преку интернет страницата на Динерс Клуб http://www.diners.com.mk/, вклучително и преку Мој Дајнерс профилот до кој се пристапува на https://my.diners.com.mk/prijava.php и/или преку е-мејл, како што е соодветно.
Општи правила и услови за зачленување и користење на Динерс Клуб картичка
Со Општите правила и услови за издавање и користење на Динерс Клуб кредитни картички (во понатамошниот текст „Општите услови“) се уредуваат основните и општите правила за издавање и користење на Динерс Клуб кредитни картички.
Член 1 – Дефиниции
Следните изрази ќе го имаа следното значење низ овие Општи услови:
„Апликант“ се однесува на физичко или правно лице кое има поднесено апликација за членство и издавање на Картичка, која апликација сеуште не е одобрена или одбиена;
„Динерс Клуб“ се однесува на Финансиско Друштво Динерс Клуб Интернационал XXX Xxxxx Скопје, со регистрирано седиште на ул. Кеј 13 Ноември 2/2 ГТЦ Скопје, Република Северна Македонија, со ЕМБС 4456700;
„Договор“ се однесува на договорот за издавање и користење на Динерс Клуб Картичка склучен помеѓу Динерс Клуб и Корисникот;
„Дополнителен член“
се однесува на физичко лице корисник на Картичка издадена од Динерс Клуб на негово име, а на барање на Основниот член дадено согласно овие Општи услови, кое го користи кредитниот лимит на Основниот член;
„Директен канал“ комуникација на Апликантот/Членот со Динерс Клуб и пополнување, потврдување и достава на формулари, документи и изјави од страна на
Апликантот/Членот во хартиена форма со своерачен потпис во деловните простории на Динерс Клуб или преку пошта.
„Електронски канал“
Електронски канал е:
• комуникација на Апликантот/Членот со Динерс Клуб,
• пополнување, потврдување и достава на формулари, документи и изјави од страна на Апликантот/Членот во електронска форма со означување на соодветното поле со знакот “✓”, како и
• достава на скенирани документи од страна на Апликантот/Членот,
преку интернет страницата на Динерс Клуб xxxx://xxx.xxxxxx.xxx.xx/, вклучително и преку Мој Дајнерс профилот до кој се пристапува на xxxxx://xx.xxxxxx.xxx.xx/xxxxxxx.xxx и/или преку е-мејл, како што е соодветно.
„Картичка“ се однесува на секоја кредитна картичка од портфолиото на кредитни картички на Динерс Клуб, издадена од Динерс Клуб на Корисникот и/или на Дополнителниот член согласно роковите и условите на Договорот и овие Општи услови, која е картичка со меѓународна валидност;
„Корисник и/или Член на Динерс Клуб“
се однесува на физичко лице на кое Динерс Клуб му има издадено Картичка (Основен член и Дополнителен член);
„Кредит“ се однесува на износ кој Корисникот го зема од Динерс Клуб преку користење на Картичката, а кој треба да го врати согласно роковите и условите на Договорот и овие Општи услови;
„Кредитен лимит“ се однесува на највисокиот износ на Кредитот кој Корисникот може да го користи согласно Договорот и овие Општи услови;
„Основен член“ | се однесува на основниот Корисник на Картичката на чие име е издадена Картичката на негово барање; |
„Продукт“ | Сите видови на кредитни картички и други кредитни продукти што ги нуди Динерс Клуб, и тоа: 1. Продукти за физички лица: o Класик картичка; o Advantage картичка; o Еуролинк Осигурување картичка; o Кроациа Осигурување живот картичка; o Аџибадем Систина кредитна картичка; o Македонски Телеком кредитна картичка; o НЛБ Банка приватна кредитна картичка; 2. Продукти за правни лица на следниов линк. 3. Сите нови продукти што ќе бидат додадени во портфолиото на кредитни продукти на Динерс Клуб во иднина и чии услови и параметри ќе бидат објавени на интернет страницата на Динерс Клуб. |
„Сметка“ | се однесува на фактура, пресметка или друг сличен документ кој Динерс Клуб му го издава на Корисникот со цел исплата на земениот Кредит, камата и трошоци. |
Член 2 – Услови за издавање на Картичка
(1) Xxxxxxxx може да биде физичко лице:
• со навршени 18 години и полна деловна способност,
• кое прима редовен приход со договор за вработување, сопствена дејност, инвалидска пензија, старосна пензија или други приходи од други извори, со соодветен доказ, и
• способно за навремено да ги подмирува плаќањата што настануваат по основ на користењето на Картичката.
(2) Xxxxxxxx може да биде и правно лице доколку е доволно кредитоспособно согласно оценката на Динерс Клуб при прегледот на документацијата обезбедена согласно овие Општи услови.
(3) За прием во членство и издавање на Картичката и за одобрување на Кредитен лимит одлучува Динерс Клуб по сопствена дискреција.
Член 3 – Апликација
(1) За целите на поведување на постапка за издавање на Картичка, секое заинтересирано физичко или правно лице е должно до Динерс Клуб да поднесе апликација. Во рамките на апликацијата, Апликантот треба да даде:
• изјава за согласност за обработка на лични податоци за маркетинг цели;
• изјава за постоење на својство носител на јавна функција;
• изјава за електронско потпишување
Нацрт апликацијата со наведените изјави е достапна на веб страната на Динерс Клуб (xxxx://xxx.xxxxxx.xxx.xx/) или во деловните простории на Динерс Клуб. Апликацијата заедно со наведените изјави може да биде поднесена преку Директен канал или Електронски канал. Со самото поднесување на апликацијата, одредбите од овие Општи услови кои се однесуваат на Апликантот ќе станат правно обврзувачки за Апликантот.
(2) Со поднесувањето на апликацијата, Апликантот – физичко лице е должен, на барање на Динерс Клуб, а со цел оцена на неговата кредитоспособност, до Динерс Клуб да ги достави следните документи:
• лична карта или пасош;
• копија од банкарски извештај на сметка за последен месец ,
• документ за примање на пензија;
• други соодветни документи што ќе ги побара Динерс Клуб.
Овие документи може да се достават преку Директен канал или Електронски канал.
(3) Доколку Апликантот е правно лице, истиот ќе биде должен да ги достави на Динерс Клуб сите документи кои Динерс Клуб може да ги побара (тековна состојба, финансиски извештаи итн.), вклучувајќи и документи потребни со цел утврдување на крајниот сопственик на правното лице, а согласно македонската регулатива за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам.
(4) Апликантот ја гарантира точноста на податоците дадени во апликацијата и документацијата од ставовите (1), (2) и (3) од овој член. Апликацијата и секој од документите треба да биде доставен во онаква форма како што ќе побара Динерс Клуб (писмена, електронска итн.).
Член 4 – Одобрување на апликацијата
(1) Врз основа на поднесената апликација и документација, Динерс Клуб одлучува за издавање на Картичката, Динерс Клуб нема обврска да ја образложува донесената одлука.
(2) Доколку апликацијата е одбиена заради добиени информации од бази на податоци, апликантот има право да биде навремено бесплатно информиран за добиените информации од увидот во базата на податоци, како и за начинот на кој тие биле прибавени.
(3) Апликантот има право бесплатно да добие копија од нацрт Договорот пред истиот да биде потпишан за разгледување. Нема да се достави нацрт Договор доколку Динерс Клуб врз основа на поднесувањето на апликацијата не сака да пристапи кон склучување на Договорот со Апликантот.
Член 5 – Издавање на Картичката
(1) Доколку Динерс Клуб одлучи да издаде Картичка на Апликантот, Динерс Клуб и Апликантот ќе го склучат Договорот на начин како што е определено со овие Општи услови. Примерок од Договорот ќе биде обезбеден од страна на Динерс Клуб.
(2) Договорот мора да биде склучен во писмена форма преку Директен канал или Електорнски канал. Заедно со Договорот, Апликантот треба да потпише и поднесе во писмена форма преку Директен или Електорнски канал и изјава со која ќе ги одобри сите претходни и идни проверки од страна на Динерс Клуб на кредитоспособноста на Апликантот при Македонско Кредитно Биро АД Скопје.
(3) По потпишувањето на документите од став 2 погоре и идентификување на Апликантот согласно правилата на Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Апликантот ќе се стекне со својство на Корисник и истиот ќе може да добие и да му се активира Картичка, која ќе му биде издадена во разумен рок. Динерс Клуб картичката му се доставува на Корисникот по пошта, на неговата адреса на живеалиште што Корисникот ја навел во апликацијата, или Корисникот истата може да ја подигне во просториите на Динерс Клуб.
(4) Рокот на важење на Картичката при првото издавање изнесува една година. За секое ново обновување, периодот на важење на Картичката е две години. Доколку Корисникот не го откаже користењето најмалку 30 дена пред истекот на рокот на важењето на Картичката, истата се обновува автоматски на нов рок при што се пресметува и наплатува членарина. Рокот на важност на Картичката е наведен на самата Картичка. Корисникот може да ја користи Картичката само во периодот на нејзиното важење.
Член 6 - Кредитен лимит
(1) Заедно со одобрувањето на Картичката, Динерс Клуб му го одобрува на Корисникот и Кредитниот лимит. Висината на Кредитниот лимит се одредува согласно процената на кредитоспособноста на Корисникот од страна на Динерс Клуб и се изкажува на сметката за Динерс Клуб картичката.
(2) Динерс Клуб има право по сопствена проценка лимитот да го зголеми или намали за што Xxxxxxxxxx ќе биде известен во првата следна доставена Xxxxxx. Иницијалниот утврден Кредитен лимит ќе биде определен со Договорот.
(3) Корисникот може за време на периодот на важност на Договорот да поднесе барање до Динерс Клуб за зголемување на одобрениот Кредитен лимит преку Директен канал или Електронски канал. Барањето за зголемување на Кредитниот лимит е достапно на веб страната на Динерс Клуб (xxxx://xxx.xxxxxx.xxx.xx/) или во хартиена форма во просториите на Динерс.
(4) По приемот на барањето, Динерс Клуб има право од Корисникот да побара документација која е потребна за целите на утврдување на кредитната способност на Корисникот. Оваа документација треба да биде доставена до Динерс Клуб во форма која ќе биде побарана од Динерс Клуб.
(5) По разгледување на барањето и документацијата од овој член, Динерс Клуб, по слободна дискреција, ќе одлучи дали ќе го одобри или одбие барањето, и ќе го извести Корисникот за неговата одлука.
(6) Доколку Динерс Клуб одлучи да го одобри барањето на Корисникот, зголемениот Кредитен лимит ќе започне да се применува веднаш по таквото одобрување.
(7) За избегнување на било каков сомнеж, Дополнителен член не може да поднесе барање за зголемување на Кредитен лимит.
Член 7 – Издавање на Картичка на Дополнителен член
(1) Корисникот – Основен член може за време на периодот на важност на Договорот да поднесе барање до Динерс Клуб за издавање на дополнителна Картичка на трето лице кое ќе биде именувано од страна на Корисникот – Основен член. Барањето за издавање на дополнителна Картичка е достапно на веб страната на Динерс Клуб (xxxx://xxx.xxxxxx.xxx.xx/) или во хартиена форма во просториите на Динерс и може да биде поднесено преку Директен канал или Електронски канал.
(2) По приемот на барањето од ставот (1) од овој член, Динерс Клуб ќе одлучи дали ќе издаде дополнителна Картичка на име на Дополнителниот член врз основа на своја дискрециона оценка. За својата одлука Динерс Клуб ќе ги извести Основниот и Дополнителниот член.
(3) Доколку Динерс Клуб одлучи да издаде Картичка на име на Дополнителниот член, Дополнителниот член треба да склучи со Динерс Клуб Договор за изадавање на Динерс Клуб картичка , со кој што во целост ќе гарантира за обврските што настануваат од користењето на неговата Картичка и на Картичката на Основниот член во рамките на Кредитниот лимит одобрен на Основниот член врз основа на Договорот, како солидарен должник. Договорот може да биде склучен преку Директен или Електорнски канал.
(4) Дополнителниот член треба да даде преку Директен канал или Електронски канал:
• изјава за согласност за обработка на лични податоци за маркетинг цели;
• изјава за постоење на својство носител на јавна функција;
• изјава за електронско потпишување
(5) Динерс Клуб ќе ја подготви Картичката за Дополнителниот член и ќе му ја достави по пошта, на неговата адреса на живеалиште, или Основниот или Дополнителниот член истата може да ја подигнат во просториите на Динерс Клуб. Картичката за Дополнителниот член ќе биде активирана само по потпишување на Договорот за издавање на Динерс Клуб картичка и идентификување на Дополнителниот член согласно правилата на Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам, преку Директен или Електорнски канал.
(6) Дополнителниот член ќе го користи Кредитниот лимит на Основниот член, и нема да биде одобрен било каков дополнителен Кредитен лимит за Дополнителниот член. Сите обврски кои се однесуваат на за Основниот член во однос на користењето на Картичката во целост ќе бидат обврзувачки за Дополнителниот член.
(7) Рокот на важност на Картичката издадена на име на Дополнителниот член ќе престане да биде важечка во истиот момент кога ќе престане да биде важечка Картичката издадена на Основниот член. Во случај на обновување на Картичката на Основниот член, ќе се обнови и Картичката на Дополнителниот член.
(8) Основниот член ќе одговара како солидарен должник со Дополнителниот член за било каква обврска која Дополнителниот член може да ја има спрема Динерс Клуб по било кој основ, вклучително повреда на одредбите на Договорот и овие Општи услови.
(9) За избегнување на сомнеж, Дополнителен член не може да биде правно лице.
Член 8 – Продукт
(1) При поднесувањето на апликацијата, Апликантот е должен да избере Продукт за кој сака да склучи Договор. Апликантот може со апликацијата да избере повеќе Продукти. Секој Продукт претставува кредитна картичка со меѓународна валидност. Со неа можете да плаќате на сите продажни места во Република Северна Македонија и во странство каде е истакнат знакот на Diners Club International и Discover, со одреден Кредитен лимит одобрен согласно овие Општи услови.
(2) За време на периодот на важност на овој Договор, Xxxxxxxxxx има право да поднесе барање за издавање на еден или повеќе дополнителни Продукти. Ваквото барање е достапно на веб страната на Динерс Клуб (xxxx://xxx.xxxxxx.xxx.xx/) и истото може да се поднесе преку Директен канал или Електронски канал.
(4) По приемот на барањето, Динерс Клуб има право да побара од Корисникот да му достави одредени документи потребни за целите на одлучување по таквото барање.
(5) По приемот на барањето и документите од ставовите (3) и (4) од овој член, Динерс Клуб, по своја сопствена дискреција, ќе одлучи дали ќе одобри или одбие издавање на дополнителен Продукт и ќе го извести Корисникот за таквата одлука.
(6) Доколку Динерс Клуб го одобри барањето на Корисникот за дополнителен Продукт, Динерс Клуб ќе изработи Картичка во разумен рок, и истата ќе ја достави до Корисникот по пошта или Корисникот може да ја подигне во просториите на Динерс Клуб.
(7) За избегнување на било какво сомнеж, Дополнителниот член не може да поднесе барање за дополнителен Продукт.
Член 9 – Форма на Договорот
(1) Договорот за издавање на Динерс Клуб картичка се склучуваат во писмена форма преку Директен канал или електронски преку Електорнски канал. По одобрувањето на апликацијата за нов Корисник или барањето за издавање на Картичка на Дополнителен член или барањето за издавање на нов Продукт, Динерс Клуб ќе го извести Апликантот, односно Дополнителниот корисник за таквото одобрување.
Член 10 - Користење на картичката
(1) Картичката не е пренослива на други лица и може да ја користи исклучиво Корисникот на кој му е издадена и чие име е наведено на Картичката.
(2) За користење на Картичката Корисникот употребува посебен Личен идентификационен број (ПИН-код), кој е единствен и таен. ПИН кодот му го доделува Динерс Клуб на Корисникот при издавање на Картичката. ПИН-кодот му е познат исклучиво на Xxxxxxxxxx и потребно е со истиот да се постапува строго доверливо и да не биде достапен за трети лица. При користењето на Картичката на банкоматите, ќе се смета дека со внесувањето на ПИН–кодот Корисникот го одобрил трошокот.
(3) Во случај на губење или заборавање на ПИН-кодот, Корисникот треба веднаш да се обрати во Динерс Клуб за повторно издавање на ПИН код.
(4) За користењето на Динерс Клуб картичката на Корисникот се доставуваат Сметки.
Член 11 – Плаќање на Сметките
(1) Динерс Клуб ќе ги издава Сметките на Корисникот еднаш во месецот. Сметките ќе бидат доставени на адресата од електронската пошта на Корисникот наведена во неговата апликација или друга таква адреса за која Корисникот дополнително ќе го извести Динерс Клуб. Корисникот ќе биде должен да ја плати Сметката во рок од 8 дена од датумот на прием на истата во хартиена форма или електронски.
(2) Неплаќањето на Сметката во дадениот рок повлекува пресметка на казнена камата согласно закон. Каматната стапка се определува на секое полугодие односно два пати годишно на 01.01. и 01.07. Висината на каматната стапка се искажува на Сметката на Корисникот. Дополнително, неплаќањето на Сметките навремено создава обврска за Корисникот за надомест трошоците за изработка и достава на опомена од страна на Динерс Клуб на Корисникот, во висина утврдена во Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши Динерс Клуб.
(3) Во случај на задоцнето плаќање, Динерс Клуб го задржува правото да бара од Корисникот (Основен и Дополнителен член) целосно предвремено плаќање на обврските по основ на Договорот.
(4) Нередовното и задоцнетото исполнување на плаќањата, би влијаело на општата слика за кредитоспособноста на Корисникот, што би можело да доведе до отежнато одобрување на нови кредитни задолженија. Во случај на задоцнето плаќање, Динерс Клуб може да го искористи своето законско право за известување на надлежното кредитно биро за обврските на Корисникот спрема Динерс Клуб.
(5) Со редовно плаќање на Сметките, се собираат наградни поени за наградниот програм на Динерс Клуб Македонија.
(6) Плаќањето на Сметката ќе се врши преку трансфер на банкарските сметки на Динерс Клуб наведени во истата.
Член 12 - Услуги, камати и надоместоци
(1) Безготовинското плаќање на продажни места преку Картичката може да се врши со еднократно плаќање на цената или на рати (од 2 до 24), во зависност од продажното место во кое Корисникот пазари. За користење на услугата плаќање на рати се пресметува еднократен надоместок во висина од 2 % од вкупната сума определена за плаќање.
(2) За непречено авторизирање трошоци во странство, Xxxxxxxxxx е должен да го пријави своето вработување во контакт центарот на Динерс Клуб на x000 0 00 000. При користење на Картичката во странство, Корисникот се задолжува во денарска противвредност на износот изразен во евра, по бруто продажниот курс на деловната банка. Сите трансакции во валути различни од евра, најпрво се разменуваат во евра според курсот на НБРСМ. Трошоците за конверзија помеѓу валутите се на товар на Корисникот.
(3) Корисникот има право да користи СМС услугата, како дополнителна сигурност дека нема да дојде до злоупотреба на издадената Картичка. СМС услугата на Динерс Клуб е информациски сервис кој им овозможува на корисниците на Картички добивање на информациски услуги за користењето на таквите Картички.
(4) За членувањето во Динерс Клуб, користењето на Картичката, како и за користење на дополнителни услуги, Корисникот има обврска да плаќа годишна членарина и останати надоместоци во износ предвиден со Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши Динерс Клуб.
(5) Сите камати и надоместоци, поврзани со користењето на Картичката и со услугите што ги врши Динерс Клуб, се утврдени во Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши Динерс Клуб, објавена на веб страната на xxx.xxxxxx.xxx.xx, а за истите Корисникот исто така може да се информира и во просториите на Динерс Клуб.
Член 13 - Неовластено користење и губење на Картичката
(1) Корисникот ги сноси сите законски последици и одговорност за неовластено користење на Картичката.
(2) Корисникот е обврзан веднаш да го пријави губењето односно, кражбата на картичката во Динерс Клуб. Корисникот може да го пријави губењето, односно кражбата и да ја блокира Картичката со јавување во контакт центарот на Динерс Клуб Македонија на x000 0 00 000.
(3) Во случај на губење или кражба на Картичката, Корисникот сноси финансиска одговорност за плаќањата настанати пред пријава на губењето или кражбата на Картичката.
(4) По поднесената пријава за губење или кражба на Картичката, Динерс Клуб на Корисникот ќе му издаде нова Картичка. Трошоците околу пријавувањето на изгубена/украдена/оштетена Картичка, издавање нова Картичка и/или издавање на ПИН-код паѓаат на товар на Корисникот, во согласност со Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши Динерс Клуб.
(5) Доколку Корисникот ја најде Картичката после пријавата на губењето, односно кражбата, не смее да ја користи истата туку е должен истата да ја пресече и достави до Динерс Клуб.
Член 14 – Приговори
(1) Динерс Клуб не презема никаква одговорност за квалитетот и количината на производите, односно услугите купени со Картичката. Рекламации во врска со квалитетот и количината на производите односно услугите купени со Картичката се решаваат на продажното место со трговецот.
(2) Xxxxxxx Xxxxxxxxxx смета дека некои од плаќањата извршени со Картичката се погрешно пресметани или дека не се основани, може да се обрати до Динерс Клуб, поднесувајќи ги Сметките и сите останати релевантни документи кои Динерс Клуб може да ги побара. Xxxxx за истакнување на приговори по овој основ е 8 дена од денот на прием на спорната Сметка, со праќање на известување до Динерс Клуб. По истекот на рокот се смета дека добиената Сметка е исправна и дека Корисникот на Динерс Клуб ја прифаќа.
(3) Доколку Динерс Клуб утврди дека приговорот од ставот (2) на овој член е оправдан, ќе одобри корекција на Сметката, а во случај на неоснован приговор Корисникот ги сноси сите трошоци кои произлегуваат од постапката по приговорот. Динерс Клуб одлучува за приговорите поднесени од Корисникот во најкраток можен рок и Динерс Клуб ќе настојува (но не може да гарантира) да одговори на Корисникот во рок од 30 работни дена.
Член 15 – Неможност за користење на Картичката
(1) Динерс Клуб не сноси никаква одговорност ако Xxxxxxxxxx не може да ја употреби Картичката поради причини кои се надвор од контрола на Динерс Клуб, вклучувајќи, но неограничувајќи се на:
- технички проблеми со опрема, систем, телекомуникации и струја;
- штрајк или други вонредни околности;
- кога Картичката е заглавена на продажно место или на банкомат и истата е оштетена;
- кога од било која причина продажното место или банкомат не ја прифаќа Картичката.
(2) Секое користење на картичката спротивно на Договорот е основ за раскинување на Договорот, блокирање и одземање на Картичката.
Член 16 – Доставување на документи и известувања
(1) Корисникот се согласува да прима електронски изјави и документи од страна на Динерс Клуб на неговата адреса на електронска пошта, а во врска со спроведувањето на Договорот и користењето на Картичката. Корисникот е согласен Динерс Клуб да ги праќа по електронска пошта следните документи: Сметките, опомените за задоцнети плаќања и други изјави и документи во, според или во врска со Договорот. Корисникот е обврзан да ги чува сите документи испратени од Динерс Клуб во неговото електронско сандаче или на хард диск на неговиот компјутер, ЦД или на друг траен медиум, до престанокот или раскинувањето на Договорот.
(2) Сите електронски изјави и документи испратени по електронска пошта ќе се сметаат за доставени на Корисникот на денот на нивниот прием. Корисникот е обврзан постојано да биде во можност да прима електронски изјави и документи на својата е-мејл адреса. Доколку Корисникот навремено не го извести Динерс Клуб за промена на неговата е-мејл адреса, доставувањето на документите на е-мејл адресата за која Корисникот последен пат го известил Динерс Клуб ќе се смета како уредна достава на Корисникот.
(3) Корисникот јасно ја изразува својата согласност да прима електронски пораки на својата е-мејл адреса, како и СМС пораки на мобилен телефон во согласност со Општите правила за користење на СМС услугата, како промотивни известувања за целите на директниот маркетинг на Динерс Клуб, согласно пријавените контакт податоци од страна на Корисникот во апликацијата или со дополнително известување во случај на нивна промена.
Член 17 - Ажурирање на податоци
(1) Xxxxxxxxxx (Основен и Дополнителен член) е должен да ги ажурира личните податоци кои што ги има дадено на Динерс Клуб за целите на издавање на Картичка. Ажурирање на податоците ќе се изврши секогаш на барање на Динерс Клуб, во временски интервали согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам.
(2) Ажурирањето на податоците ќе се врши со пополнување и поднесување до Динерс Клуб преку Директен канал или Електронски канал на формулар за ажурирање на податоци кој ќе биде обезбеден од Динерс Клуб. При ажурирањето, Корисникот е должен да се идентификува пред Динерс Клуб со лична карта или пасош во оригинал или нотарски заверено копија. Доколку Корисникот не ги ажурира податоците согласно овој член, Динерс Клуб има право да ја блокира Картичките издадени на Корисникот.
(3) Корисникот е должен да го извести Динерс Клуб во рок од 8 дена за секоја промена на адресата на живеалиште, седиште, е-мејл адресата, вработувањето, телефонски број како и за други податоци важни за користењето на Картичката. Во спротивно, Динерс Клуб има право да не ја обнови, временски да го ограничи користењето на Картичката или да ја одземе Картичката.
(4) Динерс Клуб потврдува, а Xxxxxxxxxx прифаќа дека Динерс Клуб има статус на субјект кој е обврзан и овластен да ги презема сите потребни мерки и активности за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во согласност со Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, вклучително вршење анализа на Корисникот, следење и анализа на трансакциите меѓу Динерс Клуб и Корисникот, собирање и известување за сите релевантни податоци во врска со Xxxxxxxxxx и трансакциите меѓу Динерс Клуб и Корисникот на Управата за финансиско разузнавање.
Член 18 - Раскинување на Договорот
(1) Динерс Клуб има право да го раскине Договорот со известување испратено до Корисникот, доколку:
• Корисникот, за да биде оценет како кредитоспособен, доставил лажни документи или изјави во апликацијата или дополнително; и/или
• во случај на доцнење на Корисникот со плаќање на Сметка над 90 дена, доколку Сметката не е приговорена или доколку поднесениот приговор е одбиен, а доколку поднесениот приговор против Xxxxxxxx е усвоен, над 90 дена од денот кога истекува рокот за плаќање на корегираната Сметка.
(2) Во случај на раскинување, сите неподмирени обврски за плаќања на Xxxxxxxxxx според Договорот веднаш достасуваат за плаќање. Крајниот износ кој треба да го плати Корисникот како резултат на раскинувањето ќе биде наведен во известувањето на Динерс Клуб за раскинување.
(3) Доколку Картичката се сторнира или се откаже по било кој основ пред истекот на рокот на нејзиното важење, Корисникот се согласува сите нефактурирани, а настанати плаќања да се фактурираат наеднаш и истите ќе преставуваат главен долг по односната Картичка.
Член 19 – Однос со други документи
(1) Овие Општи услови претставуваат составен дел од Договорот и ќе се применуваат врз односите помеѓу Динерс Клуб и Корисникот во целост. Дополнително, составен дел од овој Договор се и следните документи:
• Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши Динерс Клуб, објавени на интернет страницата на Динерс Клуб xxx.xxxxxx.xxx.xx,
• сите други правила и услови за користење на Kартичката објавени на web страницата на
(2) Во случај одредбите од овие Општи услови и одредбите од било кој од документите наведени во ставот (3) од овој член да се спротивни на одредбите на Договорот, ќе преовладуваат одредбите од Договорот. Одредбите на Општите услови преовладуваат пред одредбите на било кој од документите од ставот (3) на овој член.
(3) Со потпишувањето на Договорот, Xxxxxxxxxx изјавува дека внимателно ги прочитал, разбрал и ги прифаќа во целост Договорот, овие Општи услови, како и секој од документите од ставот (3) на овој член.
(4) Со потпишувањето на Договорот, Xxxxxxxxxx изјавува дека е запознаен со правата кои произлегуваат за Корисникот од Законот за заштита на личните податоци, Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, како и Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.
(5) Динерс Клуб може во согласност со својата деловна политика еднострано да ги менува овие Општи услови, како и другите документи од ставот (1) на овој член, при што Динерс Клуб за тоа е должен да го информира Корисникот преку електронска пошта. Доколку Xxxxxxxxxx не се согласува со промените, може да побара раскинување на Договорот и откажување на користењето на Динерс Клуб картичката во рок од 8 дена од денот на известувањето за настанатата промена. Во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxxx е согласен со измените.
Член 20 – Лични податоци
(1) Корисникот потврдува дека ги дава личните податоци на Динерс Клуб на доброволна основа и е информиран дека:
• има право на пристап до и корекција на своите податоци;
• Динерс Клуб е контролор на лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
(2) Корисникот е согласен Динерс Клуб да ги чува и обработува неговите лични податоци за целите на:
• оценка на неговата кредитоспособност и способност за навремено подмирување на сите плаќања кои е должен да ги изврши спрема Динерс Клуб согласно Договорот;
• склучување и спроведување на Договорот и издавање и администрирање на Картичката;
• преземање на потребни правни активности поврзани со наплата, доброволна или присилна, на обврските на Корисникот од Договорот;
• спроведување на маркетинг активностите на Динерс Клуб и промовирање на акции, поволности, попусти и нови Продукти; и
• пренос на неговите лични податоци и информации во врска со кредитоспособноста на Македонско Кредитно Xxxx АД Скопје, со цел овие информации да послужат за оценување и одржување на неговата/нејзината кредитна репутација.
(3) Во случај на доцнење со исплата, Корисникот е согласен Динерс Клуб да ги пренесе личните податоци на други надворешни субјекти (друштво за наплата или неговиот работодавач) во обемот потребен за наплата на износите што се должат. Корисникот ќе биде известен за друштвото за наплата на кое се пренесени податоците.
(4) За да се обезбеди тајност и заштита на личните податоци, Динерс Клуб применува соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или
нивно случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап, особено при пренос на податоци преку мрежа и заштита од какви било незаконски облици на обработка.
Член 21 – Заштита на потрошувачи
Органот кој ќе врши контрола на усогласеност со Законот за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити е Министерството за финансии и Народната банка на Република Северна Македонија.
Министерство за финансии
Ул. Xxxx Xxxxxxxxxxx Јасмин бб, 1000 Скопје Република Македонија
Тел.: x000 0 0000-000
Факс: + 389 2 3117-280
Народна банка на Република Северна Македонија Бул. Xxxxxx Xxxxxxxxxx Xxxx 0, 0000 Xxxxxx, Тел.: + 000 0 0000 000;
Факс: + 389 2 3108 357
(2) Законот од ставот (1) на овој член не се применува во случај кога Xxxxxxxxxx е правно лице.
Член 22 - Неважечки одредби
Доколку некоја одредба или дел од одредбите од Договорот или овие Општи услови се неважечки или неисправни, останатите одредби остануваат на сила.