тригодишна гаранција. Гарантниот рок, во случај на рекламација, почнува да тече одново по отстранувањето на грешката.
9 Цена
9.1 Цената се договара со одделен договор. Договорената цена е конечна и добавувачот не може еднострано да ја промени.
9.2 Ако добавувачот е даночен обврзник, во цената е вклучен и ДДВ.
9.3 Во случај ако во текот на траењето на договорот суштински се променат условите на работењето и/или условите на пазарот или услугите, коишто се предмет на договорот, Друштвото има право да побара намалување на цената поради променетите околности.
10 Фактура
10.1 Фактурата му се испраќа на Друштвото веднаш по испораката, односно најдоцна во рок од 2 работни дена по испраќањето на стоката, односно извршувањето на услугата, и мора да
ги содржи сите податоци за нарачката. Текстот на фактурата се составува согласно нарачката, заради полесна споредба на фактурата со нарачката.
10.2 Друштвото ќе ја одбие фактурата којашто не е изработена согласно со xxxxxxxxx
законодавство или со нејзините упатства, а тоа важи особено за податоците за нарачката или со правилата за даночните обврски. Во тој случај вази дека фактурата не била издадена и дека рокот за плаќање на почнал да тече.
10.3 Фактура за извршени услуги се доставува до Друштвото најдоцна 30 дена од денот на извршување на услугите. Фактурата за услуги треба да ги содржи сите елементи за да може на јасен и прецизен начин да се идентификува предметната услуга.
10.4 Без претходна писмена дозвола на Друштвото, добавувачот нема право своите
побарувања кон Друштвото да ги отстапи на трети лица, да ги залози или од нив да направи предмет на правни обврски.
11 Плаќање
11.1 Рокот за плаќање на фактурата започнува да тече од денот кога Друштвото во целост ќе ја преземе испораката или услугата и ќе ја добие правилно издадената фактура. Ако
добавувачот мора да достави и тестови на материјалот, документи за квалитетот, записници за тестирањето или други документи, се смета дека испораката или услугата се во целост
преземени кога ќе бидат испорачани и тие документи.
11.2 Добавувачот е должен да достави и документи за квалитет, записници за извршени испитувања и сл. и тогаш се смета дека во целост е извршена испораката. Ако не е поинаку
договорено, плаќањето се врши во рок од 60 календарски дена по извршувањето на работата или испораката на стоката и приемот на фактурата. По исклучок рокот на плаќање може да
биде подолг од 60 дена, но не подолг од 120 дена, доколку постои писмена согласност од Добавувачот и Набавувачот. Датум на прием на фактурата е датумот кога фактурата е заведена
во Книга на примена пошта и е ставен печат/штембил на секоја фактура. Пресметувањето на рокот на плаќање започнува од овој датум.
11.3 Секој договор со добавувачи кои се регистрирани во Република Северна Македонија, мора да се склучи во денари. Во случај на домашни набавки поврзани со увоз, договорот може да содржи и девизна клаузула, согласно која вредноста на услугите/стоките може да биде
наведена во евра, но договорот треба да пропишува дека фактурата на добавувачот треба да биде издадена и платена во денари според средниот курс на Народна Банка на Република Северна Македонија. Секој договор со странски добавувачи (добавувачи регистрирани во други земји) мора да се склучи или во евра или во американски долари.
11.4 Друштвото ја плака својата обврска со дознака на трансакциска сметка. Се смета дека
плаќањето е извршено навреме, ако износот е уплатен во банката на добавувачот, најдоцна на денот на достасување на плаќањето. Каматата за задоцнети денарски и девизни плаќања не
смее да ја надмине законски утврдената казнена камата. Банкарските трошоци на банката примач паѓаат на товар на добавувачот.
12 Начела за управување со квалитетот
12.1 Добавувачот при своето работење мора во најголема можна мера да ги почитува начелата за управување со квалитетот.
12.2 Добавувачот на барање на Друштвото во разумен рок ќе достави писмена сопствена оцена за почитувањето на начелата за управување со квалитетот.
12.3 Друштвото го задржува правото по потреба да побара дополнителни докази за
обезбедување на квалитет или да изврши ревизија кај добавувачот. Добавувачот е должен на Друштвото да му овозможи непречено да го изврши прегледот.
13 Посебни одредби за машинската и софтверска опрема
13.1 Машинската и софтверска опрема, ако не е договорено поинаку, се сметаат како една единица.
13.2 За софтверска опрема, којашто е изработена посебно за Друштвото, важи дека е преземена ако е во согласност со спецификацијата во текот на најмалку четиринеделно пробно функционирање при што работела задоволително и без грешки. Во случај на
сомневање, тој рок започнува да тече од денот на комерцијалната употреба на софтверската опрема од страна на Друштвото.
13.3 Добавувачот во рамките на гарантните обврски е должен на Друштвото бесплатно да му ги стави на располагање сите верзии на софтверска опрема, коишто содржат поправки (т.н.
„Упдатес“). Освен тоа, добавувачот се обврзува дека за Друштвото за испорачаната софтверска опрема, според условите коишто владеат на пазарот, ќе врши услуги на одржување најмалку 5 години.
13.4 Ако не е договорено поинаку, добавувачот мора најдоцна при примопредавањето на Друштвото за испорачаната софтверска опрема да ѝ го предаде изворниот код на соодветен електронски медиум (ДВД и сл.). Добавувачот исто така мора на Друштвото да му ги предаде сите системски лозинки и сите останати потребни упатства (упатства за употреба, содржина и
структура на носачот на податоци, програма и план на текот на податоците, тестирање,
програми за тестирање, разгледување на грешки и сл.), коишто му се потребни на Друштвото за непречено управување со софтверска опрема.
13.5 Со предавањето на изворниот код на Друштвото му се пренесуваат авторските права врз софтверската опрема, така сто Друштвото да може да ја користи софтверската опрема
непречено, во променета или непроменета форма, да ја репродуцира, менува, односно да ја користи и експлоатира на кој било друг начин, без да ѝ бидат потребни какви било согласности од добавувачот, односно да мора на добавувачот за тоа да му плака какви било дополнителни надоместоци.
13.7 Друштвото може авторските права врз софтверската опрема со надомест или без надомест да ги пренесува без согласност на добавувачот.
13.8 Доколку добавувачот ја развива софтверската опрема врз основа на софтверска
опрема на други производители (на пр. Мајкрософт), тој мора да обезбеди Друштвото да може да ја менува и модифицира развиената софтверска опрема, а не е потребно на добавувачот да му се достави изворниот код за програмската опрема на тие други подизведувачи.
14 Други авторски дела
14.1 Авторот при подготвувањето и извршувањето на работите коишто се предмет на договорот мора да ги почитува сите писмени и усни упатства на Друштвото.
14.2 Со примањето на авторскиот хонорар авторот еднаш засекогаш и за сите случаи му ги пренесува на Друштвото своите материјални авторски права врз извршените работи. Преносот вклучува и право на Друштвото да го користи делото, да го објави и да го дистрибуира во
електронска, печатена или друга форма или да го користи на каков било друг начин. Авторот на Друштвото особено му го пренесува материјалното авторско право за преработка на
делото, така сто Друштвото смее делото да го дополнува, односно да го менува со нови, односно изменети податоци и смее делото, односно негови одделни делови да ги користи
според сопствена процена. Авторот гарантира дека има право да му ги пренесе материјалните авторски права на Друштвото, на начинот и во обемот, определен во оваа точка, во спротивно одговара пред неа за целата штета.
14.3 Материјалите, примероците и сл. коишто Друштвото ќе му ги стави на располагање на авторот со цел извршување на нарачката, остануваат во сопственост на Друштвото, и тие треба посебно да се складираат, означуваат и со нив треба посебно да се управува. Трошоците
поврзани со тоа, како и опасноста од уништување или оштетување на материјалите, се на товар на авторот. Материјалите може да се користат исклучиво за извршување на нарачката. Задржување на правото на авторот врз материјалите е исклучено.
15 Заштита на доверливите и личните податоци
15.1 За деловна тајна се сметаат податоците и документацијата, коишто се однесуваат на предметот на договорот, затоа овластените лица и другите работници, коишто имаат пристап до нив, во никој случај не смеат без изречна дозвола на овластеното лице со таа
документација да запознаваат или за неа да известуваат други лица, освен лицата, коишто
мора да бидат запознаени со неа по службена должност или лица коишто се со прописите овластени за тоа.
15.2 Деловната тајна на одделна договорна страна мора да ја чуваат и работниците на спротивната договорна стана и другите лица, коишто спротивната договорна страна ќе ги вклучи во спроведувањето на правата и обврските според овој договор, ако знаеле или со
оглед на карактерот на податоци би требало да знаат дека податокот е деловна тајна и без оглед на тоа на која начин се запознале со него. Секоја договорна стана се обврзува дека
своите работници и другите лица, вклучени во спроведувањето на правата и обврските според овој договор ќе ги обврзе да ја чуваат деловната тајна.
15.3 За деловна тајна се сметаат и податоците за коишто е очигледно дека би настанала штета доколку неовластено лице би дознало за нив.
15.4 Деловната тајна лицата од став еден и два од овој член мора да ја чуваат и по
престанувањето на важноста на договорот до отповикувањето од страна на спротивната договорна страна, односно додека податоците коишто се деловна тајна не станат јавно достапни.
15.5 Договорните страни се обврзуваат дека со личните податоци, со коишто ќе се запознаат при извршувањето на предметот на договорот ќе постапуваат согласно со
одредбите на Законот за заштита на личните податоци и дополнителните упатства на секоја од договорните страни и дека ќе ги користат само за целите на извршувањето на тој договор.
15.6 Договорните страни се обврзуваат дека согласно со важечкото законодавство ќе ги
обезбедуваат сите потребни организациски, технички и логично-технички постапки и мерки, со коишто се заштитуваат личните податоци, се спречува случајно или намерно неовластено
уништување на податоците, нивно изменување или губење, како и неовластена обработка на тие податоци, така сто:
ќе обезбедат заштита на просториите, опремата и системската софтверска опрема, вклучувајќи ги влезно-излезните единици,
ќе обезбедат заштита на апликативната софтверска опрема со којашто ќе се обработуваат лицни податоци,
ќе спречуваат неовластен пристап до личните податоци при нивниот пренос, вклучувајќи и пренос преку телекомуникациските средства и мрежи,
ќе обезбедуваат ефикасен начин на блокирање, уништување, бришење или анонимизирање на личните податоци,
со обезбедување на ревизорска трага ќе овозможуваат подоцна да се утврди кога одделни лицни податоци биле внесени во збирката на лицни податоци, употребени или поинаку обработени и кој го сторил тоа и тоа најмалку за периодот кога е можна законска заштита на правото на поединецот поради недозволено посредување или обработка на лични податоци,
на своите вработени посебно ќе им укажат на заштитата на личните податоци согласно со прописите за заштита на тие податоци и прописите за граѓанска и кривична
одговорност,
без писмена дозвола на спротивната договорна страна нема да изработуваат копии на носачи со податоци, коишто претставуваат лицни податоци, односно коишто ги умножување или ги испраќале по електронска пошта во незаштитена форма
нема да им доставуваат лицни податоци на трети лица, било физички лица,
претпријатија, друштва, здруженија или на кој било друг субјект поради која било
причина или цел без претходна писмена дозвола на спротивната договорна страна, без одложување на спротивната договорна страна ќе ѝ ги вратат сите носачи со лични
податоци, коишто таа писмено ќе ги побара или кога тие веќе не се потребни за
извршување на договорот или по престанувањето на договорот, а евентуалните копии ќе ги уништат, или, ако бидат исполнети законските услови за тоа, ќе му ги достават на државниот орган којшто е надлежен за откривање или гонење на кривични дела, на
судот или на друг државен орган.
15.7 Должноста за заштита на личните податоци согласно со овој договор и со законот за
заштита на личните податоци ги обврзува сите вработени кај договорните страни, вклучувајќи ги и оние коишто извршуваат работи врз правни основ, различни од оние според договорот за вработување, и по престанувањето на вработувањето, извршувањето на работите или услугите според договорот.
15.8 Договорните страни ќе обезбедат нивните вработени:
да ги спроведуваат мерките за спречување на злоупотребата на личните податоци и дека со личните податоци, со коишто ќе се запознаат на кој било начин, ќе постапуваат совесно и внимателно и во согласност со постапките коишто ги определуваат
договорот, Законот за заштита на личните податоци и останатото релевантно законодавство,
ќе ја чуваат тајноста на личните податоци со коишто ќе се запознаат при извршувањето на овој договор или со коишто ќе се запознаат на кој било начин,
во случај кога ќе дознаат или ќе забележат дека дошло до злоупотреба на личните податоци (на пр. откривање на лицни податоци, неовластено уништување,
присвојување на лични податоци) или до упад во збирката на лични податоци, за тоа веднаш ќе го известат одговорното лице на страната на договорната страна на
изведувачот, којашто ќе се погрижи спротивната договорна страна веднаш да биде известена за тоа.
15.9 Надворешните соработници на договорните страни немаат право на пристап и каква
било обработка на лицни податоци, добиени со извршувањето на договорот, освен врз основа на писмена согласност на спротивната договорна страна.
15.10 Договорните страни се обврзуваат дека против лице коешто ќе злоупотреби лични податоци или неовластено ќе изврши упад во збирката лични податоци, ќе преземат
соодветни мерки согласно со Законот за работните односи и Кривичниот законик и дека за сите настани и состојбата ќе ја известуваат спротивната договорна страна.
15.11 За злоупотреба на лични податоци се смета секое користење на личните податоци за цели коишто не се во согласност со намената на обработката според договорот. За обид за
злоупотреба се смета обид за користење на личните податоци за недозволени цели.
15.12 Добавувачот изречно дозволува Друштвото податоците за меѓусебното работење да им ги доставува на своите поврзани друштва за информативни цели (на пр. „пурцхасе
поолинг“) и во рамките на известувањето за статистички цели и управувањето со ризиците. Добавувачот дозволува тие друштва и Друштвото писмено или по електронска пошта да доставуваат информации за своите услуги: Таквата согласност може да се отповика во секое време.
16 Должност за соработка со ревизија
16.1 Свесен дека Друштвото е предмет на надворешна ревизија како и супервизија од страна на регулаторот (Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско
осигурување), добавувачот се согласува договорените и извршените услуги, доколку е
потребно, да бидат ревидирани од страна на внатрешната ревизија на Друштвото, како и од страна на секој надворешен ревизор, назначен од Друштвото или регулаторот.
16.2 Друштвото ќе го извести добавувачот за секоја планирана ревизија на договорените и извршените услуги најмалку седум (7) дена пред почетокот на ревизијата. Ревизијата ќе ги
опфати договорените и извршените процеси на услуги и активности кои ги спровел добавувачот за Друштвото.
16.3 Ревизијата ќе се спроведе во текот на работното време на Друштвото и добавувачот, а за таа цел, добавувачот ќе треба да обезбеди пристап до ревидираните области, вклучувајќи ја и инфраструктурата, персоналот, расположливата документација, како и да обезбеди
соодветен работен простор за ревизорскиот тим (пристап до интернет и пристап до софтвер).
16.4 За време на ревизијата добавувачот ќе му обезбеди на тимот за ревизија пристап до расположливата оригинална документација и податоците неопходни за целта на ревизијата. Ревизорскиот тим има право да ги добие потребните податоци и информации за добавувачот или за купената стока.
17 Здравје и безбедност при работа
17.1 Добавувачот се обврзува да ја изврши нарачката во согласност со регулативата за здравје и безбедност при работа и ќе ги почитува сите посебни протоколи, мерки и барања кои ќе произлезат при извршувањето на нарачката.
17.2 За да се обезбеди здравје и безбедност при работа во работните простории на Друштвото, учесниците во процесот на набавката треба:
да ја организираат работата во согласност со важечката регулатива за здравје и безбедност при работа на начин на кој ќе се осигура здравјето и безбедноста на вработените, посетителите и другите лица;
да се почитуваат пропишаните упатства за безбедност при работа на Друштвото.
17.3 При извршување на работата во просториите на Друштвото:
вработените на добавувачот треба да имаат здравствено осигурување и истите треба да бидат обучени за здравје и безбедност при работа, а кога е потребно да ги користат пропишаните средства и заштитна опрема;
сите средства кои ќе бидат користени треба да се проверени, во исправна состојба и со упатства за нивно безбедно користење;
адекватно да се обележи работното место и да се спречи пристап на неовластени лица, каде постои ризик од повреда и опасност по здравјето;
супстанциите кои се опасни по здравјето да се чуваат само во потребните количини и согласно соодветните безбедносни упатства;
патиштата за евакуација и итни случаи треба да се безбедни и без опструкции во секое време;
да се информираат вработените на добавувачот за потребните безбедносни мерки.
17.3 Пушењето е забрането во просториите на Друштвото.
17.4 Друштвото има право да ја прекине работата во работните простории доколку утврди дека не се почитуваат пропишаните, договорените или неопходните безбедносни прописи и може да се наштети на здравјето или безбедноста на вработените, посетителите или други лица, или пак може да се предизвка физичко оштетување на просторијата.
18. Должност за информирање
18.1. Добавувачот се обврзува веднаш да го извести Друштвото при секоја промена на статусот.
18.2 Доколку кај Друштвото се појави сомнеж за несолвентност кај добавувачот, има право да побара информации од добавувачот за потенцијалниот ризик кој произлегува од
несолвентноста или за тешкотиите во меѓусебната соработка и понатамошното работење кои би произлегле од несолвентноста.
18.3 Добавувачот се обврзува да го извести Друштвото за потенцијалниот ризик од стечајна постапка во случај кога таквата постапка станува веројатна.
18.4 Доколку добавувачот е трговец поединец без вработени, од истиот се бара веднаш писмено да го извести Друштвото доколку 80 % од годишниот приход на добавувачот се добива од Друштвото.
19 Пренос на побарувања или договор
19.1 Без претходна согласност на Друштвото, добавувачот нема право да им ги отстапи
своите побарувања кон Друштвото на трети лица, да ги залози или на поинаков начин да ги направи предмет на правни зделки.
19.2 Добавувачот може делумно или во целост да му го довери извршувањето на договорот на трето лице, односно на него да го пренесе договорот само во случај ако Друштвото тоа изречно писмено го дозволи.
19.3 Добавувачот се согласува дека Друштвото може да го пренесе договорниот однос со добавувачот на некое од своите поврзани друштва. Договорниот однос преминува на
поврзаното лице тогаш кога добавувачот ќе биде известен за преносот.
19.4 Каков било обид за пренос на побарувања или на договор, којшто е во спротивност со претходните одредби, е неважечки. Изземени се преносите коишто би можеле да настанат како последица од статусни промени на договорните страни.
20 Антикорупциска клаузула
20.1 Договорните страни изјавуваат дека во која било фаза од склучувањето, односно
извршувањето на договорот ниедна договорна страна не му понудила и нема да му понуди, да му даде или да му вети каква било недозволена корист на кој било вработен и член на
органите на раководење или надзор кај спротивната договорна страна за: добивање на зделка или
склучување на зделка под поповолни услови или
за друго невршење на должен надзор над извршувањето на договорните обврски или за друго однесување или недејствување, со коишто на спротивната страна ѝ била
предизвикана штета или овозможено стекнување на недозволена корист на кој било вработен и члена на органите на раководење или надзор кај спротивната договорна страна.
Во случај на прекршување или обид за прекршување на оваа клаузула, веќе склучениот
договор е ништовен. Доколку договорот сè усте не започнал да се применува, се смета дека договорот не бил склучен.
21. Управување со конфликт на интереси
21.1 Конфликт на интереси претставува секој приватен интерес на вработен кој е вклучен во спроведувањето на процесот на набавка или пак приватен интерес на член од блиското
семејство на вработениот, што може да има негативно влијание врз претпазливата, економска и фер набавка како и врз нејзиното ефективното и правилно спроведување.
21.2 Во случај на согледан конфликт на интереси, секоја страна треба веднаш да ја извести другата страна која учествува во процесот на набавка.
21.3 Во случај на согледан конфликт на интереси, со цел да се надмине секој ризик што произлегува од конфликтот на интереси, потребно е да се исклучат во понатамошните
постапки сите лица кои се вклучени во конфликтот на интереси, но и да се преземат други мерки кои ќе ги спречат истите да вршат било какво влијание врз спроведувањето на
набавката.
22 Посветеност на одржлив развој
22.1 Во согласност со стратегијата за одржлив развој на Друштвото, се очекува добавувачот да ги обелодени своите политики во однос на природната средина, човековите и работничките
права, следење и обезбедување на квалитет, како и сите фактори кои придонесуваат за благосостојба на општеството во целина.
22.2 Добавувачите ги обелоденуваат своите политики со пополнување на прашалник, кој го доставуваат до Друштвото. Пополнетиот прашалник по правило е дел од документацијата за понудата. Истиот се пополнува за набавки кои надминуваат износ од 1.000 ЕУР. Доколку се направат последователно повеќе набавки од еден добавувач во текот на една календарска
година, прашалникот се пополнува само еднаш.
23 Виша сила
23.1 Ниедна договорна страна не е одговорна за неисполнување на обврска од договорот, којашто би настанала поради виша сила. Во случај ако некоја од договорните страни не може да ги исполни своите обврски од договорот поради виша сила, таа е должна за тоа веднаш да ја извести спротивната страна, при што во известувањето мора детално да ја наведе и
причината за вишата сила.
23.2 Вишата сила се оние непредвидени и неочекувани настани коишто не зависат од волјата на договорните страни и кои страните не можеле или не требало да ги очекуваат, да ги спречат или да ги одбијат.
23.3 Поради виша сила страните може да бараат да се измени договорот. Договорните рокови може да се продолжат најмалку за времетраењето на вишата сила, а договорните страни новите рокови ги определуваа писмено во форма на анекс кон договорот.
24 Задржување на нарачка, измена на договорот и отстапување од договорот
24.1 Друштвото го задржува правото кога било да побара исполнување на нарачката. Во случај на такво задржување, коешто трае повеќе од три месеци, добавувачот мора на Друштвото да му достави детален опис на трошоците коишто настанале кај него поради
задржувањето. Друштвото во тој случај не одговара пред добавувачот за загуба на добивка којашто би ја претрпел. Добавувачот не може да бара поврат на трошоците ако задржувањето е покусо од три месеци; но, ако трае повеќе од три месеци не може да бара поврат за првите три месеци.
24.2 Ако договорот е склучен за неопределено време, секоја страна може да го откаже со тримесечен отказен рок. Во случај ако една од страните ги прекршува суштествените одредби на договорот и не престане со прекршувањата, односно не го отстрани прекршувањето во рок од 30 дена од денот на приемот на писмениот повик на спротивната страна, спротивната
страна, доколку правилно ги исполнила своите обврски, може да го откаже договорот без отказен рок. Друштвото може договорот да го откаже без отказен рок дури и ако против
добавувачот започне стечајна постапка или постапка за присилно порамнување. Добавувачот е должен Друштвото веднаш да го извести за настапувањето на таквите околности.
24.3 Во случај на откажување на договорот добавувачот има право на плаќање на веќе
испорачаните стоки и извршените услуги, а не и на изгубената добивка или друга евентуална штета.
24.4 Во случај на предвремено престанување на договорот одредбите на Условите за
набавки и договорот се применуваат до исполнувањето на секоја одделна веќе потврдена нарачка.
24.5 Сите измени или дополнувања на договорот се можни само со анекси во писмена форма или во форма на анекс кон договорот.
25 Решавање на спорови
25.1 За евентуалните спорови односно обврските кои произлегуваат од договорниот однос помеѓу Друштвото и добавувачот врз основа на нарачка, ќе одлучува надлежниот суд во
Скопје.
25.2 Евентуалните спорови договорните страни ќе ги решаваат спогодбено и во интерес на трајна соработка.
26 Важност на Условите за набавки
26.1 Евентуалната неважност на одделна одредба од Условите за набавки или договорот
нема влијание врз Условите за набавки или договорот како целина, освен ако договорот без не важечката одредба не ја обезбедува целта, кон којашто се стремеле страните со склучувањето на овој договор.
26.2 Условите за набавки важат неопределено време, односно до нивната измена.
Измените важат за сите правни зделки, склучени по датумот на стапување на сила на
изменетите Услови за набавки, и тоа од моментот кога добавувачот ќе биде известен за нивната измена.
27 Конечни одредби
27.1 Договорните страни се обврзуваат дека со заеднички сили ќе дејствуваат во насока на дополнување и зголемување на квалитетот на меѓусебната соработка и за таа цел ќе го следат спроведувањето на овој договор и ќе вршат анализи на постигнувањето на поставените цели и ефектите.
27.2 За уредување на меѓусебните права и обврски, коишто не се изречно договорени со овие Услови за набавки или договорот, се применуваат одредбите на Законот за облигациони односи.
Со влегување на овие Општи услови за набавки, престануваат да важат Општите услови за
набавки на Сава пензиско друштво а.д. Скопје бр. 02-196/9/3/2 од 30.01.2020 година донесени на триста осумдесет и втората седница на Управниот одбор одржана на 30.01.2020 година.
Xxxx Xxxxxxxxxxxx
Digitally signed by Xxxx Xxxxxxxxxxxx
Date: 2021.12.29 16:18:34 +01'00'
Мира Шекутковска
Претседател Управен одбор