Contract
Центар за одржлив развој
xxx.xxxx.xx xxxx@xxxx.xxx.xx
Центар за одржлив развој АЛКА Бр. 09-75/3 Скопје 01.08.2017 |
За потребите на проектот „Оспособување за вработување“ (финансиран од Европската Комисија и Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на РМ. Проектот се финансира во рамки на буџетската линија од компонентата ИПА – развој на хумани ресурси).
и врз основа на Договорот за грант број 12-8405/1, проектниот тим на XXX XXXX јавно објавува:
Предмет: Барање за доставување на понуда/и за набавка на услуга - испорака на обука/и и курсеви за стручно образование
Набавка 09/2017 (испорака на обуки/и и курсеви за стручно образование)
За потребите на Организацијата: Центар за оджлив развој АЛКА – Скопје
ЦОР АЛКА во рамки на проектот „Оспособување за вработување“ (финансиран од Европската Комисија и Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на РМ. Проектот се финансира во рамки на буџетската линија од компонентата ИПА – развој на хумани ресурси) и врз основа на Договорот за грант број 12-8405/1) има потреба од обезбедување на обука/и за стручно образование, и курсеви за јазично и компјутерско образование.
Опис на Услугата: организирање и испорака на обука/и, јазични кусрсеви и курсеви за работа со компјутери - 11 лотови. Спроведувањето на обуката/те треба да биде во период од Септември до Декември 2017 година.
2.1 Секоја од видовите обуки и курсеви, вкупно 12, поделени во 11 лота треба да бидат испорачани од економски оператори кои се регистрирани како организација /установа или институција за таа намена, и чии што програми за стручно образование и курсеви се исто така верифицирани од страна на Министерството за Образование (МОН) или соодветно.
2.2 Избраната/ите установа/и и институција/и на учесниците на обуките треба да им обезбеди адекватни просторно и техничко-образовни услови за одржување/ спроведување на обуките.
2.3 По завршувањето на обуката, учесниците, од установата / институцијата испорачувач на обуките и курсевите, треба да добијат сертификат - потврда за завршена обука за стручно образование и јазични/компјутерски курсеви.
Период на спроведување /испорачување (временска рамка)
Услугата треба да се испорача во периодот од Август 2017 – Декември 2017.
Во случаи каде што обуката/курсот вообичаено трае подолг временски период, понудувачот треба понудената/от обука/курсот да ја/го скрои на оптимален целисходен начин, за да истата/от има максимален ефект во градењето или зајакнувањето на знаењето и и/или познавањето на корисникот на обуката/курсот.
Во случај на јазичните курсеви, кои побаруваат поголем временски период, понудувачот може да понуди испорака само на одредени нивоа/степени кои потоа ќе се спроведат согласно проценетите потреби на корисниците.
Набавката се однесува на вкупно 12 различни обуки и курсеви поделени / групирани во следните 11 лота, и тоа:
Лот 1:
Курс за нутриционизам – 4 учесници
Лот 2:
Курс / обука за готвачи – 2 учесници
Лот 3:
Курсеви за странски јазици - 14 учесници
Англиски – 9 учесници
Италијански – 2 учесници
Албански – 2 учесници
Германски јазик – 1 учесник
Лот 4:
Курс за компјутери (напреден MS office) – 3 учесници
Курс за компјутери - Клиентски веб технологии – JavaScript – 1 учесник
Лот 5:
Обука за надградба на нокти / маникир – 8 учесници
Лот 6:
Обука за нега на стари лица (неговател) – 1 учесник
Обука за масер – 1 учесник
Лот 7:
Обука за кроење и шиење – 2 учесници
Лот 8:
Соло пеење – 1 учесник
Лот 9:
Обука за фотограф/ија -2 учесникa
Лот 10:
Обука за физичко обезбедување - 1 учесник
Лот 11:
Обука за заварувач - 1 учесник
Набавката е делива, како по лотови, така и по содржината на самите лотови. ЦОР Xxxx може да склучи договор со различни понудувачи за еден или повеќе лотови, како и да склучи договор со повеќе од еден понудувач за еден ист лот.
Набавката ќе се реализира од страна на правно/и лице/а со искуство во испорака на ваков тип услуги.
За таа цел, заинтересираните економски оператори треба да достават понуда за горе наведената покана во рок од 10 дена од денот на нејзиното јавно публикување. Понудата треба да содржи финансиска понуда и придружна документација.
Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:
Ставка |
Опис на производ/услуга |
Единечна цена (во МКД) |
Количина |
Вкупна цена (во МКД)
|
1. |
Испорака на обука/и; курс/еви по лот бр.... |
|
|
|
2. |
Испорака на обука/и; курс/еви по дел (опис) од лот бр.... |
|
|
|
|
ВКУПНО
|
|
|
|
Забелешки:
1 Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Затоа, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да се сметаат за подобни.
Покрај Понудата, понудувачите потребно е да ја достават следнава дополнителна документација:
Тековна состојба на добавувачот, не постара од 1 година.
Изборот на добавувачот ќе се изврши по пат на евалуација на финансиската понуда. Критериум за избор е најповолна понуда како и можноста да се спроведат обуките/курсевите во наведената временска рамка (формирање на групи/вклучување на учесниците во група/и).
Услови и начин на плаќање - Плаќањето ќе се изврши соодветни на рати. Точниот износ на вредноста на услугата и плаќањето ќе се пресмета врз основа на точниот број на обуки/ курсеви.
Начин на доставување на понудите
Доставувањето на понудите се врши по пошта, електронска пошта (xxxxxxxxx.xx@xxxx.xxx.xx), лично или по курир на следнава адреса: ЦОР АЛКА, Проект “Оспособување за вработување”, Бул. Партизански Одреди бр. 62 1/16, Карпош, Скопје.
Краен рок на доставување на понудите е до 15.07.2017 до 16:30 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на набавката, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда. Заради лимитираниот број на уесници и вообичаената практика на формирање група/и (видови обуки/курсеви каде што имаме 1 до 2 учесници, организирањето на обуките/курсевите може да биде во соработка и со други организации /институции/установи (по можност да се наведе во понудата).
Сите дополнителни појаснувања може да се добијат написмено, на е-маил адреса на Xxxxxxxxx Xxxxxxxxxx, xxxxxxxxx.xx@xxxx.xxx.xx проектен координатор, проект “Оспособување за вработување”.
Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена;
ПРОЕКТ Оспособување за вработување |