Contract
Број 18-
ЦентралнакооперативнабанкаАД Скопје
ДОГОВОР
Доверливо
за отворање и водење девизна сметка за физички лица
Денес, , во град , помеѓу:
1. Централна кооперативна банка АД Скопје, со седиште во град Скопје, xxxxx 0000 xxxx 0, со матичен број 4640063, застапувана од Претседателот на Управниот одбор, Xxxxxxx Xxxxxx, и членот на Управниот одбор
, преку полномошникот _ овластен од Управниот одбор на Банката, во понатамошниот текст наречена - БАНКА, од една страна, и
2._ со адреса.
, со лична карта број бр. ( ) / патна исправа бр. ( _)
издадена од МВР _ и ЕМБГ
понатамошниот текст наречен: Xxxxxxxx), од друга страна, се склучи следниот Договор:
(во
Предмет на Договорот Член 1
Со овој договор се регулираат меѓусебните права и обврски помеѓу Банката и Xxxxxxxxxx во врска со отворање, водење и работење со девизна трансакциска сметка за вршење платен промет со странство, согласно со важечките законски прописи и со Процедурите за начинот и постапката на отворање, водење и работење со банкарски сметки, пропишани од страна на Банката.
Член 2
Банката врз основа и под услови од овој Договор на барање на Xxxxxxxxxx отвора девизна трансакциска сметка број
, (IBAN) _, во валута , преку која девизните средства остварени во согласност со Законот за девизно работење, Корисникот ги чува на девизната сметка кај Банката, ги продава на Xxxxxxx, врши плаќања или девизни трансфери согласно со важечките законски прописи во РМ.
Член 3
Со потпишувањето на овој договор, Xxxxxxxxxx е запознаен и ги прифаќа Општите услови за отворање и водење девизна трансакциска сметка за вршење платен промет со странство, кои се составен дел на истиот, а пропишани од страна на Банката.
Xxxxxxx го задржува правото да ги менува Општите услови, за што мора претходно да го извести Корисникот со објавување на измените на веб-страницата на Банката- xxx.xxxxxx.xx. Се смета дека Xxxxxxxxxx ги прифаќа изменетите општи услови, ако во рок од 15 дена не поднесе барање за раскинување на Договорот и за затворање на сметката.
Корисникот се обврзува дека при извршување на платниот промет со странство ќе ги почитува важечките законски прописи со кои се регулира оваа материја, општите услови за работењето со девизната сметка, како и важечкиот термински план за работното време на Банката, објавен од Банката.
Член 4
Корисникот се обврзува да ù достави на Банката уредна и вистинита документација за регулирање на својот статус предвидена со Процедурата за начинот и постапката на отворање, водење и затворање банкарски сметки.
За статусот на Корисникот, познавањето на позитивните законски прописи во Република Македонија од областа на девизното работење и општите услови за работењето со девизната сметка во Банката, Корисникот пред овластен работник на Банката своерачно потпишува Изјава.
Корисникот се обврзува дека ќе изврши ажурирање на документацијата за негова идентификација (лична или патна исправа) доставена до Банката при отворањето на сметката, веднаш по истекот на рокот на важност на истата, а врз основа на важечка лична или патна исправа.Во спротивно, Банката може да ја ограничи девизната сметка на Корисникот за натамошно користење на истата.
За секоја настаната промена, односно промена на личните податоци, промена на адреса, како и промена на овластените лица за располагање со средствата на сметката, или друга промена поврзана со идентификација на Корисникот, Корисникот се обврзува писмено да ја извести Банката во рок од 3 дена од денот на настанатите промени. За евентуално настаната штета на Xxxxxxxxxx, настаната заради ненавремено известување од страна на Xxxxxxxxxx, Xxxxxxx нема да сноси одговорност.
Располагање со средствата на сметката Член 5
Банката го известува Корисникот за секој поединечен девизен прилив преку експозитурата на банката, а Корисникот е должен во предвидениот рок да достави писмена потпишана Изјава за распоред на девизниот прилив преку електронска пошта или преку друг достапен начин или медиум прифатлив за банката после кој банката ги депонира средствата на девизна сметка на Корисникот. Банката може да го депонира секој поединечен девизен прилив и врз основа на претходно потпишана Генерална изјава за распоред на девизни средства согласно дефинираните критериуми, услови и девизен режим.
Банката го задржува правото да ги депонира сите девизни приливи на девизната сметка на Корисникот без никакво претходно известување само за трансфери кои се однесуваат за личен трансфер на средства, пензии, плати, социјални примања, ренти и поврат на даноци од странство, доколку во известувањето за пристигнатата наплата добиена од странската банка јасно е наведено дека станува збор за наплати по овие основи добиени од нерезиденти - правни лица.
Корисникот се обврзува да и достави на Банката неопходна документација и податоци за одобрување на средствата на неговата сметка во Банката.
Корисникот се обврзува благовремено да доставува правилно и точно пополнети платни инструменти за девизни плаќања или трансфери, во рамки на средствата од својата девизна трансакциска сметка согласно позитивните законски прописи и процедурите за работа на Xxxxxxx.
Корисникот е согласен, на негов ризик, врз основа на негово писмено барање со овластување доставено до Банката, Банката да може да подготви и изврши платни инструменти за девизни плаќања или трансфери согласно со инструкциите наведени во Барањето, кое може да биде доставено на факс, или со електронска пошта, или преку друг електронски сервис, со обврска во рок од 5 (пет) дена Барањето со овластување да го достави и во оригинална форма.
За евентуално настанатата штета по основ на ненавремено доставени податоци за одобрување на средства на сметката, погрешно или неправилно пополнети платни инструменти, погрешно, непотполно и невистинито доставено барање со овластување, или кој било вид на невистинита документација, Банката нема да сноси одговорност.
За еднократно или трајно располагање со средствата на сметката, Xxxxxxxxxx може да овласти друго лице, за што пред овластен работник на Банката своерачно потпишува полномошно, или полномошно заверено кај нотар.
Полномошното има важност до отповикување на истото од страна на Корисникот на истиот начин како што е дадено и доставено до Банката, до раскинување на овој Договор или во останати случаи предвидени со закон.
Доколку настане материјална штета за Банката од даденото полномошно за располагање со средствата на сметката, истата во целост ја надоместува Корисникот.
Извршување платни инструменти Член 6
Со средствата на сметката, Xxxxxxxxxx може да располага согласно позитивните законски прописи.
Xxxxxxx се обврзува дека благовремено ќе ги извршува девизните плаќања и трансфери врз основа на налозите поднесени од Корисникот, а во согласност со Законот и Општите услови и Процедури за работа на Банката.
Xxxxxxx се обврзува дека на барање на Xxxxxxxxxx ќе изврши откуп на средствата од неговата девизна трансакциска сметка како и да исплати денарска противвредност од извршениот откуп.
Корисникот ја овластува Xxxxxxx да ја задолжува неговата сметка по основ на рекламации, доспеани, а неподмирени обврски кон Банката, надоместоци согласно со важечката Тарифа на Банката, како и во останати случаи предвидени со закон.
Надоместоци и провизии Член 7
Корисникот се обврзува за извршување на услугите од овој договор и врз основа на овој договор да и плаќа на Банката надомест во висина, во рокови и на начин согласно со Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Банката.
Со потпишување на овој договор, Xxxxxxxxxx ја овластува Xxxxxxx и и дава неотповиклив налог да ги наплатува надоместоците и трошоците од претходниот став на товар на средствата од неговите денарски и девизни трансакциски сметки отворени во Банката. Корисникот ја овластува Xxxxxxx, во негово име и за негова сметка да ги превземе и изврши сите потребни дејства и активности,
како и да ја потпише целокупната документација потребна за наплата на надоместоците. Откупот на девизните средства при наплата на надоместоците се врши по куповниот курс на Банката на денот на извршување на услугата.
За наплата на предвидените надоместоци, Корисникот е должен да обезбеди доволно средства (покритие) на сметките, а во спротивно, Xxxxxxx нема да ги изврши доставените налози.
Со потпишувањето на овој договор, Xxxxxxxxxx е запознаен и ја прифаќа Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Банката во делот на надоместоците и трошоците при извршување на платниот промет со странство, а која е составен дел на овој договор.
Xxxxxxx го задржува правото да ја менува Одлуката за Тарифата на надоместоци, за што мора да го извести Корисникот со објавување на измените на веб-страницата на Банката- xxx.xxxxxx.xx. Се смета дека Xxxxxxxxxx ја прифаќа изменетата тарифа, ако во рок од 15 дена не поднесе барање за раскинување на Договорот и за затворање на сметката.
Известување Член 8
За состојбата и настанатите промени на сметката, Xxxxxxx се обврзува да го известува Корисникот со доставување на извод за промените и состојбата на средствата на сметката, на еден од начините понудени од страна на Xxxxxxx, а прифатен од страна на Корисникот. Се смета дека Xxxxxxxxxx е известен и го прифаќа изводот за промените и состојбата на средствата на сметката како и промените во работењето на Xxxxxxx, доколку не го оспори во рок од 3 (три) дена од денот на изготвувањето.
Член 9
Договорните страни се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите документи, податоци и информации за кои добиле сознание во врска со извршување на овој договор, за времетраење на Договорот, како и по негово раскинување или откажување, освен во случаите пропишани со законските прописи или ако изрично поинаку не се договорат.
Документите, податоците и информациите за работењето со сметката може да се достават на барање на Xxxxxxxxxx, на овластен орган во согласност со закон или на трети лица врз основа на писмена согласност од Корисникот.
Заради заштита на своите интереси Xxxxxxxxxx е должен како доверливи да ги чува сите податоци поврзани со работењето на сметката.
Xxxxxxx не одговара за каква било штета настаната за Корисникот како резултат на непочитување на обврските од овој член.
Член 10
Корисникот е согласен Xxxxxxx да врши обработка и ажурирање на неговите податоци, да ги користи за анализа на неговото работење во Банката, за наплата на долг кон Банката, како и во останати случаи предвидени со закон.
Раскинување на Договорот Член 11
Овој договор се склучува на неопределено време. Договорот може да се раскине со взаемна согласност на двете договорни страни или со писмено барање на едната од договорните страни со отказен рок од 30 дена од денот на поднесеното барање за раскинување на овој договор.
Корисникот не може да го раскине Договорот во предвидениот отказен рок доколку на сметката има евидентирано достасани, а неподмирени обврски (блокади), како и обврски кон Банката, сè додека тие не бидат во целост подмирени.
Банката може да го раскине Договорот без отказен рок ако утврди дека Xxxxxxxxxx се однесува спротивно на одредбите од овој договор, општите услови за работење и важечките прописи, доколку не ја обезбеди потребната документација за ажурирање на податоците, врз основа на одлука на овластен орган, врз основа на закон, или доколку преку сметката не врши промет повеќе од две години, и за тоа ќе го извести Xxxxxxxxxx.
Во случај на раскинување на Договорот, Xxxxxxx ќе ја затвори девизната сметка а средствата од сметката на Xxxxxxxxxx ќе ги пренесе на друга сметка, врз основа на инструкции од Xxxxxxxxxx, или согласно со одлука од суд, или согласно друг надлежен државен орган или друга институција.
Завршни одредби Член 12
Банката не одговара за прекин на услугите поврзани со извршувањето на платниот промет со странство и за последиците од настанатиот прекин, кој е надвор од контрола на Банката, односно кој е последица на виша сила и околности кои не можеле да бидат предвидени, спречени, отстранети или избегнати.
Член 13
Доколку настанат промени во законските прописи со кои се регулира работењето на платниот промет со странство, Xxxxxxx ќе ги примени новите прописи кои ќе влезат во сила во времето на важење на овој договор. Доколку таквите промени се несоодветни на деловните интереси на Xxxxxxxxxx, тој има право да го раскине Договорот согласно со условите од членот 11 од овој договор.
Договорните страни се согласни дека како уредна ќе се смета доставата извршена на последната пријавена адреса од страна на Корисникот.
Член 14
За сè што не е предвидено со овој договор, ќе се применуваат одредбите на Законот за банки, Законот за девизно работење, Одлуките на Народната банка и други позитивни законски и подзаконски прописи во РМ, како и актите за деловната политика на Банката.
Член 15
Во случај на спор надлежен е Основен суд Скопје 2 во Скопје.
Член 16
Договорот е составен во 2 (два) идентични примерока, од кои по еден за секоја договорна страна.
Член 17
Договорот е склучен и стапува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни.