Aрх. бр.16576/0202/1/22 од 19.12.2022 година
АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВИНЕР - ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП СКОПЈЕ
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИМОТ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
(Пречистен текст)
Усвоени и донесени со одлука на Управниот одбор на ВИНЕР Виена Иншуренс Груп АД Скопје
Aрх. бр.16576/0202/1/22 од 19.12.2022 година
I. УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Предмет на осигурување по овие Услови, зависно од избраниот продукт може да бидат:
1. Станбени објекти (станови и индивидуални згради) како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење (во натамошен текст: станбени објекти).
2. Стварите на домаќинството кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на Осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство. За населен стан се смета стан во кој Осигуреникот има постојано живеалиште, а кој не е повеќе од 60 дена во текот на дванаесет месеци ненаселен.Во ствари на домаќинството се сметаат:
а) стварите кои служат за уредување на станот; б) стварите за лична употреба.
Со ова осигурување се опфатени и:
а) уметнички предмети, задолжително наведени во полисата со точен назив на сликата и авторот на поединечна вредност на секое дело.
б) скапоцености и збирки задолжително наведени на полисата, со точен назив на деловите од збирката и поединечна вредност.
4. Одговорност за штети причинети спрема трети лица.
5. Трошоците за нужно сместување на Осигуреникот и членовите на неговото семејно домаќинство при тотална штета, односно кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење со покритие до 11.000 ден месечно, но најмногу до сумата на осигурување назначена во полисата, а со приложен доказ за изнајмен стан или платено сместување.
По овие Услови предмет на осигурување не можат да бидат: составни уреди во зградата (хидрофори вон состав на зграда, бунари, цистерни за вода и сл.), моторни возила, велосипеди со помошен мотор, приколки и сите видови пловни објекти, работни машини, резерви на материјали и стоки кои служат за вршење на занаетчиска и друга дејност, необработени благородни метали и необработени скапоцени камења, животни намирници.
Ствари во постојано ненаселени станбени и други објекти можат да бидат предмет на осигурување по овие услови од ризикот провална кражба и разбојништво ако се договори и плати додатна премија.
Ако посебно се договори и плати додатна премија, се дава осигурителна заштита од провална кражба и разбојништво за викенд куќички.
По овие Услови може да се осигураат станбените објекти кои се користат како деловен простор, само доколку станбениот објект се води на физичко лице.
Ако посебно се договори и плати додатна премија може да се осигураат: сателитски антени (ресивер и опрема) целокупната опрема за индивидуално централно греење со цистерна за гориво (без залиха на гориво), фотоволтаични панели, клима уреди и компјутери, ТВ апарати со вредност над 600 ЕУР, музички системи над 600 ЕУР, камери, оружје за кое се поседува уредна дозвола и сл.
Во спротивно тие се сметаат за неосигурени.
Доколку за градежниот објект има тековна валидна полиса за осигурување кај Осигурувачот, тогаш по претходно одобрување од лице овластено од страна на Управниот Одбор на Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, може да се склучи осигурување по овие Услови за осигурување, само на стварите во градежниот објект, трошоци за нужно сместување и одговорност кон трети лица. Во полисата задолжително е наведување на бројот на полиса по која е осигуран градежниот објект. Осигурувањето ќе важи до истекот на полисата за осигурување на градежниот објект.
Помошни простории (Подруми, гаражи, тавани, логии, шупи и слично) се осигурени доколку се наведени на полисата.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
Член 2
Во зависност од избраниот продукт Осигурувачот има обврска да надомести штети за оштетување или уништување на осигурените предмети, по соодветно купените ризици, и тоа:
1. Пожар
2. Удар од гром
3. Експлозија (освен нуклеарна и радиоактивна контеминација)
4. Луња
5. Град
6. Удар со сопствено моторно возило и сопствена работна машина во осигурените градежни објекти
7. Паѓање на воздушни летала
8. Манифестации и демонстрации
9. Излевање на водоводни и канализациони цевки и топловодна канализација
10. Провална кражба и разбојништво
11. Одговорност кон трети лица
12. Поплава порои и високи води
13. Земјотрес
14. Лизгање и одронување на земјиште
15. Снежна лавина
16. Удар од непознато моторно возило во осигуран градежен објект
17. Штети предивикани од гасење на пожар
18. Кршење стакло
Дополнително проширено покритие
1. Осигурување од незгода на членови на семејство во домаќинство
Во зависност од избраниот продукт за осигурување (избор на ризици) Осигурувачот е во обврска да ги надомести штетите предизвикани единствено од ризици стриктно и поединечно наведени во исправата за договорот за осигурување (полиса).
Осигурувачот не е во обврска за исплата на штета која настанала од неименувани ризици.
Доколку согласно она што е пропишано во Тарифата има исклучување или дополнување на одредени ризици од осигурителното покритие истото се утврдува во полиса.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ПОЖАР
Член 3
Како пожар, во смисла на овие Услови, се смета оган настанат вон местото определено за палење и оган кој ова место го напуштил и можел понатаму да се развива со својата сопствена сила.
Ако посебно се договори и наведе во полисата за осигурување покриени се и штети предизвикани од гасење пожар.
При гасење пожар во соседни станови, кои немаат покритие од одговорност кон трети лица, Осигурувачот ќе исплати штета само по основ на полиса за Продуктот во кој е вклучен ризикот гасење пожар со лимит до 1.500 евра.
Кај намерно подметнат пожар, износот на надоместот за штета се намалува за 30%.
Ако пожарот настане како резултат на непрописно одржување на оџак, согласно законските прописи во државата, а како доказ дека истиот е одржуван Осигуреникот треба да достави фискална сметка со извршен налог за чистење на истиот од лиценцирана овластена компанија за тоа. Доколку не го стори тоа, износот на надоместот за штета се намалува за 30%.
ИСКЛУЧОЦИ од осигурувањето и Осигурувачот нема обврска да надомести штета:
1. ако осигурената ствар е уништена поради изложување на корисен оган или топлина заради обработка или во други цели (на пример: при пеглање, сушење, пржење и сл.) или поради паѓање или фрлање во огниште (печка, шпорет и сл.);
2. ако на осигурената ствар настане штета со осмадување, опрлување или со прегорување од цигари, пура, справа за осветление, електричен греач, жар и сл.;
3. ако настане штета на осигурена ствар поради самозапалување, вриење или загревање, варење, димење и сл.
4. ако бидат уништени или оштетени осигурени електрични машини, апарати (вклучувајќи апарати за готвење, пеглање, греење, кревети, радиоапарати, телевизиски приемници, лампи, сијалици и сл.) или електрични водови поради дејство на електрична енергија, пренапон или загревање поради преоптоварување, атмосферско влијание и слични појави поради тоа што таквите штети се сметаат за погонски. Меѓутоа, опфатени се и штети од пожар кој би настанал од дејство на електрична енергија и кој после престанувањето на тоа дејство самостојно се развивал;
5. ако поради пренапон или прејака струја бидат оштетени заштитните осигурувачи било од кој вид, заштитни прекинувачи, одводници, громобрани и слични уреди во вршење на нивната нормална функција.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД УДАР НА ГРОМ
Член 4
Осигурувањето од опасност од удар на гром, во смисла на овие Услови, ги покрива штетите на осигурените ствари предизвикани од дејство на сила или топлина на гром.
Со осигурувањето не се опфатени штети предизвикани со пренесување на електрична енергија преку водови како последица на удар од гром.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ЕКСПЛОЗИЈА
Член 5
Како експлозија, во смисла на овие Услови, се смета ненадејно пројавување на сила заснована на тежнение на пареа или гасови за проширување.
Експлозија на садови (казани, цевки, печки и сл.) постои само тогаш кога ѕидовите на садот се во толкава мерка искинати што настанува моментно изедначување на внатрешниот и надворешниот притисок.
Исклучоци:
Со осигурувањето не се опфатени штетите:
1. што се последица на намалување на притисокот во садот (имплозија);
2. на стварите на осигуреникот предизвикани од минирања што се вршат во рамките на неговата дејност или во рамките на дозволената дејност на трети лица.
3. од експлозија од биолошки карактер;
4. од нуклеарна експлозија;
5. поради експлозивно издувување на печки и слични уреди;
6. од експлозија поради дотраеност, појава на истрошеност или стареење, макар и прерано, или од прекумерна наслага на р,ѓа, каменец, талог, тиња на осигурените ствари, но се исплатува надоместок во случај на штета на други ствари во врска со настанатата експлозија.
7. од експлозија настанат како последица од било какво експлозивно тела, направа или уред (бомба, мина, експлозив, муниција).
ОБЕМ НА ОПАСНОСТИ ОД ЛУЊА
Член 6
Како луња, во смисла на овие Услови, се смета ветер со јачина од 17,2 метри во секунда, односно 62 км. на час (јачина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе.
Ќе се смета дека дувал ветер од оваа јачина во крајот каде се наоѓаат осигурените ствари, ако ветерот кршел гранки и стебла или оштетил добро одржувани градежни објекти. Во случај на сомневање Осигуреникот мора да ја докаже јачината на ветерот со извештај од Хидрометеоролошката служба.
Штетите од луња се опфатени со осигурувањето само ако се предизвикани механички оштетувања на осигурените предмети:
1. со непосредно дејство на луњата;
2. со директен удар на соборени или носени предмети од луњата;
Исклучоци:
Со осигурувањето од луња не се опфатени штетите:
1. од прокиснување на ѕидови и тавани, навлегување на дожд, град, снег или други наноси низ отворен прозорец или други отвори што постојат во станот, односно зградата или се настанати поради лоша конструкција, неквалитетно изведени работи на градежната столарија, освен ако отворите настанале од луња, како и штети од дожд и други врнежи на стварите за домаќинството на слободен простор или во коли за превоз на ствари или преселување.
2. на ствари во градежен објект кој не бил изграден според вообичаениот начин на градење во тоа место или кој е слабо одржуван или е дотраен.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ГРАД
Член 7
Со осигурувањето се опфатени штетите од уништување, односно оштетување на осигурените ствари што се предизвикани од ударот на градот.
Опфатени се и штети од навлегување на град и дожд низ отвори настанати од паѓање на град.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД УДАР НА СОПСТВЕНО МОТОРНО ВОЗИЛО И СОПСТВЕНА ПОДВИЖНА РАБОТНА МАШИНА
Член 8
Со осигурувањето се опфатени штети што настанале од удар на сопствено моторно возило или со сопствена подвижна работна машина на осигурените градежни објекти.
Со осигурување се опфатени и штети на други осигурени предмети кои ќе настанат како последица на рушење на градежниот објект или на дел од објектот, предизвикано со удар на моторно возило во смисла на став (1) од овој член.
Исклучоци:
1. Штети за кои е очигледна намера.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ПАЃАЊЕ НА ВОЗДУШНО ЛЕТАЛО
Член 9
Под паѓање на воздушно летало, во смисла на овие Услови, се смета паѓање на воздушно летало било од кој вид врз осигурени предмети.
Се смета дека настапил осигурен случај паѓање на воздушно летало, ако со непосреден удар на воздушното летало или од неговите делови, како и од предмети од воздушното летало, се уништи или оштети осигурената ствар.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД МАНИФЕСТАЦИЈА И ДЕМОНСТРАЦИЈА
Член 10
Под манифестација и демонстрација, во смисла на овие Услови, се смета организирано јавно покажување на нерасположение на група граѓани, и тоа само доколку настанот претходно е уредно пријавен кај надлежните органи – Министерството за внатрешни работи, а е со познати организатори пријавени со име и презиме на организаторите.
Се смета дека настапил осигурен случај манифестација или демонстрација ако осигурената ствар е уништена било на кој да е начин на делување на манифестантите, односно демонстрантите (рушење, демолирање, разбивање, палење и др.).
Група граѓани во смисла на овој член не се сметаат редовно, привремено на замена и сезонско вработени или лица на кои од некои причини им прекинал работниот стаж во организацијата (технолошки вишок, стечај и сл.) (“осигуреникот”)
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА УДАР ОД НЕПОЗНАТО МОТОРНО ВОЗИЛО ВО ОСИГУРЕН ГРАДЕЖЕН ОБЈЕКТ
Член 11
Со осигурувањето се опфатени штети на осигурениот градежен објект кои ќе настанат со удар на непознато моторно возило, само доколку штетниот настан е пријавен на надлежен орган на МВР.
Со осигурување се опфатени штетите и на другите осигурени предмети кои ќе настанат како последица на рушење на градежниот објект или дел од објектот предизвикано од удар на моторното возило во смисла на став(1) од овој член.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ПРОВАЛНА КРАЖБА
Член 12
Со осигурување се опфатени штети од провална кражба или оштетувања на градежниот објект и стварите причинети при провална кражба.
Провална кражба, во смисла на овие Услови, се смета кражба ако нејзиниот извршител:
1. провали во заклучени простории во станот во кој се наоѓаат осигурените ствари со разбивање или обивање на врати и прозорци, односно провалување на таваници, ѕидови и подови;
2. ја отвори заклучената просторија во станот со лажен клуч или со некое друго средство што не е наменето за редовно отворање;
3. провали во заклучено сместувалиште во станот во кој се наоѓаат ствари, ако до сместувалиштето дошол со едно од дејствијата кои по одредбите на овој член се квалификувани како провална кражба;
4. незабележано се вовлече во станот или се скрие во него и изврши кражба во време кога станот е заклучен;
5. ги отвори заклучените простории во станот и сместувалиштето со вистински клучеви или со нивните дупликати, доколку до клучевите дошол со едно од дејствијата наведени во точка 1), 2), 3), 4) и 6) од овој член.
6. влезе во заклучени простории во станот преку отворот кој не е за тоа определен совладувајќи пречки што оневозможуваат влегување без напор.
За провална кражба се смета кражба на ствари на балкони и лоѓии како и од станови на катови со скокање низ отворен прозор на катовите.
7. Осигурувачот е во обврска во случај на штети од извршената провална кражба или од обид на провална кражба да исплати надомест од осигурувањето ако во тој случај осигурените ствари се однесени, уништени или оштетени според член 22 од овие Услови во максимален агрегатен износ од 150.000 денари, со исклучок на подолу наведените ствари за кои во поглед на надоместокот се применуваат следните одредби:
1) за скапоцености, накит, нумизматички или филателистички збирки:
- ако се наоѓаат во сместувалиште што обезбедно од провална кражба (сефови, железни каси) до износот на денарска противвредност од 800 ЕУР.
Осигурување на поголем износ може посебно да се договори:
2) за уметнички предмети:
- до износ од денарска противвредност на 500 ЕУР за поединечни предмети, а до 2.500 ЕУР за колекција. За секој уметнички предмет над 500 ЕУР е задолжителна процена од надлежна институција – овластен проценител.
3) за велосипед, прибор за перење и постелнина за време на перење и сушење:
- сместени во подрум, таван, гаража, логија или шупа со тоа да вкупната обврска на Осигурувачот по еден настан изнесува до износ во денарска противвредност од 500 ЕУР, само ако се наведени на полисата.
4) за ствари на домаќинство, освен оние кои се наброени во потточката 3 од оваа точка.
- сместени во подрум, таван, гаража, логија и во шупа, ако нивната поединечна вредност изнесува во денарска противвредност до 75 ЕУР со тоа што вкупната обврска на Осигурувачот по еден штетен настан да изнесува најмногу до износ на денарска противвредност од 500 ЕУР.
По исклучок, Осигурувачот е во обврска да надомести штета која е настаната поради извршена или обид да се изврши провална кражба на градежни делови (ѕидови, брави и сл.) во висина на трошоците за поправка, а најмногу до износ на денарска противвредност од 400 ЕУР.
ЗАБЕЛЕШКА: Денарската противвредност на ЕУР се смета според средниот курс на Народната Банка
Северна
на Република
Исклучоци:
Македонија на денот на склучување на осигурувањето.
не се смета за провална кражба во смисла на овие Услови:
1. влегување низ отворен прозорец во ниско приземје (до висина 1,60 м., сметајќи од земјата до долниот раб на прозорецот);
2. ако провалната кражба ја извршило лице кое живее со Осигуреникот во заедничко семејно домаќинство или во кражбата учествувало како соизвршител или соучесник.
3. Ако нема знаци на насилно влегување утврдено од овластен орган.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД РАЗБОЈНИШТВО
Член 13
Разбојништво во смисла на овие Услови, се смета одземање на осигурени ствари со примена на сила или застрашување по животот или здравјето на Осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство.
За штети од разбојништво, согласно се применуваат одредбите од членот 12 потточка 7 од овие Услови.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ОДГОВОРНОСТ
Член 14
Осигурувањето се однесува на одговорноста на Осигуреникот за штети причинети од осигурените ризици наведени во полисата, на трети лица во висина до 20%, а не помалку 5% од сумата на осигурување на градежниот дел. За повеќекратни штети од еден осигурен настан, агрегат на изолиран настан е до 40.000 ден.
Осигурувањето покрива одговорност за штета за секој одделен случај до осигурениот износ од сумата на осигурување на градежниот дел.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВА, ПОРОИ И ВИСОКИ ВОДИ
Член 15
Поплава, во смисла на овие Услови, се смета стихијно неочекувано плавење на терен од постојани води (реки, езера и др.) поради тоа што водата се излила од коритото или провалила одбранбени насипи или брани, како и излевање на вода поради бранови со невообичаена сила.
Со осигурувањето од поплава се опфатени само штетите предизвикани на осигурени ствари за време додека поплавата трае и непосредно после повлекувањето на водата.
Под порој се смета стихијно неочекувано плавење на терени од водена маса која се образува на низбрдни терени поради силни атмосферски врнежи, кој атмосферската канализација не може во целост да ги прифати и се слива на улици и патишта.
Исклучоци:
со осигурувањето не се опфатени штети од:
1. габички поради влага;
2. плавење поради излевање вода од олуци и цевки за одвод на дождовница;
3. протекување и прокиснување поради поројни дождови.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДА ОД ВОДОВОДНИ И КАНАЛИЗАЦИОНИ ЦЕВКИ И ТОПЛОВОДНА ИНСТАЛАЦИЈА
Член 16
Излевање на вода од водоводни и канализациони цевки и топловодно греење во смисла на овие Услови се смета:
1. неочекувано излевање на вода од водоводни и канализациони цевки како и од уреди за греење на простории со топла вода и пареа, поради кршење или прскање на тие цевки, односно уреди (радијатори и цевки);
2. неочекувано излевање вода или пареа од уредите за топла вода или парно грење поради кршење, или прскање цевки, односно грејни тела (радијатори и цевки).
Штети настанати од заедничките инсталации во станбените објекти, а настанати од неосигурен стан, се надоместува на носителот на полисата.
Осигурувањето од опасност излевање на вода од водоводни и канализациони цевки од заеднички инсталации кои не се во осигурениот објект (освен инсталации од соседни станови во сопственост на други лица) е со агрегат од 10.000 денари по полиса.
Осигурувањето од опасност излевање на вода од водоводни и канализациони цевки опфаќа и штети на молерајот и на тапетите.
При осигурување само на стварите осигурувањето од опасност од излевање на вода од водоводни и канализациони цевки не ги опфаќа штетите на подните подлоги, молерајот и тапетите.
Во случај на излевање на вода од водоводни и канализациони цевки настанато како последица на запушување од негрижа на Осигуреникот, Осигурувачот нема обврска за исплата на штета.
Исклучоци:
со осигурувањето не се опфатени штети:
1. од излевање на вода од апарати и уреди кои се приклучени на водоводната мрежа (машини за перење на алишта, машини за миење на садови, од дотрајани казани, бојлери и сл.).
2. од излевање на вода од отворени славини;
3. од габички поради влага;
4. загуба на вода;
5. прскање на цевки поради мраз (замрзнување) настанато на самите водоводни и канализациони цевки и уреди.
6. настанати како последица на неодржување на водоводната и канализационата мрежа, уреди за греење со топла вода и парно греење, како и непреземање мерки за заштита од мраз од страна на осигуреникот.
7. настанати од оштетување при манипулација врз инсталациите, замена на вентили, од затнување и сл., од нестручни лица.
8. Штети за пронаоѓање на дефект во инсталација како и градежни работи за да се отстрани штетата.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ (РИЗИК) ЗЕМЈОТРЕС
Член 17
(1) Со ова осигурително покритие се дава осигурување од разорно дејство на земјотрес, кој со своето разорно дејство ги оштети или уништи осигурените предмети.
(2) Осигурувањето од земјотрес покрива уништување или оштетување на осигурени предмети што настанало непосредно поради земјотрес или е во причинско-последична врска со земјотресот
- исклучок се стаклени и порцелански вазни, и чаши
- Исклучок се исто така необезбедени и недобро прицвстени нестабилни предмети како лустери, телевизори и слично.
(3) Разорното дејство на земјотресот во смисла на овие Услови се смета земјотрес со интензитет од 5 (пет) и повеќе степени според Европската Макросеизмичка Скала ( ЕМС ) за мерење на степенот на интензитетот на земјотресот
(4) Со осигурување по овие Услови се дава осигурително покритие од пожар и експлозија настаната како последица на земјотрес.
(5) Земјотреси од исти епицентар, кои претходат на главниот удар и во фаза на смирување на тлото после главниот удар, претставува еден штетен настан. Под еден штетен настан се подразбираат сите движења поместувања на тлото кои се манифестираат во рамките на 168 часовен интервал од моментот на првото регистрирање на земјотресот.
(6) Земјотресот мора да биде сеизмографски регистриран при што:
1. Степенот на интензитетот на местото на осигурените предмети се цени спрема последиците на рушење (разорување) дефинирани во ЕМС согласно ефектите кои се однесуваат на оштетувањата на градежните објекти и стварите а кои се опишани во табелата на ЕМС-98
(7) Со осигурување по овие Услови се опфатени и штетите од оштетување, уништување и/или конструктивни оштетувања на осигурените предмети. Под конструктивни оштетувања на осигурените предмети
се сметаат деформации, пукнатини, кршење на поедини делови, објекти, уреди, инсталации и сл. без кои објектот, уредите, инсталацијата и сл. не можат да се стават во предвидената функција и/или безболно користат.
(8) Со осигурување по овие Услови опфатени се и посредните штети на осигурените предмети, заради излив на течности и гас од инсталацијата оштетена од земјотрес.
(9) Со осигурување по овие Услови не се опфатени индиректните штети како последица на земјотресот и тоа:
1. загуби во производството,
2. загуби поради престанување со работа,
3. договорената загуба или одговорност,
4. трошоците направени за спасување и расчистување,
5. намалена естетска вредност на осигурениот предмет и
6. трошоци за додатни работи за отстранување на проектантски или изведувачки пропусти при изведба на објектите или потреба за подобрување на статиката односно сигурноста на објектот според тековните законски прописи.
7.трошоци за исклучувањеи повторно вклучување во електро-дистрибутивна, топлинска,гасна и др.мрежа.
Осигуран случај
Земјотрес претставува природна појава на движење на земјиштето предизвикано од геофизички дејствија во внатрешноста на Земјата.
Се смета дека настапил земјотрес ако со своето разорното дејство на земјотресот со интензитет од 5 (пет) и повеќе степени според Европската Макросеизмичка Скала ( ЕМС ) за мерење на степенот на интензитетот на земјотресот оштетил објект или ствари од домаќинство кои се во сопственост на осигуреникот.
Не се смета за осигурен случај сите земјотреси кои се со интензитет помали и послаби од 5 (пет) степени според Европската Макросеизмичка Скала ( ЕМС )
Обврски на осигуреникот
1. Осигуреникот мора соодветно да се грижи за одржување на осигурените градежни објекти
2. Осигуреникот е должен без задоцнување и одлагање да ја пријави настанатата штета кај Осигурувачот, и на барање на Осигурувачот да достави податоци од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички Факултет, а доколку од земјотресот е нарушена статиката на објектот и има и
оштетувања на конструктивните елементи, потребно е да достави и Извештај од ИЗИИС за докажување на истото.
Утврдување на надоместок од осигурување
1. Осигурувањето се склучува со задолжителна франшиза од 25%, доколку поинаку не е договорено со полисата.
2. На осигурениот градежен објект и стварите со овие Услови се предвидува пресметка на амортизација согласно Законската Регулатива за амортизациони стапки во РМ, односно истата не може да се откупи.
Исклучувања Не се надоместува и се исклучени следниве работи;
1. Фрески и ѕидни украси, мозаици и други украсни елементи на ѕидови и фасади,скулптури, витраж и др. видови стакла со уметничка вредност,вградени резервоари, подвижни ствари, превозни средства кои подлежат на друг вид осигурување.
2. Украси со уметничка вредност или луксузни колекции,предмети и уметнички дела доколку посебно не се осигурани.
3. Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, глазура од секаков вид.
4. Доградби, надградби на тераси и други помошни простории како и доградба или надградба на спрат или дел од куќа за кои не постои проект за статика или не се влезени во имотен лист
5. Подвижни ствари кои се во осигураните објекти, како возила, чамци и слично
Со осигурување по овие Услови не се покриени штети на осигурените предмети кај кои нема остварено оштетување во смисла на став (6) од овој член и тоа:
1. Промена на естетскиот изглед на осигурените предмети,
2. Центрирање, испитување и пуштање во работа на машините и уредите кај кои не е остварено оштетување на виталните делови,
3. Испитување и пуштање во работа на инсталациите од сите видови,
4. Кршење на стакла од сите видови,
5. Пукнатини на керамички и други обложени плочи, гипсени и други фасади,декорации мозаици и др.
6. Кражба или вандализам на оштетениот објект и стварите во него непосредно по настанот односно до санирање на самиот објект.
7. Објекти кои не се изградени согласно стандардите на градба во кои треба да се запазени минимални асеизмички стандарди за безбедност.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ЛИЗГАЊЕ НА ТЕРЕН
Член 18
Лизгање на терен, во смисла на овие Услови, се сметаат ненадејни геолошки движења на земјишната површина на коси терени, со јасни манифестации на кршење на површината на тлото и урнувања кои со појава на јаки деформации и широки пукнатини на градежни објекти настануваат во кус временски период.
Исклучоци:
со осигурувањето од лизгање на терен не се опфатени:
1. штети од геолошко лизгање ако тлото на кое се наоѓа градежниот објект веќе почнало геолошки да се лизга во моментот на склучувањето на осигурувањето:
2. штети од лизгање на тлото предизвикани од дејност на човек (на пример: поради засекување на тлото и сл.);
3. штети од слегување на тлото (улегнување).
За превземање на ризикот во осигурување е задолжително одобрување од страна на овластено лице од страна на Управниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ОДРОНУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ
Член 19
Како одронување, во смисла на овие Услови, се подразбира откинување и уривање на парче цврст материјал како геолошка појава.
Се смета дека настанал осигурен случај од одронување на осигурени ствари само тогаш ако парче од цврст материјал што се одронило, ја удрило осигурената ствар и ја уништило или оштетило.
За превземање на ризикот во осигурување е задолжително одобрување од страна на овластено лице од страна на Управниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје.
ОБЕМ ОД ОПАСНОСТ ОД СНЕЖНА ЛАВИНА
Член 20
Под снежна лавина, во смисла на овие Услови, се смета снежна маса во движење која се откинала од планинските страни.
Со осигурувањето се опфатени и штети предизвикани од дејство на воздушниот притисок од снежната лавина.
ОБЕМ ОД ОПАСНОСТ ОД КРШЕЊЕ СТАКЛО
Член 21
Осигурувачот е во врска да исплати надоместок во случај на штети настанати со уништување или оштетување на прозорски стакла и стакла на врати во станот поради било која опасност на која се изложени.
Осигурувачот ги надоместува трошоците за симнување и за повторно местење на предметите кои пречат при поставување на нови стакла (на пр. заштитни решетки, засолништва од сонце и сл.)
Се надоместува штета согласно утврдената цена во полисата, сумата на осигурување за стаклото, видот и површината на истото.
ВРЕДНОСТ НА ОСИГУРЕНИТЕ ПРЕДМЕТИ
Член 22
Вредноста на осигурените ствари од член 1 на овие Услови се утврдува:
1. за градежниот дел на станбениот објект според големината на нето метри квадратни, квалитетот на градењето (масивна или останата градба), локалитетот и староста на објектот, а не помала од 2/3 од градежната цена по метар квадратен.
2. за стварите во станбениот објект најмалку во висина од 30% од пазарната вредност за градежниот дел на станбениот објект;
3. одговорноста се утврдува на 20% и не помалку од 5% од вредноста на градежниот дел на станбениот објект;
4. трошоците за нужно сместување се утврдуваат на 3% од вредноста на градежниот дел на станбениот објект;
5. ако осигурените ствари се потполно уништени, а Осигуреникот не може да ја докаже нивната година на набавка, Осигурувачот е обврзан да надомести штета најмногу до 50% од набавната вредност на новите ствари исти по вид и квалитет како уништените, но најмногу до осигурената сума, утврдена за различни ризици на осигурување, освен кај стварите од член 12 (точка 7 со потточките 1, 2 и 3).
ЗАБЕЛЕШКА: Според видот на градбата на зградите се делат на МАСИВНИ, ако надворешните ѕидови се изведени од камен, печена тула, бетон, бетонски блокови, костур од армиран бетон, челик обложен со огноотпорен материјал, испуна од тула, камен, бетонски блокови.
Покрив од керамиди, етернит, салонит, лим, армиран бетон со термичка и хидро изолација.
Кај ОСТАНАТАТА градба надворешните ѕидови се изведени од дрвен костур, челичен костур со испуна од лесни плочи (салонит, етернит) или со лесни бетонски блокови (сипорекс, хераклит) или ако надворешните ѕидови се од лесни несогорливи елементи.
Кровната конструкција дрвена или челична. Покривот од керамиди, етернит, салонит и лим.
НАПОМЕНА: По овие Услови не можат да бидат осигурени објекти покриени со слама, трска, дрво и др.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 23
Сумата на осигурување на предметите од член 1 на овие Услови ја одредува Осигуреникот и Осигурувачот и таа не може да биде помала од вредноста утврдена согласно член 22 од овие Услови.
Сумата на осигурување од став (1) на овој член се определува согласно член 5, став 1, точка 1 и 2 од Општите услови за осигурување на имоти.
Во полисата за осигурување посебно се искажуваат осигурените суми за градежниот дел, стварите, одговорноста спрема трети лица и трошоците за нужно сместување.
МЕСТО НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 24
Место на осигурување се смета местото означено во полисата.
Осигурувањето важи за секој осигурен стан / објект на територијата на Република Северна Македонија, според Одлуката за распоред на класа на заштитни мерки по градови.
ВАЖНОСТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 25
Осигурувањето може да се склучи на времетраење од една година и долгорочно.
За договорите склучени на подолг временски период од една година се издава пресметковна полиса секоја година.
УТВРДУВАЊЕ НАДОМЕСТОК ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 26
При настанување на осигурен случај, Осигуреникот е должен веднаш да го извести Осигурувачот за настанатата штета (телефонски, по електронска пошта (е-маил) ) и истото најдоцна во рок од три (3) дена од дознавање на штетата го пријави и писмено, лично во подружниците на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје.
Во случаите на Провална кражба и разбојништво и/или пожар и/или удар со сопствено моторно возило и сопствена работна машина и/или паѓање на воздушни летала и/или манифестации и демонстрации и/или удар од непознато моторно возило, настанот задолжително да го пријави кај надлежен орган.
При настанување на осигурен случај висината на надоместокот се утврдува:
1. во случај на уништување на станот, до сумата на осигурување во смисла на член 23 од овие Услови намалена за износот на проценетата амортизација и вредноста на остатоците;
2. во случај на уништување на стварите во станбениот објект, до сумата на осигурување во смисла на член 23 од овие Услови, намалено за износот на проценетата амортизација и вредноста на остатоците;
3. во случај на оштетување на станбениот објект, во висина на трошоците за поправка, но најмногу до сумата на осигурување или утврдениот агрегат;
4. во случај на оштетување на стварите (делумна штета) во висина на трошоците за поправка, но најмногу до сумата на осигурената ствар, или утврдениот агрегат;
5. во случај на остварување на ризикот од провална кражба и разбојништво во висина до стварно причинетата штета, но најмногу до сумата на осигурените ствари намалена за техничката амортизација и застареност на технологијата.
КЛАУЗУЛА бр.1
За дополнително осигурување на предмети со поголема вредност од точка 1 до 5 на сума поголема од денарска противвредност на 5.000 ЕУР да се бара мислење од овластено лице од страна на Управниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје.
КЛАУЗУЛА бр.2
Кај дополнително осигурување на вредности поголеми од вредностите предвидени со овие Услови, станот треба да биде обезбеден со сигурносна брава, како минимална заштита.
КЛАУЗУЛА бр.3
За станови со сума на осигурување на стварите од 30% до 70%, попис на стварите не се врши.
За станови кои се ненаселени се прави задолжителен попис на стварите, односно опремата со утврдени суми на осигурување. Осигурувањето ќе се прави во пакет, со осигурување на градежниот дел и стварите.
6. процентот на амортизација се утврдува по следната табела:
СТАПКИ НА АМОРТИЗАЦИЈА ЗА СТАНБЕНИТЕ ЗГРАДИ СОПСТВЕНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ
Процентите со кои треба да се намали новата вредност на станбените и на другите згради поради старост и дотраеност.
год на година на веројатно траење на зградата ста- до 120 рост 20 30 40 50 60 70 80 90 100 110 повеќе | |||||||||||
5 | 12% | 8% | 5% | 4% | 3% | 3% | 3% | 2% | 2% | 2% | 2% |
10 | 30% | 18% | 12% | 10% | 8% | 6% | 5% | 5% | 4% | 4% | 3% |
15 | 52% | 30% | 21% | 16% | 12% | 10% | 9% | 8% | 7% | 6% | 5% |
20 | 80% | 44% | 30% | 22% | 18% | 14% | 12% | 11% | 10% | 8% | 8% |
25 | 61% | 41% | 30% | 23% | 19% | 16% | 14% | 12% | 11% | 10% | |
30 | 80% | 52% | 38% | 30% | 24% | 21% | 18% | 16% | 14% | 12% | |
35 | 65% | 48% | 37% | 30% | 25% | 22% | 19% | 17% | 15% | ||
40 | 80% | 58% | 44% | 36% | 30% | 25% | 22% | 20% | 18% | ||
45 | 68% | 52% | 42% | 35% | 30% | 26% | 23% | 21% | |||
50 | 80% | 61% | 48% | 41% | 34% | 30% | 26% | 23% | |||
55 | 71% | 55% | 47% | 39% | 34% | 30% | 27% | ||||
60 | 80% | 64% | 52% | 44% | 38% | 34% | 30% | ||||
65 | 72% | 59% | 49% | 43% | 37% | 33% | |||||
70 | 80% | 65% | 54% | 48% | 42% | 37% | |||||
75 | 72% | 64% | 52% | 46% | 41% | ||||||
80 | 80% | 66% | 58% | 50% | 44% | ||||||
85 | 73% | 63% | 54% | 48% | |||||||
90 | 80% | 68% | 59% | 52% | |||||||
95 | 74% | 64% | 56% | ||||||||
100 | 80% | 70% | 61% | ||||||||
105 | 74% | 65% | |||||||||
110 | 80% | 70% | |||||||||
115 | 75% | ||||||||||
120 | 80% |
За зградите што според оваа таблица го поминале својот веројатен век на траење се зема отпис од најмногу 80%.
ВЛИЈАНИЕ НА ДОГОВОР ЗА ЗАКУП ВРЗ ПРИЈАВА И ИСПЛАТА НА ШТЕТА
Член 27
Во случај кога за осигурениот градежен објект е склучен договор за закуп во кој е наведено дека градежниот објект се издава без ствари, при настанување на штетен настан надоместокот се исплаќа на
закуподавачот т.е сопственикот (осигуреникот) на градежниот објект, освен во случај кога е настаната штета на стварите во сопственост на закупопримачот, тогаш надоместокот за настанатата штета на стварите во градежниот објект се исплаќа на закупопримачот.
Во ваков случај кон полисата на осигурување треба да биде приложен и нотарски заверен договор за закуп, како и листа на ствари кои се наоѓаат во градежниот објект, а се во сопственост на закупопримачот.
Во случај кога е настаната штета само на стварите, а кога стварите се во сопственост на закупопримачот право на пријава на штета има единствено закупопримачот како оштетено лице. Во секој друг случај право на пријава на штета има Осигуреникот по полисата.
Во случај кога штетата ќе биде пријавена од страна на Осигуреникот, а се утврди дека стварите се во сопственост на закупорпимачот, важат одредбите за исплата на штета согласно став 1 од овој член.
Осигурувачот има право да одбие да исплати надомест на штета, за штета настаната на стварите во градежниот објект во случај кога ќе биде утврдено дека стварите во градежниот објект се во сопственост на закупопримачот, а барање за надомест на штета поднел Осигуреникот без знаење на закупопримачот.
ВАЖНОСТ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 28
За се’ што не е уредено со овие Услови се применуваат одредбите од Општите услови за осигурување на имот.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 29
Постапка по приговори
Во случај Осигурувачот и Осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, Осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од Осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно Осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвата за осигурување.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен граѓански суд Скопје.
II. УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИ НА ДОМАЌИНСТВО ОД ПОСЛЕДИЦИ НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ (НЕЗГОДА)
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие услови за осигурување на членови на домаќинство од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: услови), се составен дел на договорот за осигурување на членови на домаќинство од последици на несреќен случај, што Договорувачот на осигурувањето ќе го склучи со Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (во понатамошен текст: Осигурувач).
(2) Членови на домаќинство се сметаат: брачните другари и децата, кои во полисата или во приложен список кон неа се наведени поименично.
Под домаќинство се подразбира секоја фамилија, чии членови заедно живеат и заеднички ги трошат своите приходи. Членови на домаќинството кои привремено живеат - стануваат во друго место (на школување, воени лица или на привремена работа итн) може да се осигуруваат како членови на домаќинство.
(3) Договорувач на осигурувањето може да биде секој член на домаќинството.
(4) Осигурувањето се договора за едно домаќинство - индивидуално осигурување, за случај на смрт од несреќен случај и за случај на траен инвалидитет како последици на несреќен случај.
(5) По овие услови можат да бидат осигурени членовите на домаќинството од своето раѓање до навршување на 75 години.
Со договорот за осигурување, а согласно одбраниот продукт каде е вклучен и овој ризик, мораат да бидат осигурени сите членови на домаќинството на исти осигурени суми.
Доколку договорувачот не ги опфатил сите членови што живеат во домаќинството, при настанување на осигурениот случај, осигурената сума се намалува во сразмер помеѓу платената премија и премијата што би требало да се плати според вистинскиот број на членовите на домаќинството, на таа адреса, а кое согласно овие услови може да бидат покриени со осигурување.
ОБВРСКА НА ОСИГУРУВАЧОТ И ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 2
(1) Обврската на Осигурувачот во однос на секој осигурен член на домаќинството почнува во 24,00 часот оној ден кога е платена договорената премија, но не порано од 24,00 часот оној ден кој во полисата е означен како почеток на осигурувањето.
(2) Обврската на Осигурувачот за новопримен член на домаќинството започнува во 24,00 часот оној ден кога Осигурувачот го примил известувањето за пристапување, потпишан е од двете страни документ (xxxxx дополнување кон тековната полиса) за истото, и кога е платена премијата.
(3) Обврската на Осигурувачот за сите членови на домаќинството престанува во 24,00 часот оној ден кој е наведен во полисата како истек на осигурувањето или престанала по некој друг основ.
(4) Осигурувачот нема никаква обврска за исплата на осигурената сума за случај на смрт:
1. ако Осигуреникот изврши самоубиство,
2. ако смртта на Осигуреникот настапи со извршување на смртна казна,
4. ако смртта на Осигуреникот настапи поради настан кој директно се препишува на војна, инвазија, чин на надворешниот непријател, воени дивеења или воени операции (без оглед дали е објавена војната или не), граѓанска војна, востание, буна или револуција.
(5) За лице кое престанало да биде член на домаќинството (мажење, женење итн) во тек на траење на осигурувањето, осигурувањето е на сила до истек на тековната година на осигурувањето.
(6) Поради неплатена премија, обврската на Осигурувачот престанува според одредбите на член 4 од овие услови.
ОСИГУРЕНИ СУМИ
Член 3
(1) Наведените осигурени суми во полисата за еден Осигуреник претставуваат најголем износ на обврската на Осигурувачот за секој поодделен осигурен случај.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 4
(1) Договорувачот на осигурувањето премијата ја плаќа веднаш и однапред за цела година за сите осигуреници без исклучок и за цело времетраење на осигурувањето, ако не е поинаку договорено.
(2) За членовите на домаќинството кои ќе пристапат во тек на траење на осигурувањето, за првата година се плаќаат толку дванаесеттини од годишната премија колку месеци осигурувањето останува во важност до истекот на тековната година на осигурувањето. За секој новопримен член во домаќинството се издава анекс дополнување кон тековната полиса.
(3) Ако Договорувачот на осигурувањето не ја плати премијата ниту во рок од 30 дена од нејзиното стасување, осигурувањето престанува по истекот на 30 дена од денот кога на Договорувачот му е врачено препорачано писмо од Осигурувачот со известување за стасаноста на премијата со тоа да тој рок не може да измине пред да поминат 30 дена од изминување на рокот на чекање.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
Член 5
Осигуреникот е должен на Осигурувачот да му го пријави секој несреќен случај што ќе му се случи на Осигуреникот - членот на домаќинството во рок предвиден со член 13 од Општите услови и должен е да му ги даде сите потребни известувања заради појаснување на настанатиот несреќен случај.
КОРИСНИК НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 6
(1) Ако во полисата не е поинаку предвидено, корисниците за случај на смрт на членовите на домаќинството се одредуваат според член 16 од Општите услови.
(2) За случај на инвалидитет, корисник е самиот Осигуреник.
Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума се исплатува на неговите родители, односно старатели.
ОБВРСКА НА ОСИГУРУВАЧОТ КОГА ОСИГУРЕНИТЕ ЛИЦА СЕ ПОМЛАДИ ОД 14 ГОДИНИ
Член 7
Ако поради несреќен случај настапи смрт на Осигуреникот помлад од 14 години, Осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 8
Овие услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Услови.
Постапка по приговори
Во случај Осигурувачот и Осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, Осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од Осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно Осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвата за осигурување.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен граѓански суд Скопје.