Contract
Д О Г О В О Р
За реализација на практична настава на студентите Склучен помеѓу:
1. Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Природно- математички факултет - Скопје, ул. Архимедова бр. 3, застапуван од деканот проф. д-р Даворин Трпески (во натамошниот текст - Факултетот)
2. , ул. , застапуван од управителот (во натамошниот текст - Фирмата соработник)
Член 1
Со овој Договор, се уредуваат начинот и условите за реализирање на практична настава на студентите од Факултетот, во просториите на Фирмата соработник.
Член 2
Согласно Правилникот за начинот и условите за организирање на практична настава за студентите, се определува дека практичната настава е со времетраење од минимум 30 (триесет) работни денови, а во текот на денот времетраењето на практичната настава е од 1 (еден) до 8 (осум) часа.
Член 3
Студентот практикант кој ќе биде упатен од Факултетот е задолжен на Фирмата соработник да и предаде пополнет документ – Потврда за упатување на студентот до Фирмата соработник каде студентот треба да ја реализира практичната настава, со потпис и печат од овластено лице од Факултетот.
Член 4
По истекот на времетраењето на практичната настава Фирмата соработник му враќа на студентот копија од Потврдата за упатување и му издава Потврда за реализирана практична настава, со назнака во кој временски период, на официјален меморандум на Фирмата соработник, со потпис од овластено лице и печат на Фирмата соработник, заверена со архивски број.
Член 5
Фирмата соработник има обврска да обезбеди достапност на информации и вештини за студентите, да го запознае секој студент со сите негови права и обврски кој е должен да ги почитува и да му додели ментор за давање насоки и следење на практичната настава на студентот.
Член 6
Договорот се склучува за период од 2 години, со можност за продолжување.
Секоја измена на договорот подразбира писмено одобрување од страна на двете договорни страни
Член 7
Овој договор е составен во четири еднообразни примероци, од кои по два за секоја договорна страна.
Член 8
Овој договор влегува во сила од денот на потпишувањето.
Универзитет “Св. Кирил и Методиј
Природно-математички факултет ”-Скопје
Д Е К А Н, Управител,
Проф. Д-р Даворин Трпески