Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА КРЕДИТОКОРИСНИЦИ ОД НЕЗГОДА СО ОСИГУРЕНИ СУМИ СПОРЕД ВИСИНА НА КРЕДИТ
Јануари 2021 година
ОПШТИ ОДРЕДБИ
член 1
[1] Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (во понатамошниот текст: Општи услови) и овие Посебни услови се составен дел од договорот за осигурување на корисници на кредити на банки и штедилници (во понатамошниот текст: кредитобарател ) од последици на несреќен случај.
[2] Договарач на осигурувањето, според овие Дополнителни услови, може да биде банка, штедилница или друго правно лице кое извршува ваков вид на дејност.
Осигурени ризици и Осигурени лица член 2
[1] Лицата наведени во член 1, став (1) од овие Дополнителни услови се осигуруваат врз основа на нивната пристапна старост во моментот на започнување на користење на кредитот, како и врз основа на нивната здравствена состојба враз основа на пополнет Прашалник или Изјава за здравствена состојба, како и врз основа на висината на одобрен кредит,
[2] Кредитобарателите по овие посебни услови се осигуруваат од ризик - Смрт како последица на несреќен случај и од ризик – Траен инвалидитет.
Висината на одобрен кредит воедно претставува максимална Осигурена сума по осигурен ризик - Смрт како последица на несреќен случај и 50% како осигурена сума за ризик – Траен инвалидитет, освен као поинаку не се договори и наведе во полисата за осигурување.
[3] Првичните осигурени суми утвредени во почетокот на одобрување на кредитот, се намалуваат согласно амротизациониот план на банката и истите претставуваат осигурени суми при настанување на осигурен случај, освен ако поинаку не се договори и наведе на полисата за осигурување.
[3] Кредитобарател кои има повеќе одобрени кредити може да има исто толку осигурувања на кредит според овие Посебни услови.
Траење на осигурувањето и покритието член 3
(1) Осигурувањето започнува во 24.00 часот во оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето, ако не е договорено поинаку, и престанува во 24.00 часот во оној ден што во полисата е договорен како ден на истекување на осигурувањето.
(2) Без оглед на договореното траење на осигурувањето, осигурувањето престанува за секој одделен осигуреник во 24.00 часот оној ден кога:
1. ќе настапи смрт на осигуреникот или ќе му биде утврден инвалидитет од 100 %;
2. осигуреникот ќе стане деловно неспособен во смисла на членот 4, став 3 од овие Услови;
3. ќе истече годината на осигурувањето во која осигуреникот ќе наполни 72 години живот, доколку не е договорено посебно;
4. ќе измине рокот од членот 11, став 2 на Општите Услови, а премијата до тој рок нема да биде платена;
5. ќе биде раскинат договорот за осигурување во смисла на членот 18 од овие Општите Услови.
Пресметка и плаќање на премија член 4
[1] Премијата се пресметува врз основа на параметрите утврдени во Член 2.
[2] Премијата се пресметува за цело време на траење на кредитот, за што се издава првична перманентна полиса, а секоја година се издава годишна полиса со осигурна сума согласно амортизациониот план на банката, кој е составен дел на полисата за осигурување. Може да се
договори да се издава годишна полиса со обрска за плаќање на годишна премија, со суми на осигурување кои можат да бидат во висина на првичен одобрен кредит, или со суми на осигурување кои можат да бидат различни по покриени ризици.
[3] Договорувачот ја плаќа премијата за осигурување на кредитот во рок и начин утврден согласно Xxxxx на полисата.
[4] Договарачот е должен да му овозможи увид на осигурувачот во својата евиденцијата од која може да се утврди исправноста на пресметката и плаќањето на премијата.
Ограничување на опсегот на обврските на осигурувачот член 5
[1] Како кредитобарател може да се јави лице со наполнети 18 години до 65 години како пристапна старост .
Ако осигуреникот во моментот на незгодата е постар од 70 години ( до 72 години како максимална возраст) , осигурувачот исплаќа 50% од износот што инаку би морал да го плати.
Осигурителното покритие се однесува само на територија на Република Македонија
Временскo покритие - 24 часа во денот, освен ако поинаку не се договори и наведе на полисата за осигурување.
Обврски на договарачот после осигурен случај член 6
[1] Договарачот е должен да ги пријави на осигурувачот сите незгоди за кои важи покритието според овие Дополнителни услови.
[2] На барање на осигурувачот или корисникот, должен е да издаде потврда дали лицето на кое му се случила незгодата е осигурено како кредитобарател.
[3] Договарачот е должен е да му ги даде на осигурувачот сите потребни информации за појаснување на настанот и околностите кои се важни за утврдување на постоењето и висината на неговите обврски.
ПОСЕБНИ OДPEДБИ
Члeн 7
[1] На осигурувањата склучени по овие Посебни услови се применуваат и Општите услови за осигурување лица од последици на несреќен случај (незгода), доколку не се во спротивност со овие Посебни услови.
[2] Доколку некои од одредбите на Општите услови за осигурување лица од последици на несреќен случај (незгода) се спротивни на одредбите на овие Услови, ќе се применуваат одредбите утврдени во овие Посебни услови.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 8
[1] Овие Посебни услови важат заедно со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај, како и Табелата за определување на инвалидност. Доколку нивната содржина се разликува од Општите услови, тогаш важат овие Посебни услови.
[2] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија.
[3] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавање.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 10.12.2020 година со Одлука бр.0203-11/08 и ќе се применуваат од 01.01.2021 година.