Contract
Во согласност со член 171 од Законот за трговските друштва, содружниците на Друштвото ___________________________ ДОО Скопје, со седиште на ул. ______________________ бр. ______ – Скопје:
______________________ од Скопје, со живеалиште на ул. ______________________ бр. ______ – Скопје и ЕМБГ ______________________, и
______________________ од Скопје, со живеалиште на ул. ______________________ бр. ______ – Скопје и ЕМБГ ______________________,
На ден __.__.20__ година го потпишаа следниот:
ДОГОВОР ЗАОСНОВАЊЕ
на
Друштвото ______________________, ДОО Скопје
I ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој договор се основа трговско друштво како друштво со ограничена одговорност.
II СОДРУЖНИЦИ
Член 2
Содружници на Друштвото ______________________, ДОО Скопје се:
______________________ од Скопје, со живеалиште на ул. ______________________ бр. ______ – Скопје и ЕМБГ ______________________, и
______________________ од Скопје, со живеалиште на ул. ______________________ бр. ______ – Скопје и ЕМБГ ______________________,
III НАЗИВ И СЕДИШТЕ
Член 3
Називот на Друштвото ќе биде:
Друштво______________________, ДОО Скопје
Скратениот назив на Друштвото ќе биде:
______________________, ДОО Скопје
Во надворешниот промет, друштвото ќе истапува под своето име на англиски јазик и латинично писмо:
Company ______________________, LLC Skopje
Скратениот назив на англиски јазик со латинично писмо ќе гласи:
______________________, LLC Skopje
Член 4
Регистрираното седиште на Друштвото ќе биде во Скопје, на ул. ______________________ бр. ______ – Скопје.
IV ДЕЈНОСТ НА ДРУШТВОТО
Член 5
Трговското друштво, во внатрешниот промет, ќе ги врши сите дејности според НКД, додека за дејностите за кои е потребна согласност, дозвола или друг акт на државен или на друг надлежен орган друштвото дополнително ќе ја побара.
Трговското друштво ќе ги врши евидентираните дејности во надворешниот трговски промет.
Претежната дејност на Друштвото ќе биде:
--------------------------------------------
V ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДРУШТВОТО
Член 6
Друштвото се основа на неопределено време.
VI ОСНОВНА ГЛАВНИНА И ВИСИНА НА ОСНОВАЧКИ ВЛОГ
Член 7
Основната главнина на друштвото изнесува ______________________, како паричен влог на содружниците и тоа:
Паричен влог од ______________________, кој кореспондира со ____ % од основната главнина на друштвото, како паричен влог на содружникот ______________________ од Скопје, со живеалиште на ул. ______________________ бр. ______ – Скопје и ЕМБГ ______________________, и
Паричен влог од ______________________, кој кореспондира со ____ % од основната главнина на друштвото, како паричен влог на содружникот ______________________ од Скопје, со живеалиште на ул. ______________________ бр. ______ – Скопје и ЕМБГ ______________________,
Основачките влогови на содружниците ќе бидат уплатени од страна на основачите во една од комерцијалните банки во Република Македонија, најдоцна во рок од една година од основањето на друштвото.
Член 8
Содружниците можат да ја зголемат основната главнина врз основа на донесена одлука. Зголемувањето на основната главнина може да биде извршено со преземање на нов основачки влог во пари, предмети или права.
VII РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКАТА И ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ
Член 9
По намирување на сите долгувања по сите основи кон државата и државните фондови, остатокот од приходот на Друштвото претставува добивка со која располагаат содружниците во целост.
Член 10
Секој од содружниците е одговорен за евентуалните загуби кои би се појавиле во текот на работата на Друштвото до износот на неговиот влог во основната главнина на Друштвото.
VIII РАКОВОДНИ ОРГАНИ
Управител на Друштвото
Член 11
Собирот на содружници го назначува и отповикува управителот од функцијата со донесување на одлука.
Со одлуката, Собирот на содружници може да назначи или отповика еден или повеќе управители, како и да ги уреди нивните овластувања во поглед на застапувањето и склучувањето правни работи со трети лица во внатрешниот и надворешниот промет.
Назначениот управител ќе го претставува и застапува Друштвото во односите со трети лица и ќе ги извршува сите обврски и ќе дејствува во сите околности во име и за сметка на Друштвото и целосно и лично ќе биде одговорен пред содружниците и сите овластени институции и органи во Република Македонија.
Член 12
Управителот ќе ги извршува сите акти и дејствија во управувањето во интерес на Друштвото и ќе ги извршува своите должности совесно и во интерес на исполнувањето на целите на Друштвото, согласно Законите и актите на друштвото.
Управителот е лично одговорен кон Друштвото, неговите содружници и кон трети лица за својата работа и ако не се придржува кон одредбите на законот и другите прописи, како и за штетата која може да настане во врска со управувањето на Друштво.
Член 13
Управителот ќе ги извршува своите функции во согласност со неговите овластувања при склучување на договори и превземање активности во правниот промет со трети лица.
Управителот е должен да се осигура трговските книги да се водат уредно и во согласност со законот, тој е обврзан да ги информира содружниците за работењето на Друштвото и да обебеди пристап до трговските книги, документите и правните акти на Друштвото за кој било овластен застапник на содружниците.
Управителот поднесува писмен извештај за својата работа еднаш годишно, како и план со подготвен елаборат за наредната година. Управителот ќе поднесува почести извештаи на барање на Собирот на содружници.
Управителот ќе го подготвува извештајот за управувањето со Друштвото и годишните финансиски извештаи и ќе ги поднесува до Собиот на содружници на крајот од деловната година.
Член 14
Управителот ќе врши и други должности во врска со управувањето со Друштвото предвидени со законот, Договорот и другите правни документи на Друштвото.
Управителот на Друштвото ќе ги врши и превзема сите дејствија и активности поврзани со работните односи, вклучувајќи но не ограничувајќи се на вработувaње, права и обврски на работниците, работни позиции и сл.
Управителот може да биде разрешен со одлука на содружниците.
Член 15
За управители со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет на Друштвото ______________________, ДОО Скопје, се назначуваат:
______________________ од Скопје, со живеалиште на ул. ______________________ бр. ______ – Скопје и ЕМБГ ______________________, по занимање _____________и
______________________ од Скопје, со живеалиште на ул. ______________________ бр. ______ – Скопје и ЕМБГ ______________________, по занимање __________________.
Секој од управителите ќе ја врши својата функција без ограничувања во внатрешниот и надворешниот промет.
Секој од управителите ќе биде овластен самостојно да го застапува и претставува Друштвото, како и да дејствува во сите околности без ограничувања.
Секој од управителите ќе биде овластен самостојно да потпишува документи во име и за сметка на друштвото, без потреба од присуство и потпис на другиот управител.
Член 16
На барање на било кој од содружниците, Управителот ќе издаде информација за работењето на Друштвото и ќе обезбеди пристап до трговските книги, документи и други акти на Друштвото.
Управителот е лично одговорен кон Друштвото и трети лица за работењето спротивно на одредбите на законот и другите прописи, за непочитување на договорот како и за грешките кои ги направил во управувањето со друштвото.
IX ПРАВА И ОБВРСКИ НА СОБИРОТ НА СОДРУЖНИЦИ
Член 17
Собирот на содружници ги носи сите одлуки кои се неопходни за работењето на Друштвото.
Управителот на Друштвото води Книга на одлуки донесени од страна на Собирот на содружници.
Член 18
Собирот на содружници:
ги разгледува и усвојува годишната сметка и годишниот извештај и одлучува за распределба на добивката и покривањето на загубите;
го именува и разрешува управителот;
донесува одлука за вршење на контрола над работењето на друштвото и именува ревизори;
го застапува друштвото во судските постапки против управителот;
го одобрува земањето или доделувањето на заеми, хипотеки или залози;
ги одобрува договорите кои Друштвото ги склучува со својот управител или неговите блиски роднини, освен ако овие договори се сметаат за тековно вршење на дејностите на Друштвото;
одлучува за зголемувањето и намалувањето на основната главнина на Друштвото;
одлучува за реорганизацијата на Друштвото, за соединувања, преземања и поделби на Друштвото, за основање на нови друштва во земјата и во странство, назначување на ликвидатори и општо за сите статусни промени на Друштвото;
донесува Правилник за систематизација на работните места, и
одлучува за авансна распределба на добивката на Друштвото.
Собирот на содружници врши и други дејности утврдени со Законот за трговски друштва и другите закони кои се на сила во Република Македонија.
Член 19
Целокупната добивка на друштвото по завршната сметка им припаѓа на содружниците и истите слободно располагаат со неа, a истата може да се користи за:
зголемување на основната главнина;
за дивиденда (надомест на вложувачот);
за набавка на основни средства и друго.
Член 20
Содружниците не одговараат за обврските на друштвото преземени во правниот промет со трети лица, а ризикот го сносат до висина на вложените средства во друштвото.
Х ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСНОВАЊЕ
Член 21
Измена на овој Договор за основање се врши со одлука на содружниците донесена во согласност со закон.
Измените на договорот за основање имаат правно дејство од моментот на нивниот упис во трговскиот регистар.
ХI ПРЕСТАНОК И ЛИКВИДАЦИЈА НА ДРУШТВОТО
Член 22
Друштвото престанува да постои со одлука на содружниците, со одлука за спојување со друго друштво односно поделба, со судска одлука и во други случаи определени со закон.
Содружниците одлучуваат за начинот на извршување на ликвидацијата и за назначувањето на ликвидатор. Ликвидаторот е должен да направи попис на активата на Друштвото, да го подготви билансот и да го објави како што е пропишано со законот. Ликвидаторот ја има истата должност на крајот на секоја деловна година, во случај ликвидационите активности да се пролонгираат.
Ликвидаторот ќе го претставува друштвото пред суд и во вонсудските постапки, ќе го стави својот потпис на било кој документ под следното: име на друштвото, додавајќи ги зборовите „во ликвидација“. Тој е должен да ги спроведе неизвршените тековни активности на Друштвото совесно и да го предаде остатокот од ликвидационата маса на содружниците.
XII ПРАВЕН СТАТУС НА ДРУШТВОТО СТА ДРУ
ШТВОТО
Член 23
Друштвото има статус на правно лице од моментот на запишување во трговскиот регистар.
Друштвото ќе дејствува во свое име и за своја сметка во односите со трети лица.
Друштвото е одговорно до износот на неговите вкупни средства за обврските кон трети лица во правните односи.
XIII ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Член 24
Овој Договор за основање стапува на сила со денот на неговото потпишување од страна на содружниците, а ќе се применува по завршувањето на постапката за упис во трговскиот регистар кој се води во Централниот регистар на Република Македонија.
Содружници:
------------------------------------------
____________________________
------------------------------------------
_____________________________