Contract
Пречистениот текст на Законот за мирно решавање на работните спорови ги опфаќа: Законот за мирно решавање на работните спорови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2007), Законот за изменување и дополнување на Законот за мирно решавање на работните спорови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14) во кои е означено времето на нивното влегување во сила и примена и Исправката на Законот за изменување и дополнување на Законот за мирно решавање на работните спорови („Службен весник на Република Македонија“ бр.102/14)
ЗАКОН ЗА МИРНО РЕШАВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ СПОРОВИ
(Пречистен текст)
I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ ПРЕДМЕТ НА УРЕДУВАЊЕ
Член 1
Со овој закон се уредуваат начинот и постапката на мирно решавање на колективните и одделни индивидуални работни спорови, изборот, правата и обврските на помирувачот и арбитрите и другите прашања од значење за мирното решавање на работните спорови.
Постапката за мирно решавање на работните спорови се покренува и води во согласност со овој закон, ако за истиот спор не е одлучено во согласност со прописите за работните односи.
Индивидуалните работни спорови можат да се решаваат и согласно со Закон за медијација.
ОСНОВНИ ПОИМИ
Член 2
Колективен работен спор, во смисла на овој закон, се смета спор по повод склучување, измена, дополнување или примена на колективен договор, остварување на правата на синдикално организирање и штрајк (во натамошниот текст: колективен спор).
Службен весник на РМ, бр. 104 од 11.07.2014 година
Страна во колективниот спор, во смисла на овој закон, се сметаат учесниците во склучувањето на колективниот договор во согласност со закон (во натамошниот текст: страна во спорот).
Член 3
Индивидуален работен спор, во смисла на овој закон, се смета спор по поводот откажување на договор за вработување и неисплата на плата (во натамошниот текст: индивидуален спор).
Страни во индивидуалниот спор, во смисла на овој закон, се сметаат работникот и работодавачот (во натамошниот текст: страна во спорот).
База на закони xxx.xxxxxxxx.xx
Член 4
Помирување е учество на трето неутрално лице во посредување меѓу две спротивставени страни, со цел за постигнување спогодба за мирно решавање на колективен спор.
Арбитража е учество на трета независна страна во решавање на индивидуален спор, со цел за постигнување на обврзувачко решение за предметот на спорот.
Помирувач, во смисла на овој закон, се смета лице кое дава помош на страните во колективниот спор со цел да склучат спогодба за решавање на спорот.
Арбитер, во смисла на овој закон, се смета лицето кое одлучува за предметот на индивидуалниот спор.
ОСНОВНИ НАЧЕЛА
Начело на доброволност Член 5
Страните во колективен или индивидуален спор се слободни доброволно да одлучат за пристапување кон мирно решавање на спорот, ако со овој закон поинаку не е определено.
Начело на независност, неутралност и непристрасност
Член 6
Во постапката за мирно решавање на работниот спор учествуваат страните во спорот и помирувачот, односно арбитерот, во согласност со овој закон.
Помирувачот, односно арбитерот е должен да постапува независно, неутрално и непристрасно во однос на страните или предметот на спорот.
II. ПОСТАПКА ЗА МИРНО РЕШАВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ СПОРОВИ
Член 7
Мирното решавање на колективните и индивидуалните спорови по повод откажување на договор за вработување и неисплата на плата го вршат помирувачи и арбитри, под услови и на начин утврдени со овој закон.
Член 8
Стручно-административните работи во врска со мирното решавање на колективните и индивидуалните спорови по повод откажување на договор за вработување и неисплата на плата ги врши министерството надлежно за работите од областа на трудот.
Министерството надлежно за работите од областа на трудот ги врши работите кои се однесуваат:
- водење на Регистар на помирувачи и арбитри ( во понатамошниот текст: Регистарот),
- обука и стручно усовршување на помирувачите и арбитрите,
- изземање на помирувачите и арбитрите,
- постапка за издавање и одземање на лиценци на помирувачи и арбитри, согласно со овој закон,
- водење на постапката за мирно решавање на работните спорови,
- евиденција за постапките за мирно решавање на работните спорови и
- други работи предвидени со закон.
Издавањето и одземањето на лиценци го врши министерството надлежно за работите
од областа на трудот, на предлог на трипартитна комисија формирана од Економско- социјалниот совет, со претставници од Министерсвото за труд и социјална политика, од репрезентативните здруженија на работодавачи и од репрезентативните синдикати.
Поднасловот пред членот 9 и членот 9 се избришани
Насловот на Главата III и поднасловот „Заеднички одредби" пред членот 10 се избришани
Покренување на постапка
Член 10
Постапка за мирно решавање на работен спор се покренува со поднесување предлог во писмена форма до министерството надлежно за работите од областа на трудот.
Странките во спорот можат да поднесат предлог заеднички или поединечно. Предлогот содржи особено:
1) име, презиме и адреса, односно назив и седиште на страните во спорот и
2) предметот на спорот.
Кон предлогот страните во спорот доставуваат документација во врска со предметот на спорот, како и имиња на сведоците, ако ги има.
Член 11
Ако предлогот го поднела една од страните во спорот, министерството надлежно за работите од областа на трудот ги доставува предлогот и документацијата на другата страна во спорот и ја повикува во рок од пет работни дена да се изјасни дали прифаќа мирно решавање на спорот.
Ако во рокот од ставот 1 на овој член министерството надлежно за работите од областа на трудот не добие одговор за прифаќање на предлогот за мирно решавање на спорот од другата страна, ќе се смета дека предлогот за поведување постапка не е прифатен.
Определување на помирувачи, односно арбитри
Член 12
Помирувачот, односно арбитерот спогодбено ги определуваат страните во спорот од Регистарот, во рок од пет работни дена од денот на прифаќањето на предлогот за мирно решавање на работниот спор.
Ако страните во спорот спогодбено не определат помирувач, односно арбитер, го определува министерството надлежно за работите од областа на трудот од Регистарот.
Член 13
Министерството надлежно за работите од областа на трудот го доставува предлогот и документацијата во врска со предметот на спорот на помирувачот, односно арбитерот кој е определен за конкретниот спор, во рок од три работни дена од денот на неговото определување.
Надоместок за помирувач, односно арбитер
Член 14
Помирувачот, односно арбитерот, имаат право на надоместок во врска со мирното
решавање на колективен, односно индивидуален спор.
Надоместокот од ставот 1 на овој член, се определува со Xxxxxxxx, кој го донесува министерот надлежен за работите од областа на трудот.
Надоместокот за помирувачот, односно арбитерот е на товар на министерството надлежно за работите од областа на трудот.
Средствата од ставот 1 на овој член се обезбедуваат во Буџетот на Република Македонија.
Член 15
Секоја страна во спорот ги сноси своите трошоци во поглед на начинот на меѓусебното обесштетување на учесниците во мирното решавање на спорот во текот и во врска со водењето на постапката за мирно решавање на спорот.
КОЛЕКТИВЕН СПОР
Учество на помирувачот во процесoт на колективното договарање
Член 16
Страните во колективното договарање (во натамошниот текст: страните), можат да поднесат предлог до министерството надлежно за работите од областа на трудот за учество на помирувач во процесот на колективното договарање во смисла на членот 2 став 1 од овој закон, со цел за укажување на помош и спречување на настанување на спор.
Страните можат да поднесат предлог заеднички или поединечно.
Ако предлогот го поднел еден од страните, министерството надлежно за работите од областа на трудот го доставува предлогот и документацијата до другите учесници, со барање во рок од пет работни дена да се изјаснат дали прифаќаат учество на помирувач во процесот на колективното договарање.
Предлогот содржи: вид на колективниот договор за кој се преговара, страните, местото и времето на преговорите и име и презиме на заеднички определениот помирувач.
Помирувачот во процесот на колективното договарање:
1) учествува во сите фази на процесот на колективното договарање;
2) им укажува на страните на предлозите кои не се во согласност со закон и други прописи;
3) им дава стручна и друга помош на страните и
4) им помага на страните да постигнат спогодба, без право да наметне решение. Помирувачот е должен да биде неутрален и непристрасен во текот на преговорите.
Учество на помирувачот во колективен спор
Член 17
Страните на колективен спор, во смисла на членот 2 став 1 од овој закон, можат да поднесат предлог до министерството надлежно за работите од областа на трудот за учество на помирувач, за укажување на помош за решавање на спорот.
Помирувачот во постапката на помирување при колективен спор:
1) им помага на страните да изнајдат заедничко решение за решавање на спорот;
2) им укажува на страните на предлозите кои не се во согласност со закон и другите прописи;
3) им дава стручна и друга помош на страните на независен, неутрален и непристрасен начин и
4) им помага на страните да постигнат спогодба, без право да наметне решение во спорот, во согласност со принципите за мирно решавање на работните спорови.
Учество на помирувачот во спорови во дејностите
од општ интерес
Член 18
Во случај на штрајк или спор во дејностите од општ интерес или во дејностите во кои прекинот на работата би можел да го загрози животот или здравјето на луѓето или да нанесе штета од поголеми размери, страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на колективниот спор.
Постапката за мирно решавање на колективниот спор од ставот 1 на овој член завршува во рок од десет дена од поднесувањето на предлогот за мирно решавање на спорот.
Дејности во смисла на ставот 1 на овој член се дејностите кои ги вршат работодавачите во областа на: електростопанството, водостопанството, сообраќајот, радио-телевизијата чиј основач е Република Македонија или единиците на локалната самоуправа, поштенски услугите, комуналните дејности, производството на основни прехранбени производи, здравствената и ветеринарната заштита, образованието, заштитата на децата, социјалната заштита, полицијата и одбраната.
Во случај на штрајк во дејностите од ставот 3 на овој член за времетраењето на постапката за мирно решавање на спорот од ставот 2 на овој член, штрајкот е во мирување.
Член 19
Во дејностите од членот 18 од овој закон страните во спорот се должни да поднесат заеднички предлог за помирување наредниот ден од денот на настанувањето на спорот.
Ако страните на спорот не поднесат заеднички предлог се должни да го известат министерството надлежно за работите од областа на трудот, кое во рок од два дена од денот на настанување на спорот или штрајк во дејностите од членот 18 од овој закон, по сужбена должност покренува постапка за помирување и определува помирувач од Регистарот.
Помирувачот е должен да ја започне постапката за мирно решавање на спорот, наредниот ден од денот на приемот на предлогот и документацијата за предметот на спорот и за тоа да ги извести страните во спорот.
Орган надлежен за помирување
Член 20
Постапката за помирување на колективниот спор се води пред Одборот за помирување (во натамошниот текст: Одборот).
Одборот го сочинуваат по еднаков број на преставници од страните во спорот.
Во постапката за помирување учествува и помирувачот, без право на одлучување.
Постапка за помирување
Член 21
Помирувачот е должен да ја закаже расправата во рок од три дена од денот на приемот на предлогот и документацијата за предметот на спорот и за тоа ги известува страните во спорот.
Страните во спорот се должни да определат свој претставник во Одборот и за тоа да го известат помирувачот најдоцна до денот на закажаната расправа.
Ако страните во спорот не определат свој претставник во рокот од ставот 2 на овој член, постапката на помирување ја води помирувачот со непосредни контакти со страните во спорот.
Претставниците на страните во спорот на расправата ги изнесуваат своите ставови и предлози.
Член 22
Помирувачот има право и одвоено, надвор од расправата, да прибави информации и други податоци од претставници на страните во спорот.
Член 23
Во постапката за помирување, помирувачот им помага на страните да дојдат до заеднички прифатлива спогодба без да наметнува решенија за спорот.
Одборот ја заклучува расправата во рок од 20 дена од денот на отварањето на расправата и донесува препорака за начинот на решавање на спорот (во натамошниот текст : препорака).
Член 24
Одборот ја дава препораката во писмена форма, со образложение. За препораката е потребно да гласаат сите членови на Одборот.
Ако Одборот не донесе препорака во рок од пет дена од денот на заклучувањето на расправата, помирувачот може на странките во спорот да им предложи препорака.
Член 25 Препораката не ги обврзува страните во спорот.
Ако страните во спорот ја прифатат препораката, склучуваат Спогодба за решавање на спорот.
Ако предмет на спорот е колективен договор, Спогодбата претставува составен дел на колективниот договор.
Ако предмет на спорот не е колективен договор, Спогодбата има сила на судско порамнување.
Член 26
Страната во спорот која нема да ја прифати препораката е должна во рок од три дена од денот на доставувањето на препораката да ги наведе причините за неприфаќањето на препораката.
На предлог на помирувачот министерството надлежно за работите од областа на трудот може да ја објави препораката и причините за неприфаќање на препораката во средствата за јавно информирање.
Член 27
Постапката за помирување се завршува пред Одборот, ако страните во спорот склучат или не склучат спогодба за решавање на спорот во рок од 20 дена од денот на отворањето на расправата.
Членот 28 е избришан
ИНДИВИДУАЛЕН СПОР
Член 29
Индивидуален спор со заедничка согласност на страните во спорот може да се решава пред арбитер, во согласност со овој закон, ако предмет на спорот е:
1) откажувањето на договор за вработување x
2) неисплата на плата.
Ако меѓу страните во индивидуалниот спор тече судска постапка од иста фактичка и правна основа, страните во спорот се должни на судот заеднички да му поднесат барањеза прекин на постапката.
Постапка пред арбитерот
Член 30
Арбитерот е должен да закаже расправа во рок од три дена од денот на приемот на предлогот и документацијата за предметот на спорот и за тоа ги известува страните во спорот.
Расправата се одржува во присуство на страните во спорот и арбитерот.
Арбитерот ја отвора расправата и утврдува дали поканетите лица присуствуваат на расправа.
Ако една од страните во спорот неоправдано изостане од расправата, арбитерот може да одржи расправа во нејзино отсуство, земајќи ја предвид документацијата која таа страна ја доставила.
Секоја страна во спорот може да го повлече предлогот за покренување на постапка пред арбитерот најдоцна до денот на отворањето на расправата.
Членот 31 е избришан Член 32
Арбитерот ја води расправата, зема изјави од страните во спорот и од другите лица во постапката, изведува докази и се грижи во текот на постапката да се изнесат сите факти релевантни за одлучувањето.
Страните во спорот имаат право пред арбитерот да се изјаснат за предметот на спорот и да одговараат на наводите на другата страна во спорот.
Арбитерот одлучува за одлагање на расправата, по службена должност или на барање на страните во спорот.
Во случајот од ставот 3 на овој член арбитерот е должен да закаже расправа најдоцна во рок од пет дена од денот на одлагањето на расправата.
Членот 33 е избришан Член 34
Страните во спорот имаат право да даваат завршен збор на расправата.
Ако арбитерот смета дека предметот на спорот е расправен така да може да одлучи, ја заклучува расправата.
Член 35
Арбитерот донесува решение за предметот на спорот во рок од 30 дена од денот на отворањето на расправата.
Решението содржи:
1) име, презиме и адреса, односно назив и седиште на страните во спорот;
2) изрека;
3) образложение;
4) дата на донесување на решението и
5) име, презиме и потпис на арбитерот. Против решението не е дозволена жалба.
Решението е правосилно и извршно со денот на доставувањето на страните во спорот, а ако во решението е утврдено дека дејствието кое е предмет на извршување може да се изврши во оставениот рок, решението постанува извршно со истекот на тој рок.
Член 36
Страните во спoрот се должни да го известат судот за донесувањето на решението ако постапката пред судот е прекината.
IV. ПОМИРУВАЧИ И АРБИТРИ ИЗБОР НА ПОМИРУВАЧИ И АРБИТРИ
Член 37
Помирувач, односно арбитер, може да биде лице кое има добиено лиценца од министерството надлежно за работите од областа на трудот, на предлог на Комисијата од членот 8 став 3 од овој закон.
За добивање на лиценца од ставот 1 на овој член лицето е потребно да ги исполнува следниве услови:
1) да е државјанин на Република Македонија;
2) да има висока стручна подготoвка и најмалку пет години работно искуство во областа на работните односи;
3) да не му е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
4) да е достојно на должноста помирувач, односно арбитер и
5) да има сертификат од министерството надлежно за работите од областа на трудот за успешно завршена обука, според Програмата за обука на помирувачи и арбитри.
Лиценцата се издава на неопределено време, а истата се одзема со губење на својството на помирувач или арбитер, во случаите утврдени во членот 44 од овој закон.
Формата и содржината на лиценцата, како и начинот на нејзиното издавање со акт ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на трудот.
Програмата за обука на помирувачи и арбитри ја донесува министерот надлежен за работите од областа на трудот.
Членовите 38,39, поднасловот пред членот 40 и членот 40, поднасловот пред членот 41 и членот 41 се избришани
Член 42 Регистарот ги содржи следниве податоци:
1) име и презиме на помирувачот, односно арбитерот;
2) адреса;
3) стручна подготовка;
4) број и датум на доделување на лиценцата;
5) број и датум на упис во Регистарот x
6) број и датум на бришење во Регистарот.
Формата, содржината и начинот на водење на регистарот од членот 8 став 2 алинеја 1 од овој закон ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на трудот.
Член 43
Помирувачот и арбитерот се должни да ја пријават промената на податоците од членот 42 точки 1 и 2 на овој закон во рок од три дена од настанувањето на промената.
Член 44 Својството на помирувач и арбитар престанува:
1) ако дополнително се утврди дека не се исполнети условите од членот 37 од овој закон;
2) ако престанат да постојат условите од членот 37 од овој закон;
3) ако не постапува согласно со членот 50 од овој закон;
4) ако неоправдано не учествува во постапка за мирно решавање на работни спорови за која е избран, односно определен;
5) ако неоправдано ја одолжува постапката за мирно решавање на работните спорови или постапката не ја води согласно со закон;
6) на негово барање;
7) поради губење на деловна способност x
8) поради смрт.
Членовите 45 и 46 се избришани
ИЗЗЕМАЊЕ НА ПОМИРУВАЧ ОДНОСНО АРБИТЕР
Член 47
Странките во спорот можат до министерот надлежен за работите од областа на трудот да поднесат барање за изземање на помирувач, односно арбитер, и тоа ако:
1) застапува некоја од страните во спорот или ја застапувал во последните пет години некоја од страните во спорот;
2) е во крвно сродство во прва линија до кој било степен, а во странична линија до четврт степен со некоја од страните во спорот, односно ако брачниот другар или сродник по женско сродство до втор степен со некоја од страните во спoрот;
3) е во работен или членски однос со некоја од страните во спорот или таквиот однос настанал последните две години и
4) е поврзан со страните во спорот на кој било друг начин кој би можел да влијае на неговата непристрасност.
Помирувачот и арбитерот по службена должност водат грижа за причините за изземање во текот на постапката и се должни за нив да го известат министерот надлежен за работите од областа на трудот.
Министерот надлежен за работите од областа на трудот одлучува за изземање на помирувач, односно арбитер по добивањето на известување од помирувачот, односно арбитерот и на барање на страните во спорот во рок од осум дена од дознавање на причините за изземање.
Во случај на изземање постапката за мирно решавање на работниот спор продолжува по изборот на нов помирувач, односно арбитер во согласност со овој закон.
ДОЛЖНОСТИ И ПРАВА НА ПОМИРУВАЧОТ И АРБИТЕРОТ
Должности на помирувачот и арбитерот
Член 48
Помирувачот и арбитерот се должни да постапуваат совесно и според своето најдобро знаење, со цел за решавање на спорот меѓу страните во спорот.
Членот 49 е избришан Член 50
Помирувачот и арбитерот, се должни да го известуваат министерството надлежно за работите од областа на трудот за покренувањето, текот и завршувањето на постапката за мирно решавање на работниот спор.
Помирувачот и арбитерот се должни по еден примерок од склучена спогодба за решавање на колективен спор, односно за донесено решение за индивидуален спор да достават до министерството надлежно за работите од областа на трудот, во рок од пет работни дена од денот на склучувањето на спогодбата, односно донесувањето на решението.
Поднасловот пред членот 51 и членот 51 се избришани
V. ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ПОСТАПКИТЕ ЗА МИРНО РЕШАВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ СПОРОВИ
Член 52
Министерството надлежно за работите од областа на трудот води евиденција за постапките за мирно решавање на работните спорови.
Евиденцијата содржи особено:
1) име, презиме и адреса, односно назив и седиште на страните во спорот;
2) име и презиме на помирувачот односно арбитерот;
3) предметот на спорот;
4) дата на покренување на постапка и
5) дата и начинот на завршувањето на спорот.
VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 53
(член 53 од Законот објавен во “Службен весник на
Република Македонија” бр. 87/2007)
Владата ќе именува директор на Советот во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Советот започнува со работа од денот на именувањето на директорот на Советот. Изборот на помирувачите и арбитрите и нивниот упис во Именикот, во согласност со овој закон ќе се изврши во рок од три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Одредбите на овој закон кои се однесуваат на постапката за мирно решавање на работните спорови ќе се применуваат од 1 јануари 2008 годинa.
Член 54
(член 41 од Законот објавен во “Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14)
Министерот надлежен за работите од областа на трудот ќе ја донесе Програмата за обука за помирувачи и арбитри, во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Подзаконскиот акт за формата и содржината на лиценцата, како и начинот на нејзиното издавање од членот 37 став 4 од овој закон, министерот надлежен за работите од областа на трудот ќе го донесе во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Тарифникот за надоместок на помирувачот и арбитерот од членот 14 став 2 од овој закон, министерот надлежен за работите од областа на трудот ќе го донесе во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 55
(член 43 од Законот објавен во “Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14)
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија", a ќе започне да се применува од 1 јануари 2015 година.
База на закони xxx.xxxxxxxx.xx
12 | С т р а н и ц а