Contract
ОПШТИ УСЛОВИ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА У
ПОВЕР ДОО експорт-импорт Скопје
1. ПРЕДМЕТ
1.1. Општите услови на Договорите за снабдување со електрична енергија на У ПОВЕР ДОО експорт- импорт Скопје (во натамошниот текст "Општи услови"), ги дефинираат условите за продажба и купување, односно испорака и преземање на испорачаните или договорени количини на електрична енергија на мерните места наведени во Договорот за снабдување со У ПОВЕР ДОО експорт-импорт Скопје како снабдувач со електрична енергија (во натамошниот текст
„Снабдувач“) и правата и обврските на потрошувачот што ќе одлучи да се снабдува со електрична енергија од Снабдувач (во натамошниот текст: „Потрошувач“).
1.2. Одредбите од овие Општи услови се составен дел на Договорот за снабдување и обврзувачки за двете договорни страни. Доколку прашањата регулирани со овие Општи услови се регулирани со Договорот за снабдување на поинаков начин, ќе се применуваат одредбите на Договорот за снабдување.
1.3. Доколку одредени односи помеѓу Потрошувачот и Снабдувачот не се регулирани со Општите услови и Договорот за снабдување, одредбите на Законот за енергетика, Правилата за снабдување со електрична енергија, Законот за облигациони односи и другите позитивни прописи ќе се соодветно применуваат во односите помеѓу Снабдувачот и Потрошувачот.
1.4. Овие општи услови се применливи за сите Потрошувачи кои ги исполнуваат условите за учество на пазарот, како и за квалификуваните Потрошувачи кои учествуваат независно на пазарот.
1.5. Овие Општи услови се објавени на веб-страницата на Снабдувачот (xxx.xxxxxx.xx).
2. ПОИМИ
Одредени изрази употребени во овие Општи услови и во Договорот за снабдување го имаат следново значење:
1. Пресметковен период е временски период на кој се однесува на наплатата на потрошувачката на електрична енергија и моќност;
2. Датум на почеток е датумот кога Потрошувачот започнува да користи електрична енергија од мерното место и У ПОВЕР ДОО експорт-импорт Скопје е регистриран како снабдувач за тоа мерно место;
3. Потрошувач на електрична енергија (Потрошувач) е секој субјект што ја користи купената електрична енергија за своја употреба;
4. Соодветен оператор на систем есекојсубјектшто поседува илиуправувасосистемот запренос на
енергија (ОЕПС) или дистрибутивниот систем (ДСО) преку кој електричната енергија се испорачува до мерното место;
5. Снабдување со електрична енергија е продажба на електрична енергија на Потрошувачот;
6. Снабдувач на електрична енергија (Снабдувач) е секој носител на лиценца што снабдува електрична енергија на Потрошувачи и му е дозволено да тргува со електрична енергија.
7. Договор за снабдување со електрична енергија (Договор за снабдување) е договор со кој Снабдувачот се обврзува да му ги испорача на Потрошувачот на мерното место договорените количини електрична енергија со пропишан или договорен квалитет, а Потрошувачот се обврзува да плати за испорачаната електрична енергија на Снабдувачот според мерењата извршени од операторот на систем со кој е поврзан Потрошувачот, по договорена цена;
8. Референтна количина е количина на електрична енергија договорена меѓу страните и дефинирана во Договорот за снабдување и е проценета количина електрична енергија направена врз основ на историски податоци на операторот на системот за снабдувањето на Потрошувачот со електрична енергија и информациите дадени од страна на Потрошувачот за планираната потрошувачка на електрична енергија за периодот за кој Договорот за снабдување е склучен;
9. Како количини на испорачана електрична енергија се подразбира која било количина што
фактички е измерена на мерните места што се предмет на Договорот за снабдување, во согласност со податоците прочитани од соодветниот оператор на систем.
10. Период на испорака е периодот што започнува на Датумот на почеток на снабдувањето и завршува на датумот на крајот на испорака, како што е наведено во Договорот за снабдување;
11. Mерно мeсто за испорака на електрична енергија е секое место каде електричната енергија
се доставува до Потрошувачот.
12. Договорна страна значи или Потрошувач или Снабдувач и Договорни страни значи Потрошувач и Снабдувач;
Сите дефиниции што се користат во Законот за енергетика ќе го имаат истото значење во овие Општи услови.
3. ДОГОВОР ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
3.1. Договорот за снабдување ќе се склучи во писмена форма или Договорот ќе се смета дека е склучен во моментот кога понудувачот (Снабдувачот) ќе ја прими Изјавата за прифаќање на понудениот (Потрошувачот).
3.2 Со прифаќање на Понудата, Потрошувачот исто така прифаќа Снабдувачот да изврши набавка на референтната количина електрична енергија согласно цените во Понудата.
4. МЕРНИ МЕСТА, ПРОМЕНА НА КОРИСНИК
4.1. Мерните места преку кои Снабдувачот го снабдува Потрошувачот со електрична енергија ќе бидат утврдени во Листите на Мерни местададени како прилог на Договорот за снабдување.
4.2. Потрошувачот задолжително веднаш ќе го извести Снабдувачот за додавање или бришење на мерни места преку кои тој се снабдува. Секоја измена на Листата на мерни места дадена како прилог на Договорот за снабдување ќе се изврши врз основа на барање поднесено од Потрошувачот, заемна согласност од двете договорни страни и соодветниот оператор на систем. Барањето поднесено од Потрошувачот треба да содржи податоци и документација за мерното место кое треба да биде дополнително регистрирано или отпишано. Новата Листа на мерни места ќе стане составен дел од Договорот за снабдување без истовремено менување на Договорот за снабдување.
4.3. Пријавувањето на мерните места до соодветниот оператор на систем го врши Снабдувачот врз основа на образец дефиниран од соодветниот оператор на систем и документација и доказ за сопственост или право на користење на мерните места доставени од Потрошувачот.
4.4. Потрошувачот е одговорен за законитоста и точноста на документацијата доставена за регистрација или за дерегистрирање на било кое мерно место кај соодветниот оператор на системот, за промена на Снабдувач, како и за навремена регистрација на промената. Доколку соодветниот систем оператор ја одбие промената на Снабдувач, или се појави спор поради какви било недостатоци во доставената документација, или промената не може да се реализирапорадиистекот на времето, Потрошувачот ќе сносиправни последици од истото.
5. МЕРЕЊЕ И КОЛИЧИНИ НА ИСПОРАЧАНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
5.1. Количините на електрична енергија испорачани од Снабдувачот се мерат со уреди за мерење сопственост на соодветниот оператор на систем.
5.2. Потрошувачот плаќа врз основа на испорачаните количини на електрична енергија. Под испорачана количина на електрична енергија се подразбира количината на електрична енергија во kWh измерена на мерните места кои се предмет на овој Договор, согласно податоците за мерење дадени од соодветниот оператор на систем.
6. ЦЕНИ
6.1. Цените на електричната енергија се нето цени со исклучок на:
- Надоместок за користење на пазарот на електрична енергија
- Надоместок за употреба на мрежите за пренос и дистрибуција,
- Надоместок за употреба на енергија произведена од повластени производители на електрична енергија,
- Даноци, такси и други давачки дефинирани со закон или со прописите на надлежните органи
6.2. Сите дополнителни трошоци за електрична енергија наведени во член 6.1 се прикажуваат одделно во фактурата издадена од Снабдувачот.
6.3. Договорот за снабдување регулира дали Снабдувачот ќе го вклучи Потрошувачот во својата балансна група, т.е. кој ќе биде одговорен за балансирање на потрошувачката и за правење на прогноза и известување на операторот на пазар дефинирани во Правилата за балансирање на електроенергетскиот систем.
6.4. Доколку Потрошувачот е вклучен во балансната група на Снабдувачот, неговото учество во балансната група ќе започне не појдоцна од почетокот на испораката на електрична енергија. Потрошувачот се согласува да ги предаде и да ги обезбеди податоците потребни за балансно управување во согласност со релевантните правила на пазарот.
6.5. Потрошувачот ќе го поддржува Снабдувачот во неговото планирање. Во врска со какви било планирани варијации во потрошувачката на електрична енергија како резултат на празници, употреба на годишни одмори, ремонти, (делумно) затворање или проширување на работењето итн., Потрошувачот ќе го извести Снабдувачот во писмена форма или по телефон најмалку два дена пред настанување на промената. Потрошувачот ќе го извести Снабдувачот веднаш за сите непланирани испади или вишоци, по е-пошта.
7. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА НА СНАБДУВАЧОТ
7.1. Доколку Потрошувачот има неплатени обврски согласно Договорот за снабдување, Снабдувачот има право да побара инструмент за обезбедување на своето побарување. Инструментот и условите за обезбедувањето се утврдуваат со анекс / договор помеѓу страните во Договорот за снабдување.
8. ОБВРСКИ НА СНАБДУВАЧОТ
8.1 Снабдувачот испорачува електрична енергија до секое мерно место за време на периодот на испорака, имајки во предвид дека Снабдувачот не одговара пред Потрошувачот за какво било попречување во снабдувањето со електрична енергија предизвикано од какво било дело или пропуст на соодветниот оператор на систем.
8.2. Снабдувачот ќе ги почитува обврските утврдени во Законот за енергетика, другите закони и прописи, Правилата за снабдување и Договорот за снабдување.
9. ОБВРСКИ НА ПОТРОШУВАЧОТ
9.1. Потрошувачот ќе ги почитува обврските утврдени во Законот за енергетика, другите закони и прописи, Правилата за снабдување, Договорот за снабдување и овие Општи услови и особено е одговорен за:
1) Навремено и целосно плаќање на фактурите издадени од Снабдувачот на начин наведен во Договорот за снабдување,
2) Навремено да го извести Снабдувачот за неговата одлука за продолжување или раскинување на тековниот Договор за снабдување,
3) Навремено да ги достави на Снабдувачот неговите детали за контакт (назив на фирма / име и презиме / име на корисник, адреса / седиште, регистрација / даночен број, број на документ за идентификација, телефон, факс, е- пошта) и во рок од 30 дена, да го извести Снабдувачот за какви било промени
4) Навремено да го извести Снабдувачот за неговата одлука за промена на Снабдувачот
9.2. Потрошувачот гарантира дека
1) Потрошувачот има целосно законско право, моќ и овластување да склучува договорни обврски со Снабдувачот ида ги извршува, испорачува иисполнува ситесвои обврскиод Договорот за снабдување;
2) кое било мерно место е опремено со опрема за мерење што е во согласност со законот
3) нема да оштети или попречи или дозволи какво било мешање во опрема за мерење и веднаш ќе ги извести Снабдувачот и соодветниот оператор на систем дека верува или има причина да веруваа дека имало такво оштетување или мешање;
10. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПОТРОШУВАЧОТ И НА СНАБДУВАЧОТ ВО СЛУЧАЈ КОГА ПОТРОШУВАЧОТ ЌЕ ЈА ОТКАЖЕ ПРИФАТЕНАТА ПОНУДА, ИЛИ КОГА ПО ПРИФАЌАЊЕТО НА ПОНУДАТА НЕМА ДА ГО ПОТПИШЕ ДОГОВОРОТ
10.1. Доколку Потрошувачот го раскине договорот пред истекот на периодот на важност на Договорот и важечкиот Продукт, без вина на Снабдувачот, Снабдувачот ќе пресмета надоместок во висина на 25% од претходна остварена просечна месечна потрошувачка во времетраење на важност на договор за снабдување и продуктот во висока и ниска тарифа, помножено со бројот на месеци кои останале нереализирани од договорениот период по цена договорена во Договорот, освен ако поинаку не е дефинирано во Договорот.
Надоместокот ќе биде фактуриран во конечната фактура.
10.2 Доколку постоечкиот Потрошувач што му е истечен договорот не ја прати доставената понуда за нареден период а сеуште потрочувачот се Снабдува од У Повер односно нема избрано нов Снабдувач ќе биде фактуриран по средна месечна цена на Хунгарската Берза HUPX (xxxxx://xxxx.xx/xx/) со плус 20%.
11. РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ
11.1. Известувањата до потрошувачите може да се вршат преку фактурата за снабдување на електрична енергија, по е-пошта, редовна пошта.
11.2. Секое писмено известување за промена на податоци, барање за промена на корисник, образец за регистрација / дерегистрација на мерно место, откажување / раскинување на договорот, поплаки и жалби Потрошувачот го доставува до Снабдувачот преку е-пошта, на официјална е-пошта snabduvanje- xxxx@xxxxxx.xx и по редовна пошта.
Снабдувачот ќе ги достави своите писмени известувања до Потрошувачот од следната е-пошта: xxxx@xxxxxx.xx
11.3. Доколку која било договорна страна ги промени своите информации за контакт, таа веднаш ќе ја извести другата договорна страна за тоа. Доколку која било договорна страна не ги исполни своите обврски, двете договорни страни се согласуваат дека сите известувања доставени на последната адреса за комуникација на другата договорна страна ќе се сметаат за примени и валидни.
11.4. Известувањата ќе се сметаат за примени:
- Ако се доставени на рака, на денот на доставувањето, ако е работен ден за примачот. Доставата се потврдува со печат на прифаќање напримачот;
- Доколку се испратени како препорачано писмо, денот кога примачот ќе го потврди приемот на известувањата;
- Ако се испратени по е-пошта на е-поштата што се користи за комуникација меѓу страните:
- ако известувањето е испратено помеѓу 09:00 и 17:00 часот на работен ден (по временската зона на примачот) истиот ден; или
- ако известувањето се пренесе во кое било друго време по 17:00 часот, тогаш во 09:00 часот на првиот работен ден после тоа (по временската зона на примачот);
- Ако известувањето е испратено од ЕМС или друга експресна пошта, на денот кога таквата пошта е доставена до примачот
12. ИЗМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
12.1. Условите на Општите услови се применуваат во договорите склучени во периодот на нивната важност. Доколку во периодот на важење на Договорите за снабдување со електрична енергија, Општите услови се менуваат еднаш или повеќе пати, Општите услови кои важат во периодот на склучување на Договорот, ќе се применуваатдоистекотна Договорот, освенаконеепоинаку регулираносопомошна анексна Договоротод страна на Договорните страни
13. ВИША СИЛА
13.1. Ниту една од Страните нема да сноси одговорност за неисполнување на своите договорни обврски, доколку истата е спречена да ги исполни обврските за испорака или прифаќање во ситуација кога причина за таквиот неуспех се настани и услови кои во моментот на настанување биле вон контрола на Страната, не можела да ги предвиди, избегне или надмине и покрај преземањето на сите разумни напори.
13.2. Договорната страна што не ја исполнила својата обврска може да побара да се ослободи од својата одговорност за неизвршувањето од член 12.1, ако тоа неисполнување било предизвикано од:
1) природни катастрофи со поголем интензитет, како што се земјотреси, поплави, свлечишта, суши, вулкански ерупции, оркански ветер, наноси од снег, обилни врнежи од дожд, штета или уништување предизвикани од удари на гром, епидемии и слични природни настани;
2) пожар или експлозии што предизвикале оштетување или уништување или блокада на опрема, машини и / или инсталации, како и енергетска, телекомуникациска или транспортна инфраструктура, во синџирот на снабдување со електрична енергија;
3) војна или воена состојба, вонредна состојба прогласена согласно законот, мобилизација, инвазија, вооружен судир или сериозна закана од нив (вклучително и напад или блокада на непријател), непријателства и слични состојби;
4) граѓанска војна, бунт, востание, револуција, воен удар, пуч, терористички акти, саботажа, граѓански немири, масовно насилство, граѓанска непослушност, итн;
5) активностите на владините тела, без оглед дали се преземени или не преземени во согласност со законот, односно барање за усогласување со законот или друг пропис, со кој се наметнува национализација на компанијата или експропријација на имотот на договорната страна, или се спроведува затворање на компанијата;
6) испад на производствен, преносен или дистрибутивен капацитет;
7) штрајкови, бојкоти или окупација на погоните од вработените,
8) обаја за енергетска криза во согласност со Законот за енергетика и др.
13.3. Договорната страна што доживеала вонреден настан, истиот ден или најдоцна до следниот ден по вонредниот настан, ќе ја извести за тоа другата Договорна страна во писмена форма и колку што е можно побрзо, ќе обезбеди необврзувачка проценка на обемот, очекуваното траење на таквата состојба и за времетраењето на таквиот вонреден настан, ќе обезбеди на другата Страна ажурирани информации. Договорната страна е должна да ги вложи сите разумни напори да ги ублажи или ограничи последиците што произлегуваат од настаните или условите на чие постоење таа се повикува.
13.4. Во овој случај, двете Договорни страни ќе бидат ослободени од одговорноста за неизвршување на која било договорна обврска или надомест на штета предизвикана како резултат на виша сила.
14. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
14.1. Доколку во кое било време, било која одредба од Договорот за снабдување, неговите составни делови или Општите услови е или стане незаконска, неважечка или неприменлива, законитоста, валидноста и применливоста на останатите одредби во него нема да бидат засегнати или повредени. Договорните страни ќе ја заменат секоја незаконска, неважечка или неприменлива одредба со законска, валидна и применлива одредба што е можно поблиску до неважечката одредба во однос на нејзиното економско значење.
14.2. Условите и роковите наведени во Договорот за снабдување ќе се сметаат за доверливи и ниту една од договорните страни нема да ги открива таквите информации на трети страни.
15. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ, ПРИМЕНЛИВО ПРАВО
15.1 Договорот може да се раскине согласно Правилата за снабдување со електрична енергија и доколку било која од договорните страни достави писмен допис за раскинување 45 (четириесет и пет) дена пред посакуваниот датум на раскинување.
15.2 Доколку било која од договорните страни го раскине договорот пред истекот на рокот на истиот, без вина на другата договорна страна, во тој случај другата договорна страна ќе пресмета надоместок во висина од 20% од годишната потрошувачка во висока и ниска тарифа остварена во претходната година, помножено со бројот на месеци кои останале нереализирани од договорениот период по цена договорена во актуелниот Договор, и таквиот надоместок ќе биде искажан и фактуриран со посебна фактура со која ќе биде задолжена договорната страна која го раскинала договорот.
16 ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ДОВЕРЛИВОСТ
16.1 Потрошувачот се согласува Снабдувачот да ги собере, обработи и зачува следниве лични податоци: име и презиме, ЕМБГ, адреса на корисникот и детали за контакт потребни за извршување на договорот. Потрошувачот, во секое време, има право да добие информации од Снабдувачот за сите лични податоци на Потрошувачот обработени од Снабдувачот, како и за целите и начинот на обработка на таквите податоци. Потрошувачот ги ажурира своите лични податоци кај Снабдувачот во рок од 30 дена од промената на истите, во спротивно ќе се применуваат веќе доставените податоци.
16.2 Снабдувачот ќе ги преземе сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци на Потрошувачот согласно Законот за заштита на личните податоци. Снабдувачот може да ги пренесе личните податоци на Потрошувачот во земјите на ЕУ согласно техничките и организациските мерки на компанијата. Доколку има повреда на личните податоци на Потрошувачот, тој ќе биде известен за тоа во законски предвидениот рок.
16.3 Потрошувачот може да ги добие сите информации за обработка на лични податоци на:
16.4 Секоја страна се обврзува дека за времетраење на договорот за снабдување, и во период од две години по раскинувањето на истиот, нема да открие на кое било лице доверлива информација во врска со условите во Договорот за снабдување и сите информации дадени во врска со Договорот за снабдување.
16.5 Секоја страна може да ги открие доверливите информации на другата страна:
(а) на своите вработени, службеници, претставници или советници кои треба да ги знаат таквите информации заради остварување на правата на Страната или извршување на нејзините обврски согласно или во врска со Договорот за снабдување. Секоја страна гарантира дека нејзините вработени, службеници, претставници или советници на коиимоткрива доверливи информации на другата страна се во согласност со овој член 15 и
(б) по барање на закон, надлежен суд или кој било владин или регулаторен орган. (в) кога е добиена претходна писмена согласност од другата страна
Снабдувач
У ПОВЕР ДОО експорт-импорт Скопје