Contract
ДОГОВОР
ЗА -----------
услуги
Склучен на ден _____________година во _____________помеѓу:
1.____________________________________________ од ___________________, со седиште на ул.____________________бр.________,ЕДБ____________________, ЕМБС____________________ застапувано од управителот ____________________ (во натамошниот текст давател на услугата), и
2.____________________________________________ од ___________________, со седиште на ул.____________________бр.________, ЕДБ__________________________, ЕМБС__________________________ застапувано од управителот ____________________ (во натамошниот текст примател на услугата).
I. Предмет на договорот
Член 1
Давателот на услугите и примателот на услугите (договорните страни) се согласија предмет на овој договор да е давање на (ОПИС) услуги за потребите на корисникот на услугата.
II. Права и обврски на давателот на услугата
Член 2
Давателот на услугата се обврзува да ги извршува следните услуги:
1. (ОПИС)
2. (ОПИС)
Давателот на услугата се обврзува:
1. навремено да го извести корисникот на услугите за термините и роковите за активностите наведени во став 1 од овој Договор.
2. најдоцна во рок од ______ (5 дена) да му достави фактура за завршената услуга наведена во член 1, а прецизирани во член 2 од овој Договор.
Давателот на услугата има право, доколку фактурата не биде платена во рокот утврден во член 4 од овој договор, корисникот на услугата да му плати надомест за задоцнување во износ од 3.000 денари како и да му плати казнена камата по истекот на рокот за плаќање до плаќањето на обврската согласно Законот за облигационите односи. (*1)
III. Права и обврски на корисникот на услугата
Член 3
Корисникот на услугата се обврзува:
- преку своите служби на давателот на услугата да му ги стави на располагање (СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТИПОТ НА УСЛУГАТА), за спроведување на активностите наведени во членот 2 од овој Договор,
- по барање на давателот на услугата навреме и ажурно да ги извршува сите придружни активности кои што се потребни за реализирање на активностите наведени во членот 1 од овој договор,
- да ја плати цената на услугата во рок определен согласно член 4 од овој договор,
- доколку фактурата не ја плати во рокот определен со член 4 од овој договор има обврска на продавачот да му плати надомест за задоцнување во износ од 3.000 денари,(*1) како и казнена камата по истекот на рокот на плаќање до денот на плаќањето на обврската,
IV. Надомест на услугата И РОК НА ПЛАЌАЊЕ
Член 4
Корисникот на услугата се обврзува на давателот на услугата, за завршената услуга наведена во член 1, а прецизирани во член 2 од овој Договор, по добиената фактура, да исплати износ од ---------денари на уплатна сметката ----------------- депонент на --------- банка АД --------, најдоцна во рок од (8, 15, 30, 60, 120 дена) од денот на издавање на фактурата
Данокот на додадена вредност не е пресметан во цената наведена во ставот 1 од овој член и е обврска на корисникот на услугата.
V. Стандарди на работа
Член 5
Давател на услугите се согласува да ги изведува Услугите по највисоки стандарди на професионалност.
VI. Рок на важење на Договорот
Член 6
Овој договор се склучува во времетраење од 1 (една) година почнувајќи од ---.---.2014 година.
Договорот може да се раскине и на барање на една од договорните страни, до колку другата договорна страна не ги исполнува обврските утврдени со договорот. Во случај на еднострано раскинување на договорот, отказниот рок износува ______ дена (30 дана) сметајќи од денот на доставување на отказот по писмен пат.
Во случај на предвремено раскинување на овој договор купувачот е должен да го подмири износот кој го должи до денот на раскинување на овој договор, во спротивно договорот нема да се раскине.
vii. Завршни одредби
Член 7
Овој договор се смета за склучен и стапува на сила во моментот на потпишување од страна на двете договорни страни.
Член 8
За се што не е регулирано со овој Договор ќе се применува Законот за облигациони односи, Законот за финансиска дисциплина и другите позитивно правни прописи на Република Македонија.
Член 9
Евентуалните спорови во врска со реализацијата на овој договор договорните страни ќе ги решаваат меѓусебно спогодбено и по мирен пат. Доколку договорните страни не постигнат спогодбено решение за настанатиот спор, согласни се истите да ги решаваат пред надлежен суд односно надлежен нотар.
Член 10
Овој договор е составен во 2 (два) истоветни примероци на македонски јазик.
Секоја од договорните страни ќе задржи по еден примерок од договорот.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
За
корисникот
на услугата: За
давателот на услугата:
(назив
на фирма)
(назив
на фирма)
(потпис
на овластено лице) (потпис
на овластено лице)
(име
и презиме) (име и презиме)
(*1) Оваа обврска не е задолжителна и истата е дадена како право на доверителот