Contract
ДИРЕКТИВА 2003/88/ЕЗ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ
од 4 ноември 2003 година
што се однесува на извесни аспекти за организирање на работното време ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА,
имајќи го предвид Договорот за основање на Европската заедница, а особено член 137(2) од истиот,
имајќи го предвид предлогот од Комисијата,
имајќи го предвид мислењето на Европскиот економско – социјален комитет1, по направените консултации со Комитетот на региони,
постапувајќи во согласност со постапката наведена во член 251 од Договорот2, со оглед на тоа што:
(1) Директивата 93/104/ЕЗ на Советот од 23 ноември 1993 година што се однесува на извесни аспекти на организирање на работното време3 што ги утврдуваат минималните безбедносни и здравствени услови за организирање на работното време, во поглед на времето за дневен одмор, паузи, неделен одмор, максималното неделно работно време, годишен одмор и аспекти на ноќна работа, работа во смени и карактерот на работата значително се изменети.За да се расчистат работите, се врши кодификација на спорните значајни одредби .
(2) Член 137 од Договорот предвидува дека заедницата треба да ги поддржи и дополни активностите на земјите-членки за да се подобрат работната средина за заштита, здравјето на работниците и нивната безбедност. Директивите донесени врз основа на тој член служат за да се избегне воведување административни, финансиски и законски ограничувања на начин кој ќе спречи основање и развој на мали и средни претпријатија.
(3) Одредбите од Директивата 89/391/ЕЕЗ на Советот од 12 јуни 1989 година, за воведување мерки за поттикнување на подобрувањето на безбедноста и здравјето на работниците на работното место4 останува целосно да се
1 OJ C 61,14.3.2003 год.,стр.123..
2 Мислење на Европскиот парламент од 17 декември 2002 година (се уште не е објавено во Службен весник) и Одлука на Советот од 22 септември 2003 година.
3 OJ L 307,13.12.1993 год.,стр.18. Директива последно изменета со Директива 2000/34/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот (OJ L 195,1.8.2000 год., стр.41).
4 OJ L 183,29.6.1989 год.,стр.1.
применуваат во областите опфатени со оваа Директива, без да се во спротивност со построгите и/ или специфични одредби содржани во неа.
(4) Подобрувањето на безбедноста на работниците, хигиената и здравјето на работа е цел која не треба да е зависна од чисто економски причини.
(5) Сите работници треба да имаат соодветно време за одмор. Концептот
„одмор“ мора да се изразува во единици време т.е. во денови, часови и/или делови од нив. На работниците во Заедницата мора да им се дадат минимално дневни, неделни и годишни одмори и адекватни паузи. Во овој контекст, потребно е, исто така, да се стави максимална граница за неделните работни часови.
(6) Треба да се земат предвид принципите на Меѓународната организација на трудот (МОТ) во однос на организирање на работното време, вклучувајќи ги оние за ноќната работа.
(7) Истражувањата покажуваат дека човечкото тело е повеќе чувствително во ноќните часови на вознемирувањата од околината и исто така на извесни тегобни форми на организација на работата и дека долги периоди на ноќна работа можат да бидат погубни за здравјето на работниците и можат да ја доведат во опасност безбедноста на работното место.
(8) Има потреба од ограничување на траењето на времето на ноќна работа, вклучувајќи ја и прекувремената работа, и да се каже на работодавачите кои редовно ги користат ноќни работници да ја достават оваа информација до овластените тела доколку тие ја побараат.
(9) Важно е дека работниците кои работат ноќе имаат право на бесплатни здравствени прегледи пред ангажирање, а потоа и во редовни временски периоди и кога е можно тие треба да се преместат на дневна работа која им одговара, доколку страдаат од здравствени проблеми.
(10) Состојбата на работниците кои работат ноќе и работниците кои работат на смени бара нивото на безбедност и здравствена заштита да се приспособи според природата на нивната работа и организирањето и функционирањето на службите и ресурсите за превенција и заштита да бидат ефикасни.
(11) Специфичните услови за работа може да имаат погубно влијание врз безбедноста и здравјето на работниците. Организацијата на работата според извесни модели треба да ги земе предвид општите принципи за приспособување на работата кон работникот.
1 OJ L 167,2.7.1999 год.,стр33.
на член 139(2) од Договорот. Според тоа, одредбите од оваа Директива не се применуваат за морнарите.
(13) Во случајот со „рибарите - акционери“ кои се вработени, земјите – членки треба да ги утврдат, во согласност со оваа Директива, условите за правото на годишен одмор, како и условите за негово плаќање.
(14) Специфичните стандарди утврдени со другите инструменти на Заедницата во врска со, на пример, времето за одмор, работното време, годишните одмори и ноќната работа за одредени категории работници упатуваат дека треба да се направи предност над одредбите од оваа Директива.
(15) Во поглед на прашањата што сигурно ќе се покренат за организација на работното време во рамките на едно претпријатието,очигледно е дека е потребно да се воведе флексибилност во примената на одредени одредби од оваа Директива, обезбедувајќи усогласеност со принципите за заштита на безбедноста и здравјето на работниците.
(16) Потребно е да се предвиди дека некои одредби може да се предмет на отстапки, спроведени во согласност со случајот, од земјите-членки или две страни на индустријата. Во случај на отстапување, како главно правило, на засегнатите работници мора да им се даде еднакво време за одмор со надоместок.
917) Оваа Xxxxxxxxx нема да има влијание врз обврските на земјите-членки за крајните рокови за транспозиција на Директивата утврдена во Анекс I, дел Б,
ЈА ДОНЕСОА СЛЕДНАВА ДИРЕКТИВА:
ПОГЛАВЈЕ 1 ОПСЕГ И ДЕФИНИЦИИ
Член 1 Цел и опсег
1. Оваа Директива ги утврдува минималните безбедносни и здравствени барања за организирање на работното време.
2. Оваа Директива се применува на:
(а) минимално време за дневен одмор, неделен одмор и годишен одмор, за паузи и за максималното неделно работно време, и
(б) извесни аспекти за работа ноќно време, работа во смени и за структурата на работата.
3. Оваа Директива важи, се применува на сите сектори на активности, во јавниот и во приватниот живот, со значење од членот 2 на Директива 89/391/ЕЕЗ, без оглед на член 14,17,18 и 19 на оваа Директива.
Оваа Xxxxxxxxx нема да се применува за морнарите, како што е утврдено во Директивата 1999/63/ЕЗ, без да е во спротивност со член 2(8) на оваа Директива.
4. Одредбите на Директивата 89/391/ЕЕЗ се целосно применливи за прашањата спомнати во став 2, без да се во спротивност со построгите и/или специфични одредби содржани во оваа Директива.
Член 2 Дефиниции
За целите на оваа Директива се применуваат следниве дефиниции:
1. „р а б о т н о в р е м е“ значи секој период во кој работникот работи, на располагање на работодавачот и ги извршува дејностите или задачите, во согласност со национален закон и/или практика;
2. „в р е м е з а о д м о р“ значи секој период кој не е работно време;
3. „н о ќ н о в р е м е“ значи секој период не пократок од седум часа, како што е утврдено со национален закон, и во кое мора да се вклучи, во секој случај, периодот меѓу полноќ и 5.00 наутро;
4. „н о ќ е н р а б о т н и к“ значи:
(а) од една страна секој работник, кој, ноќно време, работи најмалку три часа од своето дневно работно време како нормална активност, и
(б) од друга страна, секој работник кој изгледа дека одработува извесен дел од годишното работно време, како што е утврдено по избор на заинтересираната земја членка;
(i) со национален закон, по направени консултации со две страни на индустрија, или
(ii) со колективен договор или спогодба склучена меѓу двете страни на индустрија на национално или регионално ниво;
5. „р а б о т а в о с м е н и“ значи секоја метода на организирање на работата во смени во која работниците се сменуваат едноподруго на исто работно место во согласност со одреден план и кое може да биде континуирано или со прекини, вклучувајќи ја потребата за работниците да работат во различно време во даден период на денови или недели;
6. „с м е н с к и р а б о т н и к“ значи секој работник чиј што распоред на неговата работа е дел од работа во смемни;
7. „м о б и л е н р а б о т н и к“ значи секој работник кој е вработен како патувачки или летачки персонал од претпријатие кое дава транспортни услуги за патници или стоки ,во патен, воздушен или во внатрешен воден сообраќај;
8. „к р а ј б р е ж н а р а б о т а“ значи работа вршена главно на или од крајбрежни инсталации (вклучувајќи ги платформи за дупчење), директно или индиректно поврзани со истражување, вадење или експлоатација на минерални суровини, вклучувајќи ги јаглен водороди, и нуркање поврзано со такви активности, без разлика дали се извршува од крајбрежна инсталација или од брод;
9. „с о о д в е т е н о д м о р“ значи дека работниците имаат правилни периоди за одмор, чие што траење се искажува во единици за време и кои се доволно долги и континуирани да гарантираат дека како резултат на замор или други неправилни работни системи, самите не си нанесуваат повреди, или да повредат нивни колеги или други и да не му наштетуваат на нивното здравје на пократок или подолг временски период.
ПОГЛАВЈЕ 2
МИНИМУМ ВРЕМЕ ЗА ОДМОР – ДРУГИ АСПЕКТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ
Член 3 Дневен одмор
Земјите-членки ги преземаат мерките потребни за да обезбедат секој работник да има право на минимален дневен одмор од 11 непрекинати часови во текот на едно деноноќие..
Член 4 Паузи
Земјите-членки ги преземаат мерките потребни за да обезбедат, онаму каде што работното време е подолго од шест часа, секој работник да има право на пауза за одмор, за кои деталите, вклучувајќи го траењето и условите на одобрување, се утврдуваат со колективен договор или спогодби склучени меѓу две страни во индустрија, или во нивно отсуство, со национален закон.
Член 5 Неделно време за одмор
Земјите-членки ги преземаат мерките потребни за да обезбедат во секоја седмица, секој работник да има право на минимално непрекинато време за одмор од 24 часа, плус 11 часа дневен одмор споменато во член 3 .
Доколку објективната, техничката или условите за организација на работата го оправдуваат, може да се примени минимално време за одмор од 24 часа.
Член 6
Максимално неделно работно време
Земјите-членки ги преземаат мерките потребни за да обезбедат одржување на потребата за заштита на безбедноста и здравјето на работниците.
(а) периодот на седмичното работно време е ограничено со закони, регулативи или административни одредби или со колективни договори или спогодби меѓу две страни во индустријата;
(б) просечното работно време за секои седум дена, вклучувајќи и прекувремено, не надминува 48 часа.
Член 7 Годишен одмор
1. Земјите-членки ги преземаат мерките потребни за да му обезбедат на секој работник право на платен годишен одмор, од најмалку четири недели зависно од условите за правото на, и за допуштање на тој одмор утврдено со национален закон и/или практика.
2. Минималното време на платен годишен одмор не може да се замени со надоместок ин лје, освен кога е прекинат работниот однос.
ПОГЛАВЈЕ 3
НОЌНА РАБОТА – РАБОТА ВО СМЕНИ – СТРУКТУРА НА РАБОТАТА
Член 8
Должина на ноќната работа
Земјите-членки ги преземаат мерките потребни за да обезбедат:
(а) нормалните работни часови за ноќните работници да не бидат повеќе од просечни осум часа на секои 24 часа;
(б) ноќните работници, чија работа е поврзана со посебни ризици или тежок физички или психички напор да не работат повеќе од осум часа во текот на 24 часа кога тие работат ноќна работа.
За целите на точка (б), работа што е поврзана со посебни ризици или тежок физички или ментален напор се утврдува со национален закон и/или практика или со колективни договори или спогодби меѓу две страни на индустрија, земајќи ги предвид специфичните влијанија и ризици на работата ноќе.
Член 9
Здравствени прегледи и преместување од ноќна на дневна работа
1. Земјите-членки ги преземаат мерките потребни за да обезбедат:
(а) работниците кои работат ноќе имаат право на бесплатни здравствени прегледи пред нивното ангажирање, а потоа во редовни временски периоди;
(б) ноќните работници кои се соочуваат со здравствени проблеми за кои е потврдено дека се поврзани со фактот дека тие работат ноќе се преместуваат секогаш кога е можно во дневна смена на која тие одговараат.
2. Бесплатните здравствени прегледи споменати во став 1(а) мора да се усогласат со медицинска доверба.
3. Бесплатниот здравствен преглед споменат во став 1(а) треба да се изврши во рамки на националниот здравствен систем.
Член 10
Гаранции за работа во ноќни часови
Земјите-членки за одредени категории работници кои работат во ноќни часови даваат извесни гаранции, под услови утврдени со национален закон и/или практиката, во случај за работници кои ја ризикуваат својата безбедност или здравје што е поврзано со работа ноќе..
Член 11
Известување за редовно користење на ноќна работа
Земјите-членки ги преземаат мерките потребни за да обезбедат дека работодавачот кој користи редовно работници за ноќна работа, ги известува надлежните тела доколку тие така побараат.
Член 12
Заштита на здравјето и безбедноста
Земјите-членки ги преземаат мерките потребни да обезбедат :
(а) работниците кои работат ноќе и работниците во смени да имаат безбедносна и здравствена заштита соодветна на природата на нивната работа;
(б) соодветните служби за спречување и заштита или постројки во врска со безбедноста и здравјето на работниците кои работат ноќе или работниците во смени се еднакви на оние кои се во примена за други работници и тие им се достапни цело време.
Член 13 Структура на работата
Земјите-членки ги преземаат мерките потребни да обезбедат работодавач кој има намера да ја организира работата во согласност со извесен модел кој ги зема предвид општите принципи за приспособување на работата кон работникот, а особено да го ублажи монотоното работење и работење по предодредена работна норма, во зависност од видот на активноста и од здравствените и безбедносни услови, особено во поглед на паузите во текот на работното време.
ПОГЛАВЈЕ 4 РАЗНИ ОДРЕДБИ
Член 14
Поспецифични одредби на Заедницата
Оваа Директива нема да се применува кога други инструменти на Заедницата содржат поспецифични услови поврзани со организирање на работното време за одредени професии или активности.
Член 15 Поповолни одредби
Оваа Директива нема да влијае врз правата на земјите-членки да применуваат или воведуваат закони, регулативи или административни одредби поповолни за заштита на безбедноста и здравјето на работниците или да ја олеснат или дозволат спроведување на колективи договори или спогодби склучени меѓу две страни во индустрија кои се поповолни за заштита на безбедноста и здравјето на работниците.
Член 16 Контролни периоди
Земјите-членки може да утврдат:
(а) за спроведување на член 5 (неделно време за одмор), контролен период не подолг од 14 дена;
(б) за спроведување на член 6 (максимално работно време за една седмица), контролен период не подолг од четири месеци;
Времето за платен годишен одмор, одобрено во согласност со член 7 и времето за боледувања не се вклучени или се неутрални при пресметување на просекот;
(в) за спроведување на член 8 (должина на ноќна работа), контролниот период се утврдува по направените консултации со двете страни на индустрија или со колективни договори, склучени меѓу двете страни на индустрија на национално или регионално ниво.
Доколку минималното време за одмор во текот на седмицата од 24 часа барано во членот 5 спаѓа во тој контролен период, тоа не се вклучува при пресметување на просекот.
ПОГЛАВЈЕ 5 ОТСТАПУВАЊА И ИСКЛУЧОЦИ
Член 17 Отстапувања
1. Со должна почит кон општите принципи за заштита на безбедноста и здравјето на работниците,земјите-членки може да отстапат од членовите 3 до 6,8 и 16 кога, во однос на специфичните карактеристики на споменатата активност, траењето на работното време не се мери и /или е предодредено или може да се одреди од самите работници, а особено во случаи на:
(а) извршни управници или други лица со независно овластување да донесуваат одлуки;
(б) семејни работници, или
(в) работници кои вршат верски служби во цркви и верски заедници.
2. Отстапувањата предвидени во ставовите 3, 4 и 5 може да се донесат со закони, регулативи или административни одредби или со колективни договори или спогодби меѓу две страни на индустрија под услов ако на заинтересираните работници им се даде надомест за одмор или во исклучителни случаи кога тоа не е можно, од објективни причини да им се дозволи такво соодветно време со надоместок за одмор, на работниците за кои станува збор им се дава соодветна заштита.
3. Во согласност со став 2 од овој член, отстапки може да се направат од членовите 3, 4, 5, 8 и 16.
(а) во случај за дејност каде што работното место на работникот и неговото место на живеење се оддалечени едно од друго, вклучувајќи ја крајбрежната работа, или кога работникот работи на различни работни места и тие се оддалечени едно од друго;
(б) во случај на дејности за заштита и надзор кои бараат постојано присуство за заштита на имоти и лица, особено чувари и рекетари или заштитни фирми;
(в) во случај на дејности со потреба од континуирана служба или производство, особено:
(i) служби поврзани со прием, третман и/или грижа во болници или слични установи, вклучувајќи ги активностите на доктори практиканти, станбени институции и затвори;
(ii) пристанишни или аеродромски работници;
(iii) новински, радио, телевизиски, кинематографска продукција, поштенски и телекомуникациски служби, служба за итна помош, противпожарна и служба за цивилна заштита;
(iv) производство, пренос и дистрибуција на гас, вода и електрична енергија, собирање смет од домаќинства и постројка за палење;
(v) индустрија во која работата не може да се прекине од технички причини;
(vi) дејности за развој и истражување;
(vii) земјоделство
(viii) работници ангажирани за превоз на патници во редовни служби за транспорт;
(г) каде што може да се предвиди пораст на активности, особено во:
(i) земјоделството;
(ii) туризмот;
(iii) поштенски служби;
(д) во случај на лица вработени во железничкиот сообраќај:
(i) лица чии активности се со временски карактер;
(ii) кои го поминуваат работното време во возови, или
(iii) чиишто активности се поврзани со ред на возење и да овозможат непрекинат и редовен сообраќај;
(е) во околности опишани во член 5(4) од Директива 89/391/ЕЕЗ;
(ж) во случаи на несреќен случај или очигледен ризик од несреќен случај
4. Во согласност со став 2 од овој член отстапки може да се направат од членовите 3 и 5:
(а) во случај на работа во смени, секогаш работникот ја менува смената и не може да земе дневен и/или неделен одмор меѓу крајот на едната смена и почеток на следната;
(б) во случај на дејности кои работата е разделена во текот на денот, особено за оние од хигиеничарски персонал.
5. Во согласност со став 2 од овој член отстапки може да се направат од член 6 и член 16(б), во случај за доктори практиканти, во согласност со одредбите утврдени од вториот до седмиот потстав на овој став.
Со оглед на член 6, отстапките наведени во првиот потстав се дозволуваат во преодниот период од пет години , почнувајќи од 1 август 2004 година.
Земјите-членки може ,доколку е потребно, да добијат уште две години, земајќи ги предвид тешкотиите за соочување со одредбите за работното време во поглед на нивната одговорност за организација и давање здравствени услуги и медицинска заштита. Најмалку шест месеци пред истекување на преодниот период, заинтересираните земји-членки ја информираат Комисијата давајќи ги причините, така што Комисијата го дава своето мислење, по направени консултации, во рок од три месеци по приемот на таквата информација.
Доколку земјата-членка не го почитува мислењето од Комисијата, таа ја оправдува нејзината одлука. Известувањето и оправдувањето на земјата-членка и мислењето на Комисијата се објавуваат во Службениот весник на Европската унија и се доставуваат до Европскиот парламент.
Земјите-членки може да добијат дополнителен период од уште една година, доколку е потребно да се земат предвид објективните тешкотии за соочување со одговорностите споменати во третиот потстав. Тие ја следат постапката утврдена во тој потстав.
Земјите-членки гарантираат дека во никој случај бројот на неделните работни часови нема го надмине просекот од 58 во првите три години од преодниот период, просек од 56 за наредните две години и просек од 52 за секој следен период.
Работодавачот се консултира благовремено со претставниците на вработените за склучување договор, доколку е можно, за организацијата што се применува за време на преодниот период. Во рамки на ограничувањата утврдени со петтиот потстав, таквиот договор ги опфаќа:
(а) просечниот број неделни работни часови во текот на преодниот период; и
(б) мерки што треба да се донесат за намалување на неделните работни часови на просечни 48 до крајот на преодниот период.
Во поглед на член 16(б) отстапките спомнати во првиот пот став се одобруваат под услов ако контролниот период не е подолг од 12 месеци, за време на првиот дел од преодниот период наведен во петтиот потстав, и шест месеци потоа.
Член 18Отстапки со колективни договори
Отстапки може да се прават од членовите 3, 4, 5, 8 и 16 со помош на колективен договор или спогодби склучени меѓу две страни од индустријата на национално или регионално ниво, во согласност со правилата утврдени со нив, со помош на колективни договори или спогодби склучени меѓу две страни на индустријата на пониско ниво.
Земјите-членки во кои не постои статутарен систем кој гарантира склучување колективни договори или спогодби склучени меѓу две страни на индустрија на национално или регионално ниво, за прашања опфатени со оваа Директива, или оние земји-членки во кои има специфични законски рамки за оваа намена и во нивни граници, можат, во согласност со националното законодавство и или практиката да дозволат отстапување од членовите 3, 4, 5, 8 и 16 со помош на колективен договор или спогодби склучени меѓу две страни на индустрија на национално или регионално ниво, во согласност со правилата утврдени со нив, со помош на колективни договори или спогодби склучени меѓу две страни на индустријата на соодветно колективно ниво.
Отстапките предвидени во првиот и вториот потстав се дозволуваат под услов ако на заинтересираните работници им се даде соодветен платен одмор, или во исклучителни случаи каде што тоа не е можно од објективни причини да им се даде такво време, на заинтересираните работници им се дава соодветна заштита.
Земјите-членки утврдат правила:
(а) за спроведување на овој член од двете страни на индустрија, и
(б) за продолжување на одредбите на колективните договори или спогодби склучени во согласност со овој член за други работници во согласност со националното законодавство и/или практиката.
Член 19
Ограничување на отстапувањата од контролните периоди
Правото за отстапување од член 16(б), предвидено во член 17(3) и во член 18, нема да резултира со воведување контролен период кој надминува шест месеци.
Меѓутоа, земјите-членки донесуваат мислење, кое е предмет на усогласување со општите принципи поврзани со заштита на безбедноста и здравјето на работниците, овозможувајќи, од објективни или технички причини или причини кои се однесуваат на организирање на работата, колективните договори или спогодби склучени меѓу две страни на индустрија да одредат контролен период кој во никој случај нема да е подолг од 12 месеци.
Советот, врз основа на предлог на Комисијата придружен со извештај за извршена проценка, повторно ги разгледува одредбите на овој член и решава какви активности ќе преземе пред 23 ноември 2003 година.
Член 20
Работници во движење и крајбрежна работа
1. Членовите 3, 4, 5 и 8 нема да се применуваат на работниците во движење.
Сепак, земјите-членки ги преземаат потребните мерки за да обезбедат тие работници во движење да имаат право на адекватен одмор, освен во околности утврдени во член 17(3)(ѓ) и (е).
2. Предмет на усогласување со општите принципи во поглед на заштитата на безбедноста и здравјето на работниците, и под услов да се извршени консултации со претставници на работодавачот и заинтересираните вработени и напори за поттикнување на сите значајни форми на социјален дијалог, вклучувајќи и преговори доколку страните така сакаат, земјите-членки можат од објективни или технички причини или причини поврзани со организирање на работата, да го продолжат контролниот период спомнат во член 16(б) на 12 месеци во смисла на работници кои главно работат во странство (offshore).
3. Комисијата, по направени консултации со земјите-членки и управата и работниците на ниво на Европа, го разгледуваат влијанието на одредбите во поглед на работници во странство од здравствена и безбедносна перспектива за да поднесат, доколку се јави потреба, соодветни измени.
Член 21
Работници вработени на рибарски бродови
1. Членовите од 3 до 6 и 8 нема да се применуваат на ниту еден работник на рибарски брод кој плови под знамето на некоја земја-членка.
Сепак, земјите-членки ги преземаат потребните мерки за да обезбедат секој работник на рибарски брод кој плови под знамето на некоја земја-членка да има право на соодветен одмор и го ограничува бројот на работните часови на 48 часа неделно во просек пресметано според контролниот период што не е подолг од 12 месеци.
2. Во рамки на ограничувањата одредени во став 1, вториот потстав и ставовите 3 и 4, земјите –членки преземаат мерки неопходни за да обезбедат и следат потребата од заштита на безбедноста и здравјето на тие работници:
(а) работните часови се ограничени до максималниот број часови, што не се надминуваат во даден временски период; или
(б) минималниот број часови за одмор предвидени во даден временски период.
Максималниот број работни часови или минималниот број на часови за одмор се утврдуваат со закон, регулативи или административни одредби или со колективни договори или спогодби меѓу две страни на индустрија.
3. Ограничувања на работните часови или одмор може да бидат или: (а) минимум работни часови кои нема да се надминат:
(i) 14 часа во период од 24 часа; и
(ii) 72 часа во секој период од седум дена; или
(б) минимален број часови за одмор кои нема да бидат помалку од:
(i) 10 часа во период од 24 часа, и
(ii) 77 часа во период од седум дена.
4. Часовите за одмор може да се разделат во не повеќе од два дела, едниот од нив е со должина од најмалку шест часа, а интервалот меѓу последователните периоди на одмор нема да е подолг од 14 часа.
5. Во согласност со општите принципи за заштита на здравјето и безбедноста на работниците, и за објективите и технички причини или причини поврзани со организација на работата, земјите-членки може да дозволат исклучоци, вклучувајќи воведување контролни периоди, до ограничувањата утврдени во став 1, втор потстав и ставовите 3 и 4. Таквите исклучоци ,доколку е можно, се усогласуваат со стандардите утврдени, но да се земат во предвид почестите или подолги периоди на отсуство или дозвола за платено отсуство за работниците. Овие исклучоци може да се утврдат со помош на:
(а) закони, регулативи или административни одредби под услов да се вршат доколку е можно, консултации со претставниците на работодавачите и заинтересираните работници, вложувајќи напори за поттикнување на сите значајни форми на општествен дијалог, или
(б) колективни договори или спогодби меѓу две страни на индустријата.
6. Капетанот на рибарскиот брод има право да бара од работниците на бродот да работат колку е потребно за непосредна безбедност на бродот, лицата на него или товарот, или да се даде помош на други бродови или лица при опасност на море.
7. Земјите-членки обезбедуваат работниците на рибарски бродови за кои националното законодавство или практика одредува дека на овие бродови не им е дозволено да работат во одреден период од календарската година подолго од еден месец, земаат годишен одмор во согласност со член 7 во рамките на тој период.
:Член 22 Разни одредби
1. Секоја земја-членка има право на избор за примената на членот 6, со почитување на општите принципи за заштита на безбедноста и здравјето на работниците, под услов да ги презема мерките потребни за обезбедување на наведеното:
(а) ниеден работодавач нема да бара од работникот да работи подолго од 48 часа во период од седум дена, пресметано како просек на контролниот период спомнат во член 16(б), освен ако тој има добиено согласност од работникот за вршење на таква работа;
(б) на ниту еден работник не смее да му наштетува работодавачот затоа што тој не се согласува да извршува таква работа;
(в) работодавачите водат ажурирана евиденција за сите работници кои извршуваат таква работа;
(г) евиденцијата се дава на располагање на надлежните тела, кои можат, од причини поврзани со безбедноста и/или здравјето на работниците, да ја забранат или ограничат можноста од надминување на максималните неделни работни часови.
(д) работодавачот им доставува на надлежните тела, по нивно барање, информација за случаи кога е дадена согласност од работниците за извршување работа за која е потребно подолго време од 48 часа во период од седум дена, пресметано како просек за контролниот период спомнат во член 16(б).
Советот, врз основа на предлог на Комисијата, придружен со извештај за извршена проценка, повторно ги разгледува одредбите на овој член и решава какви активности ќе преземе пред 23 ноември 2003 година.
2. Земјите-членки имаат можност, во однос на примената на член 7, за користење на преодниот период за не подолго од три години, почнувајќи од 23 ноември 1996 година, под услов ако за време на преодниот период:
(а) секој работник користи тринеделен платен годишен одмор во согласност со условите за тоа право и дозволување на таквиот одмор, утврден со национален закон и/или практика; и
(б) тринеделниот платен годишен одмор не може да се замени со надомест ин лје, освен кога работниот однос е прекинат.
3. Доколку земјите-членки ја овозможат својата можност предвидена со овој член, тие веднаш ја известуваат Комисијата за тоа.
ПОГЛАВЈЕ 6 ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 23 Ниво на заштита
Без да е во спротивност со правото на земјите-членки да ги развиваат, да ги менуваат околностите, различните законодавства, регулативни или договорни одредби во полето на работното време се додека минималните услови предвидени со оваа Директива не се усогласат, спроведувањето на оваа Директива нема да има солидна основа за подобрување на општото ниво на дозволена заштита на работниците.
Член 24 Извештаи
1. Земјите-членки ги доставуваат до Комисијата текстовите на одредбите за веќе донесениот национален закон или законот кој се изработува на полето кое се регулира со оваа Директива.
2. Земјите-членки поднесуваат извештај до Комисијата на секои пет години за практичното спроведување на одредбите од оваа Директива, нагласувајќи ги гледиштата на две страни на индустрија.
Комисијата ги известува Европскиот парламент, Советот, Европскиот економско- социјален комитет и Советодавниот комитет за безбедност, хигиена и здравствена заштита на работа за тоа.
3. Комисијата доставува до Европскиот парламент, Советот и Европскиот економско – социјален комитет извештај за примената на оваа Директива, земајќи ги предвид членовите 22 и 23 и ставовите 1 и 2 од овој член на секои пет години, почнувајќи од 23 ноември 1996 година.
Член 25
Ревизија на функционирањето на одредбите во поглед на работници на рибарски бродови
Комисијата, по направените консултации со земјите-членки и управата и работниците на европско ниво, го разгледува влијанието на одредбите во поглед на работниците на рибарски бродови, а особено истражува дали овие одредби се соодветни, особено од здравствена и безбедносна гледна точка за да поднесе, доколку се јави потреба, соодветни амандмани, најдоцна до 1 август 2009 година.
Член 26
Ревизија на функционирањето на одредбите во поглед на работници коишто вршат превоз на патници
Најдоцна до 1 август 2005 год. Комисијата, по направени консултации со земјите-членки и управата и работниците на ниво на Европа, го разгледува влијанието на одредбите во поглед на работници кои вршат превоз на патници во редовни градски транспортни служби, во поглед на поднесување, доколку се јави потреба,соодветни измени за да се обезбеди доследен и соодветен пристап во овој сектор.
Член 27 Укинување
1. Директивата 93/104/ЕЗ, последно заменета со Директивата спомената во Анекс I, дел А, се укинува, без да е во спротивност со обврските на земјите- членки во поглед на крајните рокови за транспонирање утврдени во Анекс I, дел Б.
2. Упатувањата кон споменатата Директива се сметаат за упатувања кон оваа Директива и се читаат во согласност со корелативната табела утврдена во Xxxxx XX.
Член 28 Влегување во сила
Оваа Директива влегува во сила на 2 август 2004 година.
Член 29 Адресати
Оваа Директива се однесува на земјите-членки. Брисел, 4 ноември 2003 година.
За Европскиот парламент, Претседател
П. Кокс
За Советот Претседател Г. Термонти
АНЕКС I ДЕЛ А
УКИНАТАТА ДИРЕКТИВА И НЕЈЗИНИТЕ ИЗМЕНИ
Член 27)
Директива на Советот (O J L307, 13,12.1993 год.,стр.18)
Директива 2000/34/ЕЗ на Европскиот парламент
и на Советот (O J L195, 1.8.2000 год., стр.41
ДЕЛ Б
КРАЈНИ РОКОВИ ЗА ТРАНСПОЗИЦИЈА ВО НАЦИОНАЛЕН ЗАКОН
Член 27)
Директива | Крајни рокови за транспозиција |
93/104/ЕЗ | 23 ноември 1996 година |
2000/34/ЕЗ | 1 август 2003 година.(1) |
(1) 1 август 2004 година за доктори практиканти. Погледни го член 2 од Директива 2000/34/ЕЗ. |
АНЕКС II КОРЕЛАТИВНА ТАБЕЛА
Директива 2000/34/ЕЗ | Оваа Директива |
Член 1 до 5 Член 6, воведни зборови Член 6(1) Член 6(2) Член 7 Член 8, воведни зборови Член 8(1) Член 8(2) Членови 9, 10 и 11 Член 12, воведни зборови Член 12(1) Член 12(2) Членови 13, 14 и 15 Член 16,воведни зборови Член 16(1) Член 16(2) Член 16(3) Член 17(1) Член 17(2),воведни зборови Член 17(2)(1) Член 17(2)(2) Член 17(2)(3) | Член 1 до 5 Член 6, воведни зборови Член 6(а) Член 6(б) Член 7 Член 8,воведни зборови Член 8(а) Член 8(б) Членови 9, 10 и 11 Член 12, воведни зборови Член 12(а) Член 12(б) Членови 13, 14 и 15 Член 16,воведни зборови Член 16(а) Член 16(б) Член 16(в) Член 17(1) Член 17(2) Член 17( а) до д) Член 17(ѓ) до (е) Член 17(4) |
Член 17(2)(4) Член 17(3) Член 17(4) Член 17 а(1) Член 17 а(2) Член 17 а(а) Член 17 а(4) Член 17 б(1) Член 17 б(2) Член 17 б(3) Член 17 б(4) Член 17 б(5) Член 17 б(6) Член 17 б(7) Член 17 б(8) Член 18(1)(а) Член 18(1)(б)(i) Член 18(б)(ii) Член 18(1)(в) Член 18(2) Член 18(3) Член 18(4) Член 18(5) Член 18(6) ⎯ | Член 16(5) Член 18 Член 19 Член 20(1), прв пот став Член 20(1), втор пот став Член 20(2) Член 20(3) Член 21(1), прв пот став Член 21(1), втор потстав Член 21(2) Член 21(30 Член 21(4) Член 21(5) Член 21(6) Член 21(7) ⎯ Член 22(1) Член 22(2) Член 22(3) ⎯ Член 23 Член 24(1) Член 24(2) Член 24(3) Член 25(1) |
⎯ | Член 26(2) |
⎯ | Член 27 |
⎯ | Член 28 |
Член 19 | Член 29 |
⎯ | Xxxxx X |
⎯ | Xxxxx XX |
(1) Директива 2000/34/ЕЗ, Член 3 (2) Директива 2000/34/ЕЗ, Член 4 |