Contract
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕТО НА УСЛУГИТЕ СИГУРНОСНА КОПИЈА
Општи одредби
1. Посебните услови за користење на услугата СИГУРНОСНА КОПИЈА (во натамошниот текст ПУК) ги дефинираат правата и обврските на Даталаб МК д.о.о.е.л. ЛујПастер 5/4-5 Скопје, Македонија, даночен број: 4030005549311, како ПОНУДУВАЧ на услугата СИГУРНОСНА КОПИЈА како и начин и услови за користење на истата.
2. НАРАЧАТЕЛОТ го користи софтверскиот пакет Даталаб ПАНТЕОН (во натамошниот текст Апликација) и ќе користи услуги наведени во ПУК само во склад со Апликацијата.
3. НАРАЧАТЕЛОТ е правно лице кое склучува важечки ПРЕТПЛАТНИЧКИ ДОГОВОР за користење на услугите дефинирани во ПУК со ПОНУДУВАЧОТ.
4. РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН КОРИСНИК е физичко лице или овластен компјутерски корисник на НАРАЧАТЕЛОТ кој користи сигурносни копии. Покрај тоа, ПУК дефинира РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН КОРИСНИК како примарен контакт за НАРАЧАТЕЛОТ, кој ПОНУДУВАЧОТ го известува за сите прашања кои се однесуваат на ПУК преку адресата за електронска пошта доставена од РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КОРИСНИК,.
5. СИГУРНОСНА КОПИЈА е дупликат на податоците од Апликацијата кои корисникот не сака да бидат загубени.
6. СИГУРНОСНА КОПИЈА е додатна услуга која се плаќа.
7. РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КОРИСНИК прави СИГУРНОСНИ КОПИИ за НАРАЧАТЕЛОТ во склад со упатствата на ПОНУДУВАЧОТ и за кои ги прифатил условите за користење. Корисничко упатство за СИГУРНОСНИ КОПИИ е дел од упатствата за користење на Апликацијата и не е дел од овие ПУК.
8. Користење на услугите од овие ПУК се наплатува во склад со тековно важечкиот ценовник на ПОНУДУВАЧОТ.
9. Со потврдување на овие ПУК, НАРАЧАТЕЛОТ изјавува дека се согласува со оваа верзија на ПУК, важечка во било кој момент, а која е објавена на интернет страница на ПОНУДУВАЧОТ.
10. ПРЕТПЛАТНИЧКИ ДОГОВОР е спогодба помеѓу ПОНУДУВАЧОТ и НАРАЧАТЕЛОТ за користење на услуги од овие ПУК. ПРЕТПЛАТНИЧКИ ДОГОВОР се склучува на неодредено време, дефинирано во содржината на пакетот кој ќе го одбере НАРАЧАТЕЛОТ.
11. Доколку големината на меморијата за СИГУРНОСНИ КОПИИ во одбраниот пакет стане недоволна за одржување на новите СИГУРНОСНИ КОПИИ, моменталниот пакет на услуги автоматски се надградува на следно ниво на пакет на услуги. Промената на пакетот на услуги се наплатува во склад со важечкиот ценовник.
12. Пресметковниот период за секоја нова претплата на услугите е-Сервиси се синхронизира со датумот на регистрација на првата услуга за е-Сервиси. На НАРАЧАТЕЛОТ му се наплатува еднаш годишно за услугите за е-Сервиси во склад со важечкиот ценовник или месечно ако износот надминува 50 евра + ДДВ.
13. За услугата СИГУРНОСНИ КОПИИ, износот на избраниот пакет е поврзан со количината на меморијата која ја користи ПАНТЕОН корисникот, што значи дека бројот на поединечните (дискретни) бази на податоци не влијае на цената на пакетот.
Обврски на ПОНУДУВАЧОТ
14. ПОНУДУВАЧОТ има обврска за давање услуга СИГУРНОСНА КОПИЈА и безбедно складирање на копиите во рамки на капацитетот на закупениот простор (мерено во гигабајти) за сигурносните копии за време на траење на претплатата.
15. ПОНУДУВАЧОТ има обврска да овозможи пристап на сигурносните копии за време на траење на претплатата во било кој момент кога НАРАЧАТЕЛОТ побара, под услов НАРАЧАТЕЛОТ да не ја избришал бараната сигурносна копија.
16. ПОНУДУВАЧОТ има обврска да обезбеди сигурно и безбедно складирање на податоците на свој простор на диск. Кога ПОНУДУВАЧОТ ќе ја прими сигурносната копија од Апликацијата преку безбеден (https) протокол, ја чува на наменски диск кој исто така дневно се бекапира на потсистемите на дискот. ПОНУДУВАЧОТ не обезбедува верзија на резервната меморија. Датотеката (Backup) со исто име ќе ја замени претходната датотека на таков начин што претходната датотеката со исто име нема да може веќе да се врати. Апликацијата не дозволува сигурносните копии да имаат исти имиња. Наместо тоа, секоја сигурносна копија која се креира ќе биде именувана со префикс од базата на податоци и временска ознака.
18. Откако сигурносната копија успешно ќе се креира, ПОНУДУВАЧОТ го известува НАРАЧАТЕЛОТ во Апликацијата дека сигурносната копија успешно е креирана и складирана во системот на ПОНУДУВАЧОТ. Ако креирањето на сигурносната копија не е успешно, ПОНУДУВАЧОТ има обврска за тоа да го извести НАРАЧАТЕЛОТ и да го приложи кодот за грешка, односно опис на грешката што предизвикала неуспех.
19. ПОНУДУВАЧОТ дава електронски услуги од овие ПУК во склад со одредбите на Законот за електронски документи, електронска идентификација и услугите за доверба во електронското работење, како и Законот за заштита на лични податоци на Македонија.
20. ПОНУДУВАЧОТ се обврзува дека електронските услуги ќе ги извршува во склад со ПУК и должно внимание.
21. ПОНУДУВАЧОТ има обврска на НАРАЧАТЕЛОТ редовно да му издава сметка за извршените услуги како дел од ПРЕТПЛАТАТА. ПОНУДУВАЧОТ извршените услуги ги пресметува во склад со важечкиот ценовник. Доколку НАРАЧАТЕЛОТ не ја прими сметката за извршените услуги во претходниот пресметковен период во рок од петнаесет (15) дена после истекот на пресметковниот период, има обврска веднаш за тоа да го извести ПОНУДУВАЧОТ. НАРАЧАТЕЛОТ може да ја рекламира сметката во рок од осум (8) дена после приемот на таа сметка.
22. ПОНУДУВАЧОТ го задржува правото да промени поединечни параметри во ПУК или исклучи некои поединечни или сите електронски услуги од договорот поради технолошки, правни или економски причини. Меѓутоа, има обврска за тоа да го извести НАРАЧАТЕЛОТ најмалку деведесет (90) дена однапред.
Обврски на Нарачателот
23. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да ја користи апликацијата верзија 10.0.13.20 или понова. На РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КОРИСНИК му се потребни соодветни дозволи на ниво на Апликацијата
(поставени во панелот за Администрација | Мени за бази на податоци (Administration panel | Database menu)).
24. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да дефинира сопствени безбедносни политики за сигурносните копии, како што е време на чување на сигурносните копии и протоколи за бришење на сигурносните копии од архивата на ПОНУДУВАЧОТ.
25. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да провери дали сигурносните копии се складирани на исправен начин, што значи дека на соодветен начин ќе одговори на пораките во кои се наведува дека сигурносната копија не е успешно складирана во архивата.
26. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да управува со својата архива и со складираните податоци. РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КОРИСНИК има обврска да обезбеди доволно простор во архивата за непрекината складирање на сигурносните копии во склад со нивната политика за заштита на податоците.
27. НАРАЧАТЕЛОТ самостојно ги креира своите сигурносни копии. Тоа може да го направи рачно во апликацијата или преку Microsoft Windows Task Scheduler, со кој се стартува Апликацијата, а која потоа креира сигурносна копија и ја пренесува во складот на ПОНУДУВАЧОТ.
28. НАРАЧАТЕЛОТ ја користи Апликацијата да ја прегледа историјата на архивирање, моментална состојба на архивата на сигурносни копии (преглед и бришење на сигурносни копии), и да одобри или отповика дозволи за РЕПРЕЗЕНТАТИВЕНОТ КОРИСНИК. Тој управува со ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР преку Даталаб Usersite порталот (xxxxx://xxxxxxxx.xxxxxxx.xx).
29. Враќање сигурносна копија на база на податоци во Апликацијата е можно само со ново име на базата на податоци. Доколку НАРАЧАТЕЛОТ сака да ги врати своите податоци во постојната база на податоци, тоа може да го направи сам со користење на соодветни алатки за администрација на серверот за бази на податоци.
30. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да инсталира верзија на апликацијата која поддржува сигурносни копии. Во случај на технички измени во Апликацијата или услугите на ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР, Корисникот има обврска да ја инсталира ажурираната верзија на Апликацијата која одговара на овие промени.
31. РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КОРИСНИК кој прв пат се регистрира како НАРАЧАТЕЛ станува администратор, кој може да овласти други РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ КОРИСНИЦИ да ги користат електронските услуги на ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР, така да можат да користат електронски услуги во име на НАРАЧАТЕЛОТ и на негов трошок. Администраторот може да ги пренесе своите овластувања за администрација на друг РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН КОРИСНИК.
32. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да ги плати сметките кои произлегуваат од овој ПРЕТПЛАТНИЧКИ ДОГОВОР, издадени од страна на ПОНУДУВАЧОТ во рокот одреден на сметката. Во случај на доцнење со плаќањето, ПОНУДУВАЧОТ има право да пресмета законска камата на НАРАЧАТЕЛОТ.
Прекин на услугата
33. НАРАЧАТЕЛОТ кој ги платил сите долгови спрема ПОНУДУВАЧОТ може да го раскине ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР преку Даталаб Usersite порталот (xxxxx://xxxxxxxx.xxxxxxx.xx) или со писмена изјава за прекин на соработката со другата страна. Отказниот рок е еден (1) месец, почнувајќи од првиот ден на следниот месец после доставената изјава за прекин на соработката со ПОНУДУВАЧОТ. Промената се зема во предвид за следниот пресметковен период.
34. ПОНУДУВАЧОТ може на НАРАЧАТЕЛОТ привремено да му оневозможи користење на наплатливи електронски услуги од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР во следните случаи:
a) доколку НАРАЧАТЕЛОТ не ги почитува одредбите од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР и/или одредбите ПУК,
b) доколку НАРАЧАТЕЛОТ не ги плати доспеаните обврски во рок од 15 дена после прием на опомена.
35. ПОНУДУВАЧОТ може да ја откаже или исклучи услугата веднаш, ако:
a) НАРАЧАТЕЛОТ не ги почитува условите за користење на Апликацијата и/или други поврзани услуги
b) НАРАЧАТЕЛОТ не ги подмирува обврските спрема ПОНУДУВАЧОТ во рок од 30 дена после прием на опомена.
36. ПОНУДУВАЧОТ има обврска во писмена форма да го извести НАРАЧАТЕЛОТ за прекин на договорот и да го повика да ги пренесат своите сигурносни копии преку администраторската конзола во ПАНТЕОН во рок од триесет (30) дена после приемот на писменото известување. После истекот на овој период, ПОНУДУВАЧОТ трајно и неотповикливо ќе ги избрише сите сигурносни копии на НАРАЧАТЕЛОТ.
Исклучување на одговорност
37. ПОНУДУВАЧОТ не е одговорен за содржината на сигурносни копии или за штетата што може да биде предизвикана со содржината на сигурносни копии за НАРАЧАТЕЛОТ, односно за трети лица.
38. ПОНУДУВАЧОТ не е одговорен за штета направена на НАРАЧАТЕЛОТ, РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КОРИСНИК или било која трета страна за не функционирање на електронските услуги од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР.
39. ПОНУДУВАЧОТ не е одговорен за штета направена на НАРАЧАТЕЛОТ или било која трета страна поради виша сила или промени во законодавството, после одлуки на надлежни органи, или од било која друга причина која ПОНУДУВАЧОТ не можел да ја предвиди, ублажи или избегне.
40. НАРАЧАТЕЛОТ на електронски услуги со ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР нема право на надокнада на било каква штета во случај на привремен или постојан ненајавен престанок на давање на електронските услуги. Исто така, нема право на надокнада на било каква штета доколку ПОНУДУВАЧОТ го раскине ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР.
Собирање и заштита на податоците
41. ПОНУДУВАЧОТ и било кој од неговите производители имаат воспоставен и добро документиран систем за управување со заштита на податоците. Системот за управување со заштита на податоците се базира на извршената проценка на ризик, која е основа за избор на соодветни мерки и контрола на безбедноста. ПОНУДУВАЧОТ управува со сите процеси на купување, развој и одржување на својата информатичка технологија во склад со националните и меѓународни стандарди.
42. ПОНУДУВАЧОТ има обврска да ги обработи сите осетливи податоци до кои има пристап бидејќи дава електронски услуги од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР во склад со Законот за заштита на лични податоци на Македонија. Сите осетливи податоци се документи и сите други информации кои НАРАЧАТЕЛОТ експлицитно ги означил како такви, или кои со релевантни одредби се пропишани како такви.
43. ПОНУДУВАЧОТ може со намера да ја провери вистинитоста на податоците кои се доставени за време на регистрацијата, односно подоцна изменети, да провери дали доставените податоци се точни кај било кој орган, институција, работодавец, банка или друг обработувач на личните податоци.
44. ПОНУДУВАЧОТ може без ограничување да собира и обработува псеудо податоци кои се однесуваат на услугата предвидена со ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР и да ги користи за контрола, мерење или подобрување на услугата или за други намени во работењето.
45. ПОНУДУВАЧОТ може со цел анализа на сопствените услуги, да користи псеудо податоци за услугите од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР. Псеудо податоците, кои можат да бидат придружени со податоците кои се обработени на ист начин, ПОНУДУВАЧОТ може да ги објавува или пренесува на трети лица.
Завршни одредби
46. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска веднаш, а најдоцна во рок од 8 дена, прати известување за сите промени на неговите лични податоци кои се однесуваат на услугите од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да достави документи во кои може да се утврдат измените на податоците или условите. Пред да прими такво известување, постојните податоци на НАРАЧАТЕЛОТ се сметаат точни и целосни. Доколку НАРАЧАТЕЛОТ благовремено не достави известување, тој е одговорен за сите последици. Доколку НАРАЧАТЕЛОТ не ги соопшти промените на своите податоци и ПОНУДУВАЧОТ за тоа дознае од други канали, ПОНУДУВАЧОТ може веднаш да го прекине ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР.
47. ПОНУДУВАЧОТ може во било кој момент да го промени ПУК, понудата и цената на услугите во склад со важечкото законодавство. ПОНУДУВАЧОТ има обврска да го извести НАРАЧАТЕЛОТ директно или со јавно известување за сите промени и дополнувања најмалку деведесет (90) дена пред да влезат во сила. НАРАЧАТЕЛОТ се смета дека е согласен со промените и дополнувањата ако продолжи да ги користи услугите после објавените промени и дополнувања. ПОНУДУВАЧОТ има обврска да го извести НАРАЧАТЕЛОТ за промените во ценовникот најмалку триесет (30) дена пред влегување во сила на новиот ценовник или нов вид на наплата.
48. Двете страни се согласни спогодбено да се решат сите спорови кои произлегуваат од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР. Ако тоа не е можно, надлежен е судот во Скопје со соодветна јурисдикција за решавање на спорот над овој предмет. Се применуваат законите на Македонија.
49. ПУК важат од 1 јануари 2019 и јавно се достапни на WEB страницата на ПОНУДУВАЧОТ.