Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕВОЗНИЦИ ВО ДРУМСКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ДОМАШЕН И МЕЃУНАРОДЕН ТРАНСПОРТ
СО ОРГАНИЗАТОР НА ПРЕВОЗ
Февруари 2022 година
ОПШТИ ОДРЕДБИ ВРЗ КОИ СЕ УТВРДУВА ОДГОВОРНОСТА
Со овие Услови се регулираат меѓусебните права и обврски, помеѓу организатор на превозот на пратките во домашен и меѓународен транспорт, како Осигуреник и Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ X.X. Скопје како Осигурувач на одговорноста на осигуреникот како организатор на превозот према корисниците на превозот.
Одговорноста на осигуреникот се утврдува според одредбите од овие Услови и:
УТВРДУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Одговорноста на осигуреникот се утврдува според одредбите на овие Услови и:
1. Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај
2. Законот за облигациони односи
3. Конвенцијата за договорите за меѓународен друмски превоз на стоки (ЦМР Конвенција)
4. Условите на осигурувачот за осигурување на одговорноста на превозниците во друмскиот сообраќај во домашен и меѓународен транспорт.
Осигурувачот на барање на осигуреникот му издава годишна полиса за осигурување на македонски и англиски јазик, во која е договорена висината на осигурителното покритие по возило на годишно ниво и минималната годишна премија.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 1
Ова осигурување ја покрива одговорноста на:
1. Осигуреникот од договорите за фактуриран, извршен превоз на стоки со сопствени возила.
2. Странски превземачи во колку истите директно бидат овластени од осигуреникот, а превозот го вршат со сопствени товарни возила и ако осигуреникот договорно го презема покривањето односно обезбедувањето на ЦМР осигурување за странски преземачи при издавање на налогот за превоз, за што осигуреникот на барање на осигурувачот треба да даде доказ.
3. Во колку осигуреникот извршувањето на транспортот го пренесе на трето лице (подпреземач), во тој случај постои субсидерална - додатна осигурителна заштита.
4. Со овие Услови е осигуран и превозот на стоки каде е потребен посебен режим на температура, како што се ладилници / фриго-контејнери, само од манифестирани транспортни штети (сообраќајка, пожар, експлозија), додека штети настанати од ризикот расипување се исклучени од осигурување.
Вон конвенциска одговорност не е покриена со ова осигурување.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ
Член 2
Територијалното покритие важи за сите осигурани превози во Европските земји и земји надвор од Европа ако посебно се договори. Територијалното покритие се договара со годишната полиса.
ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ
Член 3
Осигурувачот ќе му ги надомести на осигуреникот сите износи на оштетни побарувања за пријавените - осигураните превози кои тој треба да ги плати по основ на докажана одговорност согласно ставот 2 од Општите одредби на овие Услови, освен штети настанати од причини наведени во член 4 и 5.
Максималното обештетување по возило заедно со трошоците на годишно ниво е договорено во полисата.
Покритието во овој член се пресметува во денарска противвредност по среден курс на индикативната курсна листа на Народната банка на РМ во валутата, на денот на исплатата на штетата.
Осигурувачот ќе му ги надомести и:
• оштетувања на контејнерите од манифестиран транспортен ризик со задолжителна франшиза од 250 Евра со максимален лимит од 3000 Евра по контејнер доколку поинаку не е договорено
• вонредните трошоци за превоз, претовар и растовар
• лежарина, складишнина и сл.
• Трошоци за спор и правни дејства, кои осигураната страна ги направила со претходна согласност на осигурувачот во врска со штетата со цел да се одбрани од неоправдано или претерано оштетно барање од трето лице. Овие трошоци се најмногу до 40% од лимитот по штетен настан.
РИЗИЦИ ЗА КОИ ОСИГУРЕНИКОТ НЕ ОДГОВАРА И НЕ СЕ ОПФАТЕНИ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 4
Со овие Услови не е осигурана одговорноста на осигуреникот за штети настанати на пратките примени на превозот поради:
1. виша сила (земјотрес, поплава, гром, луња, снежна лавина, одронување, лизгање земјиште и сл.);
2. припремна, мобилна и воена состојба, побуни, востанија, политички немири, вооружена кражба, тероризам и сл.;
3. штрајк (прекин на работа) или запленување;
4. разбојнички или други напади;
5. акти на надлежните органи (царина, ветеринарни инспекции и сл.);
6. вина на испраќачот или приемачот;
7. недостатоци на пакување или поради недоволно пакување на стоката и нечисти транспортни садови;
8. опасности поврзани со превоз на стоката во отворени возила;
9. потполна или делумна загуба или оштетување на стоката поради нејзините природни својства или маани, како (рѓа, корозија, саморасипување, стврднување поради заситеност на воздухот со влага);
10. превземени санитарни или дезинфекциони мерки и сл;
11. угинување на живи животни, живина и дивеч при превоз;
12. ако стоката се прима на превоз само под одредени услови - предадена на превоз со неисправни, неточни или непотполни ознаки или ако испраќачот ги нема преземено пропишаните мерки и внимание;
13. губење на комерцијалната вредност на стоката, освен поради пречекорување на родот на превозот во случај на дефект на возилото;
14. молци и други штетници;
15. разлика во мерење, освен ако постои документ за официјално мерење на исти начини при натовар и растовар на стоката.
ИСКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ
Член 5
Осигурувачот не е во обврска да му надомести штета на осигуреникот ако според законските прописи за тоа е одговорен, а таа настанала како последица на една од следните причини:
1. Лоша намера или груба небрежност
Осигурувачот не ја надоместува штетата, која настанала поради лоша намера или груба небрежност на осигуреникот и лицата за кои тој одговара.
2. Располагање на стоката
Ако испраќачот или приемачот одбие да ја преземе стоката, а осигуреникот без согласност на осигурувачот прифати сам да располага со стоката, осигурувачот не го надоместува делот на штетата кој ќе настане од таа причина.
3. Спогодбено договорен рок за испорака
Со овие Услови не е покриена одговорноста на осигуреникот, ако договорениот рок на превоз е пократок од вообичаениот за таква пратка на таа релација, а штетата настанала како последица од неисполнување на договорениот рок.
4. Неисполнување на спогодбата за превоз
Осигурувачот не е во обврска да надомести штета која би настанала ако, осигуреникот заклучил спогодба за превоз па тој превоз не го извршил или поради тоа што се јавил кај корисникот на превозот со задоцнување, а со тоа ја прекршил спогодбата за превоз.
5. Пречекорување на пропишаниот облик и тежина (габарит)
Осигурувачот не е во обврска да надомести штета, ако осигуреникот пропуштил да ги преземе потребните организациони мерки за превоз на максимално дозволените профили и тежини во јавниот сообраќај, а штетата ќе настане поради непочитување на специјалните сообраќајни прописи за дозволен габарит за сигурен превоз (сообраќајен знак за известување на дозволена висина, ширина и носивост на друмско сообраќајен објект).
6. Плаќање на застарено побарување
Осигурувачот не ја надоместува штетата, што ја исплатил осигуреникот без согласност на осигурувачот, ако рокот на плаќање законски е застарен.
7. Фиктивни кусоци
Со овие Услови не е осигурана одговорноста на разни необјаснети кусоци, кои не се последица на физичка загуба или кражба на пратката. Според овие Услови, документите за мерење и вагање не се доказ на физичка загуба или кражба на пратките.
8. Превоз на племенити метали
Превоз на племенити метали, хартии од вредност, валути и други скапоцености, освен ако посебно не се пријават и се превезуваат со оружена придружба и специјални возила.
9. Превоз на поштенски пратки
Осигурувачот не ја надоместува штетата на поштенски пратки, ако ги превезува осигуреникот.
10. Сопствен имот и предмети
Осигурувачот не надоместува штети на личен имот на осигуреникот, неговите вработени или лицата кои ги ангажирал.
11. Забрана за превоз на сопствена стока
Осигурувачот забранува осигуреникот да превезува сопствена стока.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ
Член 6
1. На осигуреникот му е должност да ги избере возачите и/или превозниците и другите помошници за извршување, кои совесно ќе ја обавуваат работата и на истата ќе и посветат внимание.
1.1. Возилата редовно и квалитетно да ги одржува и технички да се исправни и да одговараат на намената.
1.2. Возачите континуирано да ги обучува за да ги познаваат обврските и правата што произлегуваат од договорот за превоз, ЦМР конвенцијата, Упатствоѕо за користење на Тир карнети, упатствата на осигуреникот и осигурувачот.
1.3. Возачите да ги обезбеди со потребните лични и документи за превоз и средства (дозволи, Тир карнети (доколку го поседува), фактури, упатства и сл.) пред почнување на превозот.
1.4. При натовар и растовар на стоките возачот задолжително да е присутен и да врши правилен квантитативњен прием и предавање на стоките, проверка на амбалажата, редењето и прицврстувањето и растоварот на стоките.
1.5. Ако има недостатоци при натовар и амбалажата да е оштетена да бара испраќачот веднаш да ги отстрани или во спротивно да стави забелешка на товарниот лист за недостатокот при натоварот или растоварот што го вршат други лица.
1.6. Во товарниот лист прецизно, читливо и точно да биде наведена адреста на приемачот на сотката, неговиот телефон. Приемачот треба да има фотокопија на броевите на ЦМР-товарниот лист, Тир карнетот или соодветен царински документ и бројот на пасошот на возачот.
1.7. Да му укаже на возачкиот персонал дека пратките треба да ги испорача само со потврда за плаќање на приемачот ако е предвидено со акредитив.
1.8. По идентифидацијата на приемачот да ја почитува стандардната царинска процедура за да следи дали царинската процедура се извршува во Царината и од надлежни лица.
1.9. По извршената царинска процедура да се заверат товарниот лист и Тир карнетот (или друг царински документ) и возачот стоката да ја предаде на правиот приемач со идентификација на магационерот на приемачот со лична карта и со внесување на податоци од истата во товарниот лист како и местото на растовар.
1.10. Да се осигура дека возилата се оставаат на паркинг кој го контролира чувар односно на заградено место, кое ги пружа сите транспортни услови и безбедно оставање на возилата.
2. Осигуреникот е должен секоја видлива штета за која постои негова одговорност, да ја утврди со записник при предавање на пратката во присуство на приемачот на пратката и возачот.
Осигуреникот е должен веднаш или најдоцна во рок од три дена од кога ќе дознае, на осигурувачот да му ја пријави секоја штета која по негова оцена го минува износот од 1000 Евра да ги има во предвид дадените упатства на осигурувачот за ангажирање на хавариски комесар за извид и процена на штетата.
3. Осигуреникот е должен да ги преземе сите потребни мерки за спречување и намалување на штетата.
4. Во случај на кражба, измама при прием, предавање на товарот и сообраќајна незгода, осигуреникот е должен таквиот настан да го пријави во полиција и за таквите пријави да му приложи додаз на осигурувачот.
5. Доколку осигуреникот ги повреди обврските од овој член (1.1.-.1.9 и т.2, 3 и 4) осигурувачот не е во обврска да му ги надомести штетите што ќе настанат поради тоа.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 7
Кај овој вид на осигурување под осигурителна заштита спаѓаат превози со товарни возила, (камионски, камионски/контејнерски и возила за превоз на стоки каде е потребен посебен режим на температуре како што се ладилници/фриго контејнери). Пред да започне ризикот, осигуреникот има обврска да го пријави превозот на осигурувачот по телефакс и телефонски да го потврди;
Пријавата треба да ги содржи следните податоци:
Превозното средство и бројот на регистрацијата;
• Датум на поаѓање
• Место на отпрема
• Одредишно место
• Видот на стоката (нормална или стока со ладење)
• Информација - податок дали превозникот има ЦМР осигурување кај нас или во друго осигурително друштво.
Осигуреникот е должен да води месечна евиденција за сите ангажирани возила за превоз и на осигурувачот да му доставува список на возила кои ќе ги ангажира, до 10ти во тековниот месец за изминатиот.
Премијата за осигурување, осигурувачот ја пресметува на основа месечните пријави за прометот- обртот т.е. пријавената превознина.
Доколку осигуреникот не ја изврши обврската за пријавување а во меѓувреме настане штета т.е. се докаже дека осигуреникот е виновен, во тој случај осигурувачот се ослободува од обврска зап лаќање. За сите превозници пријавени дека поседуваат полиса за осигурување на одговорност на превозникот (ЦМР) осигурени во нашето Друштво, превознината ќе се прикажува во висина од 50%.
Премијата за осигурување ќе се пресметува по договорена премиска стапка, наведена во полисата.
Пресметаната премија на основа пријавената превознина, осигуреникот е должен да ја плати во рок од 14 дена од датата на фактурирање, по исцрпување на минималната премија.
Ако осигуреникот не ја плати премијата за осигурување во договорениот рок, осигурувачот се ослободува од обврската за плаќање во случај на настаната штета по вина на осигуреникот.
ПРАВО НА КОНТРОЛА
Член 8
Осигурувачот има право на преглед на деловните книги на осигуреникот и евиденција со цел да провери дали правилно и точно се пријавуваат податоците, кои се потребни за пресметување на премијата. Ако констатира грешки во пријавите за осигурување, осигурувачот пресметува дополнителна премија.
Осигурувачот е должен да ги чува како деловна тајна податоците кои ќе ги сознае при прегледот на деловните книги и евиденцијата на осигуреникот.
КОНСТАТИРАЊЕ И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ
Член 9
Осигуреникот е должен секоја видлива штета, која е покриена со осигурување, да ја утврди записнички на вообичаен начин, со учество на приемачот односно корисникот на превозот пред предавање на пратката и за истото веднаш да го извести осигурувачот и да ги почитува неговите упатства.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ОШТЕТНО БАРАЊЕ
Член 10
Ако штетената странка поднесе отштетно барање, осигуреникот е должен веднаш барањето да му го достави на осигурувачот заедно со сите документи и податоци потребни за ликвидација на штета како што се:
• Пријава за штета
• Оштетно барање на оштетеното лице
• Превозни документи (товарен лист, договор)
• Царинска фактура или друг доказ за вредноста на пратката
• Xxxxxxx изјава на возачот за причината и околностите за настанување на штетата
• Записник-хавариски сертификат за процена на штета
• Докази врз основа на кои може да се утврди постоење или непостоење одговорност на осигурената страна за настанатата штета
• Записник од полиција, ако настанала сообраќајна незгода или кражба
• Докази и изјави кои осигурувачот ќе ги побара за појаснување на отштетното побарување.
Ако од околностите за настанатата штета, или од поднесената документација не може со сигурност да се утврди одговорноста на осигуреникот за настанатата штета или за нејзината висина, осигурувачот е должен да му даде упатство за правните и други мерки, кои треба да ги преземе со цел да се заштити од недокажани, неосновани или преголеми оштетни барања.
Осигуреникот е должен како добар стопанственик да ги преземе сите потребни мерки со цел да се заштити од неосновани побарувања. За преземените мерки без одлагање треба да го извести осигурувачот.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 11
Во случај на штета за која постои одговорност на осигуреникот осигурувачот е должен ако превозот е пријавен и премијата платена да изврши надомест на штета на осигуреникот, согласно условите од овој Договор, во рок од 15 дена по целосното документирање на оштетното побарување и утврдувањето на обврските на осигурувачот. После овој рок плаќа законска камата.
БОНУС И XXXXX
Член 12
Врз основа на овој Договор, осигуреникот има право на бонус и малус во зависност од постигнатиот технички резултат по истекот на 1 (една) година осигурување и тоа:
Бонус
• за немање штети и % на штети до 50%, 5% од техничката премија
Бонусот се одобрува од договорената и наплатената премија во овој договор.
Бонусот се одобрува како учество во позитивниот технички резултат во првиот квартал од годината за минатата година.
Малус
Осигуреникот има обврска за доплата на премија во тековната година, ако исплатените и резервираните штети се над 100% од техничката премија во претходната година, доплатокот изнесува:
• 5% ако процентот на штети е до 120% од техничката премија;
• 10% ако процентот на штети е над 120% од техничката премија.
БАРАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ
Член 13
Осигуреникот е должен пред признавање на својата обврска за надомест на штетата да побара согласност од осигурувачот и да се придржува на неговите упатства.
Ако осигуреникот не постапи спрема одредбите од предходниот став, осигурувачот може да ја одбие исплатата на штетата, целосно или делимично во колку смета дека осигуреникот не бил одговорен за настанатата штета или неговата одговорнсот е помала од онаа која ја признал.
Одредбите од претходниот став се приемнуваат и на случаите кога одговорноста на осигуреникот е утврдена во судски или арбитражен спор за кој осигуреникот благовремено не го известил осигурувачот, а осигурувачот ставил оправдана примедба во врска со водење на спорот.
ВИСИНА НА ОШТЕТА
Член 14
Висината на оштетата за целосна или делумна загуба на пратките се утврдува според вредноста на предметите и фактуратра на продавачот, доколку таква вредност нема, тогаш по пазарната вредност во време и место на утовар, во границите на законскиот лимит за ограничена одговорност, но максимум до лимитот од член 3 од овој Договор во денарска противвредност по среден курс на валутата на денот на исплатата на штетата.
ФРАНШИЗА
Член 15
Осигурувачот ќе ја надомести настанатата штета поради сообраќајна незгода, пожар и експлозија без франшиза.
Во случај на погрешно предавање на пратките поради измама на возачите и кражба, осигуреникот учествува со 20% од настанатата штета, освен ако поинаку не се договори и наведе на полиса.
Во сите други случаи франшизата ќе изнесува во висина на природната загуба (кало, крш, растур) за кој дел согласно законските прописи, узансите и условите за осигурување од овој Договор, не одговара превозникот.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 16
[1] Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од Договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток
на траење на осигурувањето, под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премијата, а во спротивно, по истекот на 24 часот од денот кога премијата еплатена.
[2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување како ден кога истекува осигурувањето.
[3] Осигурувањето се склучува за период од една (1) година, доколку не е поинаку договорено.
[4] Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, Договорот за осигурување се продолжува од година во година, сè додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 17
[1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено.
[2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено.
[3] Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата.
[4] Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 18
[1] Ако премијата за осигурување не е платена до стасаноста, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рокот што е наведен во известувањето, а кој не може да биде пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине Договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа стасаната премија за осигурување.
[2] Во случај на доцнење со плаќање на премијата, осигурувачот има право да пресмета и законска затезна камата.
[3] Со неплаќање на премијата за осигурување, договарачот не може еднострано да го раскине осигурувањето.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА
Член 19
[1] Во случај на предвремено раскинување на Договорот за осигурување, осигурувачот е должен да врати дел од премијата за неискористеното време на осигурување, ако осигурената опасност престанала да постои по склучување на Договорот за осигурување.
[2] Ако осигурената опасност престанала да постои пред почетокот на покритието, осигурувачот ја враќа целокупната уплатена премија, намалена за манипулативните трошоци.
[3] Во другите случаи на престанување на важноста на Договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае покритието, освен ако не е поинаку договорено.
[4] Враќање на премијата на барање на осигуреникот може да се изврши само врз основа на докази за исполнети услови за поврат на премија
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 20
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договарачот на осигурувањето барем 60 дена пред почетокот на тековната година на осигурување.
[2] Договарачот на осигурувањето има право 60 дена по приемот на известувањето да го откаже Договорот за осигурување. Договорот престанува да важи со завршувањето на тековната година на осигурување.
[3] Ако договарачот на осигурувањето не го откаже Договорот за осигурување во рокот утврден во став 2 на овој член, следната година тој се менува согласно со новите услови за осигурување и тарифата на премии
ФОРМА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 21
[1] Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма, и стапува на сила од денот на прием.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на Договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Како ден на прием се смета следниот работен ден после препорачано предадената пратка, пратена на последната дадена адреса од страна на примачот.
РЕГРЕСНО ПРАВО
Член 22
Со исплатата на штетата, на осигурувачот му преминуваат сите права кои осигуреникот ги имал према лицата одговорни за штетата.
Ако осигуреникот не постапи во склад со предходниот став, осигурувачот може од надоместокот на штетата да го одбие износот на штета која поради тоа ја претрпил.
ЗАБРАНА ЗА НЕТОЧНО ПРИКАЖУВАЊЕ СОДРЖИНАТА НА ДОГОВОРОТ НА КОРИСНИЦИТЕ НА ПРЕВОЗОТ
Член 23
Со овие Услови е покриена одговорноста на осигуреникот т.е. превозниците за штети на пратките примени на превоз. Поради тоа осигуреникот не смее да истапува према корисниците на превозот дека е осигурана пратката, со што ќе го доведе во заблуда сопственикот на стоката дека со овие Услови наполно се осигурани и неговите интереси.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА
Член 24
Побарувањата на осигуреникот или на корисникот на осигурувањето, односно на трето лице од договорот за осигурување од незгода, застаруваат согласно одредбите од Законот за облигациони односи.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 25 Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx
Член 26 Обработка и заштита на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
Член 26-а Правен основ за обработката на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. [2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
Член 26-б Цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност. [2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци. [3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање. [4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
Член 26-в Рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на
случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување. [2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Член 26-г Права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци. [2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 35-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Член 26-д Пренос на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Член 26-ѓ Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги. [2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 27
[1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Македонија.
[2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од
осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот з а осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 15.11.2021 година со Одлука бр.0203-09/08 и ќе се применуваат од 23.02.2022 година.
Главен извршен директор
Суат Инан
Извршен директор Xxxxxx Xxxxxxxx