Матичен број на Друштвото e: 6994458.
ДОГОВОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СРЕДСТВА НА ПРИВАТЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД
Општи одредби Член 1
Овој договор за управување со средства (Договор) е направен помеѓу АЛСАР ФИНАНСИСКИ ИНОВАЦИИ ДОО Скопје (Друштвото) како Друштво за управување со приватни инвестициски фондови и
сопственик на документ на удел (инвеститор/клиент).
Член 2
Друштвото е формирано со основна главнина од 60.000,00 евра односно во денарска противредност по среден курс на НБРМ во износ од 3.699.000,00 денари и е претставувано од Xxxxxx Xxxxxxxxxxx - управител, утврдено со Договорот за основање на Друштвото.
Контролор како орган на надзор е Xxxx Xxxxxxxxx, согласно со Договорот за основање на Друштвото.
Седиштето на Друштвото е на Кеј "Димитар Влахов" 3/2 1000, Скопје, Република Македонија.
Матичен број на Друштвото e: 6994458.
Друштвото е основано и работи согласно Решението под број 35020140004128 од
13.11.2014 година.
Националната класификација на дејноста е: 66.30 – Дејности на управување со фондови.
Член 3
Друштвото управува со АЛСАР Прв Хеџ Фонд - приватен фонд (Фонд).
Управување со средствата на фондот Член 4
Друштвото е должно управувањето со Фондот да го врши со внимание на добар стопанственик, да се придржува на начелата на совесност и чесност, навремено и целосно да ги исполнува сите права и обврски предвидени со Законот, Проспектот и Статутот на Фондот.
Член 5
Клиентот се согласува да пристапи на приватниот фонд АЛСАР Прв Хеџ Фонд - приватен фонд со потпишување на пристапница на износ кој не може да биде помал од 50.000,00 евра во противредност во денари.
На повик на Друштвото, клиентот ќе уплати средства наменети за купување на удели во фондот во износ од евра (EUR) во денарска (MKD) противвредност по среден курс на НБРМ на денот на уплата на средствата на сметката на фондот во
, депонентна банка на Фондот.
Член 6
Друштвото управува со средствата на фондот во согласност со инвестициските политики и одредби наведени во Проспектот и Статутот на фондот.
Трошоци и провизии Член 7
Друштвото ги наплатува (и клиентот ги прифаќа) следниве провизии и трошоци:
⮚ 2,5 % годишна управувачка провизија, која се наплаќа месечно
⮚ Влезна провизија
o 1 % за вложувања од 50 000 (EUR) до 250 000 (EUR)
o 0,5 % за вложувања од 250 000 (EUR) до 500 000 (EUR)
o 0 % за вложувања над 500 000 (EUR)
⮚ 50 % провизија по учинок ако се надмине инвестициската цел од 8 % на годишно ниво
⮚ 0 % излезна провизија (по истек на минималниот период на инвестирање одреден со овој договор)
⮚ 1 % за удели со девизна клаузула (во случај на избор)
⮚ Останати провизии и трошоци, како брокерски провизиии, трошоци на депозитарна банка, трошоци на субдепозитарна банка и сл.
Член 8
Друштвото може да го намали или во целост да го ослободи инвеститорот од плаќање на надоместок и провизии доколку инвеститорот е банка, инвестициски фонд, осигурителна компанија, пензиски фонд, како и други институционални инвеститори или доколку инвеститор е физичко лице кое е во редовен работен однос во Друштвото, или пак кое има големи износи на средства за инвестирање, согласно Статутот и Проспектот на Фондот.
Прекин на договорот Член 9
Клиентот инвестира во купување удели на фондот во времетраење од минимум ( ) години. По истекот на овој период, клиентот има право да ги чува уделите во фондот на неопределено време или да бара поврат на својата инвестиција, односно да го прекине договорот во кој што случај Друштвото ќе ги откупи назад уделите и промптно ќе изврши трансфер на средствата во законски предвидениот рок.
Член 10
Друштвото може да донесе одлука за припојување на Фондот кон друг фонд како и да предложи згаснување на Фондот. За овие одлуки Друштвото ги известува сопствениците на документи за удел еден месец пред планираното згаснување. Доколку друштвото одлучи да го згасне фондот, средствата од фондот ги враќа на вложувачите сразмерно нивниот број на удели и вредноста по удел која важи на денот на згаснување на фондот.
Згаснување на Фондот го спроведува Друштвото.
Во постапката за спроведување на згаснување на Фондот, целиот имот на Фондот се продава, а обврските на Фондот достасани до денот на згаснување се намируваат. Преостанатата нето вредност на имотот на Фондот се распределува на сопствениците на удели сразмерно на нивните удели во Фондот.
Доколку се покрене ликвидација на Фондот во случаите кога Друштвото е во стечај или има забрана за вршење на дејност, ликвидацијата ја спроведува лице утврдено согласно законските прописи
Преодни и завршни одредби Член 11
Сите работи кои не се споменати во овој договор ќе бидат третирани согласно Проспектот на фондот, како и на Законот за инвестициски фондови на РМ-делот што се однесува на приватните инвестициски фондови.
Член 12
Друштвото и клиентот ќе дадат се од себе да ги решат евентуалните несогласувања спогодбено.
За евентуални спорни прашања, надлежен суд ќе биде Основен суд Скопје1 во Скопје, Р. Македонија.
Договорните одредби се прифатени од:
AЛСАР ФИНАНСИСКИ ИНОВАЦИИ ДОО Скопје
Име и презиме: Име и презиме:
Назив: Назив:
Потпис: Потпис:
Датум: Датум: