Contract
Договор бр.
За деловна соработка помеѓу :
1.Давател на услуга: Карго Експрес дооел од Битола со адреса на ул.Солунска бр.192 ,со ЕМБС 5859786 и ЕДБ МК4002004161197,емаил xxxx@xxxxxxxxxxxx.xx застапувано од управителот Xxxxxx Xxxxxx од Битола во понатамошен текст Карго Експрес и
2.Корисник на услуга : со седиште на
ул. бр. ,во град , со ЕМБС , со ЕДБ застапувано од Управителот
од .
Адреси за праќање на фактури и известувања на корисникот
1,ул. ,
со е-маил: , Контакт телефон .
Договорот се уредува со следните членови :
Член 1 Карго Експрес се обврзува дека при извршувањето на услугите прием ,превоз и достава на пратки за потребите на корисникот ќе ги почитува општите услови кои важат во моментот кога се вршат услугите.Извршените услуги ќе се наплаќаат според Ценовникот кој важи во време на извршување на услугата .
Член 2 Карго Експрес ги превзема следните обврски :
• Пратката да биде испорачана во иста физичка и бројна состојба во која била при приемот
• Пратката да биде навремено испорачана
• Да ги почитува условите кои ги навел праќачот за Откуп,Повратница,Време на испорака
• Да го почитува Законот за пошти на РМ
Член 3 За губење или оштетување на пратка, Xxxxx Експрес одговара за обештетување на Корисникот:
- За пратка без пријавена вредност т.е.неосигурена , најмногу до 15 пати по вредноста на основната услугата на пратката (доколку не е договорено друго),
-За пратка за која Корисникот на Превозницата ја означил нејзината вредност, т.е ја осигурил пратката Давателот на услугите одговара за обештетување на Клиентот до 60000,оо денари(шеесет илјади денари) по штетен настан., (доколку не е договорено друго),
Барањето за надомест на штета се поднесува во писмена форма на маил.Во барањето Корисникот односно друго овластено лице има обврска да ги наведе фактите и приложи документите на кои го засновува предметното барање, докази со кои се потврдуваат .
Член 4 Карго Експрес за извршените услуги на корисникот ќе му изготвува фактура .Фактурата ќе биде за извршени услуги на месечно ниво,но заради голем број на податоци и потребното време за нивно ажурирање можно е некои услуги да бидат фактурирани надвор од периодот за кој се однесува фактурата.По барање на корисникот Карго Експрес има обврска да му достави и извештај за извршените услуги кои му се фактурирани.Кога вкупниот износ за извршени услуги во текот на еден месец е помал од 800 денари Карго Експрес во фактурата ќе фактурира манипулативни трошоци во износ од 40 денари.
Член 5 Врз основа на Одобрение од УЈП за користење на скениран потпис и печат на фактурите ,Карго Експрес има право фактура за извршените услуги да испрати на емаил адресата која е наведена од страна на корисникот. Сите фактури,известувања или опомени кои ќе бидат испратени преку емаил ќе се сметаат како уредно доставени на датумот на кој е пратен емаилот.
Член 6 Корисникот има обврска да ги почитува Општите услови на Карго Експрес.Корисникот превзема обврска сите фактури,известувања,опомени кои ќе му бидат испратени на емаил да ги користи како оригинални документи.
Член 7 Корисникот при Праќање на пратки и нарачка за Подигање на пратка има обврска да го извести Карго Експрес која пратка нема да биде на негова сметка. Во спротивно Карго Експрес ќе фактурира кај него. Документите за пратени и примени пратки Xxxxxxxxxx е должен да ги чува бидејќи Xxxxx Експрес нема обврска со фактурата да му ги доставува повторно.
Член 8 Во согласност со Законот за финансиска дисциплина Корисникот превзема обврска да го плати долгот по издадени фактури во рок до 30 дена од датумот на издавање на фактурата.За наплата на фактурите со помината валута Карго Експрес користи услуги на Агенција за наплата.
Член 9 До колку Xxxxxxxxxx не го почитува Член 8 Карго Експрес има право :
- Да во наредната фактура не му одобри попуст,иако Xxxxxxxxxx има остварено
- Да не му дозволи на Корисникот понатамошно плаќање на фактура
- Да стопира испорака на пратка од или за Корисникот
- Да му ги фактурира на Корисникот направените трошоци за наплата на фактурите
- Да му пресмета и фактурира законска затезна камата
- Да побара надоместок заради доцнење со плаќање во износ од 3000 ден.согласно Член 8 од Законот за финансиска дисциплина
- Да поведе постапка за присилна наплата на побарувањата
Член 10 Во прилог на овој договор на Корисникот му се предаваат тековниот Ценовник и Oпшти услови на Карго Експрес.
Двете страни се обврзуваат дека навремено по писмен пат ќе се известуваат за било какви промени кои можат да влијаат на овој Договор.
Член 11 Во случај на промена на горенаведените податоци или започнување на постапка за Стечај или Ликвидација Законските застапници на двете страни во договорот имаат обврска во рок од 2 дена да ја известат другата договорна страна за настанатите промени или започнати постапки. Известувањата да бидата во писмена форма или на емаил адресите кои се наведени.
Член 12 Секоја договорна страна со писмено известување има право еднострано да го раскине овој договор,но со обврска да ги подмири обврските кон другата договорна страна кои настанале до денот на раскинувањето на договорот.
Член 13 Овој договор е составен во два еднакви примероци по еден за секоја договорна страна .
Член 14 Во случај на спор надлежен е Основен суд во Битола.
Битола год.
За Карго Експрес Управител За Корисник Овластено лице
Xxxxxx Xxxxxx Име и презиме
Потпис