Contract
Д О Г О В О Р
за деловна соработка
Склучен на ден________2013, меѓу:
1._____________ од ___________ со ЕДБР____________, застапувано од управителот _____________ (во понатамошен текст: организатор на превоз), од една страна и ,
2._____________ од ___________ со ЕДБР____________, застапувано од управителот _____________ (во понатамошен текст: превозник), од друга страна.
1. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР
Член 1
Предмет на овој договор е воспоставување деловен однос при вршење на меѓународен и внатрешен превоз на стока организиран од страна на организаторот на превоз, а извршен со превозни средства во сопственост на превозник, за период од една година од денот на потпишување на овој договор. Составен дел на овој договор е спецификација на транспортни средства со кои располага превозникот во момент на потпишување на овој договор (марка,вид, регистарска ознака, извод од лицанца и други податоци ).
Член 2
Организаторот на превоз склучува договори со клиенти за вршење на превоз на стока врз основа на директен дијалог и/или со учество на објавен тендер, а превозникот се обврзува да биде партнер во креирање на цена на превоз и извршување на превоз на стока со сопствен возен парк за кој дал согласност односно прифатил и потврдил налог за утовар доставен до него минимум 48 часа пред извршување на конкретниот превоз, дал изјава од превозник за учество на тендер при избор на најповолен превозник.
2. ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
Член 3
Договорните страни се согласија взаемно, одредбите на Законот за договори за превозот во патниот сообраќај (Службен Весник бр. 23/14.02.2013год.) да бидат основ за регулирање на облигационите односи кои ќе ги воспостават при вршење на превоз на стока во период на важење на овој договор со што се обезбедува еднаков третман во обврските и правата кои произлегуваат од овој договор.
Член 4
Организаторот на превоз се обврзува во свое име и во име на превозникот да ги застапува неговите права пред корисници на превоз, обезбеди услови кој ќе гарантира економично и ефикасно извршување на превоз со обезбедени права и обврски во согласност на законските прописи.
Превозникот се обврзува, со соодветен возен парк, навреме во согласност со условите одредени за вршење на превоз за кој дал однапред согласност, почитувајќи ги законските одредби и одредбите на овој договор, да ги изврши превозите како добар стопанственик .
Член 5
Организаторот на превоз во случаи на организација на превоз договорена во директен контакт со корисникот на превоз е должен до превозникот најмалку однапред во период од 48 часа пред започнување на превозот да го информира превозникот за цената на превозот, за другите услови на превозот и да побара согласност за извршување на конкретниот превоз под услови кои се наведени во налог за утовар.
Налог за утовар задолжително содржи податоци за:
Вид на стока, количина и амбалажа,
Дата и час на утовар,
Дата и време од-до за истовар,
Податоци за место на утовар ,
Упатство за спроведување на извозно-увозна царинска постапка ,(ако се спроведува)
Податоци за место на истовар,
Контакт личност,
Цена за превоз,
Посебни упатства за вршење на превоз, доколку се потребни.
Превозникот има за обврска во рок од максимум два часа по приемот на налогот за утовар да даде потврден или негативен одговор на доставениот налог за утовар.
Во случај ако по прифаќање на налогот за утовар дојде до неисполнување на условите од истиот, од било кој од учесниците во деловниот однос, договорните страни согласно Законот од член 3 на овој договор си ја надоместуваат штетата во случај на груба небрежност.
Член 6
Организаторот на превоз во случаи на учество на објавен тендер за избор на најповолен превозник, задолжително од превозникот бара изјава од превозник , која ги содржи сите законски одредени елементи од Закон споменат во член 3 на овој договор, во свое име и име на превозникот ги поднесува потребните документи и се бори за запазување на законските одредби при спроведување на целата тендерска постапка.
Организаторот на превоз добиената работа со учество на тендер ја извршува во согласност со постигнатата цена и сите елементи договорен за превоз на стока како дел од објавен тендер. За извршување на конкретен превоз е должен до превозникот да достави инструкции за вршење на превозот минимум 24 часа однапред. Превозникот има за обврска да постави возило на утовар врз основа на упатствата од налогот за утовар, да го извести организаторот за превоз во период не подолг од еден час доколку има оправдани причини за откажување на превозот, во спротивно плаќа пенали во согласност со Законот споменат во член 3 од овој договор.
Превозникот, во одредени оправдани случаи, наместо своето возило на утовар може да постави возило на друг превозник, но обврските и правата од овој договор се негови и во целост одговара за себе и за превозникот кој по негов налог го заменува.
Превозникот има за обврска во случај на период на извршување на превоз преземени со заедничко учество на тендер, да побара писмена согласност од организаторот на превоз, доколку има можност за вршење на превоз кај друг налогодавач во период на временски паузи при извршување на преземена тендерска обврска. Во спротивно ќе биде обврзан да ја надомести штетата која ја предизвикал со непоставување на возилот при утовар на стока како дел од тендерска обврска.
Член 7
За секој конкретно извршен превоз организаторот на превоз е должен да му го исплати на превозникот договорениот надомест во период не подолг од 60 дена од денот на истовар на стоката.
Надоместот за извршен превоз се одредува однапред по пат на меѓусебна согласност, а врз одредување на висината на надоместот за превоз особено влијание има растојанието кое треба да се помине изразено во километри, видот на стоката која се превезува и посебни услови за вршење на превоз доколку се бараат. Во услови на одредена цена за превоз врз основа на учество на тендер за подолг временски период, организаторот на превоз има за обврска да ги штити интересите на превозниците, да побара зголемување на цената на превоз во нивно име доколку дојде до драстичен пораст на трошоците неопходни за вршење на превоз (пораст на цена на погонско гориво, надомест за патни трошоци и др.)
Во цената на превоз непланирани дополнителни трошоци се признаваат доколку за истите се достави веродостоен документ.
Рок за утовар се одредува на период не подолг од 24 часа од часот на поставување на возилото на место за утовар, а рок за истовар се одредува за период не подолг од 48 часа од период на добиена информација за пристигнување на место за истовар, по истекот на овој рок, превозникот има право на надомест за трошоци на име авто ден според сопствена тарифа или тарифа за просечен износ на автоден одреден од здружение на превозници организирано на ниво на држава.
3. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ.
Член 8
Превозникот доставува фактура до организаторот на превоз со прилог на заверен CMR односно товарен лист за внатрешен превоз од страна на примачот на стоката и прилог на документи за дополнителни трошоци ако ги има, на крај на месец во кој се вршат комулативно превозите или веднаш по завршување на превоз ако се работи за парцијално извршен превоз. Врз основа на датите за истовар наведени во приложените товарни листови односно ЦМР за меѓународни превози или товарен лист за внатрешен превоз, организаторот врши исплата на договорената превозна сума во рок не подолг од 60 дена од дата на истовар наведена во секој товарен лист одделно .
Превозникот се согласува дел од надоместот за превоз, но не поголем од 50% од вредноста на доставените фактури, да му се исплати со полнење на гориво од бензиска пумпа во сопственост на организаторот на превоз или од него одредена бензиска пумпа на друг правен субјект. Превозникот го задржува правото да даде писмено одобрение за наплата на конкретно побарување во поголем % од договорениот според овој договор.
За задоцнета исплата на побарувања на име на извршен превоз, превозникот има право на надомест во вид на пресметана законска камата.
Член 9
Превозникот има за обврска во секоја непредвидена ситуација во период на извршување на превоз да бара инструкции од организаторот на превоз, не смее да врши дотовар на друга стока без писмено одобрение, не смее да ја распакува стоката за да ја смести во товарниот простор или да ја преземе на превоз доколку при утовар е видно дека опаковката на амбалажата е оштетена и/или видните делови на стоката јасно укажуваат на аномалии на истата, односно се работи за превоз на стока под посебен режим (АДР , АТП) за што не бил известен ниту било наведено во налогот за утовар.
Превозникот во товарниот лист задолжително ги запишува своите забелешки во случај кога не му е овозможено да присуствува на утовар на стока, а организаторот на превоз му дал согласност за преземање на стоката за превоз. Во товарниот лист се запишува „не ми е дозволено присуство на место на утовар со што одговорноста за стоката од аспект на вид, количина, опаковка и состојба е на товар на испорачателот на истата„.
Во случај на непочитување на пропишаните одредби за постапување од став 1 и 2 на овој член, превозникот во целост ја надоместува настанатата штета на стоката која ја зел за превоз.
Член 10
Организаторот на превоз не смее да презема дејствија кои се штетни за превозникот, ниту да издава наредби и под присила на овој договор да бара од превозникот да ги прекршува законските одредби од аспект на безбедност во сообраќајот, заштита на животната средина како и од аспект на исполнување на законските обврските за работно време и задолжителен одмор на возачите на товарни моторни возила.
Штета која превозникот ќе ја претрпи поради дејствија од став 1 на овој член, во целост ја сноси организаторот на превоз.
4. ОПШТИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 11
Овој договор се склучува за период на важност од 1 година сметано од денот на потпишувањето. Доколку договорните страни се согласни да го продолжат договорот истото ќе го сторат со анекс на овој договор кој треба да биде склучен најмалку 30 дена пред истекот на рокот.
Член 12
Секоја договорна страна има право еднострано да го раскине овој договор по писмен пат со отказен рок од 30 дена.
Доколку некоја од договорните страни не ги почитува обврските превземени со овој договор и поради тоа другата страна трпи штета, има право да го раскине овој договор без отказен рок,со тоа што договорните страни имаат обврска за уредно завршување на започнатите превози до моментот на раскинување на договорот и целосно исполнување на предходно превземените права и обврски со надомест на штета која е определена и прифатена од двете страни.
Член 13
Сите недоразбирања меѓу договорните страни ќе се решаваат со меѓусебен дијалог, а доколку тоа не е можно, во случај на спор надлежни ќе бидат судовите во Република Македонија.
Член 14
Овој договор е составен во 4 истоветни примероци од кој по 2 за секоја договорна страна.
Организатор на превоз Превозник