Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова – КфВ по Договорот за заем за проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза II“
Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова – КфВ по Договорот за заем за проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза II“
Службен весник на X. Македонија бр.133/2009
Република Македонија се задолжува кај Кредитната банка за обнова – КфВ од Сојузна Република Германија со заем во износ од 10.250.000 ЕВРА, наменет за реализација на проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза II“.
Член 2
Условите и начинот на користење на заемот од член 1 од овој закон, се утврдуваат со Договор за заем за проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза II“, кој ќе се склучи помеѓу Република Македонија и Кредитната банка за обнова – КфВ .
Во име на Република Македонија, Договорот за заем од ставот 1 на овој член ќе го потпише министерот за финансии или од него овластено лице.
Член 3
Рокот за отплата на заемот од член 1 на овој закон е 20 години, со вклучен xxxxx период од 5 години.
Годишната каматна стапка е фиксна каматна стапка и истата дополнително ќе биде одредена на денот на потпишувањето на договорите.
Заемот ќе се отплаќа во полугодишни рати кои достасуваат за плаќање на 30 јуни и 30 декември секоја година, започнувајќи од 30 декември 2014 година, а завршувајќи на 30 декември 2029 година.
Член 4
Пред првото повлекување на средства од заемот се плаќа еднократна провизија на Кредитната банка за обнова – КфВ, во износ од 0,5% од износот на заемот.
На износот на неповлечените средства од заемот на годишно ниво се плаќа провизија на Кредитната банка за обнова – КфВ, во износ од 0,25% од износот на заемот.
Провизијата од ставот 2 од овој член се плаќа полугодишно и тоа на 30 јуни и 30 декември секоја година.
На обврските поврзани со заемот кои нема да се платат во предвидените рокови, ќе се плаќа казнена камата или надомест, во висина на базичната каматна стапка на Централната банка на СР Германија, зголемена за 3% годишно.
Во случај на ненавремено или нецелосно повлекување на средствата од заемот до предвидениот рок, ќе се плати определен износ на средства како надомест на трошоците на Кредитната банка за обнова – КфВ, согласно со договорот од член 2 на овој закон.
Член 5
Корисници на средствата од заемот од членот 1 на овој закон се водните заедници.
Член 6
За регулирање на правата и обврските меѓу Република Македонија и корисниците на средствата на заемот од членот 5 од овој закон, Министерството за финансии ќе склучи посебни договори со крајните корисници и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Член 7
Корисниците на средствата од заемот од членот 5 од овој закон, ќе го отплаќаат заемот со рок на отплата од 20 години со вклучен грејс период од 5 години и 0.75% фиксна годишна каматна стапка.
Член 8
Разликата во каматната стапка од членот 3 и каматната стапка од членот 7 на овој закон, до целосната отплата на заемот кон Кредитната банка за обнова – КфВ, ќе биде субвенционирана од страна на Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Член 9
Република Македонија, заемот од членот 1 на овој закон ќе го отплаќа од средствата кои ќе се прибираат со отплатата на позајмените средства од корисниците на средствата од заемот од членот 5 на овој закон, согласно со посебните договори за заем од членот 6 на овој закон и од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Член 10
Овој закон влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".