Критериуми за доделување на договорот Примери за клаузули

Критериуми за доделување на договорот. Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
Критериуми за доделување на договорот. Критериуми за избор на најповолна понуда и доделување на договорот за јавна набавка се: Цена 50 бода Квалитет 25 бода Гаранција 15 бода Рок на испорака 10 бода
Критериуми за доделување на договорот. Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е квалитетот на понудувачот. За носители на набавката ќе бидат избрани оние економски оператори кои ќе добијат најголем број бодови согласно критериумите за избор.
Критериуми за доделување на договорот. Критериум за доделување на договорот е економски најповолна понуда. За носител на набавката ќе биде избрана онаа организација чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економска најповолна понуда. Елементите на критериумот економски најповолна понуда се изразуваат со број на бодови во распон од 1 до 100 бодови кои редоследно се наведуваат според нивната важност, а нивниот вкупен збир изнесува 100 бодови. Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве: Цена 65 бодови, Методологија на анализата 20 бодови, Искуство во слични задачи на експертот 15 бодови.
Критериуми за доделување на договорот. Критериум за доделување на договорот е економски најповолна понуда. За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно кој ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економска најповолна понуда. Елементите на критериумот економски најповолна понуда се изразуваат со број на бодови во распон од 1 до 100 бодови кои редоследно се наведуваат според нивната важност, а нивниот вкупен збир изнесува 100 бодови. Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве: Цена - 55 бодови, Предлог Поглавје 20 алатки - 15 бодови, Искуство на предложениот тим - 15 бодови, Претходно искуство на организацијата – 15 бодови Број на бодови = најниска цена (без ДДВ) * максимален број бодови за елементот цена

Related to Критериуми за доделување на договорот

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на Телекомуникациски услуги. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерска документација и истата е составен дел на тендерската документација.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1) Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност