Contract
Врз основа на член 203 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,
27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), а во врска со член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија, („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 154/23), Министерството за одбрана и Независниот синдикат на одбраната, склучија
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА
(Службен весник бр. 36/2024)
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој колективен договор се уредуваат, односно доуредуваат правата и обврските од работен однос на вработените во Министерството за одбрана (во натамошниот текст: Министерството) и Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Армијата), од една страна и Министерството како работодавец од друга страна, како и условите и начинот на остварување на правата и обврските од работниот однос или во врска со работниот однос.
Член 2
Работодавач во смисла на овој колективен договор е Министерството, претставувано од министерот за одбрана (во натамошниот текст: министерот).
Член 3
Вработен во смисла на овој колективен договор е: секое лице кое заснова работен однос на неопределено или определено работно време, со полно, со пократко од полното и со скратено работно време врз основа на склучен договор за вработување или решение за вработување со Министерството.
Член 4
Синдикатот е самостојна, демократска и независна организација на вработените во која доброволно се здружуваат заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси.
Репрезентативен синдикат, во смисла на овој колективен договор, е Независниот синдикат на одбраната (во натамошниот текст: репрезентативен синдикат), претставуван од претседателот и неговите овластени претставници.
На колективниот договор со изјава може дополнително да му пристапат и други синдикати и синдикални организации кои се во рамките на министерството, и истите може да бидат страна на овој колективнен договор.
Изјавата за пристапување кон колективниот договор мора да се достави до сите страни кои го склучиле колективниот договор и до лицата кои дополнително му пристапиле на колективниот договор.
Член 5
Со овој колективен договор можат да се утврдат одделни права кои за вработените се поповолни од правата утврдени со соодветните законски и подзаконски прописи со кои се уредуваат односно доуредуваат правата и обврските на вработените и Општиот колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/23).
Одредбите на овој колективен договор непосредно се применуваат и се задолжителни за работодавачот и за сите вработени во Министерството и Армијата.
Член 6
За прашањата кои не се уредени со овој колективен договор, се применуваaт соодветните законски, подзаконски прописи и Општиот колективен договор за јавниот сектор.
II. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС
1. Услови, начин и постапка за засновање на работен однос Член 7
За потребата од прием на нови вработени одлучува министерот во согласност со Правилникот за внатрешна организација на Министерството, Правилникот за систематизација на работните места во Министерството и Актот за формација на Армијата.
Член 8
Условите, начинот и постапката за засновање на работен однос во Министерството, начинот и постапката за избор на лица кои засноваат работен однос, склучувањето на договор за вработување, правата, обврските и одговорностите што произлегуваат од работниот однос на вработените во Министерството, содржината на договорот за вработување и други прашања од работните односи или во врска со работните односи, се уредени и се остваруваат во согласност со соодветните закони и подзаконски прописи и други акти.
Член 9
По завршување на постапката за избор, министерот склучува Договор за вработување со избраното лице, односно донесува Решение за вработување за избраното лице.
Договорот од ставот 1 на овој член, се склучува во писмена форма.
Со потпишувањето на договорот од ставот 1 на овој член, се заснова работен однос меѓу вработениот и работодававачот.
Член 10
Како оправдани причини за недоаѓање на вработениот на работното место на денот определен во Договорот/ Решението, односно датумот на потпишување на Договорот, се сметаат:
- болест на вработениот;
- смртен случај на член на потесно семејство;
- елементарна непогода (пожар, поплава, земјотрес и сл.) и
- други случаи од објективна природа утврдени во Договорот.
Известувањето за недоаѓање на работното место, во случаите од ставот 1 на овој член може да биде усно, писмено, електронски или со СМС порака, во рок од 24 часа од моментот на настанување на оправданата причина.
2. Распоредување на вработените Член 11
Вработениот кој засновал работен однос во Министерството на неопределено или определено време, работи на работно место за кое засновал работен однос.
Вработен во Министерството и Армијата може да биде распореден/преместен/поставен/упатен на друго работно место/должност само ако се исполнети следните услови:
- Работно место/должноста на кое се распоредува/преместува/поставува/упатува да е предвидено во Правилникот за внатрешна организација на Министерството, Правилникот за систематизација на работните места во Министерството и Актот за формација на Армијата;
- работното место/должноста на кое се распоредува/преместува/поставува/упатува да е слободно или времено непополнето;
- вработениот да ги исполнува пропишаните услови за работното место/должноста на кое се распоредува/преместува/поставува/упатува;
- другото работно место/должност на кое се распоредува/преместува/поставува/упатува вработениот, да биде на исто ниво, иста категорија како што било работното место/должноста од кое се распоредува/преместува/поставува/упатува;
- за работното место/должноста на кое се распоредува/преместува/ поставува/упатува вработениот да е утврдена основна плата што е еднаква со основната плата од работното место од кое се распоредува/преместува/ поставува/упатува;
- кога се вршат промени во организациската структура на Министерството и Армијата;
- кога се вршат промени во однос на бројот на работните места во Правилникот за систематизација на работните места во Министерството и Актот за формација на Армијата.
Вработениот кој не е на служба во Армијата може да се распореди на друго работно место кое е надвор од неговото место на живеење или престојување, само со негова писмена изјава за согласност.
Член 12
Во текот на траењето на работниот однос, вработениот може покрај работите и задачите од неговото работно место, да извршува и други работни задачи од друго работно место или да врши дополнителен работен ангажман со решение на министерот или од него овластено лице, за вработените во Армијата согласно Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, за што на вработениот му следува додаток на плата во висина од 10 % од неговата основна плата.
На вработениот кој е ангажиран во комисии, работни групи и други работни тела формирани за потребите на Министерството и Армијата, со решение на министерот или наредба на началникот на Генералштабот на Армијата му следува додаток на плата во висина од 10 % од неговата основна плата.
Правото од ставот 2 на овој член, се стекнува освен ако истото со посебен закон не е регулирано.
Член 13
Во текот на траењето на работниот однос, вработениот е должен да врши и други работи и задачи различни од работите и задачите кои ги врши на местото на кое е распореден/поставен, а кои се во рамките на неговиот степен на образование, односно стручна подготовка, во случаите особено:
- кога треба да се замени привремено отсутен вработен;
- кога е зголемен обемот на работа;
- ако на работното место на кое работи е намален обемот на работа;
- во случај на давање стручна помош во извршување на работи и задачи на друг вработен и
- во случај на елементарна непогода која се случила или непосредно се заканува.
Во случаите од ставот 1 алинеи 2, 3, 4 и 5 на овој член, вработениот е должен да ги врши работите и задачите додека траат причините.
Член 14
Вработениот може да биде распореден на друго работно место доколку се исполнети условите од членот 11 од овој колективен договор и во случај кога со акт на надлежна здравствена комисија е утврдено дека е неспособен за вршење на работите и задачите од работното место на кое е распореден, заради нарушена психофизичка или општа
здравствена способност, која настапила како последица од повреда при работа или професионална болест.
Во случаите од ставот 1 на овој член, вработениот ги задржува сите права од работен однос од работното место на кое работел пред распоредувањето.
Член 15
Вработениот не може да биде распореден/преместен/поставен/упатен на друго работно место за време на отсуство од работа поради болест, професионално заболување или повреда, бременост, раѓање и родителство, како и во случаите кога користи платено и неплатено отсуство од работа во согласност со закон.
Член 16
Во согласност со закон, решение за распоредување на вработен во Министерството, донесува министерот или од него овластено лице.
Во решението од ставот 1 на овој член, во согласност со закон, вработениот има право на приговор до надлежен второстепен орган утврден со закон, во рок од осум дена од денот на приемот на истото.
III. ПРАВА НА ВРАБОТЕНИТЕ И НИВНАТА ПОЛОЖБА
1. Работно време Член 17
Работното време на вработените во Министерството изнесува 40 часа во работна недела (полно работно време).
Работната недела, по правило, трае пет работни дена.
Работното време може да трае и подолго од 40 часа во работната недела, во случаи и под услови утврдени во соодветните закони и подзаконски прописи.
За работа подолга од 40 часа во работната недела, во согласност со закон, одлучува министерот или од него овластено лице.
Член 18
Во Министерството може да се воведе работно време пократко од 40 часа во работната недела, но не помалку од 36 часа неделно под услови и на начин утврден во соодветните закони и подзаконски прописи.
Правата на вработените од ставот 1 на овој член, се изедначени со правата на вработените кои работат 40 часа во работната недела.
Член 19
Во зависност од природата и карактерот на работите и потребите на Министерството, во одделни организациски единици во Министерството кои ги определува министерот или од него овластено лице, работата може да се врши во смени и трае непрекинато.
Во случаите кога работата се врши во смени, ноќно време, вработениот може да работи во ноќна смена, најдолго една седмица во текот на четири седмици.
Ноќно време во смисла на ставот 2 на овој член, е периодот меѓу 22:00 часот и 06:00 часот наредниот ден.
Вработениот кој одработува ноќе најмалку една третина од полното работно време од својата годишна работна обврска, има право на посебна заштита во согласност со закон.
Член 20
Работа подолга од 40 часа во работната недела и работа која се врши ноќно време, не се определува за:
- вработена - жена за време на бременост;
- вработена- жена која има дете на возраст до три години;
- вработен - родител или старател на дете со посебни потреби;
- вработен - самохран родител на дете на возраст до шест години;
- вработен повозрасен од 52 години;
- вработен на кој според наод, оценка и мислење на надлежна лекарска комисија му е утврдено дека работата во ноќно време може негативно да му влијае врз преостанатата работна способност и
- вработен кој работи со скратено работно време во согласност со прописите од областа на пензиското и инвалидското осигурување (инвалидност), прописите за од областа на здравственото осигурување (медицинска рехабилитација) или други прописи (родителски обврски).
Член 21
Работа подолга од полното работно време и работа ноќно време, по претходна писмена согласност може да врши:
- вработена - жена на дете на возраст до три години;
- вработен - родител или старател на дете со посебни потреби;
- вработен - самохран родител на дете на возраст до шест години;
- вработен повозрасен од 52 години;
- вработен со намалена работна способност.
2. Одмори и отсуства Член 22
Вработениот кој работи со полно работно време, за време на дневното работно време има право на одмор (пауза) во траење од 30 минути.
Вработениот во Министерството кој работи пократко од полното работно време, но најмалку четри часа дневно, има право на одмор (пауза) во траење од 15 минути.
Паузата може да се користи најмалку по еден час работа и најдоцна три часа пред крајот на работното време.
Времето поминато на пауза во текот на работниот ден, се засметува во работното време и за истото се исплатува плата.
Член 23
Вработениот има право на одмор меѓу два последователни работни дена, во траење од најмалку 12 часа.
Вработен има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато, а доколку поради објективни, технички, организациски и други причини е неопходно да работи на денот на својот неделен одмор, му се обезбедува таков одмор во текот на наредната работна недела.
Како ден на неделен одмор, се смета седмиот ден, недела.
Член 24
Вработениот има право на платен годишен одмор во текот на една календарска година во траење од најмалку 20, а најмногу 33 работни дена, под услови и на начин утврдени во соодветните закони и подзаконски прописи.
Член 25
Ако во календарската година во која засновал работен однос нема шест месеци работа, вработениот има право на годишен одмор во траење од по два работни дена за секој месец поминат на работа.
Доколку на вработениот му престанува работниот однос, а нема шест месеци работа во Министерството и во моментот на престанокот на работниот однос не го искористил годишниот одмор, има право на годишен одмор во траење од по два работни дена за секој месец поминат на работа.
Постар и повозрасен работник согласно со закон, инвалид со телесно оштетување со најмалку 60% и работник кој чува и негува дете со посебни потреби, има право на уште три работни дена годишен одмор.
Вработен кој за прв пат заснова работен однос на неопределено или определено време, со право на цел годишен одмор се стекнува по остварена непрекината работа од најмалку шест месеци.
Вработениот кој претходно работел кај друг работодавач, со доставување на потврда за неискористен годишен одмор од претходниот работодавач, има право на користење на деновите за годишен одмор.
Член 26
Во денови на платен годишен одмор не се пресметуваат:
- неработните денови - сабота и недела;
- празниците и неработните денови утврдени со закон;
- слободните денови;
- отсуството од работа поради боледување x
- други случаи на оправдано отсуство од работа во согласност со закон.
Член 27
Годишниот одмор, по правило, се користи во текот на календарската година. Годишниот одмор може да се користи во повеќе делови во договор со работодавецот,
со тоа што еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.
Работодавачот е должен на вработениот да му обезбеди искористување најмалку на 10 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни наредната година.
Годишниот одмор кој не бил искористен во тековната календарска година заради отсуство од работа поради боледување, повреда, породилно отсуство, отсуство заради нега и чување на дете, упатување на стручно оспособување и усовршување за потребите на Министерството или поради потреба на работниот процес односно службата, вработениот има право да го искористи најдоцна до 30 јуни во наредната календарска година.
Член 28
Вработениот кој по потреба на службата е упатен за учество на вежби, обука, во хуманитарни и меѓународни операции, во мисии и операции на НАТО и во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, како и за вршење на должности во командните структури на НАТО, дипломатските претставништва на Републиката, команди, штабови и воени единици на меѓународни организации во странство и на територијата на Републиката, а кој од објективни причини без своја вина не го искористил годишниот одмор, има право да го искористи годишниот одмор до крајот на наредната календарска година.
Член 29
Вработениот на кој работниот однос му престанува поради исполнување на услови за стекнување на пензија по негово писмено барање, има право на користење на годишниот одмор пред престанокот на работниот однос по овој основ.
Член 30
Минималната должина на годишниот одмор на вработениот утврдена во членот 24 од овој колективен договор се зголемува врз основа на следните критериуми:
а) должина на пензискиот стаж;
б) сложеност на работата на работното место; в) услови за работа x
г) здравствена состојба на вработениот.
а) По основ на должината на пензискиот стаж, на вработениот му припаѓа годишен одмор и тоа:
- од 1-10 години еден работен ден;
- од 10-20 години два работни xxxx;
- од 20-25 години три работни xxxx и
- преку 25 години пет работни дена.
б) По основ на сложеноста на работата на работното место со:
- средно образование три работни дена;
- воена академија и друго високо образование четири работни дена и
- работи од КША, ШНО, VII/2 и VIII степен сложеност. пет работни дена.
в) По основ на услови за работа:
- за работа во трупа два работни xxxx;
- за работни места штетни по живот и здравје четири работни дена и
- за работни места кои имаат додаток на плата за специфична воена служба четири работни дена.
г) По основ на здравствена состојба:
- за вработен со намалена работна способност еден работен ден.
Член 31
Ако при пресметката на работните денови за користење на годишниот одмор, вкупниот збир по сите основи го надминува максимумот утврден во членот 24 од овој колективен договор, вработениот има право на годишен одмор во траење од 33 работни дена.
Член 32
На вработениот не може да му се ускрати правото на користење на годишен одмор.
Вработениот има право на два дена од годишниот одмор да ги користи по сопствено барање во денови кои што самиот ќе ги определи, за што е должен писмено да го извести непосредно претпоставениот.
Работодавачот е должен да го уважи барањето на вработениот, освен во случаи кога ќе оцени дека отсуството на вработениот посериозно ќе го загрози работниот процес.
Член 33
Кога потребата на службата, односно работата не дозволува користење на годишен одмор во времето кога на вработениот му било одобрено негово користење, на вработениот може да му се прекине, односно одложи користењето на годишниот одмор, под услови и на начин утврден со соодветен закон.
Во случаите од ставот 1 на овој член, по негово писмено барање, вработениот има право да го користи годишниот одмор веднаш по престанокот на причините за тоа или истиот да го искористи најдоцна до 30 јуни во наредната календарска година.
По исклучок од ставот 2 на овој член, односно во случај кога нема можност вработениот да го искористи годишниот одмор, вработениот има право на обесштетување сразмерно на неискористените денови на годишниот одмор, каде како основица за пресметка на истото се зема последната негова исплатена плата по решение.
Член 34
Кога поради потреба на службата, односно работата, на вработениот му е прекинат годишниот одмор, а тој започнал да го користи, по негово писмено барање, му се надоместуваат патните трошоци за враќање и хотелските трошоци (уплати) за преостанатите неискористени денови од годишниот одмор, за што е должен да приложи соодветни документи (патна исправа, хотелски сметки, договор со туристичка агенција, карта за превоз и други документи) од кои може да се утврди фактичката состојба.
Кога поради потреба на службата, односно работата, на вработениот му е одложен годишниот одмор, Министерството е должно да му ги надомести настанатите трошоци, за што е должен да приложи соодветни документи (хотелска резервација, договор со туристичка агенција, карта за превоз и други документи), од кои може да се утврди фактичката состојба.
Член 35
За прекинувањето, односно одложувањето на користење на годишниот одмор, вработениот се известува писмено, најдоцна два дена пред денот на прекинувањето, односно одложувањето на користење на годишниот одмор.
Во итни случаи или во случај кога од објективни причини нема можности за писмено известување, вработениот може да биде известен и на друг начин (усно, по телефон, по електронска пошта, СМС порака и други расположливи начини на известување).
Во случаите од ставот 2 на овој член, по создавање на услови, на вработениот му се доставува писмено известување за прекинувањето, односно одложувањето на користење на годишниот одмор.
Член 36
По добиено писмено, односно усно известување за прекинувањето, односно одложувањето на користење на годишниот одмор, вработениот е должен да се јави на работа во утврдениот термин, но не подоцна од 24 часа од рокот определен за враќање на работа.
Член 37
За распоредот за користење на годишен одмор на вработените, се донесува план кој го утврдува раководителот на организациската единица во Министерството, а во Армијата, надлежен воен старешина во согласност со Законот за служба во Армијата, до крајот на календарската година за наредната година, со кој треба да се обезбеди непречено континуирано извршување на работата во Министерството и во Армијата, при што треба да се земат предвид и можностите да се задоволат и барањата на вработените за терминот на користење на годишниот одмор.
Член 38
За правото на користење на платен годишен одмор министерот, началникот на Генералштабот на Армијата или овластено лице односно надлежниот старешина донесува решение.
Решението за користење на годишен одмор се доставува до вработениот најдоцна пред денот на користење на годишниот одмор.
Член 39
На вработениот кој учествувал во хуманитарни и меѓународни операции, во НАТО мисии и операции во времетраење од шест месеци или подолго, по враќањето, Министерството е должно да спроведе лекарски преглед, програма за психолошка поддршка и дебрифинг. Начинот за реализација на овој процес се регулира со посебен правилник кој го донесува министерот.
По завршување на овој процес, вработениот има право на отсуство од работа со надомест на плата, во траење од десет работни дена.
Член 40
Вработен кој е избран за член на спортска државна репрезентација, има право на платено отсуство од работа во траење од 90 работни дена во текот на една календарска година за подготовки и 30 работни дена за учество на олимписки игри и на светски и европски првенства.
Правото од ставот 1 на овој член, се остварува по барање на вработениот, а по претходно приложена соодветна документација, односно докази за членство во спортска или државна репрезентација издадени од надлежен орган.
Член 41
Вработениот има право на отсуство од работа со надомест на плата, во согласност со соодветните закони и подзаконски прописи.
Член 42
Отсуство од работа со надомест на плата во текот на една календарска година му припаѓа на вработениот особено во случаите:
- за стапување во брак три работни дена;
- за стапување во брак на деца два работни xxxx;
- за развод на брак три работни xxxx;
- за раѓање/посвојување на дете пет работни дена;
- за смрт на сопружник или дете пет работни xxxx;
- за смрт на родител, брат/сестра пет работни xxxx;
- за смрт на родител на сопружник два работни xxxx;
- за смрт на дедо/баба еден работен ден;
- за полагање на стручен или друг испит за потребите на Министерството и Армијата пет работни дена;
- за одбрана на докторат, магистратура или полагање на правосуден испит. пет работни дена;
- за полагање на поединечен испит еден работен ден;
- за селидба на семејството во исто населено место два работни дена;
- за селидба на семејството од едно во друго место три работни xxxx;
- за елементарни непогоди три работни дена;
- прв училишен ден на прваче еден работен ден;
- за учество во спортски, културни и други манифестации кога го претставува Министерството три работни дена;
- за други оправдани случаи еден работен ден.
Отсуството од работа од ставот 1 на овој член, се користи во деновите на траење на основот и не може да се ускрати од страна на работодавачот.
Отсуството од работа од ставот 1 на овој член, не може да се користи повеќе од седум работни дена во текот на една календарска година.
Отсуството од работа од ставот 1 на овој член, може да се одобри повеќе пати, со тоа што времето поминато на отсуство преку седум работни дена во текот на една календарска година по писмено барање на вработениот, се смета во годишен одмор, освен ако отсуството е одобрено поради раѓање/посвојување на дете и смрт на сопружник, дете, родител, брат или сестра.
Член 43
На вработените во Министерството и Армијата заради неопходни потреби на нивно барање, може да им се одобри неплатено отсуство, најмногу до 90 дена во текот на една календарска година.
За правото од ставот 1 на овој член, со решение одлучува министерот или од него овластено лице, односно надлежен воен старешина во согласност со закон, најдоцна во рок од пет дена сметано од денот на поднесување на барањето, односно во истиот ден кога барањето е поднесно поради итност.
Член 44
За време на неплатеното отсуство од работа на вработениот му мируваат правата и обврските од работниот однос.
Член 45
На вработениот му мируваат правата и обврските од работниот однос, во случаи, под услови и на начин утврдени со соодветните закони и подзаконски прописи.
Вработениот е должен да се врати на работа на денот утврден во решението од членот 43 од овој колективен договор.
3. Право на мајката доилка Член 47
Вработена која го дои детето и по изминувањето на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, ќе започне да работи со полно работно време, има право на платена пауза во текот на работното време, во траење од еден и пол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза. Ова право вработената го остварува до наполнети 15 месеци возраст на детето.
За остварување на правото од ставот 1 на овој член, вработената поднесува писмено барање.
4. Безбедност и здравје при работа Член 48
Министерството има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работата на вработените во согласност со закон, заради што во рамките на своите надлежности презема соодветни мерки неопходни за нивна безбедност и здравје при работа.
Мерките за безбедност и здравје при работа опфаќаат особено: заштита од професионални ризици, обезбедување информации, обука и едукација, обезбедување потребни средства и услови неопходни за безбедност и здравје на вработените и други мерки со кои се подобруваат условите за работа и се штити здравјето на вработениот.
Член 49
Мерките за безбедност и здравје при работа, опремата и облеката за заштита на вработените при работа и начинот на нејзината употреба, се уредуваат со Правилник кој го донесува министерот за одбрана во соработка со репрезентативниот синдикат.
Член 50
Мерките за безбедност и здравје при работа се обезбедуваат особено преку:
- назначување на стручни лица за безбедност и здравје при работа;
- обука на стручните лица за безбедност и здравје при работа;
- обука на вработените за безбедно извршување на работата;
- обезбедување опрема за лична заштита и едукација за нејзина употреба;
- редовно следење на здравствената состојба на вработените;
- задолжителни годишни здравствени прегледи и
- други мерки утврдени со законски и подзаконски прописи и акти.
Вработениот се упатува на задолжителен лекарски преглед пред надлежна комисија во согласност со закон, заради оценка на работната способност во случај на привремена спреченост односно неспособност за работа, подолго од три месеци непрекинато или шест месеци со прекин.
Во случаите од ставот 1 на овој член, трошоците за лекарскиот преглед се на товар на Министерството.
Член 52
Вработениот е должен да ги користи опремата и личните заштитни средства за работа, да се придржува кон мерките за заштита при работа, правилата и упатствата донесени во Министерството и Армијата, заради обезбедување на својот живот и здравје и здравјето на другите вработени и на граѓаните.
Член 53
Репрезентативниот синдикат преку свој претставник покренува постапка пред надлежните органи во Министерството, за обезбедување услови за реализација на пропишаните мерки за безбедност и здравје при работа на вработените.
5. Други видови посебна заштита Член 54
Синдикатите преку свои претставници се грижат за имплементација и спроведување на мерките за заштита на вработените од дискриминација, вознемирување, полово вознемирување и психичко вознемирување (мобинг) на работно место.
Член 55
При водење дисциплинска постапка против вработениот доколку е член на синдикат, потребно е комисијата за водење на дисциплинска постапка да побара мислење од синдикалниот претставник на синдикалната организациска единица на којашто вработениот припаѓа.
Член 56
Вработениот има право и на други видови посебна заштита за случаите, под услови и на начин утврдени во соодветните закони, подзаконски прописи и други акти.
Член 57
Посебна заштита на вработените се обезбедува особено заради:
- заштита на вработена - жена поради бременост и родителство;
- потреба од родителство на татко или посвоител на дете;
- заштита на вработен - инвалид, односно вработен неспособен за вршење на работите и задачите од работното место на кое е распореден и
- заштита на вработени повозрасни од 52 години.
6. Правна помош Член 58
Ако против вработениот се води кривична, прекршочна или друга постапка поради употреба на присилба или огнено оружје или поради други интервенции во врска со вршење на работата, како и за учество во сообраќајна незгода со моторно возило или незгода причинета со друг вид воено техничко средство при вршење на работата, Министерството е должно да му обезбеди бесплатна правна помош во врска со водењето на постапката.
III. ОСИГУРУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Член 59
Министерството е должно да ги осигура вработените во случај на смрт, повреда и телесно оштетување и губeње на работната способност.
Осигурувањето се врши по категории, според видот на работите, односно должностите и условите под кои тие се вршат и истото трае 24 часа.
Во постапката за изработка на спецификацијата за осигурување на вработените, учествува и претставник на репрезентативниот синдикат во делот на утврдување на критериумите, основите и условите за осигурување на вработените.
IV. ПЛАТА, ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ ПРИМАЊА
Член 60
Вработениот има право на плата, додатоци на плата и надоместоци на плата под услови и критериуми утврдени во соодветните закони и подзаконски прописи, Општиот колективен договор од јавниот сектор и други соодветни прописи.
Платата и надоместоците на плата се обезбедуваат од Буџетот на Министерството.
Платата се исплатува во паричен износ еднаш месечно, најдоцна до 15-ти во наредниот месец.
Платата се пресметува во бруто, а се исплатува во нето износ.
Придонесите и даноците на платата на вработениот ги плаќа Министерството со исплата на платата во согласност со закон.
Министерството води евиденција на платите, додатоците на плата, надоместоците на платите, другите надоместоци и исплатените придонеси и даноци за нив и за секој месец на вработениот му издава пресметковен лист.
Поединечниот износ на утврдената и исплатена плата на вработениот по правило, немаат јавен карактер, освен во случаи утврдени со закон.
Член 61
Платата може да биде искажана во износ, бодови и процент. Платата се пресметува согласно позитивните законски прописи.
Вредноста на бодовите за плата се утврдува согласно закон, одлуки на Влада или решенија за утврдување на вредноста на бодовите.
Вредноста на бодовите кои се утврдуваат со решение на министерот, се донесуваат во договор со репрезентативниот синдикат.
Член 62
Министерството и Армијата активно го вклучуваат Репрезентативниот синдикат во процесот на подготвување на закони, подзаконски прописи и други акти кои се однесуваат на плата, додатоци на плата и други надоместоци.
Член 63
Платата на вработениот во Министерството за полно работно време не може да биде пониска од минималната плата утврдена според закон.
Министерството е должно на вработениот да му ја исплати платата од ставот 1 на овој член.
Член 64
Најниска плата на вработениот се утврдува согласно Законот за минимална плата, од средствата обезбедени во Буџетот на Република Северна Македонија.
Член 65
Платата на вработените се состои од основна плата, додатоци на плата и надоместоци на плата.
На вработените во Министерството и Армијата им се утврдува додаток на плата за посебен степен на образование кој се вреднува во бодови, за:
- школа за национална одбрана 150 бодови;
- докторат на науки 150 бодови;
- специјализација во здравствена дејност 120 бода;
- специјализација за командно штабни должности 120 бодови;
- магистратура (300 ЕКТС). 120 бодови;
- положен правосуден испит. 120 бодови;
- подофицерска академија 80 бодови x
- висока школа за подофицери 50 бодови.
На вработен во Министерството кој има положено правосуден испит и кој го застапува Министерството пред судовите, нотарите, медијаторите и извршителите, врз основа на генерално полномошно за застапување дадено од страна на Државното
правобранителство на Република Северна Македонија му се исплатува дополнителен додаток на плата од 20 бода.
Додатоците на плата од ставот 2 на овој член, меѓусебно се исклучуваат.
Додатокот на плата од ставот 3 на овој член, меѓусебно не се исклучува со додатокот на плата од ставот 2 алинеја 6 на овој член.
Вредноста на бодот за посебен степен на образование согласно овој член, ја утврдува министерот со донесување на посебно решение за вредноста на бодот, утврден во договор со репрезентативниот синдикат.
Вработените, правото од ставот 2 на овој член, го остваруваат без оглед дали посебниот степен за образование е утврден за работното местото во систаматизацијата/формацијата.
Член 66
Додатоци на платата се определуваат и за посебни услови при работа кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за:
- работа подолга од полното работно време (прекувремена работа);
- работа ноќе;
- работа во смени, односно турнус;
- работа на ден на неделен одмор;
- работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон и
- додаток за работен стаж.
Пресметување и исплата на платата, додатоците на плата и другите надоместоци на вработените во Министерството и Армијата се врши според висината, мерилата и критериумите и на начин утврден во согласност со соодветните законски прописи.
Член 67
Основната плата на вработениот по час се зголемува за:
- работа подолго од полното работно време (прекувремена работа) 35%;
- работа ноќе 35%;
- работа во смени, односно турнус 5% и
- работа во ден на неделен одмор, ден недела 50%.
За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, вработениот има право на надоместок на плата што му припаѓа во тие денови кога не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.
Додатоците на платата од ставовите 1 и 2 на овој член, меѓусебно не се исклучуваат. За извршените работи од ставот 1 на овој член, се води евиденција.
Вработениот кој во текот на месецот остварил повеќе од 32 работни часови прекувремена работа, или на годишно ниво повеќе од 384 часа прекувремена работа, истите задолжително му се заменуваат со слободни денови согласно динамичкиот план за користење на слободни денови од непосредно претпоставениот.
Под работа во турнус – сменска работа се подразбира работа во смени и тоа: прва смена, втора смена и трета смена, додека турнусот се пресметува на часовите поминати во втора и трета смена.
Член 68
На вработениот кој работел 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач во кои не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.
Член 69
Основната плата на вработениот се зголемува за 0,5% за секоја навршена година работен стаж, а најмногу за 20%.
Член 70
Вработен со намалена работна способност (инвалид), може да биде распореден/ поставен/упатен на друго работно место кое е по поволно за неговата здравствена состојба, но не може да прима плата помала од платата која ја примал пред распоредувањето/поставувањето/упатувањето.
Член 71
Вработен кој има пет години до остварување на право на пензија согласно закон, не може да биде распореден/поставен/упатен на работно место или должност за кое е утврдена помала плата, додатоци на плата и други надоместоци кои ги имал на работното место пред распоредувањето/поставувањето/упатувањето, освен во случај на измени на систематизацијата односно формацијата со која му се укинува работното место.
Член 72
На вработениот му се исплатува надоместок на плата за:
- годишен одмор;
- време на привремена неспособност за работа (боледување);
- бременост, раѓање и мајчинство;
- нега на дете;
- јавување на покани на судски и други органи;
- денови на празници и неработни денови утврдени со закон;
- преквалификација и доквалификација во согласност со закон;
- стручно оспособување и усовршување за потребите на Министерството;
- учество на спортски натпревари организирани од синдикатот;
- учество на спортски натпревари од репрезентативен карактер во состав на државна репрезентација;
- учество на состаноци, семинари, конгреси, работилници и слично, организирани од синдикат и
- во други случаи утврдени со закон.
Член 73
Надоместокот на плата за време на користење на годишен одмор, се исплатува во висина на платата и додатоците на платата која вработениот би ја примил во тековниот месец кога би бил на работа.
Член 74
Надоместокот на плата за вработените во Министерството и Aрмијата за време на привремена спреченост за работа, повреда на работа, болест или професионално заболување до и над 30 дена изнесува 100% од висината на платата одредена со решение за плата која вработениот ја земал во месецот пред привремената спреченост за работа и истиот се исплатува од буџетот на Министерството.
Член 75
На вработените во Министерството и Армијата им се надоместуваат трошоците направени при користење на здравствени услуги во Јавните здравствени установи и Приватните здравствени установи кои имаат договор за соработка со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и им се надоместуваат трошоците за плаќање на лекови кои се наоѓаат на листата на лекови што со општ акт ја утврдува Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на кој Министерот за здравство дава согласност.
Надоместокот на трошоците од ставот 1 на овој член, подразбира обезбедување на основни здравствени услуги опфатени со задолжително здравствено осигурување на осигурените лица во примарната, специјалистичко консултативната и болничката здравствена заштита, во согласност со закон.
Надоместокот на трошоците од ставовите 1 и 2 од овој член, се врши по претходно уредно приложена документација за направените трошоци издадена од здравствена установа.
Надоместокот на трошоците од ставовите 1, 2 и 3 на овој член, ќе се пресметува врз основа на цени на здравствените услуги кои ги утврдува Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, регулирани со соодветни одлуки.
Член 76
За деновите на учество на состаноци, спортски натпревари, семинари, конгреси, работилници и слично, организирани од синдикати или од синдикални конфедерации и организации на државно и меѓународно ниво од повисок ранг, вработениот има право на надоместок на плата како да бил на работа.
Вработениот должен е да го извести својот претпоставен за активностите од ставот 1 на овој член, со доставување на соодветен документ (покана, решение и слично) издаден од страна на синдикат.
Со доставувањето на соодветниот документ, вработениот се ослободува од извршување на работните обврски.
Член 77
Вработениот има право на надоместоци и трошоци поврзани со работата, а особено:
- патни, дневни и други трошоци за службени патувања во земјата и во странство;
- трошоци за користење возило во лична сопственост за службени цели;
- трошоци за одвоен живот од семејството;
- трошоци за семејството на работникот во случај на негова смрт;
- парична помош во случај на смрт на член на потесно семејство (родител, брачен другар, деца родени во брак или вон брак, xxxxxxxx, посвоени деца и деца земени на издржување);
- во случај на потешки последици од елементарни непогоди;
- трошоци при селидба за службени потреби (селидбени трошоци);
- трошоци за превоз;
- трошоци за исхрана;
- вршење служба на дежурство, стражарска служба и служба на посебни воени објекти;
- за време поминато во трупно патување и служба под посебни услови;
- за непрекинато боледување подолго од шест месеци;
- испратнина при одење во пензија;
- јубилејна награда;
- надоместок за станбено обезбедување,
- надоместок на трошоци за издавање на безбедносен сертификат, и
- други надоместоци во согласност со закон.
Член 78
На вработените им се исплатува надоместок на трошоци за станбено обезбедување.
Надоместокот на трошоците за станбено обезбедување е во висина од 30% од просечната месечна нето плата по вработен во Републиката исплатена во претходните три месеци.
По исклучок на ставот 1 на овој член, лицата кои веќе имаат обезбедено станбено прашање со станови кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешната ЈНА, не остваруваат право на надоместок на трошоци за станбено обезбедување.
Надоместокот на трошоци за одвоен живот и надоместокот на трошоци за станбено обезбедување, меѓусебно се исклучуваат.
За време на службено патување во земјата на вработениот му се надоместуваат трошоците за дневница и за превоз, во согласност со закон и подзаконски акт.
Надоместокот за дневница за службено патување во Републиката, се утврдува во висина определена во Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија.
Член 80
Дневницата се пресметува од часот на тргнување на вработениот на службено патување, до часот на враќањето, со превозно средство и тоа:
- цела дневница доколку службеното патување траело повеќе од 12 часа и
- 50% од износот на дневницата за службено патување кое траело од 8 до 12 часа.
Ако вработениот во ист ден, дел од работното време го помине на работното место, а еден дел од работното време е на службен пат, но помалку од 8 часа, часовите поминати на службен пат над полното работно време му се сметаат за прекувремена работа.
Ако на службеното патување се покриени трошоците за исхрана и превоз, на вработениот му се исплатува 20% од дневницата.
Трошоците за ноќевање за време на службеното патување се признаваат во полн износ, согласно одобрените средства во патниот налог и според приложена сметка, освен за хотелите од „5 sвезди“ категорија.
Член 81
Под службено патување во Републиката, се подразбира патување на кое вработениот се упатува по налог на министерот или од него овластено лице, заради вршење определени службени работи надвор од местото на вршење на работите и задачите.
Во налогот од ставот 1 на овој член, се наведуваат податоци за вработениот кој се упатува на службено патување, траењето и целта на патувањето, превозно средство кое ќе се користи и други потребни податоци.
По завршувањето на службеното патување, вработениот е должен во рок од три дена да поднесе сметка за патните и други трошоци направени за време на службеното патување.
Кон сметката за патните и дневните трошоци, се приложува и патен налог за превоз, врз основа на кој се врши исплатата.
Член 82
Надоместокот на трошоците за службено патување во странство, се утврдува во согласност со прописите за издатоци за службени патувања и селидби во странство, што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци.
Ако вработениот се упатува на службено патување на кое поради итноста на извршувањето на работата, не можат да се користат средства во јавниот сообраќај или службено возило, му се признава надоместок на трошоците за користење возило во лична сопственост за службени потреби, во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, со патен налог.
Член 84
Доколку работодавачот не е во можност да им обезбеди организирана исхрана - ручек на вработените во Министерството и Армијата во текот на работното време, должен е да им исплати месечни трошоци за исхрана во висина од 15% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката исплатена во претходната година, сразмерно за деновите поминати на работа.
Член 85
На вработениот му се исплатува надоместок на трошоци за одвоен живот од семејството, во висина и под услови утврдени со закон.
Член 86
Во случај на смрт на вработениот, се исплатува еднократен паричен надоместок во согласност со закон.
Член 87
На вработениот му се исплатува парична помош во случај на смрт на член на потесно семејство (родител, брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноци, посвоени деца и деца земени на издржување), во висина утврдена со закон.
За исплата на паричната помош од ставот 1 на овој член, вработениот поднесува писмено барање.
Член 88
Во случај на потешки последици од елементарни непогоди, во согласност со закон со кој се уредува заштитата и спасувањето, на вработениот му се исплатува парична помош во висина од една последна просечна нето плата исплатена во Министерството, во согласност со закон.
Член 89
На вработениот во Министерството и Армијата може да му се обезбеди превозно средство за селидба, по писмено барање на вработениот.
На вработениот му се исплатува надоместок на трошоци при селидба (селидбени трошоци), во висина на стварните трошоци за превоз на покуќнината, доколку не може да му се обезбеди превозно средство за селидба.
На вработен во Министерството и Армијата за кој нема организиран превоз обезбеден од Министерството, му се исплатува надоместок на трошоци за превоз од местото на живеење до неговото работно место и во обратна насока во висина на трошоците за најевтино превозно средство во јавниот сообраќај, доколку далечината од местото на живеење до неговото работно место е поголема од 2,5 километри.
На вработен во Министерството и Армијата кој од местото на живеење нема организиран превоз обезбеден од Министерството, му се исплатува надоместок на трошоци за превоз од местото на живеење до местото на почетната станица на организираниот превоз, во висина на трошоците за најевтино превозно средство во јавниот сообраќај доколку далечината од местото на живеење до одредишната точка на организиран превоз, е поголема од 2.5 километри.
Вработениот на кој му се исплатува надоместок на трошоци за превоз по други законски прописи, не му следува надоместокот од ставовите 1 и 2 на овој член.
Член 91
На вработениот во случај на непрекината привремена спреченост на работа подолго од шест месеци поради болест или професионално заболување и повреда, му се исплатува еднократен паричен надоместок во висина од една последна просечна нето плата исплатена во Министерството, во согласност со закон.
На вработениот во случај на повреда и оштетување на организмот, му се исплатува еднократен паричен надоместок во висина од една до десет просечни нето плати исплатени во Министерството, за последниот месец пред настанување на повредата и оштетувањето на организмот, во согласност со закон и подзаконски пропис.
Начинот за остварување на еднократниот паричен надоместок и неговата висина поблиску се пропопишува со правилник, кој го донесува министерот за одбрана.
Паричниот надоместок за повреда н оштетување на организмот од ставот 1 на овој член, се обезбедува од средствата на Министерството.
Член 92
На вработените на кои ќе им престане работниот однос по основ на исполнување на услови за пензија согласно со закон, им се исплатува испратнина во висина од 15 плати.
Основицата за пресметка на испратнината од ставот 1 на овој член, е последната нето плата по решение на вработениот исплатена во последниот месец пред престанокот на работниот однос, но не пониска од просечната нето плата исплатена во Републиката во последните три месеци.
Доколку правото на испратнина на вработениот во Министерството и Армијата е предвидено и во други законски прописи, на вработениот му се исплаќа испратнината која што е поповолна за него.
Член 93
Јубилејните награди се исплатуваат за непрекината работа во Министерството и Армијата за најмалку 10, 15, 20, 30 и 40 години работен стаж во висина од најмалку:
- 50% од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 10 години стаж;
- 100% од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 15 години стаж, со што правото на оваа јубилејна награда се остварува исклучиво ако вработениот не остварил право на јубилејна награда за 10 години стаж согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор;
- 100% од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 20 години стаж;
- 150% од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 30 години стаж и
- 200 % од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 40 години стаж.
Основица за пресметување на за јубилејна награда е, просечна месечна нето плата по вработен во Републиката исплатена во последните 12 месеци.
Правото од овој член, го остваруваат вработените во Министерството и Армијата кои се во работен однос.
Член 94
На вработениот во Министерството и Армијата заради покажани резултати, иницијативност и особено залагање во извршување на доверените задачи, работодавачот може да му додели парична награда во износ од најмногу до две просечни нето плати исплатени во Републиката во последните три месеци.
На вработениот согласно покажаните резултати во извршување на доверените задачи, а по доставен предлог на непосредно претпоставениот, може да му се додели парична награда во износ од најмногу до две просечни месечни нето плати исплатени во Републиката во последните три месеци или да му се додели стимулативна мерка, за што одлучува министерот за одбрана или од него овластено лице.
Резултатите се следат врз основа на мерливи критериуми, и тоа:
- Стручност;
- Правовременост/ефикасност (кога ги завршил работите);
- Обем на работа/ефективност (колку задачи завршил);
- Самостојност во работењето;
- Доверливост;
- Тимска работа;
- Интердисциплинарност;
- Способност за градење на меѓучовечки односи;
- Лично усовршување;
- Работа под притисок x
- Други способности поврзани со должноста.
Начинот на следење на постигнатите резултати, доставување на предлогот и начинот на доделување на парична награда, друг вид на материјална или нематеријална награда и стимулативна мерка на вработениот во Министерството и Армијата, со правилник го утврдува министерот за одбрана.
Член 95
На вработен во Министерството му следува награда за иновации, рационализации и други видови творештво од интерес на Министерството.
Член 96
На вработените во Министерството и Армијата им следува надоместок за регрес за годишен одмор во висина од најмалку 60 % од просечната месечна нето плата исплатена во Републиката во последните три месеци, под услов вработениот да работел најмалку шест месеци во календарската година.
V. ИНФОРМИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Член 97
Министерството обезбедува информирање на вработените најмалку еднаш годишно или по потреба, за прашања од значење за нивната економска и социјална положба.
Информирањето се врши на начин соодветен на информацијата што треба да се пренесе и може да се однесува за сите или за определена група вработени, по нивно барање.
Информирањето може да биде писмено, усно, по електронски пат, на огласна табла, преку надлежен вработен, преку овластен претставник на Синдикатот или на друг начин, во зависност од информацијата која се пренесува.
Член 98
Информирање на вработените се врши особено во случаи кога:
- треба да се вршат структурни промени во Министерството и во Армијата, кои предизвикуваат изменување на Правилникот за внатрешна организација на Министерството, Правилникот за систематизација на работните места и Актот за формацијата на Армијата;
- треба да се донесат одлуки кои битно влијаат врз економската и социјалната положба на вработените;
- треба да се информираат вработените за синдикалните активности и
- во други случаи кога ќе се оцени потреба за информирање на вработените.
Член 99
Информирањето на вработените треба да биде благовремено, објективно и целосно, со цел доставената информација да му биде достапна на секој вработен.
VI. МАТЕРИЈАЛНА ОДГОВОРНОСТ, ОДНОСНО НАДОМЕСТ
НА ШТЕТА
Член 100
Вработениот е должен работите и задачите од работното место да ги извршува навремено и квалитетно, во текот на работата да ги почитува правилата и прописите и да се придржува кон нив, да ги чува средствата за работа и со нив одговорно да ракува и да постапува.
Член 101
Ако вработениот во врска со вршењето на работата, односно во врска со работата, со намера, крајно невнимание или тешка небрежност предизвика штета на средствата на Министерството и Армијата, должен е да ја надомести.
Ако штетата ја предизвикале повеќе вработени, секој вработен е одговорен за предизвиканата штета.
Ако за секој вработен поединечно не може да се утврди делот од штетата што ја предизвикал, се смета дека сите вработени се подеднакво одговорни и штетата ја надоместуваат во еднакви делови.
Ако повеќе вработени предизвикале штета, за штетата одговараат солидарно.
Член 102
Секој вработен има право и должност да пријави причинета штета.
Вработениот ја пријавува штетата до раководителот на организациската единица на Министерството во која работи, а во Армијата до надлежен воен старешина во согласност со Законот за служба во Армијата.
Пријавата за штета содржи:
- лично име на вработениот кој ја предизвикал штетата;
- податоци за штетата и
- докази.
Член 103
Постапката за надомест на штета се поведува со барање за поведување постапка за надомест на штета (во натамошниот текст: барање за надомест за штета).
Барањето за надомест на штета, го поднесува раководителот на организациската единица на Министерството во која вработениот работи или бил распореден во моментот на предизвикувањето на штетата, а во Армијата надлежниот воен старешина согласно Законот за служба во Армијата.
Барањето за надомест на штета, содржи:
- лично име на вработениот кој ја предизвикал штетата;
- време, место и начин на сторување на штетата;
- околности под кои е предизвикана штетата и
- други податоци во врска со предизвиканата штета.
Член 104
Барањето за надомест на штета се доставува до организациската единица надлежна за управување со човечки ресурси во Министерството.
Раководителот на организациската единица надлежна за управување со човечки ресурси во Министерството, барањето за надомест на штета го доставува до вработениот против кого се поведува постапка за надомест на штета и до Комисијата за утврдување на материјална одговорност формирана со решение на министерот за одбрана или од него овластено лице.
Член 105
Утврдување на материјална одговорност на вработениот за причинетата штета се врши според критериуми, услови и на начин утврден во соодветните законски и подзаконски прописи.
Член 106
Министерството е должно да ја надомести материјалната штета што вработениот во вршењето на работата ја предизвикал на трети лица.
Министерството поведува постапка за надоместок за извршената исплата, ако вработениот ја предизвикал штетата на трето лице, намерно или со крајно невнимание.
Член 107
Ако вработениот претрпи штета во врска со работата, по барање на вработениот, Министерството е должно да му ја надомести штетата според општите начела за одговорност на штета.
Ако во рок од 90 дена од денот на приемот на барањето од став 1 на овој член, Министерството и вработениот не се спогодат за надоместок на штетата, вработениот има право да бара надоместок на штета пред надлежен суд.
Член 108
Вработениот кој е одговорен за штета може од оправдани причини да биде делумно или целосно ослободен од обврската да ја надомести штетата, во случај кога вработениот според својата општа имотна состојба не е во можност да ја надомести штетата без последици за своето нужно издржување, односно за нужното издржување на своето семејство, на начин утврден во соодветните законски и подзаконски прописи.
VII. ШКОЛУВАЊЕ, СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И
УСОВРШУВАЊЕ И СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО И НА АРМИЈАТА И ОБВРСКА ЗА РАБОТА ПО НИВНО ЗАВРШУВАЊЕ
Член 109
Вработените во Министерството и Армијата имаат право и обврска, на школување, стручно оспособување и усовршување и специјализација во согласност со потребите на Министерството и Армијата, а врз основа на колективниот и индивидуалниот план за стручно оспособување и усовршување.
Министерството и Армијата, односно надлежната организациона единица за управување со човечки ресурси и Ј1/ГШ изработуваат Годишен план за школување, стручно оспособување и усовршување и специјализација, за потребите на Министерството и Армијата со кој се утврдуваат потребни видови, форми и нивоа, потребни финансиски средства и број на вработени, кој се донесува во четвртиот квартал од тековната година, за наредната година.
По завршување на школувањето, стручното оспособување и усовршување и специјализација, вработениот има обврска да поднесе Извештај од завршено стручно оспособување и усовршување.
Меѓусебните права и обврски на Министерството или Армијата и вработениот кој е упатен на школување, стручно оспособување и усовршување и специјализација за потребите на Министерството или Армијата, се уредуваат со писмен договор во кој се утврдува точниот датум до кој вработениот не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за школување, стручно оспособување, усовршување и специјализации, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум.
На школување, стручно оспособување, усовршување и специјализации не се упатуваат вработени за кои нема предлог од првопретпоставениот раководител односно старешина како и вработените кои до исполнување на условите за пензионирање им преостанува уште две години работен стаж.
Школувањето, стручното оспособување, усовршување и специјализација, вработените во Министерството и Армијата, го спроведуваат:
- на работно место;
- учење на далечина (онлајн);
- со менторство;
- во Центрите за обука на Министерството и Воената академија;
- со ангажирање на вработени или соработка на други лица и субјекти во земјата и странство.
Школувањето, стручното оспособување и усовршување и специјализација, вработените во Министерството и Армијата го спроведуваат и преку:
- Научно образовни институции во земјата и странство,
- Билатерална и мултилатерална соработка на Министерството и Армијата со земјите партнери и меѓународни организации, како и со универзитети, институции за обука и образование или мобилни тренинг тимови.
VIII. СИНДИКАТ
Член 110
Министерството е должно да создаде услови за активности на Синдикатите, а во врска со заштитата на правата на вработените од работен однос утврдени со закон и колективен договор.
Активностите на Синдикатите и нивните претставници, не може да се ограничуваат со акт на работодавецот.
Член 111
На барање на Синдикатите, Министерството е должно да му доставува податоци и информации за прашања кои имаат непосредно влијание врз материјалната и социјалната положба на вработените во Министерството и Армијата и ги разгледува мислењата и предлозите на Синдикатите, во постапката на донесување одлуки кои имаат влијание врз матeријалната и социјалната положба на вработените, односно во остварувањето на нивните права.
При постапувањето со податоците потребно е да се постапува согласно Закон за заштита на лични податоци.
Член 112
Министерството и Армијата задолжително го вклучуваат Репрезентативниот синдикат во процесот на подготвување на закони, подзаконски прописи и други акти кои се однесуваат на правата, обврските и одговорностите од работен однос на вработените во Министерството и Армијата.
Министерството и Армијата задолжително го вклучуваат Репрезентативниот синдикат преку негови претставници во органите и телата на Министерството и на Армијата, во работни групи, семинари, комисии, работилници и слични активности.
Член 113
Синдикатот доставува список, односно листа на синдикални претставници-членови на органите и телата на синдикатот, до организациската единица во Министерството надлежни за управување со човечки ресурси.
На претседателот, генералниот секретар и синдикалниот претставник на синдикатот им се овозможува непречено комуницирање со министерот, односно од него овластено лице, и со соодветните раководни структури во Министерството и Армијата.
По потреба, најмалку еднаш во период од три месеци, министерот и претседателот на Репрезентативниот синдикат остваруваат работна средба заради разгледување на тековни прашања во врска со социјално - економската положба на вработените.
Остварување на средба во врска со социјално - економската положба на вработените од ставот 3 на овој член, може да се остварува и по барање на другите синдикати.
Член 114
Поради остварување на синдикалните функции на претставниците на Репрезентативниот синдикат, Министерството им овозможува и обезбедува стручни, административни и технички услуги, како и услови за пресметување и уплата на синдикална членарина и тоа:
1. За редовно остварување на функциите и активностите на Репрезентативниот синдикат, обезбедува простории и технички средства за работа:
- за потребите на претседателот и генералниот секретар на Репрезентативниот синдикат, една канцеларија во зградата на Министерството со неопходен мебел, технички средства (компјутер, печатар, телефон/факс/копир апарат) и телефон (интерна и излезна линија) и интернет;
- во канцеларијата на седиштето на Репрезентативниот синдикат, локална телефонска линија од Министерството;
- користење на објектите од спортско рекреативен и угостителски карактер со кои управува и раководи Министерството и Армијата поради одржување на синдикални активности, по претходно барање на Репрезентативниот синдикат, трошоците за сместување и исхрана се на терет на Министерството;
- за потребите на синдикалните регионални организации, канцеларии со неопходен мебел, телефон, интернет и излезна линија.
2. За остварување на финансиско - сметководствени работи за потребите на Синдикатите:
- пресметка и уплата на синдикална членарина за чија висина и начин на распределба одлучува Синдикатите, која се врши со пресметката и исплатата на платата на вработените, членови на Синдикатите и
- вршење финансиска услуга, реализирање на административни забрани на плати.
Министерството врши реализирање на финансиско - сметководствените работи за сите синдикати во Министерството.
3. Материјално - технички услови за редовно остварување на синдикалните активности:
- користење на службено возило за потребите на претседателот и генералниот секретар на Репрезентативниот синдикат;
- користење на други превозни средства по потреба, заради организирање на синдикални спортски игри, официјални посети на високи синдикални претставници од странство, како и гости на Репрезентативниот синдикат и слично;
- користење на телефонски и телефакс врски и други информатички средства и
- користење на средства и апарати за печатење и умножување на материјали, деловодство, експедиција и слично.
4. Министерството соработува при реализација на синдикални спортски игри во организација на синдикатите, во смисла на обезбедување на финансиски средства, по следното:
- на Репрезентативниот синдикат му се одобруваат средства во висина од 50 просечни нето плати исплатени во Републиката во последните три месеци;
- На синдикати кај кои членуваат повеќе од 400 члена кај работодавачот му се одобруваат средства во висина од 10 просечни нето плати исплатени во Републиката во последните три месеци.
5. Средствата од точката 4 алинеи 1 и 2 на овој член, Министерството ги реализира преку објавување на оглас за јавни набавки.
6. При реализација на синдикалните игри Министерството обезбедува медицински персонал, санитетско - медицинско возило со возач и медицинска опрема и средства. Персоналот кој ќе биде ангажиран поради медицинско обезбедување на активностите Министерството е должно да им ги исплати трошоците за нивниот ангажман.
7. Министерството обезбедува финансиски средства за овозможување на соработката на Репрезентативниот синдикат со Европската организација на воени асоцијации и синдикални организации – EUROMIL и со други синдикални организации од меѓународен карактер.
Член 115
За утврдување на репрезентативност при исполнување на условите за репрезентативност, Министерството е должно на барање на Синдикатите да им издаде акт за репрезентативност во рок од 30 дена сметано од денот на поднесувањето на барањето.
Репрезентативен синдикат на ниво на работодавач е синдикатот во кој членуваат најмалку 20% од вработените.
Во случај на постоење на повеќе синдикати кои го исполнуваат условот предвиден во ставот 2 на овој член, за репрезентативен синдикат се смета синдикатот во кој членувааат најголем број на вработените.
Член 116
Синдикалните состаноци на регионалните синдикални организации на Синдикатите се одржуваат кон крајот на работното време, со цел да не се нарушува тековното работење.
Поради итни потреби, синдикалниот состанок може да се одложи до надминување на причините за неговото одложување.
Член 117
На синдикалните претставници, поради вршење на синдикалните активности во согласност со закон и колективен договор, за време на вршење на должноста и две години по нејзиниот престанок, не може:
- да им престане работниот однос, односно службата поради структурни промени во Министерството и во Армијата и
- да бидат распоредени на друго работно место без нивна согласност освен во услови на трансформација.
Член 118
Доколку претседателот и генералниот секретар на синдикатот својата функција ја вршат волонтерски, а заради ефикасно вршење на синдикалните активности, Министерството им овозможува соодветно ослободување од вршење на редовните работи и задачи од работното место во траење од 64 работни часа месечно.
За времето поминато во вршење на синдикалните функции од ставот 1 на овој член, претседателот и генералниот секретар добиваат полн надомест на плата за работното место на кое се распоредени и ги користат сите права од работниот однос.
Доколку претседателот и генералниот секретар функцијата ја вршат професионално и во согласност со Статутот на синдикатот, Министерството се обврзува да ги ослободи од работните обврски на работното место на кое дотогаш работеле, да ги чува работните места, односно ги стави во мирување, за кој период не им следува исплата на плата, надоместоци на плата и придонеси.
Претседателот и генералниот секретар на синдикатот за начинот на вршење на својата функција во писмена форма го известуваат министерот.
Член 119
На синдикалните претставници на синдикат, членови на органите и телата утврдени со Статутот на синдикатот, според доставениот список, односно листа од членот 113 од овој колективен договор, Министерството им овозможува ослободување од работа и тоа:
- за претседателството и претседателите на регионалните синдикални организации 48 работни часа месечно;
- за членовите на Надзорниот одбор. 8 работни часа месечно;
- за членовите на комисијата на солидарен фонд. 8 работни часа месечно;
- за претставниците на регионалните синдикални организации 8
работни часа месечно;
- за претставникот на Синдикатот за безбедност и здравје при работа 8
работни часа месечно.
Синдикалните претставници од ставот 1 од овој член, се должни до раководителите на организациските единици во Министерството односно до претпоставените старешини во Армијата, да достават потврда за нивното синдикално ангажирање, издадена од претседателот на синдикатот.
За времето поминато во вршење на синдикалните активности, синдикалните претставници од ставот 1 на овој член, добиваат полн надомест на плата за работното место на кое се распоредени и ги користат сите права од работниот однос.
Министерството е должно на предлог на Репрезентативниот синдикат да отстапи еден вработен со полно работно време во рок од 30 дена сметано од денот на поднесување на предлогот, истиот да биде член на Репрезентативниот синдикат и синдикалните работни активности ќе ги извршува во Репрезентативниот синдикат, при што ќе ја
прима истата плата, додатоци и надоместоци на плата од претходното работно место и ќе ги има истите права од работен однос како и претходно.
Лицето од ставот 4 на овој член, платата ќе ја прима од Xxxxxxx на Министерството, работните активности ќе ги извршува во Репрезентативниот синдикат се до давање на нов предлог од страна на Репрезентативниот синдикат, но не пократко од една година, по завршување на ангажманот во Репрезентативниот синдикат одстапениот вработен се враќа на истото работно место од кое бил одстапен.
Член 120
Како ослободување од работа, во согласност со членовите 118 и 119 од овој колективен договор, не се смета учество на синдикални состаноци, семинари, советувања, конгреси, конференции, работилници и слично.
Ослободувањето од вршењето на редовните работни задачи од работното место, односно од работа, на претседателот, генералниот секретар и синдикалните претставници, се врши со покана/потврда издадена од претседателот на синдикатот.
Синдикалните претставници од ставот 2 на овој член, се должни да му ја достават поканата на раководителот на организацината единица во која работат, односно на претпоставениот воен старешина.
Член 121
Доколку претседателот и генералниот секретар на Синдикатот својата функција ја вршат професионално и во согласност со Статутот на Синдикатот, за време на вршењето на функцијата не можат да бидат оценети со пониска оцена од „задоволува“.
Доколку настане промена во актот за систематизација на Министерството или во актот за формација на Армијата, претседателот, генералниот секретар на Репрезентативниот синдикат, членовите на претседателството на Репрезентативниот синдикат и претседателите на регионалните синдикални организации на Репрезентативниот синдикат се распоредуваат на работни места соодветни на претходните во организациските единици на Министерството, односно во единиците на Армијата кои се произлезени од претходните организациски единици на Министерството, односно единиците на Армијата на Република Северна Македонија каде што работеле.
Член 122
Членовите на синдикатот кои учествуваат на синдикални спортски игри, се ослободуваат од работните обврски за време на учеството во натпреварите.
Член 123
Член на Синдикатите кој е избран, односно именуван во органите и телата на синдикални конфедерации и сојузи во државата и странство на повисоко ниво, чија функција бара привремено да му мирува работниот однос во Министерството, односно во Армијата, за што се склучува посебен договор со работодавецот, истиот има право по престанувањето на функцијата, во рок од 15 дена да се врати во Министерството, односно во Армијата и да биде распореден на истото работно место.
Доколку истото работно место е пополнето, работодавецот е должен да го распореди на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка во согласност со неговото ниво, односно чин.
IX. ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК
Член 124
Правото на штрајк, вработените можат да го остваруваат на начин и под услови утврдени со закон, да не се наруши редовното извршување на работите во Министерството, односно борбената готовност на Армијата и животот и здравјето на вработените.
Заради спречување на евентуални штетни последици од неизвршувањето на редовните работи во Министерството, односно борбената готовност на Армијата и животот и здравјето на вработените за време на штрајкот, министерот или од него овластено лице е должно да обезбеди потребно функционирање на процесот на работата во организациските единици во Министерството и виталните функции во Армијата.
Член 125
Организаторот на штрајкот е должен да му го најави штрајкот на министерот и истовремено да ја достави одлуката за стапување во штрајк, најдоцна десет дена пред неговото одржување.
Член 126
Се забранува штрајк во Министерството во кризна, вонредна или во воена состојба. Доколку штрајкот започнал пред настапувањето на условите од ставот 1 на овој член,
Синдикатите се должни веднаш да ги известат учесниците во штрајкот дека истиот е ставен во мирување.
X. ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕН ОДНОС
Член 127
На вработените во Министерството и Армијата им престанува работниот однос, во случаи, под услови и на начин утврдени со закон.
XI. ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ
Член 128
Заради остварување на правата од работен однос, вработениот има право на заштита на своите права до надлежни органи, на начин пропишан во соодветните законски и подаконски прописи и акти.
По поднесено барање за заштита на правата на вработениот, надлежниот орган од ставот 1 на овој член, е должен да постапува и на вработениот да му достави одлука во писмена форма.
Член 129
За спогодбено решавање на спор што произлегува од спроведувањето на овој Колективен договор, а не може да се реши со меѓусебно договарање помеѓу страните потписнички на овој колективен договор, може да се формира комисија за усогласување.
Бројот на членовите на комисијата од ставот 1 на овој член и нејзиниот состав, зависи од прашањето кое е предмет на договарање.
Постапката за усогласување започнува по барање на една страна потписничка на овој колективен договор и треба да заврши во рок од 30 дена од денот на доставување на барањето.
Доколку не се постигне усогласување во рокот од ставот 3 од овој член, тогаш ќе се применуваат одредбите за колективни спорови од Законот за мирно решавање на работни спорови.
Член 130
Секое усогласување кое учесниците во договарањето ќе го постигнат, задолжително треба да биде во писмена форма, потпишано од договорните страни потписнички на овој колективен договор.
По усогласувањето и по потреба страните потписнички должни се да ги спроведат договорените мерки и активности.
XII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 131
Постапките од областа на работните односи, кои се започнати пред влегувањето во сила на овој колективен договор, ќе се завршат во согласност со прописите кои биле во сила и се применувале до денот на влегувањето во сила на овој колективен договор.
Член 132
Правото на јубилејните награди од членот 93 од овој колективен договор, започнува да се остварува по влегувањето во сила на овој колективен договор.
Вработените, правото од членот 93 од овој колективен договор го остваруваат по еден основ, исклучиво за годините кои што ги имаат навршено по влегувањето во сила на овој колективен договор, освен доколку со друг пропис не е утврдено поповолно право.
Член 133
Министерството и Репрезентативниот синдикат формираат заедничка комисија за следење, примена и толкување на одредбите на овој колективен договор, на паритетна основа.
Член 134
Овој колективен договор се склучува за период од две години.
По истекот на рокот од ставот 1 на овој член, одредбите на колективниот договор се применуваат до склучување на нов колективен договор.
Член 135
Во текот на траењето на овој колективен договор, секоја страна потписничка може да предложи изменување и дополнување на колективниот договор.
Предлогот за изменување и дополнување се доставува во писмена форма до другата страна потписничка, која е должна да се произнесе во рок од 30 дена од денот на приемот на предлогот од ставот 1 на овој член.
Член 136
Со влегувањето во сила на овој колективен договор, престанува да важи Колективниот договор на Министерството за одбрана (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 238/2019).
Член 137
За склучувањето на овој колективен договор се известува Министерството за труд и социјална политика.
Член 138
Овој колективен договор влегува во сила со денот на склучувањето, а ќе се применува од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Независен синдикат на Министерство одбраната за одбрана,
Претседател, Министерка,
Xxxxx Xxxxxx с.р. Xxxxxxxxx Xxxxxxxxx с.р.
Бр. 03-01/2-1 Бр. 01-995/1
13 февруари 2024 година 13 февруари 2024 година Скопје Скопје