Contract
Врз основа на член 118 став (2) од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на седницата одржана на 30 јануари 2023 година донесе
О Д Л У КА
за одобрување на измените и дополнувањата на договорните услови утврдени во Договорот за пренос на природен гас
1. Со оваа одлука се одобруваат измените и дополнувањата на договорните услови утврдени во Договорот за пренос на природен гас на Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост.
2. Се задолжува Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, измените и дополнувањата на договорните услови утврдени во Договорот за пренос на природен гас од точка 1 од оваа одлука да го објави на својата веб страница.
3. Оваа одлука се доставува до Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост.
4. Оваа одлука влегува со сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Акционерското Друштво ГА-МА Скопје согласно член 121 став (1) од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19 и 236/22) до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Регулаторна комисија за енергетика) ги достави на одобрување договорните услови утврдени во предлог Договорот за пренос на природен гас бр.0302-2473/1 од 21 декември 2022 година, заведени во архивата на Регулаторната комисија за енергетика под бр.11-3023/1 од 21 декември 2022 година.
Регулаторната комисија за енергетика на 26 декември 2022 година одржа седница на која ги одобри договорните услови утврдени во предлог Договорот за пренос на природен на Акционерското Друштво ГА-МА Скопје бр.0302-2473/1 од 21 декември 2022 година.
Регулаторната комисија за енергетика на 30 декември 2022 година донесе Одлука за примена на Одлуката за одобрување на договорните услови утврдени во предлог Договорот за пренос на природен гас на Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост.
На 25 јануари 2023 година во просториите на Регулаторната комисија за енергетика беше одржан состанок на кој беше дискутирано за актуелните прашања поврзани со ефектите од имплементацијата на Правилата за балансирање на системот за пренос со природен гас во работењето на корисниците на системот за пренос на природен гас како и влијанието на истите кај потрошувачите на природен гас. На состанокот присуствуваа претставници на трговци, снабдувачи и дистрибутери со природен гас, како и потрошувачи на природен гас приклучени на системот за пренос со природен гас.
Врз основа на заклучоците кои произлегоа од одржаниот состанок на 25 јануари 2023 година, Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, до Регулаторната комисија за енергетика со допис бр.03-366/1 од 30 јануари 2023 година, достави на одобрување измени и дополнувања на договорните услови утврдени во Договорот за пренос на природен гас на Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, наведени во Одлука за изменување и дополнување на договорните услови утврдени во Договорот за пренос на природен гас бр.02-323/11 од 30 јануари 2023 гофина, заведена во архивата на Регулаторната комисија за енергетика под бр.11-207/1 од 30 јануари 2023 година.
Во интерес на континуитет во вршењето на дејноста пренос на природен гас, а земајќи ги во предвид кратките рокови за постапување, Регулаторната комисија за енергетика со Решение бр.02- 208/1 од 30 јануари 2023 година одлучи да се одржи седница без одржување на подготвителна седница.
Регулаторната комисија за енергетика на 30 јануари 2023 година одржа седница на која ги одобри измените и дополнувањата на договорните услови утврдени во Договорот за пренос на природен гас на Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, наведени во Одлуката за изменување и дополнување на договорните услови утврдени во Договорот за пренос на природен гас бр.02-323/11 од 30 јануари 2023 година на Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост.
Имајќи го предвид горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука може да се поведе управен спор во рок од 30 дена од денот на приемот.
Бр. 11-207/3
30 јануари 2023 година Скопје
Претседател на
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија
Xxxxx Xxxxxxxxxx
Прилог: Одлука за измени и дополнувања на договорните услови утврдени во Договорот за пренос на природен гас на Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост бр.02-323/11 од 30 јануари 2023 година