I. Инструкции за понудувачите
ПОЕДНОСТАВЕНА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА бр. 05- 767/5/2015
за
- Поправка на повеќенаменски игралишта во општина Кочани
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ , КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Оглас бр.05-767/6/2015
критериум за доделување на договорот: најниска цена
Подготвил:
Виш соработник за спроведување на постапки за јавни набавки
( Xxxxxxx Xxxxxxxxx )
Претседател на Комисија за јавни набавки :
Соработник за изградба и одржување на општински патишта и улици
( Ристаки Пантов )
Кочани, април, 2015
I. Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е Општина Кочани, со седиште на адреса : ул.'' Раде Кратовче '' бр.1 Кочани, телефон за контакт 000-000-000, факс 000-000-000, контакт лице: Xxxxxxx Xxxxxxxxx - Виш соработник за спроведување на постапки за јавни набавки, електронска адреса xxxxxxxxxx@xxxxxx.xxx.xx, моб.тел.000-000-000.
2. Предмет на договорот за јавна набавка
2.1. Согласно Програмата за урбана опрема за 2015 год., донесена од Советот на Општина Кочани, за потребите на Општина Кочани – Сектор за уредување и располагање со градежно земјиште , се утврди потреба за доделување на договор за јавна набавка за предмет :
- Поправка на повеќенаменски игралишта во општина Кочани
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации – предмер, во прилог на оваа тендерска документација.
2.2. Предметот на договорот за јавната набавка не е деллив. Економскиот оператор во својата првична понуда / пред спроведување на електронската аукција / треба да ги вклучи сите составни делови и сите позиции и ставки во предмерот , онака како што е дадено, во образецот на понудата.
Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
2.3. Предмет на аукцијата ќе биде вкупната цена на понудата за целиот предмет на договорот за јавна набавка, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ .
3. Начин и рок на изведување на работите
3.1. Носителот на набавката е должен работите од предметот на договорот за јавната набавка да ги изведе на следниов начин :
- по уредно доставено барање од Договорниот орган за воведување во работа , кое ќе ги содржи сите потребни податоци за несметано изведување на работата, а во зависност од потребите на истиот (сукцесивно), согласно Програмата за урбана опрема за 2015 год., донесена од Советот на Општина Кочани и Предмер пресметката.
3.2. Договорот за јавната набавка ќе се склучи за период во времетраење, сметано од денот на стапувањето на сила на договорот за јавна набавка, па сè до 31.12.2015 год.
/ овој критериум не се бодира и е задолжителен елемент на договорот за јавната набавка /
4. Цена на понудата
4.1. Економскиот оператор во Предмер Пресметката ја внесува цената без ДДВ за секоја ставка посебно / единечна и вкупна / и вкупна вредност на понудата без ДДВ.
4.2. Понудената вкупна цена на понудата треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
4.3. Вкупната цена на понудата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со букви на англиски јазик.)
4.4. Ако вредноста на понудата е невообичаено ниска и во голема мера не е во согласност со проценетата вредност на набавката, договорниот орган од економскиот оператор ќе побара писмено објаснување за причините за таквата цена на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од 5 /пет/ дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
Напомена: Цените да бидат пишувани директно во Образец на понудата ( Предмер Пресметка во тендерската документација ) изготвен од Договорниот орган , кој се презема директно од ЕСЈН, и не се дозволени никакви алтернативни понуди или обрасци на понуда.
Доколку цените се дадени на друг начин од претходно опишаниот, првичната понуда ќе биде оценета како неприфатлива во смисла на чл.3 ст.1 точка 24 од Законот за јавните набавки – Пречистен текст /
„Службен весник на Република Македонија “ бр.27/15 / и понудувачот нема да биде учесник на електронската аукција.
/овој критериум се бодира /
5. Право на учество
5.1. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
5.2. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое презело тендерска документација од ЕСЈН, под услов да е регистриран на ЕСЈН и кое ги исполнува условите согласно тендерската документација.
5.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
5.4. Економските оператори можат да се здружат и да формираат група на економски оператори со цел заедно да поднесат групна понуда без да се поврзат во законска правна форма.
5.4.1 Составен дел на групна понуда е договор за поднесување на групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка , а кој особено ги содржи следните податоци:
- членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган;
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка;
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција;
- членот на групата кој ќе ја издаде фактурата/ситуацијата и сметка на која ќе се вршат плаќањата;
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
5.4.2 Членовите на групата економски оператори одговараат поединечно и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
5.4.3 Член во групата економски оператори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку :
- е носител на групата економски оператори,
- ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција,
- групата економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
- другите членови од групата солидарно не ги преземат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
5.4.4 Повлекувањето на член од групата економски оператори спротивно на условите од т.
5.4.3 се смета за повлекување на групната понуда .
Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење на професионалната дејност.
НАПОМЕНА: Во моментот на поднесување на понудата сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
5.5. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
5.6. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
5.7. Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
5.8. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
6. Валута на понудата
6.1. Цената на понудата се изразува исклучиво во денари / МКД.
6.2. Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите.
7. Авансно плаќање
7.1. За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
8. Исправка на аритметички грешки
8.1. Ако првичната понуда е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, Договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови;
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
8.2. Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
8.3. Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана изјавата за сериозност на понудата.
9. Извор на средства и начин и рок на плаќање
Средствата за реализација на конкретниот договор за јавната набавка се обезбедени во Буџетот на Општина Кочани за 2015 година, Програма ЈН, ставка 424.
Плаќањето на работите кои се предмет на овој договор, ќе се врши по доставување на ситуација за стварно изведени работи ( времена или завршна), што ја доставува Носителот на набавката, со дефинирани и изведени позиции, одложено до 60 / шеесет/ дена , сметано од денот на приемот на истата во архивата на Договорниот орган.
Времената ситуација Носителот на набавката ја доставува до Договорниот орган во примерен рок по истекот на периодот за кој се однесува, потпишана и заверена од страна на определен Надзорен орган од Договорниот орган.
Завршната ситуација Носителот на набавката ја составува и поднесува на исплата до Договорниот орган, врз основа на стварно изведени и завршени работи, потпишана и заверена од страна на определен Надзорен орган од Договорниот орган.
Напомена : Xxxxxxx и рокот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин и рок на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде отфрлена од страна на комисијата за јавни набавки.
/овој критериум не се бодира и е задолжителен елемент на договорот за јавната набавка /
10. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
10.1. Лична состојба
- во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- понудувачот да не е во постапка за стечај ;
- понудувачот да не е во постапка за ликвидација;
- понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност и
- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност
Понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
/овој критериум не се бодира /
10.2 Способност за вршење на професионална дејност
10.2.1 Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
/овој критериум не се бодира/)
11. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда. Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност, понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација:
11.1. За докажување на личната состојба:
- изјава со потпис на одговорното лице и печат на понудувачот дека во
последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
оригинал потпишана и заверена од понудувачот /со штембил и дата / ;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна - привремена забрана за вршење на одделна дејност ;
копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “ ;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна - трајна забрана за вршење на одделна дејност ;
копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “ ;
- потврда од Регистарот на физички и правни лица дека не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност ;
копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “ ;
- потврда од Регистарот на физички и правни лица дека не му е изречена прекршочна санкција – привремена забрана за вршење одделна дејност ;
копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “ ;
Документите од точка 11.1 не смеат да бидат постари од 6 /шест/ месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот на барање на комисијата. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.
Понудувачот за докажување на својата лична состојба поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на личната состојба, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација. Комисијата ќе побара само од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба.
Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна до денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда.
11.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност
11.2.1. За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, односно да достави :
- Потврда за регистрирана дејност или Тековна состојба. за чие издавање надлежен орган
во РМ е Централен регистар на РМ ;
не постар од 6 / шест / месеци – сметано наназад од денот утврден за јавното отварање на понудите
оригинал или копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “ ;
11.3. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од три работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
11.4. Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
Ако економски оператори поднесат групна понуда, економската и финансиската состојба, како и техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови во групата.
12. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација 12.1 Појаснување на тендерската документација
12.1.1. Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 3 / три / дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
12.1.2. Појаснувањето, Договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
12.1.3. Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација.
12.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
12.2.1. Договорниот орган го задржува правото најдоцна 3/три/ дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
12.2.2. Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 / шест / дена.
12.2.3. Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
13. Изготвување и поднесување на понудите 13.1. Начин на изготвување на понудата
Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на оригиналните обрасци дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“ . Понудата се пишува со неизбришливо мастило и
ја потпишува и заверува одговорното лице на понудувачот или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира /округол печат и потпис / лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
13.2. Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
Со понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба во целост утврдени во законот и во тендерската документација и дека ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку неговата понуда биде избрана за најповолна.
13.3. Изјава за сериозност на понудата
Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.
13.4. Изјава за независна понуда
Во прилог на понудата, понудувачот доставува потпишана изјава за независно поднесување на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.
Изјавата за независна понуда ја потпишува одговорното лице и ниедно друго лице.
13.5. Елементи на понудата
Поднесената првична понуда на денот утврден за јавно отварање на понудите , треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:
- Пополнет Образец на понуда (Прилог 1) - оригинал , преземен од ЕСЈН со тендерската документација ;
( потпишан од одговорното/овластеното лице и заверен на понудувачот);
- Пополнет образец на изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (Прилог 2) - оригинал, преземенa од ЕСЈН со образецот на понуда ;
( потпишана од одговорнот/овластеното лице и заверена на понудувачот) ;
- Пополнет образец на изјава за сериозност на понудата ( Прилог 3) - оригинал, преземен од ЕСЈН со образецот на понуда;
( потпишан од одговорното/овластеното лице и заверен од понудувачот ) ;
- Пополнет образец на изјава за независна понуда ( Прилог 4) - оригинал, преземен од ЕСЈН со образецот на понуда;
( потпишан од одговорното лице и заверен од понудувачот ) ;
- Документи за утврдување на професионалната дејност, утврдени во точка 11.2. од оваа тендерска документација;
( оригинал или копии потпишани и заверени од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “
13.6. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик.
13.7. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 30 / триесет / дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот.
Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
13.8. Затворање на понудата
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- го содржи бројот на огласот,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку сите пликоа не се запечатени и обележани како што се бара, Договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата.
Понудите кои се отворени предвремено или оштетени и притоа може да се види нивната содржина поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите, ќе се отфрлат како неуредни.
13.9. Принцип на една понуда
Едно правно или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи.
Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
Понуда може да поднесе само понудувач кој ја има преземено тендерската документација од ЕСЈН каде што е прикачена со огласот објавен од Договорниот орган и за кој Договорниот орган има добиено електронска потврда за превземање на тендерската документација , согласно Правилникот за начинот на користење на ЕСЈН .
14. Краен рок и место за поднесување на понудите
14.1. Краен рок за поднесување на понудите е : 14.04.2015 година во 14.00 часот.
14.2. Понудите се поднесуваат на следнава адреса :
Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр.1 Кочани , со назнака " За барање за прибирање на понуди " Оглас бр. 05-767/6/2015.
15. Нејавно отворање и евалуација на понудите
15.1. Отворањето на понудите не е јавно, односно на денот на отворањето на понудите нема да присуствуваат претставници на понудувачите.
15.2. Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.
16. Критериуми за доделување на договорот
Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
17. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
17.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
17.2. Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
17.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Секое лице кое се регистрира како корисник на ЕСЈН, при пополнување на веб образецот за регистрација се запознава и дава согласност дека ќе ги почитува правилата и условите за користење на ЕСЈН. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори”.
17.4. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани со активиран кориснички профил во ЕСЈН .
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН и има активен кориснички профил во ЕСЈН.
.
Договорниот орган ќе испрати поединечно писмено известување до оној економски оператор кој не е квалификуван за учество на електронска аукција.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; почетната цена на квалификуваниот понудувач, односно неговата првично поднесена цена; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; како и интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
17.5. Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци:
- идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена,
- информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и
- временскиот период за поднесување конечна цена.
Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена , првично понудената цена ќе се смета за конечна.
18. Доделување на договорот за јавна набавка
18.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во постапка со барање за прибирање на понуди, договорот го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.
18.2. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој оној кој прв ја поднел понудата во архивата на Договорниот орган .
18.3. Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана понудата на понудувачот оној кој прв ја поднел понудата во архивата на Договорниот орган .
18.4. Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, , договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна
цена преку ЕСЈН. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
18.5. Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена.
18.6. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно пропорционално намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
19. Известување за доделување на договорот за јавна набавка
19.1. По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
19.2. Пред истекот на периодот на важење на понудата, а најдоцна во рок од 3 /три/ дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда.
Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
20. Правна заштита
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки – Пречистен текст / „Службен весник на Република Македонија “ бр.27/15 / .
Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
21. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка
22.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
II. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
П Р Е Д М Е Р
- Поправка на повеќенаменски игралишта во општина Кочани
1. Поправка на заштитни мрежи(со заварување) на огради на повеќенаменски игралишта
изработени од арматурна мрежа со ф10мм м2 20
2. Набавка и поставување на обрачи за кош со потребни штрафови, со поставување
метална подлошка 100/150мм.д=5мм од задна
страна на кошаркарска табла бр. 4
3. Набавка и поставување на мрежички за
кошаркарски обрачи бр. 16
4. Набавка и поставување на мрежи за
голови со димензии 3 х 2м за мал фудбал пара 4
5. Набавка на кошаркарски табли
со димензија 180х105цм со д=20мм
од водонепропуслива иверица бр. 4
6. Набавка и поставување на вештачка трева
за фудбалско игралиште со должина на тревата
Л=15мм м2 30
7. Набавка и поставување на ленти од вештачка трева со ширина 10цм.
-со бела боја м 20
-со жолта боја м 20
8. Поправка на метални стативи со заварување
и фиксирање бр. 4
9. Набавка и вградување на резе за затварање
на врати на повеќенаменски игралишта бр. 4
10. Набавка и заварување на апкан 40х40мм
со должина Л=70цм за статива за поставување
на мрежа м 18